daily menu » rate the banner | guess the city | one on oneforums map | privacy policy (aug.2, 2013) | DMCA policy | flipboard magazine

Go Back   SkyscraperCity > European Forums > Euroscrapers > Local discussions > Македонски форум > Projects and Construction > Инфраструктура

Инфраструктура Infrastructure

Reply
 
Thread Tools
Old November 4th, 2011, 10:45 PM   #121
FoSsiL-mk
Registered User
 
FoSsiL-mk's Avatar
 
Join Date: Jul 2009
Posts: 2,456
Likes (Received): 398

Ех... И ние (build.mk, а може и од тука ја лапнале ) си го имаме истиот проблем со некои медиуми во Македонија.

А уште повеќе иритира што се поставуваат, поготово слики... кога се работи за вакви работи, за кои сеуште немаме примери во Македонија... да поставуваат слики од други примери низ Светот. Тоа е не е право новинарство. Тоа е ти е само препиши официјално соопштение, и земи напиши на гугл ‘‘трамвај‘‘ и првата слика што ќе ти се појави и засвиѓа опни ја во статија... Тоа може секој да го направи...

Тоа е... прости, извини... поготово ако ја преземале од build.mk... се надевам дека не е голем проблем...
__________________
Build.mk

Travel 2 Macedonia

Last edited by FoSsiL-mk; November 4th, 2011 at 10:52 PM.
FoSsiL-mk está en línea ahora   Reply With Quote

Sponsored Links
 
Old November 25th, 2011, 11:45 PM   #122
Macedonia
THE ONE AND ONLY
 
Macedonia's Avatar
 
Join Date: Jan 2008
Location: Macedonia
Posts: 294
Likes (Received): 11

China donates 23 new school buses to Macedonia

Skopje, 25 November 2011 (MIA) - People's Republic of China has donated new 23 school buses to the Republic of Macedonia, used for transport of pupils in elementary and secondary schools, primarily in rural areas.

Company "Yutong", which supplied the double-decker buses for Skopje's public transport, is the school buses' manufacturer.

Vice Premier Teuta Arifi, who is Macedonia's foreign aid coordinator, and China's Ambassador to Macedonia Cui Zhiwei signed Friday the letter on the donation handover. Municipalities that get the buses will soon be determined.

Vice Premier Arifi stressed education and investment in the young generations is the Government's top priority, whereas buses would facilitate the pupils' journey to school.

"China remains our stable and dedicated partner in education support. This cooperation represents a bridge for new projects and initiatives", added Arifi.

Ambassador Zhiwei stressed the donation would contribute to improvement of social life in Macedonia.

"The school buses reflect the friendship of the Chinese people towards Macedonian pupils", he added.

The yellow buses have 35 seats, meeting all required criteria - protective automatic doors, fire extinguisher and safety belt for every seat.





__________________
Visit MACEDONIA - Cradle of Culture, Land of Nature

Macedonia no está en línea   Reply With Quote
Old February 23rd, 2012, 09:00 PM   #123
Macedonia
THE ONE AND ONLY
 
Macedonia's Avatar
 
Join Date: Jan 2008
Location: Macedonia
Posts: 294
Likes (Received): 11

Can someone please explain to us the current situation and issues surrounding the planned light rail system for Skopje?

-Thanks
__________________
Visit MACEDONIA - Cradle of Culture, Land of Nature

Macedonia no está en línea   Reply With Quote
Old March 12th, 2012, 05:32 PM   #124
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,632
Likes (Received): 30

Промовирани нови 68 двокатни автобуси за ЈСП „Скопје“
10.03.2012 - 18:05 | Бизнис
Јавниот градски превоз во Скопје од денеска на располагање има уште 68 нови двокатни автобуси со ретро дизајн од кинескиот производител „Јутонг“, донација од Владата за ЈСП „Скопје“. Автобусите, кои од денеска ќе бидат вклчучени во редовна уопотреба, беа промовирани во присуство на премиерот Никола Груевски.


Двокатните автобуси ги исполнуваат сите потребни стандарди, односно имаат емисија на издувни гасови „ЕУРО 4“, дигитален тахограф, автоматски управувана рампа за инвалидски и детски колички, целосно се климатизирани.

- Пред година и нешто многу луѓе не веруваа дека ветувањето на Владата за обнова на возниот парк на ЈСП „Скопје“ ќе се реализира. Се прашувам има ли сега некој што не верува дека овој проект ќе биде целосно реализиран. Нема таков. Ве уверувам дека ќе биде реализиран и дека Скопје ќе добие целосно нов возен парк за градскиот превоз, порача премиерот Груевски на промоцијата на автобусите.

