|
|
|
| daily menu » rate the banner | guess the city | one on one |
|
|||||||
| Infrastructure Инфраструктура |
| Global Announcement |
|
SkyscraperCity needs your help to do some house cleaning! please click here for more info! |
![]() |
|
|
Thread Tools | Rate Thread | Display Modes |
|
|
#181 |
|
Meditate on this, I will
Join Date: Jun 2009
Location: Beyond the Wall
Posts: 5,333
Likes (Received): 509
|
Чак пък планински, нали става дума от Охрид до Свети Наум? Пътувах го преди няколко години, съвсем нормално пътче си е, малко хълмисто, но нищо прекалено сложно. По-скоро сигурно ще има доста нужда за изкупуване на частни имоти, но пък чак толкова скъпи да са...
|
|
|
|
|
|
#182 | ||
|
Registered User
Join Date: Sep 2012
Posts: 11
Likes (Received): 3
|
Quote:
__________________
|
||
|
|
|
|
|
#183 |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,809
Likes (Received): 1093
|
ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ПО KОРИДОРОТ 10
Тргна автопатот Демир Kапија - Смоквица Се очекува за четири години да завршат градежните работи на оваа делница од патната артерија што не` поврзува на север со Европа и на југ со Солунското пристаниште ![]() Тргнаа градежните работи за изградба на автопатската делница од Демир Kапија до Смоквица, кој е дел од стратегискиот Kоридор 10 на македонска територија. Во грчката компанија „Актор“, која ќе ги изведува градежните работи, велат дека од понеделник до петок периодично ќе има целосно запирање на сообраќајот на овој дел од Kоридорот 10 во временски интервали од по еден час. - Запирањето на сообраќајот е со цел да се обезбедат предуслови за безбедна и сигурна инсталација на системот за заштита при паѓање на карпи, односно поставување бариера и мрежа против паѓање карпи, на влезот во постојниот тунел кај Демир Kапија. Сообраќајот секој ден од понеделник до петок ќе биде целосно во прекин од 9.30 до 10.30 часот, од 11.30 до 12.30, од 13.30 до 14.30 и од 15.30 до 16.30 часот - велат во подружницата на „Актор“ во Скопје. Лани по повод Денот на независноста, на 8 септември беше поставен камен- темелникот за изградба на оваа нова патна делница со должина од 28 километри, која ќе се гради надвор од демиркаписката клисура од десната страна на реката Вардар. Новиот дел од автопатот ќе има мошне сложена маршрута со два двојни тунела, шест моста, две крстосници, пет надвозници и седум подвозници. Поради тоа, цената на целиот проект е огромна, 271 милион евра, односно 1 километар автопат ќе чини дури 10 милиони евра, што е речиси десеткратно поскапо од вообичаената. Се очекува градежните работи да завршат за четири години. Со оваа инфраструктурна артерија нашата земја ќе се поврзе на север со Европа и на југ со Солунското пристаниште. Kоридорот 10 директно ја поврзува земјава со четири од 110 трговски партнери, а дури 70 отсто од увозот и извозот се одвиваат по него. - Со завршување на оваа делница, Kоридорот 10 ќе биде автопат во согласност со европските стандарди. Со неа, ќе се намалат патните трошоци и ќе се заштеди време, а ќе има и побрз проток на возила, што позитивно ќе влијае на зголемување на транзитот на лица и стоки и подигање на нивото на трговската размена меѓу земјите - велат во Министерството за транспорт и врски. Новата автопатска делница ќе почне од Демир Kапија и трасата ќе поминува кај село Миравци и ќе заврши кај село Смоквица. Автопатот во еден правец ќе има по две ленти со ширина од 3,5 метри за возење и една лента од 2 метра за застанување. Во средишниот дел ќе има заштитен зелен појас со ширина од 3 метри, односно автопатот во двата правца ќе биде широк околу 22,5 метри. Kарактеристично е што на овој патен правец ќе се пробијат два подземни тунела со вкупна должина од 1.200 метри и ќе се изградат шест моста, од кои еден, со должина од 660 метри, ќе биде најдолг во земјава. Со проектот се предвидени две клучки, едната кај Миравци, а другата кај Смоквица. Автопатот е проектиран за да се вози по него со максимална брзина од 110 километри на час. Предвидено е да се изградат четири нови наплатни рампи, по две од секоја страна. Парите за изградба се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од 107 милиони евра, кредит од 130 милиони евра од Европската инвестициска банка, грант од 45 милиони евра од ЕУ и шест милиони евра од државниот буџет. Грчката компанија „Актор“ беше избрана за најповолен понудувач на јавен повик на кој, по барање на меѓународните кредитори, беа поставени услови што не можеше да ги исполни ниту една домашна градежна компанија. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=72...2E8A50988A29AB |
