|
|
|
| daily menu » rate the banner | guess the city | one on one |
|
|||||||
| Makedonski Forum Македонски форум |
| Global Announcement |
|
SkyscraperCity needs your help to do some house cleaning! please click here for more info! |
![]() |
|
|
Thread Tools | Rate Thread | Display Modes |
|
|
#61 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Музејот со вкус ја доловува историјата на Македонија
05.04.2012 - 19:40 | Македонија Музејот со добар вкус ја доловува историјата на Македонија и нејзините патишта кон независноста. Ова е пораката на најбогатиот човек во светот, Карлос Слим која ќе сведочи за неговата посета во Музејот на македонската борба. Во книгата на впечатоци секој на својот мајчин јазик, напишаа и Шеикот од Катар, Жан Тод – претседател на светската автомобилска асоцијација, принцот Мајкл од Кент како и бројни делегации од целиот свет. Задоволни од музејот, некои го споредуваат со оној на Мадам Тисо, други испратиле благослови за Македонците. Медијаторот Метју Нимиц пак, запишал, им благодарам на сите кои учествуваа во изградбата и реализацијата на Музејот на македонската борба, а парламентарната делегација од Литванија порачале дека литванскиот народ и понатаму ќе продолжи да ја поддржува Македонија во евроинтеграциските процеси. Досега Музејот го посетиле околу 36.000 посетители, а се потпишале 1500. |
|
|
|
|
|
#62 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
450 илјади артефакти извадени од македонската почва за 5 години
09.04.2012 - 19:20 | Македонија За пет години, пронајдени околу 450.000 артефакти. Скопското Кале, Стибера, Зрзе, Плаошник се само дел од 22 локалитети од каде се ископани предметите од праисторискиот, античкиот и средновековниот период. Дури 100.000 од нив, ќе бидат изложени во витрините на музеите низ земјава. Ќе сведочат за цивилизациите кои чекореле на македонско тло. За археолозите, најбогато место е валандовското село – Марвинци. Кај некрополите ископале над 10.000 гробови и предмети кој можат да наполнат дури 5 музеи. Во Хераклеа пак, археолозите ќе се насочат кон истражување на просторот кај гимназионот, околу бедемот и кај театарот - плоштад каде што биле откриени податоци кои потврдуваат за урбана реорганизација на градот Хераклеа. Поголемиот дел од пронајдоците се веќе конзервирани. Откако ќе бидат сите предмети целосно заштитени, археолозите ќе прејдат на последната фаза, публикација. |
|
|
|
|
|
#63 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Над 13.000 Холанѓани ќе летуваат во Охрид
Над 13.000 Холанѓани ќе летуваат во Охрид. Првата група гости треба да пристигне на 27 април преку холандскиот тур-оператор ТУИ. Од агенциите на холандските туристи во Македонија информираат дека вториот чартер-лет со туристи веќе е закажан за 4 мај. Според најавите, првата група Холанѓани, која ќе престојува во Охрид, ќе брои над 130 лица. - До сега се потврдени вкупно 135 туристи со првата група при што с` уште активно трае процесот на продавање на аранжманите, со што и нивниот број веројатно ќе се зголеми - информираат од туристичката агенција „Фибула ер травел“. Од таму очекуваат дека годинава ќе бидат реализирани околу 50 директни чартери со Холанѓани до охридскиот аеродром и обратно. - Од мај, па с` до октомври планирано е да има по четири чартери неделно со по 189 патници, со што максималниот можен број патници кој може да се постигне е 18.900. Но според нашите очекувања, загарантираниот број туристи од Холандија е 13.230, што е и вкупниот број закупени капацитети во хотелите. На Холанѓаните им се нудат аранжманите од 7, 10 , 14 и од 21 ден. Годинава најавени се и 20 групи за кружните тури низ Македонија, со ноќевање во Kавадарци, Струмица, Скопје и во Охрид - велат од агенцијата. Од таму најавуваат дека планираат свечен пречек на првата група Холанѓани, за што веќе се координираат со холандската амбасада во Република Македонија. Минатата година во Македонија летуваа над 10.000 туристи од Холандија, кои според туристичките работници имале максимално позитивни впечатоци, пред с` поради високиот квалитет на услугите што ги добивале за ниски