Тој истакна дека во Скопје од денеска ќе се возат вкупно 216 нови автобуси од планираните 313 за целосна замена на возниот парк на ЈСП.

- Новите автобуси стануваат доминантна категорија на скопските улици. Драго ми е што ваквиот тренд го следат и приватните превозници со што можеме да констатирме дека постои бран на целосна смена на старите автобуси како во јавниот, така и во приватниот превоз, рече Груевски, нагласувајќи дека тоа ќе помогне за поздрава животна средина и побезбедно возење.

Со двокатните автобуси, нагласи, се задржува традицијата од 60-тите години на минатиот век и паѓаат во вода тврдењата дека биле небезбедни и оти не можеле да сообраќаат по скопските улици и под подвозниците.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески посочи дека со двокатните автобуси градот Скопје има нов лик и е препознатлив, бидејќи се својствени само за македонскиот главен град.

- Пред да го реализираме прокетот за обнова на возниот парк на ЈСП Скопје во главниот град се возеа автобуси стари четириесетина години со лоши услови. Денешниот ден означува уште еден чекор кон овозможување на пристоен превоз на граѓаните на Скопје, рече Јанакиески.

Досега, додаде, се пристигнати 136 двокатни автобуси, 80 нископодни и 16 миниавтобуси за приградските линии.

Градоначаникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека со пуштањето во сообраќај на новите 68 двокатни автобуси граѓаните на Скопје поудобно ќе се возат и ќе им се намали времето на чекање на станиците.

- Денеска ја промовираме втората испорака на 68 двокатни кинески автобуси. Досега 70 отсто од возниот парк на ЈСП Скопје е заменет, а во 2013 сме во очекување да пристигнат уште 64 двокатни автобуси и 17 двокатни панорамски автобуси од Јутонг, рече Трајновски.

Најави дека наскоро ќе биде отворена и новата хала за проверка на масло и на системот за сопирање на возилот, а од 2013 година и системот за електрионска наплата на билетите, и за следење на возилата на ЈСП.

Следнава недела, додаде, треба да се потпише и договорот за нови 280 автобуски постројки кои треба да бидат готови за осум месеци.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old March 12th, 2012, 06:59 PM   #125
Macedonia
THE ONE AND ONLY
 
Macedonia's Avatar
 
Join Date: Jan 2008
Location: Macedonia
Posts: 294
Likes (Received): 11

TAV promotes public bus transportation to Skopje Airport

Skopje, 1 March 2012 (MIA) - TAV Macedonia promoted Thursday a new bus line from Skopje City Center to the "Alexander the Great' Airport'.

In order to put an end to the long-term problem with transporting passengers to the Skopje Airport, TAV Macedonia recently signed an agreement with the "Vardar Express" company on providing regular public bus service. The buses timetable will be adjusted to the flight schedule.

The first bus headed for the Skopje Airport today on the TAV Macedonia 2. anniversary, Operations Director of TAV Airports Holding Murat Ornekol said at the press conference.

The buses' starting point is 'Alexander Palace' Hotel and on their route to the Airport they will stop in front of the 'Holiday Inn' Hotel, the Transportation Center and the 'Continental' Hotel to pick up passengers.

TAV Airports Holding has been managing Skopje and Ohrid Airports since 1 March of 2010. It will operate Alexander the Great and St Paul the Apostle International Airport for 20 years. TAV officially opened the brand new terminal at Skopje Airport last September. It has been built to accommodate 4 million passengers a year, and at 40,000sqm is ten times bigger than the original facility, stretching over two levels. Last April, TAV also completed the upgrade of Ohrid Airport, which now boasts a new VIP building, 1,000sqm aircraft hangar and 6,000sqm car parking and a modernised and more customer friendly passenger terminal.

Turkish TAV, as a global brand in both airport construction and operations projects, is handling approximately 420 thousand flights and 48 million passengers from 300 airline companies annually through its many subsidiaries. TAV Airports is further strengthening its market position in Turkey, Eastern Europe, the Caucasus, Middle East and North Africa with decisive steps and successful projects.
__________________
Visit MACEDONIA - Cradle of Culture, Land of Nature

Macedonia no está en línea   Reply With Quote
Old March 12th, 2012, 07:01 PM   #126
Macedonia
THE ONE AND ONLY
 
Macedonia's Avatar
 
Join Date: Jan 2008
Location: Macedonia
Posts: 294
Likes (Received): 11

68 new double-decker buses promoted

Skopje, 10 March 2012 (MIA) - Skopje's public transportation has been enriched Saturday with additional 68 new double-decker buses, manufactured by the Chinese company Yutong. They are a donation from the Government to the capital's public transportation enterprise (JSP).

