|
|
|
| daily menu » rate the banner | guess the city | one on one |
|
|||||||
| Makedonski Forum Македонски форум |
| Global Announcement |
|
SkyscraperCity needs your help to do some house cleaning! please click here for more info! |
![]() |
|
|
Thread Tools | Rate Thread | Display Modes |
|
|
#221 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Пораст на превезените патници и на карго превозот на македонските аеродроми
25.06.2012 - 15:35 | Бизнис Од аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во мај годинава се превезени 74.784 патници, односно за 13,5 проценти повеќе во однос на мај лани, кога бројката на превезени патници изнесувала 65.871, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски. Порастот е најзабележителен на „Александар Велики“, каде во мај се регистрирани 67.225 патници што, во однос на истиот месец минатата година кога биле регистрирани 59.101 патници, претставува зголемување за 13,7 проценти. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во мај се регистрирани 7.559 патници, односно 11,7 проценти повеќе во однос на истиот период лани кога биле превезени 6.770 патници. Минатиот месец е забележано и зголемување на карго-превозот при што превезените 216,01 тони претставуваат зголемување од 3,1 процент споредено со превезени 209.49 тони во мај минатата година. - По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран раст на бројот на патници и летови. Имено, во текот на 2011 година, кога и заврши модернизацијата и реконструкцијата на двата аеродрома во Република Македонија биле превезени 15 проценти повеќе во однос превезените патници во текот на 2010 година. Освен во превозот на патници, забележан е и вкупен годишен пораст во карго-превозот од 9,8 проценти. Со воведувањето на предвидените нови директни дестинации од аеродромот во Скопје по нискотарифни цени, се очекува дополнително зголемување на бројот на патниците, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски. |
|
|
|
|
|
#222 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Холандскиот тур-оператор „Корендон“ од идната година ќе оперира со по шест чартер-летови седмично
14.07.2012 - 14:00 | Бизнис Како резултат на интересот на туристите од државите на Бенелукс и позитивните искуства на туристите кои веќе втора година летуваат на Охридско-струшката ривиера, холандскиот тур-оператор „Корендон“ oдлучи од идната сезона до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ да реализира шест чартер летови седмично. Претставници на „Корендон“ деновиве престојуваа во Охрид, каде со партнерот во Македонија „Фибула Ер-Травел“ и претставниците на сместувачките капацитети каде престојуваат туристите од Бенелукс потпишаа Договор за соработка за уште три сезони, како и зголемување на бројот закупени места во хотелите за аранжманите на холандскиот тур-оператор. - Договорот со „Фибула Ер-Травел“ решивме да го продолжиме за уште три години. Од идната сезона воведуваме уште два чартер-летови седмично што ќе летаат од Брисел, што значи дека за Македонија ќе работиме со шест авиони седмично односно планираме да донесеме во Охрид повеќе од дваесет илјади туристи од земјите на Бенелукс, изјави Атилај Услу, сопственик и менаџер на Одделот за агенциско работење на групацијата „Корендон“. Податоците од централата во Амстердам на холандскиот тур-оператор покажуваат дека заклучно со минатата седмица се продадени 72 отсто од закушените аранжмани за летување во Македонија за оваа година. Врз основа на продадените и бројот резервирани аранжмани во досегашниот период, менаџерите на „Корендон“ предвидуваат дека во Македонија оваа сезона ќе летуваат над 15 илјади туристи од земјите на Бенелукс. Холандскиот тур-оператор „Корендон“ како дестинација за летување во својата понуда ја стави Македонија минатата година, а благодарение на големиот интерес на туристите од Бенелукс за летување во Охрид и Струга, но и за кружните тури низ Македонија, тогаш беше потпишан договор за следните три години односно за сезоните 2012, 2013 и 2014. Интересот за аранжманите за Македонија во текот на оваа година резултираше со продолжување на тој договор и за сезоната 2015. |
|
|
|
|
|
#223 |
|
THE ONE AND ONLY
Join Date: Jan 2008
Location: Macedonia
Posts: 305
Likes (Received): 4
|
Corendon tour operator to launch charter flights to Ohrid airport next year