|
|
|
|
|
#184 |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,809
Likes (Received): 1093
|
Се гради патот кон езерото Мантово
Почна изградбата на патот кон езерото Мантово во должина од 4,5 километри. Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, вели дека ова е еден од најзначајните локални патишта, што ќе го поврзат Штип со општина Kонче, но и со најблиската акумулација. - Еден од најзначајните локални патишта, што ќе поврзува две општини, е патот од 20. километар до браната Мантово. Понатаму си го презема општина Kонче, со што Kонче и Штип ќе бидат поврзани со убав пат. Штипјани од 1 јуни ќе може често да патуваат до акумулацијата Мантово, едно од најубавите вештачки езера, кое еден дел е и на штипска територија, а за до таму ќе има асфалтен пат - вели Захариев. Изградбата на патот од 20. километар до езерото Мантово чини околу 500 илјади евра и се реализира преку Агенцијата за патишта, а е финансиски поддржана од Европската банка за обнова и развој. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FB...A3FCB535EE5624 |
|
|
|
|
|
#185 |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,809
Likes (Received): 1093
|
Милион евра за обнова на регионалниот пат Тетово-Гостивар
Започна втората фаза за обнова на регионалниот пат Тетово-Гостивар. Според Вицепремиерот, Муса Џафери обновата на овој регионален патен правец со должина од околу 20 километри е еден од владините приоритети. „Покрај овој пат гравитираат над 100 илјади жители и затоа е многу важно тој да се направи во целост. Иако работите започнаа пред локалните избори, ние покажуваме дека активностите за реконструкција и асфалтирање на продолжуваат согласно планот“, рече Џафери. Како што информираше директорот на ЈП Македонија пат, Гајур Кадриу работите наскоро ќе бидат целосно завршени, а вкупната вредност на инвестицијата е над еден милион евра, пари од буџетот на претпријатието. Инаку стариот пат Тетово-Гостивар започнува од тетовската приградска населба Мала Речица и минува низ две други полошки општини, Боговиње и Врапчиште – Неготино за да заврши во Гостивар. http://faktor.mk/archives/44143?utm_...25be%25d1%2582 |
|
|
|
|
|
#186 |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,809
Likes (Received): 1093
|
Од Скопје до Штип ќе се стигнува за половина час
Растојанието меѓу градовите на двете крајни точки на овој автопат ќе се скуси за триесетина километри, а временски ќе се мине за исто толку минути, со што тој ќе овозможи брзо поврзување на цела источна и југоисточна Македонија со главниот град ![]() Наскоро нов автопат Модерна сообраќајница на највисоко техничко ниво ќе биде новиот автопат што наскоро ќе ги поврзува Скопје и Штип, а преку нив северниот со источниот и југоисточниот дел на државата, со што растојанието меѓу двете крајни точки ќе се скуси за триесетина километри, а временски ќе се мине за исто толку минути. Притоа, како што посочуваат во Јавното претпријатие за државни патишта, овој автопат, чија вкупна должина на делницата Миладиновци - Свети Николе - Штип е 47 километри, ќе има шест ленти и по него ќе може да се вози со брзина од 120 километри на час. Новиот автопат ќе овозможи брза комуникација и поврзување на цела источна и југоисточна Македонија со главниот град, при што главните придобивки ќе ги имаат граѓаните од овој дел на државата, но и бизнис-секторот, кој ќе добие можност за побрз транспорт на своите производи од едно подрачје што претставува голем производител на храна во земјата. Две делници Во ЈП за државни патишта велат дека веќе е подготвена комплетна ревидирана проектна документација за изградба на автопатот, кој е поделен на две делници, првата: Миладиновци - Свети Николе во должина од 26 километри, која ќе се изведува на комплетно нова траса во две коловозни ленти. И втората: Свети Николе - Штип со должина од 21 километар, на која ќе се изведува еден комплетно нов коловоз, а постојниот ќе се реконструира и проширува на профил за автопат. Новиот пат ќе биде широк 27,5 метри, односно во двата правца ќе има по две