The double-deckers meet all the required standards and are adequately equipped.

"Over a year ago, many people didn't belive that the Government would fulfil its promise to renew JSP's fleet of buses. I assure you that it will be completed and that Skopje will get a new fleet of public buses," PM Nikola Gruevski said in his address at the promotion.

A total of 216 new buses have been put into service out of 313 that are envisaged for complete renewal of JSP's fleet.

Minister of Transportation and Communications Mile Janakieski said that the new double-deckers had given a new image to Skopje making it more recognisable.

136 double-deckers, 80 low-floor buses and 16 mini-buses have been put into use thus far.






__________________
Visit MACEDONIA - Cradle of Culture, Land of Nature

Macedonia no está en línea   Reply With Quote
Old March 17th, 2012, 06:38 PM   #127
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,632
Likes (Received): 30

Prekrasni unikatni !
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old November 21st, 2012, 07:14 PM   #128
The Man Incognito
Registered User
 
Join Date: Nov 2012
Posts: 5
Likes (Received): 0

Quote:
Originally Posted by Neighborhood kid View Post
I'm not surprise from build.mk becouse the moderators pbanks and cloverstack are acting like dicktators, either you will think like them or they will ban you for not thinking like them.
However, am not so sure about the other, but about first one I wrote what I had to say.
The Man Incognito no está en línea   Reply With Quote
Old January 18th, 2013, 04:21 PM   #129
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 16,757
Likes (Received): 7406

За 65 години превезени 5,5 милијарди патници

Скопје 65 години има организиран јавен превоз. ЈСП го заслужи своето место во македонската и историјата на градот

Јубилеј на ЈСП-Скопје

Во овој период од 65 години автобусите поминале 800 милиони километри и превезле околу 5 и пол милијарди патници, беше кажано вчера на одбележувањето на јубилејот.

- Сѐ започнало веднаш по Втората светска војна, во далечната 1947 година, кога тогашната народна власт го организирала животот на градот и со одлука организирале едно градско претпријатие. Почетоците биле тешки, почнале да работат со пет запленети возила од окупаторот. Во 1953 година дошле двокатните автобуси, кои биле вистинска атракција во Скопје. Со растот на градот доаѓаме до денешната состојба.
Годишно превезуваме над 50 милиони патници, а имаме и 312 нови автобуси - истакна Мишо Николов, директорот на ЈСП.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, рече дека покрај субвенциите за ниските цени на билетите, кои годишно изнесуваат два-три милиони евра, градот инвестира и во инфраструктурата на претпријатието.

http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=22782
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old January 18th, 2013, 04:23 PM   #130
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 16,757
Likes (Received): 7406

ЈСП „Скопје“ одбележува 65 години постоење

Со 100 проценти заменет и модернизиран возен парк Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ го одбележува своето 65-годишно постоење.

„Почнавме да работиме со пет запленети возила од окупаторот, а во 1949 година беше извршена поголема набавка кога беа обезбедени 10 автобуси од француската марка ’рено‘. Со растот на градот стигнавме до 312 нови автобуси, кои се набавени во последните три години“, рече директорот на ЈСП, Мишо Николов, на вчерашната свеченост по повод јубилејот.

Градоначалникот Коце Трајановски потенцираше дека Град Скопје презема многу проекти за подобрување на квалитетот на јавниот превоз, за што се обезбедени и субвенции од два до три милиони евра за билети.

За автобуски постојки, пак, обезбедени се вкупно 226 милиони денари, од кои 20 милиони ќе бидат потрошени оваа година. За модернизација на начинот на наплата се издвоени 180 милиони денари, од кои една третина ќе се потрошат во 2013 година. (С.Р.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3...6DA7FFE18FCEF8
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old January 31st, 2013, 10:21 AM   #131
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 16,757
Likes (Received): 7406

ВОЗАЧИТЕ НА ЈСП ЗА СВОИТЕ ИСKУСТВА ОД НОВИОТ ВОЗЕН ПАРK

Украинските се тресат, двокатните - рај за возење



Ако треба да избираат меѓу двокатните автобуси и нископодните-украински, возачите во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ велат дека се позадоволни од првите. Нормално, ако се земат предвид претходните автобуси, стари неколку децении, амортизирани, полураспаднати и тешки за возење, новите, како што велат вработените во ЈСП - се лесни за управување, како да станува збор за велосипед.