Ohrid, 14 July 2012 (MIA) - As a result of the interest of tourists from Benelux countries and their positive experiences after spending their summer holidays on the Ohrid and Struga riviera for a second year in a row, the Dutch tour operator "Corendon" has decided to put into use six charter flights per week to the Ohrid-based "St. Paul the Apostle" airport as of next year. "Corendon" representatives have been staying in Ohrid to sign an agreement on cooperation for three more seasons that stipulates an increase in the number of booked hotel rooms for arrangements of the Dutch tour operator. "We've decided to extend the contract with our Macedonian partner 'Fibula Air Travel' for three more years. As of next season, two more weekly charter flights from Brussels will be introduced. We are planning in Ohrid to bring over 20.000 tourists from Benelux countries," said Corendon manager Atilay Uslu. Corendon managers estimate that this season over 15.000 tourists from Benelux countries will spend their summer holidays in Macedonia. The Dutch tour operator included Macedonia in its tourist offer last year and an agreement was signed for the next three seasons i.e. 2012, 2013 and 2014 due to the huge interest by tourists from Benelux to visit Macedonia. This year, the agreement has been extended for the 2015 season. |
|
|
|
|
|
#224 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
До Палма де Мајорка дирекно преку Букурешт
17.07.2012 - 20:39 | Бизнис Патниците во авиосообраќајот имаат можност со директни летови да патуваат од Скопје до Букурешт и Палма де Мајорка, а се очекува да биде пуштен и нов директен лет од Скопје кон Дубаи. Во споредба со лани, бројот на редовните линии е зголемен за 26,8 отсто. Зголемување има и на бројот на патници во авиосообраќајоот. 18,7 отсто повеќе патници на двата аеродроми, во споредба со лани. Само во Скопје има зголемување од 20,6 отсто на луѓето кои го користеле овој начин на превоз. Од агенцијата за цивилно воздухопловство ги издвојуваат ниските цени на билетите, зголемениот број на понудите и подобрените аеродроми како главни причини за зголемување на превозот на патници во авиосообраќајот. Влијанието од подобрениот авиосообраќај веќе се забележува врз зголемување на странските туристи во Македонија, како и се почесто користење на овој превоз од македонските државјани. Ана Петковска |
|
|
|
|
|
#225 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Зголемен бројот на превезени патници на аеродромите
16.08.2012 - 13:55 | Бизнис На двата аеродрома во Македонија во изминатите два месеца се превезени поголем број на патници за 6,1 процент во однос на истиот период минатата година. Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека во јуни и јули на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 200.516 патници, додека во истиот период лани биле превезени 189.019 патници. Најзабележителен е порастот на бројот на патници на охридскиот аеродром, каде што во текот на јуни и јули се регистрирани 28.658 патници, што е за 16,5 отсто повеќе од вкупно регистрираните 24.596 патници минатата година. На скопскиот аеродром во овие два месеца се превезени 171.858 патници што во споредба со истиот месец минатата година, кога биле регистрирани 164.423 патници, претставува зголемување за 4,5 проценти. |
|
|
|
|
|
#226 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Создадена правна основа за директни летови меѓу Македонија и САД
23.08.2012 - 10:48 | Бизнис Отворена е можноста на македонските ѓраѓани да им се пружи шанса со директен лет да стигнат до САД и обратно. Денеска беше потпишана спогодба за редовен воздушен сообраќај помеѓу двете држави, со која ќе се уредуваат и чартер линиите како и карго превозот. Сега административните бариери се отстранети а лобирањето на странските авиокомпании ќе започне веќе од утре. - Уште од утре ќе почнеме со процес на лобирање и анимирање на авиокомпаниите за да им укажеме на оваа можност и сите поволности што ги нудат пред се македонските аеродроми. Очекувам дека ќе се пројави интерес, но сепак тоа зависи од бизнис логиката и комерцијалниот аспект за воспоставување на летовите, рече Јанакиески по потпишувањето на Спогодбата. - Сакаме да направиме се што можеме за да ги продлабочиме односите меѓу САД и Македонија. Со потпишувањето на договорот ќе ја зајакнеме економската соработка и билатераланите врски, особено овој пат кога фокусот го ставаме на економијата, економскиот раст и реформите кои се многу важни, нагласи Рикер и додаде дека промовирањето на развојот на Македонија е долгорочен значаен приоритет на САД. Со ова се унапредуваат економските односи преку проширување на македонскиот воздухопловен пазар како и билатералните односи помеѓу двете земји а за самите патници ќе значи подобри услуги и поголеми можности за летови. Ана Петковска |