цени. Од охридските туристички агенции информираат дека за 2012 година има најава за еден чартер-лет со туристи од Финска, а најавени се и неколку кружни балкански тури со туристи од Америка, Австрија, Германија, Холандија и од Италија, кои во својата маршрута го имаат и Охрид. Најави за успешен велигденски викенд Организирани групи од Грција, Бугарија, Србија и од Албанија се очекува да престојуваат во Охрид во текот на претстојниот велигденски викенд. Според туристичките работници, освен организираните групи, во нашиот најголем туристички центар велигденските празници ќе ги поминат и голем број домашни туристи. Приватните станоиздавачи, кои издаваат апартмани и станови во центарот на Охрид, се задоволни од досегашните најави и се надеваат дека Велигден ќе биде една добра најава за претстојната туристичка сезона. - Сите апартмани што ги имам на располагање се веќе резервирани. Претежно се работи за гости од Скопје, но ќе имам и една група млади туристи од Србија. Ова е првпат по толку години да има интерес за престој во Охрид во текот на велигденските празници. Се надеваме дека доколку временските услови бидат поволни, ќе дојдат и голем број гости на еднодневна посета - вели еден охридски станоиздавач. Хотелските капацитети во Охрид нудат сместување по цени од 2.000 до 3.000 денари за еднокреветна соба и од 3.200 до 5.200 за престој во двокреветна соба. Во приватното сместување цените за изнајмување апартман во центарот на градот се движат од 20 евра, па нагоре, во зависност од нивната опременост. Елена Михајловска |
|
|
|
|
|
#64 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Туристите воодушевени од сувенирите од Скопје
14.04.2012 - 15:23 | Македонија Подарок за најблиските или за спомен од Македонија. Воинот на коњ, портата Македонија и фалангата се најбараните сувенири од ново отворените сувенирници во Скопје. Подарок за најблиските или за спомен од Македонија. Воинот на коњ, портата Македонија и фалангата се најбараните сувенири од ново отворените сувенирници во Скопје. Среќни што ќе имаат симбол од македонката историја, пред да ги купат сувенирите, странците љубопитни за нивното значење. Слушнале и за македонскиот мед и ракија па во сувенирниците очекувале да ги најдат и овие производи. Од археолошките пронајдоци кои се комерцијална копија со сертификат, најинтересени за странците се македонскиот шлем, свеќниците, како и коскената оплата која војниците ја носеле како ускрас на униформата, а бараат и чашки со мотиви од Македонија. Во четирите сувенирници, дневно се продаваат по околку 50 сувенири од приврзоци, магнети, споменични обележја до рачно изработени копии на артефакти. Нивната цена се движи од 60 денари до 100 евра. Покрај овие во Скопје, сувенирници ќе се поставуваат и во уште неколку градови и на граничните премини Девебаир, Богородица и Табановце. Елена Бошковска |
|
|
|
|
|
#65 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Странските гости воодушевени од Охрид
14.04.2012 - 14:43 | Македонија Гостите, оние кои одлучија празничниот продолжен викенд да го поминат во Охрид и покрај дождливото време се прошетаа покрај кејот на Охридското езеро. Поголемиот број од нив наместо тоа се одлучија да отседнат во некои од кафетериите и рестораните а дел од нив запловија и со бродовите на кружна тура до Канео. Туристите од Бугарија, Србија, Грција, Америка, Германија кои нашата камера ги регистрира воодушевени од културно историските знаменитости, црквите, езерото и гостопримството. Нашиот туристички центар и покрај тоа што остана делумно исполнет сепак живее во духот на христијанството. По повод големиот христијански празник Велигден во сите градски цркви ќе се одржи Воскресна богослужба, додека централната богослужба ќе биде во манастирот Свети Климент и Пантелејмон на Плаошник со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј. Нина Аритоновска |
|
|
|
|
|
#66 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Раздвиженост во Струга за Велигден, се бара место повеќе по рестораните