Екипа на „Дневник“ разговараше со возачи на неколку линии и речиси сите сметаат дека возилата на „Јутонг“ се поквалитетни од украинска ЛАЗ. Најголемите забелешки за украинските се за предницата. Некои возачи сметаат дека се тресат зашто не се добри патиштата, а други затоа што не се квалитетно изработени - меѓу плеховите во предницата нема гума. Возач на линијата „3“ изјави дека управувал и со едните и со другите, па може да процени кои се разликите. Тој поминал писмен и практичен дел, па нема проблем со возење, без разлика на механичките разлики. - Kинеските имаат подобра амортизација - констатира тој. Со тоа се согласи и возач на автобус со број „50“. Тој седеше и се одмораше на последната автобуска станица кај Kлиничкиот центар.

- Поретко возам украински, но од искуство, а и од тоа што кажуваат останатите другите колеги, може да се констатира дека тие многу тресат при возење. Kај нив почести се и дефектите. Kинеските речиси и воопшто да не се расипуваат, а и некако се постабилни. Лани летото имаше инцидент, се запалија неколку украински автобуси - објасни тој, тврдејќи дека досега барем не слушнал за проблем со двокатно возило. Негов колега рече дека можеби кинеските се погабаритни, но и покрај тоа не се проблематични за управување. Но, без разлика на квалитетот, проблемот е што граѓаните немаат свест да ги чуваат.

- Несовесни патници ги крадат чеканите со чија помош треба да се скрши прозорецот од автобусот во итни случаи, а не го чуваат ни внатрешниот ентериер, чкртаат по столчињата - се жали возач кој сообраќа на линијата „22-а“. Пред Транспортен центар сретнавме возачи на неколку украински возила. И за нив кинеските се побезбедни и подобри за маневрирање. Побезбедни се, пред с`, за патниците бидејќи не може да тргнат ако вратите не се затворени.

- Kако и да е, секое ново возило, дури и да е од најслабата марка, е подобро од старите. Односно украинските и двокатните се многу подобри од старите крнтии, кои беа кошмар и за нас и за патниците. Инаку, по поминати 120.000 километри нормално е да се појават дефекти, но тие се ситни и брзо се поправаат - тврди возач на приградскиот автобус со број 61. До него стоеше вработен на возило со број 65. Изјави дека се` уштe е рано да се каже кои машини се подобри, можеби по неколку години. Сега за сега нема дефекти кај украинските, трдеше тој, евентуално да откаже светилка или електрика, кои брзо се отстрануваат. Нивен постар колега, со 24 години стаж, кој исто така се одмораше кај Транспортниот центар, посочи дека двокатните имаат предност во споредба со украинските - возачите се одвоени во засебна кабина, што колку толку придонесува за безбедност од вандали и насилници.

Возниот парк на ЈСП изминативе две години, прв пат по неколку децении, беше обновен со 80 украински и 200 двокатни автобуси. Воедно и со 16 панорамски двокатни возила и 16 минибуси - сите во вредност од околу 57 милиони евра, кои ги обезбеди Владата на Македонија.

Kинеските се поквалитетни

Директорот на ЈСП, Мишо Николов, го потврди тоа што го зборуваат и возачите од Јавното претпријатие - дека кинеските автобуси се поквалитетни од украинските. Според него, „Јутонг“ е најголем светски производител на автобуси, со годишно производство од 50.000 возила, па секој што знае повеќе за возилата, според Николов, реално е да го донесе истиот заклучок. - Што се однесува до украинските автобуси, деловите што се направени во Германија се квалитетни и добри, но за тие што се правени во Украина се забележува дека се со послаб квалитет - рече директорот. Инцидентите, во кои лани се запалија три нископодни возила, поради дефект на перката наменета за ладење на моторот, не би требало да се повторат.

- Според Правилникот за работа, ако истиот дефект се случи на три возила ќе се смета за сериска грешка. Така и беше, тоа се отстрани и сега е минато. Други дефекти не се појавиле - оцени Николов.