|
|
|
|
|
#227 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Потпишан Меморандум за отворено небо меѓу Македонија и Холандија
01.09.2012 - 14:47 | Бизнис Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, Дејан Мојсоски и в.д генералениот директор на воздухопловната власт на Кралството Холандија, Елен Биен, на состанок на генералните директори на воздухопловните власти на ЕКАК во Тбилиси потпишаа Меморандум за администаративна примена на мултилатералната Спогодба за основање европска заедничка воздухопловна област. - Со овој Меморандум се воспоставува правна рамка за отворено небо помеѓу Република Македонија и Кралството Холандија врз основа на либерален концепт и слободна конкуренција. Воедно, Меморандумот има за цел да го промовира меѓународниот воздушен сообраќај на двете земји, да привлече нови авиокомпании, да и овозможи на патувачката јавност поголеми можности како и избор на услуги, дестинации и намалени цени, соопшти денеска АЦВ. Меморандумот е во согласност со насоките и препораките на Европската комисија за либерализација на воздушниот сообраќај и негов развој на конкурентска основа без никакви ограничувања за сообраќајните слободи, пристапот на пазорот, тарифите, фрекфенциите и капацитетот. - Таков меморандум Македонија потпиша со воздухопловните власти на Белгија и Луксембург, со цел отворање на воздухопловниот пазар помеѓу нашата земја и земјите членки од Бенелукс во насока на понатамошен развој на туризмот, интерконтинентална поврзаност и можност за подобрување на економските односи во целина, се вели во соопштението. |
|
|
|
|
|
#228 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Промоција на македонските аеродроми во Косово и Србија
12.09.2012 - 13:32 | Бизнис ТАВ има амбиција „Александар Велики“ да го претвори регионален аеродром што ќе опслужува дури 4,3 милиони патници годишно. Првиот човек на “ТАВ Македонија” Зоран Крстевски и неговиот тим неделава во Приштина и во Врање ги презентираа можностите на скопскиот аеродром, во обид да привлечат повеќе патници од Косово и Јужна Србија. На промоциите двајцата претставници на ТАВ пред локалните медиуми на туристичките агенции од регионот им понудија долгорочна соработка. Имајќи ги предвид интересите на патниците и туристичките агенции во Косово и Јужна Србија, двајцата менаџери се осврнаа на капацитетите на аеродромот, високиот квалитет на услугите и можностите за летање по ниски цени од Скопје до поголемите европски центри. Скопскиот аеродром „Александар Велики“ со авиолинии во моментов е поврзан со аеродромите во Анталија, Анкона, Амстердам, Белград, Бергамо, Брисел, Дортмунд, Дубаи, Дизелдорф, Ерџан, Ајндховен, Истанбул, Измир, Љубљана, Лондон, Малме, Мемингем, Мулуз, Палма де Мајорка, Рим, Сабиха Ѓокчен, Штутгарт, Тревизо, Виена, Загреб и Цирих. Од есенва преку „Виз Ер“ од скопскиот аеродром по цени кои почнуваат од 10 евра ќе се лета до шест нови европски метрополи, а преку компанијата на „Флај Дубаи“ македонскиот главен град е директно поврзан со Дубаи. Промоцитте на ТАВ во регионот се дел од одбележувањето една година од пуштањето во употреба на најновиот и најмодерниот аеродром во регионот, Александар Велики во Скопје и имаат за цел тој да стане регионално авио-пристаниште на овие простори. |
|
|
|
|
|
#229 |
|
Registered User
Join Date: Jun 2006
Location: Toronto
Posts: 156
Likes (Received): 0
|
flydubai adds cargo flights to Romania and Macedonia