15.04.2012 - 13:55 | Македонија Струга е солидно исполнета за Велигденските празници. Струшките хотелеири велат дека се задоволни од исполнетоста на нивните капацитети со оглед на лошото време. Во градот се чувствува раздвиженост, а рестораните и кафе баровите работат со полна пареа и, како што велат оттаму, се бара место повеќе. Од хотел Ројал истакнуваат дека заодоволува исполнетоста речиси на сите објекти во градот бидејќи Велигден е домашен празник. - Велигден е празник за семејството и не е репер за тоа каква туристичка сезона не очекува. Повеќе гости очекуваме за првомајските празници, велат од хотелот Ројал и додаваат дека кај нив најмногубројни се гостите од соседна Албанија. Од најголемиот хотел во Струга „Дрим“ велат дека кај нив има најмногу гости од соседните држави помеѓу кои и од Грција, кои иако во помал број од порано сепак дојдоа за празникот. Слично е и во хотел „Бисер“ каде најбројни се гостите од Бугарија и од Грција. Солидно е пополнето и приватното сместување. |
|
|
|
|
|
#67 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Голем број домашни и странски гости во Берово
15.04.2012 - 17:12 | Македонија Голем број гости од земјава и туристи од странство присуствуваа на денешната велигденка прослава на плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово, што ја организираше општината. Покрај прогласувањето на најдобро декорирано велигденско јајце, се одржа и традиционалниот натпревар за избор на велигденски качор (најцврсто јајце). Со свој штанд е присутна и Општинската организација на Црвениот крст која ја спроведува хуманитарната акција „Подари јајце - подари велигденска радост“. Учесниците на прославата ги забавуваат фолклорни групи од Малешевијата и познатите естрадни уметници Жаклина и Јанко Узунов. Покрај сместувачките капацитети во хотелите, за продолжениот велигденски викенд се полни и викендиците во Абланица и покрај Беровско Езеро. |
|
|
|
|
|
#68 | |
|
681 - ∞
Join Date: Nov 2008
Location: Varna - Danube Bulgaria, since 681
Posts: 6,417
Likes (Received): 695
|
Medieval church St. Spas, XIVc. Shtip(east Macedonia)
![]() Quote:
|
|
|
|
|
|
|
#69 | ||
|
681 - ∞
Join Date: Nov 2008
Location: Varna - Danube Bulgaria, since 681
Posts: 6,417
Likes (Received): 695
|
Monastery of Saint Naum, Xc., Ohrid
Quote:
Quote:
Last edited by TERZIev; April 18th, 2012 at 10:03 AM. |
||
|
|
|
|
|
#70 | ||
|
681 - ∞
Join Date: Nov 2008
Location: Varna - Danube Bulgaria, since 681
Posts: 6,417
Likes (Received): 695
|
Monastery of Saint Naum, Xc., OhridQuote:
Quote:
|
||
|
|
|
|
|
#71 | |
|
681 - ∞
Join Date: Nov 2008
Location: Varna - Danube Bulgaria, since 681
Posts: 6,417
Likes (Received): 695
|
Quote:
http://photo-forum.net/en/index.php?...MAGE_ID=955848 ![]() http://photo-forum.net/en/index.php?...AGE_ID=1124576 ![]() http://4coolpics.com/photo/eutrip/258199.html ![]() http://4coolpics.com/photo/arhangel/213647.html
|
|
|
|
|
|
|
#72 |
|
Investor
Join Date: Sep 2008
Location: Sofia/Varna
Posts: 836
Likes (Received): 33
|
|
|
|
|
|
|
#73 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Шпанската актерка Викторија Абрил го посети Музејот на македонската борба
27.04.2012 - 14:34 | Македонија - Имав мала но интензивна посета на вашата историја. Секоја чест и браво. Ова е пораката која најпознатата шпанска актерка Викторија Абрил ја запиша во книгата на впечатоци во Музејот на македонската борба. Абрил која ќе биде гостинка на премиерата на филмот на Теона Стругар Митевска во кој таа игра една од главните улоги, за Македонија вели, нема никогаш да ја заборави, затоа што ја потсетува на родната земја. - Македонија нема никогаш да ја заборавам. Тука дојдов првпат во 2009 година во Битола, благодарение на Лабина, која три месеци инсистираше да дојдам на фестивалот во Битола, а еве денеска имаме премиера на филмот „Жената што си ги избриша солзите“, и тоа како сон.... , рече Викторија Абрил. Покрај прошетката со Абрил низ музејот, министерката за култура го најави и проектот за промоција на македонската култура во Лондон. - И се заблагодарив за нејзината огромна поддршка за овој македонски филм кој е значаен за Македонија. Се надевам дека денеска граѓаните ќе уживаат на македонската премиера и дека Викторија Абрил повторно ќе ја посети нашата земја, изјави министерката Канческа-Милевска. Симон Трпчевски, Стевче Стојковски и неговиот ансамбл и актерите од битолскиот театар се само дел од луѓето кои ќе ја претстават Македонија во Лондон. Ќе има и дел посветен на македонската книжевност и голем број на изложби. Елена Бошковска |