Несовесните ги расипуваат климите

Најчести дефекти во новите автобуси предизвикуваат патниците, тврдат возачи со кои разговараше екипа на „Дневник“. Несовесни граѓани предизвикуваат спој на инсталациите на вратите, си играат со клима-уредите и светилките, па предизвикуваат големи штети на системот за ладење и на осветлувањето. Тоа, според вработените во ЈСП, укажува на немањето граѓанска свест за чување на новото. Тоа се случува и во украинските и во двокатните автобуси.

http://dnevnik.mk/?ItemID=BAA202126B...88180F877C07E7
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old February 4th, 2013, 05:36 PM   #132
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 16,757
Likes (Received): 7406

Прилепчани ќе добијат градски превоз



Организиран јавен градски превоз со пет нископодни, климатизирани автобуси и со рампи за хендикепирани наскоро ќе почне да функционира во Прилеп. Според сообраќајната студија на ЈП за просторно и урбанистичко планирање, евидентирани се, во првата фаза, две градски траси од север кон југ и од исток кон запад, со повеќе постојки на секои 800 до 1.000 метри. Градските власти за почетната фаза вложуваат 6 милиони денари. Градскиот превоз одамна е нужност, бидејќи градот расте и се шири, а транспортот до центарот и до виталните институции со такси-превоз е скапо.

- Ќе се олесни и ќе поевтини комуникацијата на населението од периферијата до центарот и до здравствените и другите институции. Особен благодат ќе имаат граѓаните што купуваат на пазарот во центарот на градот. Се предвидува и засилување на автобусите при саботните шпицеви и во утринските и попладневните часови во работните денови. Постојките ќе бидат модерни, со можност за засолнување од невреме и сонце, со поставени прецизни возни редови на електронски табли, но и со ГПС-контроли на автобусите - вели градоначалникот Марјан Ристески.

Погодности за користење на градскиот превоз, кој ќе чини 20 до 30 денари, ќе имаат пензионерите, учениците, студентите и лицата со попреченост. Тие ќе уживаат олеснувања за месечните, неделните и дневните билети. Не е исклучено пензионерите во сабота да се превезуваат бесплатно.

Раководителот на ЈП за просторно и урбанистичко планирање, Бранко Нешкоски, вели дека трасите ги вклучуваат и индустриските зони и градските гробишта.

- Една од рутите изнесува околу 5 километри со пет-шест постојки. Петте автобуси ќе стасуваат на постојките на секои 15 минути. Временското растојание меѓу два автобуса ќе биде десет минути во утринските и во попладневните шпицеви. Во наредните фази ќе се набават возила, според сообраќајните профили на улиците, односно автобуси со помали димензии, кои се подостапни за жителите од сите населби. Автобусите ќе сообраќаат од 6 наутро до полноќ. Наплатата на билетите ќе биде полуавтоматска - објаснува Нешкоски.

За проширувањето на градскиот превоз Општината во 2014 година проектирала набавка на неколку еколошки комбибуси за да се ублажи загадувањето на централното градско подрачје.

Имплементацијата подразбира и подготовка на сообраќајни коридори, при што не е исклучено вклучување на приватните превозници по теркот на јавно-приватно партнерство. Локалната самоуправа ќе ги поврзе со организиран превоз и населените места, како селата од мариовскиот дел. За тоа се предвидуваат и субвенции за превозниците.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=15...A212F01433546F
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old February 8th, 2013, 09:54 AM   #133
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 16,757
Likes (Received): 7406

По полноќ возење само во стари автобуси

Старите зглобни автобуси можат да соберат двојно поголем број патници, но целта е и да не се оштетуваат новите, особено кога младите се враќаат во доцните часови, велат од ЈСП




ПРЕВЕНЦИЈА ОД ОШТЕТУВАЊЕ

Ноќните автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие, кои се пуштени на осум линии, се преполни во зимскиот период и за викендите. Ги има на 45 минути, од полноќ до пет часот наутро. Некои сообраќаат секој ден, а за викенд се почести во зависност од тоа колку патници има. Во ноќните автобуси важи и посебен поскап билет од 40 денари, кој може да се купи единствено во автобусот од возачот. Сепак, по полноќ низ градските улици може да сретнете само од старите автобуси на ЈСП, иако возниот парк на претпријатието од неодамна е целосно обновен и на располагање се 312 нови возила.

Граѓаните велат дека се задоволни од тоа што ЈСП воведе повеќе ноќни линии и почест возен ред во текот на ноќта, меѓутоа се жалат на старите зглобни автобуси, кои, покрај тоа што создаваат бучава, внатре температурата е ниска и премрзнуваат, особено ако се возат на подолга релација.

