SkyscraperCity Forum banner

Планини во Северна Македонија | Mountains of North Macedonia

110K views 1K replies 7 participants last post by  Srdjan Adamovic 
#1 ·
Република Македонија је углавном планинска земља. Средња надморска висина терена је 850 метара. Скоро 80% државе отпада на планине и брда. Планине Македоније се деле на две групе: Динарске и Родопске планине. Родопске планине су старије и протежу се у источном делу Републике Македоније. Динарске планине су млађе по пореклу и оне се налазе у западном и централном делу државе. Динарске планине се деле у три подгрупе: подручје око реке Вардар, подручје око долине Пелагонија и подручје у северозападном делу Македоније.
Велико Језеро (2218 m) – глацијално језеро на планини Баба

Следи списак најбитнијих планина у Македонији:

Кораб (2764 m)
Шар планина (2747 m)
Баба(2601 m)
Јакупица (2540 m)
Ниџе (2521 m)
Дешат (2373 m)
Крчин (2341 m)
Галичица (2288 m)
Стогово (2273 m)
Јабланица (2257 m)
Осогово (2252 m)
Планина Бистра (2163 m)
Беласица (2,029 m)
Плакенска планина
Конечка планина
Малешевске планине
Плачковица
Бушева планина
Бабуна
Огражден
Селечка планина
Скопска Црна Гора
 
See less See more
#2 ·
Korab

Кораб е планина во Македонија, на границата со Албанија.[1] На неа се наоѓа највисоката точка (врв) во земјата - Голем Кораб кој е висок 2764 метри надморска височина. Кораб е планинска верига која се протега на правец југ-север. При изработката на дигиталната географска карта на Република Македонија од страна на јапонски експерти е утврдено дека Голем Кораб е повисок, па според премерувањата тој е повисок за 88 метри, но тоа сѐ уште не е официјално верифицирано.

Традиционалното меѓународно искачување на Голем Кораб се одржува во почетокот на септември секоја година по повод 8 септември денот на независноста на РМ.

Поради уникатните природни карактеристики делот на планината кој влегува во границите на Македонија, во 1952 година е признаен како дел од националниот парк „Маврово“.

По Голем Кораб, планината Кораб има повеќе врвови преку 2000 метри надморска височина. Меѓу врвовите кои се доста непроодни најзначајни се:

Кораб 2 (2753m)
Кораб 3 (2745m)
Мала Корапска Врата (2727m)
Радомирски Врв (2716m)
Мал Кораб (2683m)
Кепи Бард (2617m)
Црна Чука (2572m)
Бел Врв (2532m)
Боази (2495m)
Шуплив Камен (2440m)
Дерза (2403m)
Цигански Врв (2398m)
Кабаш (2395m)
Зиберова Кула (2377m)
Нистровски Кораб (2356m)
Рибничка Скала (2305m)
Црн Камен (Кобилино Поле) (2248m)
Високо Брдо (2245m)
Плоча (2235m)
Јаворско Брдо (2155m)
Капи Џамија (2116m)
Куртово Ќуле (2082m)
Шило (2044m)
Пирк (2036m)
Махија Мада (2002m)
Бабин Камен (1956m)
Пројжаба (1939m)
Црн Камен (Врбјани) (1885m)

Овие врвови се случајно раздвоени преку тектонски движења кои прават форми на блокови што завршуваат со долината на реката Радика. Овие блокови под дејство на глацијалната ерозија имаат направено дупки кои достигнуваат и до 500m длабочина. Најмаркантен пример за таков вид на ерозија претставува горниот тек на Длабока Река каде е формиран и истоимениот познат кањон со речиси вертикални страни и остри ивици меѓу кои се наоѓаат голем број водопади, посебно од страната на Кобилино Поле.
Кораб

На Кораб има и неколку висорамнини меѓу кои се истакнуваат Кобилино Поле на македонската и Радомирско Поле на албанската страна.

Иако релативно тешко прооден, на масивот на Кораб постојат неколку превои (во близина на истоимените врвови) кои се користат од страна на локалното население и планинарите. Најпознати се:

Мала Корапска Врата (2478m) - помеѓу врвовите Голем Кораб и Мала Корапска Врата;
Цигански Премин (2290m) - помеѓу врвовите Цигански Врв и Дерза;
Голема Корапска Врата (2062m) - помеѓу врвовите Зиберова Кула и Бел Врв;
Шкртец (2020m) - помеѓу врвовите Шуплив Камен и Плоча;

Необично забележливи се алпските предели на Кабаш и неколку други непроодни врвови. Во највисокиот дел, над 2000m, климата е алпска и вклучува елементи од алпската флора. Според мислењето на голем број научници, Кораб е најубавиот планински релјеф во Македонија.



 
#17 ·
Шар Планина


Шар Планина или скратено Шара (албански: Bjeshkët e Sharrit или Sharrа, латински: Mont Skardus) е еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија. Сместена е во северозападниот дел на републиката, на границите со Косово и Албанија.

Најпознати врвови на Шара се: Титов Врв (2748 m), Мал Турчин (2702 m), Бакрдан (2700 m), Љуботен (2499 m), Ливадица (2491 m), Пирибег (2524 m), Езерца (2604 m), Чаушица (2640 m), Бистрица (2540 m), Црн Врв (2580 m), Вртоп (2555 m), Кобилица (2526 m), Големо Шилиџе (2502 m), Караникола (2479 m), Караташ (2478 m), Скакало (2494 m), Голем Срт (2520 m), Плоча (2467 m), Церипашина (2525 m), Карабунар (2565 m), Син Врв (2550 m), Казани (2567 m), Џинибег (2610 m), Трапезница (2599 m), Брустовец (2675 m), Расенгул (2383 m), Лера (2197 m) итн.



 
Top