ленти со широчина од 3,75 метри и уште една лента за забавување и за застанување, широка 2,5 метри. Вкупната широчина на коловозот за движење во еден правец ќе изнесува 10,7 метри, а меѓу двата коловози ќе има и четири метри разделен (зелен) појас, односно заштитно зеленило и систем за зафаќање атмосферски води од коловозот. Предвидено е на целата делница на новиот автопат да има седум патни јазли, и тоа: Миладиновци, Средно Коњаре, Преод, Свети Николе север, Свети Николе југоисток, Кадрифаково и Три Чешми. Автопатот практично ќе почне со клучка кај селото Миладиновци, по што навлегува во долината на реката Пчиња, а преку месноста Блатски Ниви излегува кај селото Средно Коњаре, каде што ќе се гради мост. Потоа трасата оди покрај селото Сушица, сливот на Врњак и продолжува по падините на кои се селата Крушице, Преод и Сопот, од каде што се спушта во Овчеполската низина и се приближува до коритото на реката Периш, па сѐ до Свети Николе, каде што ќе се градат клучка и заобиколница. Некаде кај 40-от километар автопатот продолжува паралелно со постојниот регионален пат кон Штип, минува низ месноста Андонова Воденица, го сече потокот Немањица и покрај Кадрифаково и Криви Дол завршува во Штип. На овој дел постојниот коловоз ќе се проширува за да се добијат три ленти за движење во една насока, а во спротивната насока ќе се изведе нова коловозна лента за одвивање на сообраќајот, која во првите три километри ќе се води од левата, односно западната страна, за од тој пресек, па сѐ до крајот на делницата, да се изведе по десната, односно источната страна. Пренамена на земјиштето На трасата на новиот автопат Штип - Миладиновци веќе е почната постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно и за експропријација на приватните имоти во општините Свети Николе и Штип, која во последно време беше запрена поради распишувањето на локалните избори. Инаку, вообичаено, за влијанието на новиот пат врз животната средина е направена студија, која беше изработена по нарачка на поранешната агенција (сега ЈП) за државни патишта, и таа покажала дека нема никакви еколошки пречки да почне изградбата на автопатот. Истовремено, таа предвидува на повеќе места на оваа автопатска делница да има посебни премини за животните и повеќе одводни канали и слично. Исто така, на повеќе места ќе има звучни и други сигнални уреди (особено во близина на населените места), а автопатот ќе биде обезбеден и со ограда, во дијапазон од 30 метри широчина од двете страни. http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=22868 |
|
|
|
|
|
#187 |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,809
Likes (Received): 1093
|
„Гранит“ со нови договори за рехабилитација на регионалните патишта
Агенцијата за државни патишта ја избра градежната компанија „Гранит“ од Скопје за рехабилитација на два регионални патни правци во земјава. За реконструкција и подобрување на регионалниот пат Кавадарци – Мушов гроб (кон ски центарот „Кожуф“) е потпишан договор во вредност од 144.350.827 денари или над 2,3 милиони евра. Градежната оператива на оваа компанија треба да го реализира договорот во период од пет месеци. Дополнителен договор е склучен за рехабилитација и подобрување на регионалниот пат Ангелци – Вељуса – Водоча – Баница, за чија реализација се одвоени 35.583.622 денари или околу 570.000 евра. Овој проект треба да се заврши во наредните три месеци. Пред неколку недели, оваа компанија склучи договори за реконструкција и изградба на општинските патишта во земјава, во вкупна вредност од преку 3,5 милиони евра. Според објавените податоци на Македонската берза, нето – добивката на „Гранит“ во текот на 2012 година изнесувала 5,2 милиони евра. build.mk |
|
|
|
|
|
#188 |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,809
Likes (Received): 1093
|
Се пробива автопатот Демир Капија – Смоквица