Posted on September 20, 2012 by Kforsythe flydubai adds cargo flights to Romania and Macedonia In October, flydubai Cargo will begin direct flights from its home base in Dubai to Bucharest, Romania, and Skopje, Macedonia. According to a company press release, these flights — which will commence on October 1 and October 18, respectively — are the first direct links by a cargo operator between Dubai and each destination. In addition to expanding its direct flights, the carrier has been busy forming interline agreements during its first year of existence. In the past 10 months, flydubai Cargo has entered into partnerships with Emirates, British Airways, Estonia Air, Coyne Airways and Jet Airways; the carrier has been focusing on spreading its network beyond the Middle East. “Through these interline agreements we have opened new routes and thus new avenues for trade,” Ghaith Al Ghaith, CEO of flydubai, said in a statement. “We are now able to deliver goods from Sudan to Sydney and also provide Nepal’s handicraft industry with access to consumers in the U.S., Europe and Australia.” Flydubai Cargo has mostly been transporting meat, fruits and vegetables to the Indian subcontinent and the CIS. The carrier also flies a lot of live fish to Sudan. “The wide range of products being transported by flydubai Cargo shows the demand for a timely, affordable and reliable service,” he said. “Less than a year into operations, we have grown our network as well as our customer base and aim to continue serving a global audience as our range and operations expand.” |
|
|
|
|
|
#230 |
|
Kragujevac - U svemu prvi
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 56,025
Likes (Received): 1313
|
Skopje
|
|
|
|
|
|
#231 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Од македонскиот аеродром ќе се лета кон 7 нови дестинации
Од македонскиот аеродром ќе се лета кон 7 нови дестинации. Од крајот на октомври кога и почнува зимскиот ред на летање доаѓа нова компанија која ќе оперира кон Дубаи, а останатите ги зголемија понудите кон Дортмунд, Ајнховен, Базел и уште неколку други. Првиот човек на агенцијата за цивилновоздухопловтсво очкеува дека ова ќе донесе и намалени цени на авиобилетите. Повеќе дестинации но и повеќе туристи. Според мојоски секој месец има пораст од околу 20% на патници кон и надвор од Македонија. Летово најмногу се патувало кон и од истанбул, Виена и Венеција. |
|
|
|
|
|
#232 |
|
Kragujevac - U svemu prvi
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 56,025
Likes (Received): 1313
|
Skopje
|
|
|
|
|
|
#233 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Од денеска директна авиолинија Скопје - Дубаи
Македонија се поврза директно со Обединетите Арапски Емирати. Од денеска „Флајдубаи“ лета од Скопје до Дубаи двапати во неделата, во понеделник и во четврток. Скопје е регионален центар на „Флајдубаи“ за овој дел од светот. Компанијата планира во наредниот период да воспостави и повеќе летови во неделата. - Убедени сме дека македонската маршрута ќе биде успешна, рече на денешната прес-конференција во Скопје Гаит Алгаит, заменик-извршен директор на „Флајдубаи“ по реализација на првиот лет Дубаи - Скопје. Според него, оваа нова воспоставена линија ќе донесе туристи во Македонија од ОАЕ кои сакаат да ја запознаат Македонија. Оваа нова дестинација ќе овозможи за граѓаните на Макдонија да се поврзат со 150 други дестинации, вклучувајќи ги Австралија и Далечниот Исток. Авионскиот билет до Дубаи чини 390 евра. Зошто го избрале Скопје како дестинација, од „Флајдубаи“ посочуваат дека се наоѓа на добра географска положба и има добра инфраструктура. Според директорот на ТАВ Холдинг Мурат Орнакол, овој проект ќе биде добар за сите три страни што се вклучени во него, односно за „Флајдубаи“, Владата и за ТАВ Холдинг. Авиокомпанијата нема добиено субвенции од Владата за воспоставената авионска линија. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески очекува зголемување на бројот на директни линии што ќе се воспостават и со други авиокомпании и посочи дека од почетокот на годината забележан е пораст на бројот на патници за 12 отсто и се очекува до крајот на годината да достигне еден милион. |
|
|
|
|
|
#234 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Зимава поевтини летови од Скопје до шест европски дестинации
Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз Ер“ од недела со зимскиот ред на летање ќе почне со реализација на летови од Скопје до шест европски дестинации, со субвенции од македонската Влада. Првиот лет што ќе го реализира авиокомпанијата е на релацијата Скопје-Ајндховен. На таа линија „Виз Ер“ треба да лета двапати неделно. Два лета во текот на неделата ќе реализира и од Скопје до Милано, Малме, Минхен и Дортмунд, а три пати неделно до Базел. Според најавите од „Виз Ер“, најевтините авиобилети во еден правец со вклучени аеродромски такси ќе чинат од 8,99 евра до 17,99 евра. За субвенционирање на „Виз Ер“, македонската Влада согласно потпишаниот тригодишен Договор, одвојува 306 милиони денари. Инвестицијата за старт со оперирање на новите дестинации, според првичните најави на раководството на „Виз Ер“, ќе ги чини 80 милиони долари што ќе биде проследено со отворање 300 нови работни места. Авиокомпанијата следната година планира да понуди и директни летови од Скопје до Брисел, Рим и до Барселона, но, според раководството, тоа ќе зависело од потребите на македонските патници. Очекуваните ефекти од субвенционирањето, според критериумите, се во првата година да има најмалку 120.000 нови патници, односно по 10.000 месечно, најмалку 135.000 во втората година и 150.000 во третата година. |
|
|
|
|
|
#235 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Авиокомпанијата „Виз Ер“ почна со летови од Скопје до шест европски дестинации
Полета и првиот нискобуџетен авион со помош на владините субвенции. Од денеска за Ајндховен ќе може да се патува за само 1090 денари во еден правец со вклучени такси. Компанијата Виз Ер има обврска во наредните 3 години да се обраќа кон 8 европски дестинации. Два пати неделно ќе лета од Скопје за Милано, Малме, Минхен и Дортмунд, а трипати за Базел. Картите кои почнуваат од 550 денари според вицепремиерот Пешевски ќе придонесат кон зголемување на фрекфенцијата на домашните аеродроми. - Очекуваме во следните години бројот на туристи во Македонија да порасне, како директен резултат на нашата инвестиција во ниско буџетниот воздухопловен сообраќај. Задоволни сме што една од водечките авиокомпании во Европа, „Виз Ер“, е посветена да го развие македонскиот воздушен сообраќај, истакна Пешевски, притоа честијќи и на авиокомпанијата и нивните локални кадри за почетокот на операциите на базата во Скопје и пристигнувањето на нови летала. Авиопревозникот во Македонија ќе вложи 80 милиони долари и ќе отвори 300 нови работни места. - Од нашето објавување на шесте нови возбудливи дестинации, корисниците во Македонија и од земјите со кои го поврзуваме Скопје се собраа на нашиот веб сајт за да ги искористат ниските цени и преку 25.000 патници веќе резервираа летови од Скопје до новите дестинации, зголемувајќи го вкупниот број на „Виз Ер“ патници од Македонија на над 100.000 од почеток на нашата работа во земјата пред помалку од една година, рече Стивенсон. За исполнување на тригодишните обвсрки кон унгарската компанија ќе треба да се исплатат 3,5 милиони евра субвенци. За секоја нова дестинација Владата ќе треба да одвои дополнителни 30 илјади евра. |
|
|
|
|
|
#236 |
|
Registered User
Join Date: Jan 2008
Location: ▲ Town of York Mills, Ontario █♣█
Posts: 6,974
Likes (Received): 84
|
Imali nekih slika od Fly Dubai u Skoplje?
__________________
IST '13 YYZ May 2013 *new* NAS-Nassau, Bahamas spotting (January 2013) HKG to YYZ by YU-AMC (Oct 2012) After Sunrise in Monte Carlo, Monaco by YU-AMC (Summer 2012) York Region-Buttonville airport spotting by YU-AMC (July 11th 2012) Toronto - Pearson aircraft spotting by YU-AMC (May 21st 2012) Toronto - Pearson aircraft spotting by YU-AMC (Feb 6th 2012) 5:59AM Sunrise in Monte Carlo, Monaco by YU-AMC (Summer 2010) |
|
|
|
|
|
#237 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
Флајдубаи ќе не поврзе со Малдивите
Иновативниот нискотарифен авиопревозник „Флајдубаи“ на 19 јануари 2013 година ќе ги почне летовите од Дубаи до Мале, главниот град на островската земја Малдиви, а со тоа оваа атрактивна туристичка дестинација ќе биде поблиска до македонските граѓани за подостапни цени. Превозникот ќе оперира петпати неделно меѓу Терминалот 2 во Дубаи и меѓународниот аеродром „Ибраим Насир” на малдивскиот остров Мале. Компанијата со ова го зголемува своето присуство на индискиот потконтинент на девет точки во шест земји. Новата рута ќе им овозможи на патниците од регионот на Дубаи да уживаат во една од најпознатите светски дестинации за одмор со авиобилети по достапни цени. -Навистина сме возбудени што го додадовме Мале во нашата мрежа со дестинации. Како прв нискотарифен превозник од ОАЕ до Малдиви, ние уште повеќе го приближуваме овој островски