|
|
|
|
|
#74 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Холандски туристи го посетија Музејот на македонската борба
10.05.2012 - 15:08 | Македонија Холанѓаните воодушевени од македонската историја. По едно неделната прошетка низ Охрид и Струга, она што најмногу им оставило впечаток на 250-те Холанѓани е Музејот на македонската борба. Повеќето од нив кои за прв пат се во Македонија велат, едвај чекаат повторно да дојдат и да уживаат во убавините на земјата.Но идниот пат на подолг период. Надлежните од музејот среќни што имаат прилика на странците да им ја презентираат македонската историја. Елена Бошковска |
|
|
|
|
|
#75 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Првите туристи од Белгија пристигнуваат на аеродромот „Александар Велики“
13.05.2012 - 14:07 | Бизнис Повеќе од 90 белгиски туристи пристигнуваат вечерва на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Тие ќе допатуваат со првиот лет на белгиската авиокомпанија „Џетерфлај“, која пак до септември ќе лета секој вторник и недела од Брисел до охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ и до скопскиот аеродром „Александар Велики“. Како што соопштуваат од „ТАВ Македонија“, „Џетерфлај“, заедно со уште седум други авиокомпании, е дел од најголемата туристичка флота во Европа, во рамки на „ТУИ Травел ПЛЦ“ групацијата, која веќе почна со туристички аранжмани и оствари летови до Македонија, носејќи туристи од државите на Бенелукс со првиот лет од Холандија на крајот на април. Се очекува дека повеќе од 11.000 туристи од Финска и Белгија ќе ја посетат Македонија, покрај 14.000 туристи кои се очекуваат да пристигнат од Холандија. „ТАВ Македонија“, како што стои во соопштението, постојано работи на воведување нови линии, со што директно го промовира туризмот во Република Македонија |
|
|
|
|
|
#76 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2009
Posts: 3,033
Likes (Received): 320
|
|
|
|
|
|
|
#77 | |
|
Registered User
Join Date: Feb 2012
Location: Skopje
Posts: 146
Likes (Received): 0
|
Quote:
Great job by the Slovenian showman!
__________________
23ka.wordpess.com |
|
|
|
|
|
|
#78 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2009
Posts: 3,033
Likes (Received): 320
|
Slovenes for macedonian thermal tourism
Macedonia and Slovenia see opportunities for cooperation in tourism, construction of hydropower plants and the manufacture of solar cells. http://www.delo.si/gospodarstvo/makr...i-turizem.html |
|
|
|
|
|
#79 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Убавините на Македонија претставени во Вашингтон
21.06.2012 - 19:32 | Македонија Матка, Маврово, Охрид, сцени од Галичка свадба. Убавините на Македонија претставени пред граѓаните во Вашингтон. Американците треба да ја посетат Македонија. Македонија мора да се промовира како туристичка атракција со автентични елементи, природни убавини, храна и забава. Мaкедонската амбасада во соработка со УСАИД и Нашнл џиографик во мисија да се развие турзимот на Македонија.Амбасадорот Јолевски најавува зголемување на американските туристи во земјава преку поголема соработка со тамошните тур оператори. Изложбата на слики по улиците на Вашингтон ќе трае 4 дена.Невладината Нашнл џиографик подготви и интернет страна на која странците ќе може да се запознаат со убавините на Македонија и одморот да го поминат токму на овие простори. |
|
|
|
|
|
#80 |
|
Registered User
Join Date: Jan 2011
Location: гр.Гълъбово/Bulgaria
Posts: 473
Likes (Received): 67
|
http://www.nsi.bg/otrasal.php?otr=8&a1=787&a2=953#cont
ето и данните за туризмът в БЪЛГАРИЯ през 2011 година.Тази година се очаква да надмине 9 милиона туристи.Работете...хихи |
|
|
|
![]() |
| Thread Tools | |
| Display Modes | Rate This Thread |
|
|