Се интензивираат работите на изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, последната делница од патниот коридор 10 низ земјава по која сč уште се вози по пат со две ленти. Со минирање и специјална механизација се пробива двоцевниот тунел во карпата на Демиркаписката клисура, а во тек се подготовки и за изведба на двете премостувања на Вардар кои ќе се надоврзуваат на тунелот од двете негови страни. Кај селото Клисура се подготвени пристапни патишта до тешко достапниот планински терен низ кој треба да поминува трасата во тој сектор, додека кон југ во близина на селата Миравци и Смоквица дел од автопатот е веќе трасиран. Паралелно со работите на изградбата на автопатот, поради минирањето за новиот тунел во моментов се одвиваат и градежни активности за заштита од одрони на карпи во старите тунели на магистралниот пат, кои се во непосредна близина. Реализацијата на оваа автопатска делница во должина од 28,2 километри започна пред осум месеци, а целиот проект треба да биде заокружен до септември 2016 година. Изведувач на градежните работи е грчката компанија „Актор“. Порталите на новиот двоцевен тунел во близина на Демир Капија: ![]() ![]() ![]() Пробивање на трасата на автопатот во близина на селото Миравци: ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Пристапни патишта во близина на селото Клисура и кај Демир Капија: ![]() ![]() ![]() http://www.build.mk/?p=25335 |
|
|
|
|
|
#189 |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,809
Likes (Received): 1093
|
Демир Капија – Смоквица
близу Демир Капија ![]() ![]() ![]() близу Миравци ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.build.mk/forum/forum_post...TID=1235&PN=15 |
|
|
|
|
|
#190 | |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,809
Likes (Received): 1093
|
Куманово ќе добие директна патна врска со Косово
Наскоро ќе стартува изградбата на делницата Опае – Белановце – Станчиќ – граница со Косово од регионалниот пат Р 29272, со која Куманово и липковскиот регион директно ќе се поврзат со Косово. Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договор со бугарската компанија ИСА 2000 ЛТД (ISA 2000 LTD) за изградба на оваа патна врска во висина од 375.240.000 денари или околу 6,1 милиони евра. Градежната оператива е должна да ги реализира изведбените активности до крајот на април 2017 година. На распишаниот тендер од Јавното претпријатие учествуваа четири домашни и меѓународни градежни компании. Реализацијата на патната врска од селото Опае до косовската граница е дел од владиниот проект за инвестирање на 100 милиони евра за реконструкција и изградба на регионалните и локалните патишта во земјава во текот на годинава. http://www.build.mk/?p=25451
__________________
|
|
|
|
|
|
|
#191 |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,809
Likes (Received): 1093
|
Поставување заштита од одрони кај Демир Капија
|
|
|
|
|
|
#192 |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,809
Likes (Received): 1093
|
Ќе се проектира експресен пат помеѓу Штип и Струмица
Нов експресен пат со четири коловозни ленти, по две со ширина од по 3,75 метри и од по 2,5 метри треба да ги спои Штип и Струмица најдоцна до 2020 година, проект што треба да се надоврзе на најавениот автопат од Скопје до Штип. Во насока на конечна реализација на ветените брзи патишта во источна Македонија, Агенцијата за државни патишта денеска распиша оглас за изработка на проектната документација за изградба на идниот пат А4, за делницата од Штип до Радовиш. Најпрвин ќе се избере понудувач за изготвување на документацијата за овој сегмент, а во наредниот период ќе следува и јавен повик за прибирање на понуди за подготовка на проект за делницата од Радовиш до Струмица. Субјектите кои се заинтересирани да учествуваат на огласот треба да ги достават своите понуди најдоцна до 15 јули. Рокот за изработка на неопходната проектна документација изнесува 17 месеци. Агенцијата за државни патишта пред повеќе од една година ја изработи Студијата за оценка на влијанието врз животната средина од изградбата на експресниот пат од Штип до Струмица. Македонија засега нема обезбедено финансиски средства за остварување на овој проект, но очекувањата се дека странски финансиски институции би биле заинтересирале за негова реализација по завршувањето на постапката за проектирање. Во јануари годинава беше пуштена во употреба последната делница од магистралниот пат М-6 помеѓу Радовиш и Струмица во должина од 10 километри. http://www.build.mk/?p=25569 |
|
|
|
|
|
#193 |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,809
Likes (Received): 1093
|
Делницата Демир Капија-Смоквица предвидено е да има пет мостови и два тунели. Во моментов се врши пробивање на тунелските цевки на првиот тунел, а вкупната должина на тунелот изнесува 1,2 километри.