рај до патниците од целата наша мрежа. Со помош на иновациите и извонредната услуга, нуди посебен нискотарифен модел. Оваа понуда се покажа како многу популарна меѓу нашите патници и несомнено ќе биде привлечна за сите што сакаат да го искусат едно од врвните светски места за одмор по достапна цена, вели Гаит Ал Гаит, извршен директор на Флајдубаи. Инаку, Малдивите се сметаат за една од врвните светски локации за одмор. Се состои од 1.190 корални острови, формирани околу 26 природни атоли во вид на прстен и распоредени на повеќе од 90 илјади квадратни километри. Со највисоката точка од 2,4 метри над морето, оваа Република е најниската земја во светот, што ја прави рај за сите што обожуваат вода. |
|
|
|
|
|
#238 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6
|
За еден месец над 15 илјади патници до новите дестинации на Виз ер
Над 15 илјади патници за еден месец ја искористиле можноста за патување од Скопје кон една од шесте нови европските дестинации на нискотарифната авиокомпанија Виз ер. Според податоците на Министерството за транспорт и врски, вкупно 15.565 патници ги искористиле нискотарифните летови на Виз eр за Малме, Дортмунд, Ајндховен, Базел, Тулуз, Минхен и Милано кои стартуваа на 28 октомври годинава, со помош на проектот на Владата на Република Македонија за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај кој се имплементира со цел побрз развој на цивилното воздухопловство и формирање на поконкурентни и подостапни цени во воздушниот сообраќај, односно овозможување подостапни цени на летовите за граѓаните на Република Македонија на поголем број директни дестинации од Скопје. Најголем број патници на новите дестинации се регистрирани на летовите за и од Малме (Шведска) – вкупно 2.802 патници и Дортмунд (Германија) – 2.665, кон и од Ајндховен (Холандија) се регистрирани 2.643, Базел (Швајцаија) и Тулуз (Франција) – 2.633, Минхен (Германија) – 2.427 и Милано (Италија) – 2.395. Виз ер оперира од скопскиот аеродром од јуни минатата година, почнувајќи со лет кон Лондон, а од септември и Венеција. Вкупно досега има превезено 112.244 патници. По реконструкцијата и модернизацијата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје која заврши во септември минатата година со изградба на нова терминална зграда за пречек и испраќање на патниците, бројот на компании кои оперираат на нови дестинации и бројот на патници континуирано бележи раст. Со имплементирањето на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај се очекува бројот на патници дополнително да се зголеми. Од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје оваа година досега се превезени 830.109 патници што е за 70.181 или 9,2 отсто повеќе од вкупниот број патници кои биле превезени во текот на целата 2011 година. |
|
|
|
|
|
#239 | |
|
PRVA pratilja SRBpdf2013
Join Date: Jul 2005
Location: Sarajevo
Posts: 27,862
Likes (Received): 647
|
__________________
Izronit ce Stari, za one sto ga vole <3
|
|
|
|
|
|
|
#240 |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,814
Likes (Received): 1094
|
Три нови авиокомпании ќе летаат кон Скопје
Три нови авиокомпании доставија барање до Агенцијата за цивилно воздухопловство за да се вклучат во авиосообраќајот во земјава. Шведската авиокомпанија„Ер Свидан АБ“ планира по добивање на дозволата од АЦВ да лета од 28 февруари до 30 март на релација Умеа (Шведска) – Копенхаген (Данска) – Скопје и обратно, и тоа два пати неделно, во понеделник и во петок. Од компанијата најавуваат дека, најверојатно, ќе се вклучат и во летната сезона од редовниот авиосообраќај кон земјава на истите дестинации и во истите денови до 18 мај годинава. Освен „Ер Свидан“, од 1 април годинава на релација Сараево-Скопје и обратно планира да почне да лета и босанската национална авиокомпанија „БХ ерлајнс“. Со летниот ред на летање компанијата ќе оперира од Скопје до Сараево и обратно четирипати неделно (во понеделник, среда, петок и во недела). Во чартер-летовите, пак, во рамките на зимскиот ред на летање, од 27 јануари до 31 март, ќе се вклучи и шпанската компанија „Алба стар ерлајнс“ на релација Рим – Скопје- Скопје – Рим, велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство. http://www.dnevnik.com.mk/default.as...7EA0956DA90FB5 |
|
|
|
![]() |
| Thread Tools | |
| Display Modes | Rate This Thread |
|
|