Старите автобуси собираат повеќе патници

- Речиси секој викенд ги користам ноќните автобуси на ЈСП. Задоволен сум што се воведоа бидејќи не треба да плаќам за такси-превоз до Горно Лисиче, што е многу поскапо. Единствено не ми е јасно зошто, барем зиме, не ги пуштат новите автобуси, нископодните, двокатните или минибусите. Стигнаа сите нови автобуси, а ние се мрзнеме навечер во старите. Се навикнавме наутро да се возиме на топло и да ни биде удобно, а по полноќ седиме на дрвените или пластични столчиња во старите автобуси, ги слушаме како бучат и се надеваме дека нема да има многу турканици или возачот ќе вози побрзо за да стигнеме порано дома, на топло - вели студентот Зоран Јовановски.

Од ЈСП, пак, велат дека поради големите турканици во ноќните линии, особено во „2“ и „41“, во првиот и во вториот термин од возниот ред ги пуштаат старите зглобни автобуси.

- Точно е дека на дел од ноќните линии сѐ уште сообраќаат стари зглобни автобуси. Причина за ова се големиот број патници во првата и во втората тура на автобуските линии „2“ и „41“. Во принцип, зглобните автобуси можат да соберат двојно поголем број патници, но секако се оди и на опцијата да не се оштетуваат новите, особено кога младината се враќа во доцните часови. Секој викенд е различно, но најчесто стари автобуси има на сите ноќни линии на „22“, „50“, „7“, „5“ и преостанатите. Зглобните стари автобуси засега нема да бидат надвор од функција поради можноста за превоз на поголем број патници - вели Билјана Јанкуловска, портпаролка на ЈСП.

На веб-страницата на јавното претпријатие може да се забележи заинтересираност и за ноќни автобуси на линиите „61“, „71“ или „81“, како и на „24“ или „58“, но одговорните го посочуваат градот како надлежен за сите иницијативи и барања за воведување нови ноќни линии.

Со ноќните линии стопанисува само јавното претпријатие, иако има автобуси што сообраќаат само на линии што се на приватните превозници, како „23“ и „45“. И покрај барањата на граѓаните за воведување ноќни линии и кај приватните превозници, како „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, оттаму велат дека тоа е во надлежност на градот, дали ќе им доделат и ним ноќни линии.

И приватните превозници бараат ноќни линии

- Сме барале од градот, покрај редовните, да има и ноќни линии, но сето тоа оди преку иницијативи на граѓани, општини, месни заедници, фабрики, кои доаѓаат кај нас и потоа ние ги препраќаме тие барања до градот. Не се работи само за ноќни линии туку и за нови линии покрај овие што сега ги имаме. Уште во 1995 година ние побаравме нови линии за „33“ и „14“, иницијатива што беше прифатена на Советот на градот, но не ни ги дадоа. Наместо тоа, јавното претпријатие сега, по толку години, ја воведе линијата „33“. Сме добиле барања и од цели населби за воведување нови линии, меѓутоа од градот речиси никогаш не ги прифаќаат - вели Војо Велевски од „Макеспрес“.

Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“, вели дека се случувало граѓани да побараат нови или ноќни линии, меѓутоа барањата се пренасочуваат во градот, бидејќи тие не можат сами да одлучат.
- Градот го организира превозот за какви било автобуски линии. Процедурално не оди преку нас, тоа се одлучува преку иницијативи и барања од граѓаните. Се случувало граѓаните да побараат ноќни линии и од нас, најчесто кога сум гостувал во емисии се јавуваат и прашуваат, но секогаш сум ги пренасочувал да ги достават барањата до градот, бидејќи тие преку Советот одлучуваат за воведување нови линии - вели Ленин Јовановски.

Градските власти, пак, кратко ни одговорија дека не се пристигнати иницијативи за ноќен превоз ниту од поединци, општини и месни заедници ниту, пак, од превозници.

http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=22799
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old February 18th, 2013, 06:20 PM   #134
Hip.Hop_MKD
Cesar Vialpando
 
Hip.Hop_MKD's Avatar
 
Join Date: Feb 2013
Location: Skopje
Posts: 14
Likes (Received): 5

__________________
LD Pistolero: "...ќе сватиш,каков дечак сум бил и како живеам,на мали нешта лудувам на туѓа среќа се радувам, таков сум останувам со целта светов да го превртам, да легнам никогаш да не се разбудам,да потонам, на лагата да заборавам,роден сум со повреда,само со смртта ќе опоравам!.."
Hip.Hop_MKD no está en línea   Reply With Quote
Old February 20th, 2013, 01:47 PM   #135
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 16,757
Likes (Received): 7406

До крајот на месецов ќе профункционира јавен градски превоз во Охрид

Охрид е петтиот македонски град во кој граѓаните ќе можат да ги користат придобивките на јавниот градски превоз. Од крајот на февруари ќе започнат да функционираат две градски линии за поврзување на населбите „Гоце Делчев“, „Воска“ и „Видобишта“ со автобуската станица и со центарот на градот. Возниот ред ќе го одржуваат претпријатието „Галеб“ заедно со уште една приватна автотранспортна компанија, кои ги добија линиите по распишаниот оглас од локалната самоуправа во текот на ноември минатата година. Предвидените автобуски постојки во градот веќе се обележани. Јавниот превоз за посебните групи граѓани и за пензионерите ќе биде бесплатен.

Првата кружна линија ќе започнува од населбата „Гоце Делчев“ преку булеварите „Јане Сандански“, „Туристичка“ и „Железничка“ до автобуската станица и повторно ќе се врати до населбата, додека втората линија ќе започнува од истата населба до меѓуградската автобуска станица и по булеварите „Железничка“ и „Туристичка“ ќе се движи до населбата „Гоце Делчев“. Покрај во Охрид, јавен автобуски превоз во земјава успешно е воведен во Скопје, Битола и Куманово, а сличен проект наскоро ќе започне да функционира и во Прилеп. Единствено во Скопје е основано јавно сообраќајно претпријатие за вршење на градскиот сообраќај, додека возниот ред во другите градови го одржуваат приватни автопревозници.

http://www.build.mk/?p=22967
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old March 6th, 2013, 12:11 PM   #136
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 16,757
Likes (Received): 7406

Во четвртиот квартал лани со градски превоз се превезле 19,8 милиони патници

Во четвртото тримесечје од 2012 година во патниот превоз се превезле 4.156.000 патници, во железничкиот 230.000, во градско-приградскиот 19.803.000, а во воздухопловниот превоз 198.179 патници.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со четвртото тримесечје од 2011 година, количеството на превезената стока во последниот квартал од минатата година во товарниот патен превоз е зголемено за 9,6%, а во воздухопловниот и железничкиот превоз се бележи намалување од 6,3%, односно 21,8%.

http://faktor.mk/archives/34263
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old March 14th, 2013, 09:34 AM   #137
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 16,757
Likes (Received): 7406

Електронско плаќање во градски автобус по изборите

Тендерот е поместен по барање на фирмите, а освен понуда за електронско плаќање вклучува и вградување на ГПС систем во автобусите. По изборот фирмата е должна за помалку од година да ја исполни обврската.

Јавното сообраќајно претпријатие(ЈСП) по втор пат го пролонгира тендерот на кој бара фирма која ќе вгради автоматско лоцирање на автобусите, инсталирање на електронскиот систем на наплата и набавка на 40 дисплеи на автобуските постојки на кои патниците ќе може да се информираат за пристигањето на автобусот што го чекаат. Тендерот е одложен за 22 април, а од ЈСП информираат дека рокот е поместен по барање на фирмите кои подигнале тендерска документација.
- Имаше барања од фирмите што подигнаа тендерска документација да се продолжи рокот, бидејќи сите документи што ќе ги достават треба да бидат на македонски јазик - велат од претпријатието.

Системот на електронска наплата во автобусите ќе функционира во вид на т.н. електронски паричник, кој ќе се надополнува со пари, односно ќе биде вид припејд картичка. При влегувањето во автобус патникот ќе биде должен да ја валидира картичката и доколку има пари, ќе добие афирмативна порака дека е ок, а во спротивно ќе добие звучен сигнал дека нема доволно средства на картичката. Системот ќе се вгради во 500 автобуси. Ќе се користат пластични бесконтактни смарт билети со процесор, меморија и антена за комуникација со читачот, фискални билети издадени кај возачот и можност за плаќање со мобилен телефон со регистрирање на плаќањето во валидаторот во возилото.

Со вградување на ГПС системот во автобусите, пак значително ќе се подобри информираноста на патниците за движењето на градскиот превоз со што ќе се намали и чекањето на станиците, а ЈСП ќе ја подобри контролата. Информирањето на патниците за време на патувањето ќе опфаќа информации во возилата и на автобуските постојки. Информации кои треба да се овозможат на патниците се: следна постојка на дисплеј во внатрешноста на возилото и автоматско аудиоизвестување на разгласот во возилото. Во моментов во градот Скопје се поставени 10 триредни еднострани информативни дисплеи на 10 постојки со голема фреквенција на патници кои работат во посебен систем. Новиот систем треба да овозможи поврзување и интегрирање на овие информативни дисплеи заедно со 40 информативни дисплеи кои се предмет на оваа набавка. На дисплеите треба да се прикажуваат времињата на пристигнување на определено возило на постојката бројот на линијата, насоката во која се движи возилото и бројот на минути за кои ќе пристигне на постојката. Системот треба да остави можност по потреба за директно прикажување на текстови со слободна содржина од страна на контролниот центар. Поставувањето, односно целата изведба, ќе трае 300 дена по потпишување на договорот.

http://vecer.mk/?ItemID=ABBA107905A5...344A2CD8F9DAEA
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old March 14th, 2013, 09:35 AM   #138
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 16,757
Likes (Received): 7406

Старо-нова база и за автобусите во Автокоманда



Базата на ЈСП „Скопје“ во населбата Автокоманда наскоро ќе добие нов сервис за машинско миење на автобусите, сличен на оној во реновираната хала во Ѓорче Петров. Претпријатието објави тендер за изработка на архитектонско-урбанистички план за автобаза Автокоманда врз основа на која ќе се набави современ сервис за миење. Во сервисот во Ѓорче веќе е овозможено надворешно миење и сушење на 25 автобуси за час, наместо доскорешното третирање на автобусите при што само едно возило се миеше и се сушеше за 20 минути.

„Oбјектот во Автокоманда беше дивоградба. Сега е донесен нов урбанистички план, кој ни дозволува наскоро и таму да подигнеме модерен сервис и сервис за миење на нашите возила“, објаснува директорот на ЈСП, Мишо Николов.

Од ЈСП неодамна објавија извештај за влијанието на автобусите врз животната средина и заштедата на енергијата. Се констатираше дека новите градски автобуси трошат повеќе гориво од старите, но загадуваат двојно помалку. Старите автобуси трошеле по 39,03 литри гориво, додека новите украински возила од „Лаз“ околу 42,10, а кинеските даблдекери на „Јутонг“ по 42,31 литри на 100 километри. Така, местоположбата на автобазата во Автокоманда би ги намалила шесте милиони литри дизел-гориво што ЈСП ги троши на годишно ниво.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3...AAE0350896CAC7
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old March 14th, 2013, 09:23 PM   #139
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 16,757
Likes (Received): 7406

Безжичен интернет во автобусите на ЈСП

Најголемиот оператор на безжичен интернет SunWireless и Јавното Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) – Скопје склучија партнерски договор со кој ќе биде овозможено користењето на безжичен интернет во автобусите на ЈСП.

Отсега, сите патници во автобусите на ЈСП за време на нивното патување ќе имаат можност да користат брз и стабилен безжичен интернет од SunWireless.

Со овој договор се предвидува да се обезбедат со безжичен интернет од SunWireless сите автобуси на ЈСП – Скопје, а веќе со сервис се обезбедени 10-тина автобуси.

SunWireless е водечки провајдер на безжичен интернет во Република Македонија, присутен е во повеќе од 14 градови и региони низ републиката со повеќе од 500 Wi-Fi хот зони. SunWireless ги опслужува аеродромите на ТАВ, градската автобуска станица, најголемите македонски хотели (вклучувајќи ги Александар Палас, Дрим, Београд, Уни Палас, Кристал Палас, Монтана и др.), студентските домови, ексклузивни ресторани, кафе-барови и многу други атрактивни локации.

http://www.kurir.mk/republika/skopje...obusite-na-JSP
__________________

Marija 1992 liked this post
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old March 23rd, 2013, 02:34 PM   #140
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 16,757
Likes (Received): 7406

Нова линија на ЈСП од Горно Нерези до Козле

Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје од денеска пушти пробна линија на релацијата село Горно Нерези до Козле.

На линијата ќе сообраќа минибус, за време на викендите, кои од село Горно Нерези ќе тргнуваат во 7 часот и во 15 и 20 часот, а од Козле, од терминалот на линијата број „57“, во 7 и 20 часот и во 15 часот.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7...4E8134BDC4C33E
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Reply

Tags
skopje, tram

Thread Tools

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off



All times are GMT +2. The time now is 05:55 AM.


Powered by vBulletin® Version 3.8.8 Beta 1
Copyright ©2000 - 2014, vBulletin Solutions, Inc.
Feedback Buttons provided by Advanced Post Thanks / Like v3.2.5 (Pro) - vBulletin Mods & Addons Copyright © 2014 DragonByte Technologies Ltd.

vBulletin Optimisation provided by vB Optimise (Pro) - vBulletin Mods & Addons Copyright © 2014 DragonByte Technologies Ltd.

SkyscraperCity ☆ In Urbanity We trust ☆ about us | privacy policy | DMCA policy

Hosted by Blacksun, dedicated to this site too!
Forum server management by DaiTengu