![]() ![]()
|
|
|
|
|
|
#194 |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,809
Likes (Received): 1093
|
Автопатот помеѓу Демир Капија и Смоквица напредува над очекувањата
![]() Градежните активности на автопатската делница Демир Капија – Смоквица се одвиваат побргу очекувањата и досега наместо предвидените 7,9% се реализирани над 11% од работите. Расчистени се околу 85% од трасата и се работи на пробивање на тунелот Т1 близу Демир Капија. До овој момент во едната тунелска цевка (кон Гевгелија) се пробиени околу 300 од вкупно 1.214 метри, додека во другата (кон Скопје) се пробиени околу 250 од вкупно 1.275 метри. Засега тунелот се пробива само од јужната страна. Во тек се и геомеханички испитувања за мостовите Б2, Б3 и Б5. Според планот, бетонските работи на големиот мост Б2 преку Вардар треба да започнат во април догодина, а ископот на темелите би отпочнал значително порано. Од „Актор“ во изјава за „Билд“ истакнуваат дека со оглед на прогресот, во игра е опцијата изградбата на овој мост да стартува и пред зацртаното, можност која моментално се разгледува. Според премиерот Никола Груевски, кој денеска беше во обиколка на градилиштето, се работи за инвестиција во вредност од околу 220 милиони евра. „Досега се исплатени околу 24 милиони евра, а до крајот на годината ќе бидат исплатени околу 55 милиони евра. Следната година се планира да бидат инвестирани дополнителни 55 милиони евра и година подоцна околу 60 милиони евра и преостанатиот дел во првите осум месеци од 2016 година кога треба да заврши изградбата на овој автопат“ изјави Груевски. Делницата Демир Капија – Смоквица ќе биде автопатско решение со по две ленти во правец, широки по 3,5 метри. Проектираната брзина е 110 километри на час. Финансиите за реализација на проектот во најголем дел се обезбедени преку заеми од Европската банка за обнова и развој (EBRD) и од Европската инвестициска банка (EIB), како и преку грант од ИПА фондовите на ЕУ, додека од државниот буџет на земјава се обезбедени околу шест милиони евра. Изградбата започна во септември минатата година, изведувач на градежните работи е грчката компанија „Актор“, а рокот за завршување е септември 2016 година. ![]() Според податоците кои ги добивме од „Актор“, вкупна должина на трасата изнесува 28.500m Поважни објекти на автопатот ќе бидат: - Тунел Т1 (близу Демир Капија и Челевечка Клисура) десна цевка: 1.214m лева цевка: 1.275m - Тунел Т2 (во планинскиот предел помеѓу Челевечка Клисура и Миравци) десна цевка: 1.295m лева цевка: 1.155m - Мост Б1 (преку Вардар, кај Демир Капија): 717m - Мост Б2 (преку Вардар, кај Челевечка Клисура): 656m - Мост Б3 (во планинскиот предел помеѓу Челевечка Клисура и Миравци): 472m - Мост Б4 (во планинскиот предел помеѓу Челевечка Клисура и Миравци): 395m - Мост Б5 (во планинскиот предел помеѓу Челевечка Клисура и Миравци): 503m - Мост Б6 (кај Миравци): 97m - 5 надвозници - 7 подвозници - 2 клучки (Смоквица и Миравци) - Неколку големи засеци, насипи и потпорни ѕидови - Околу 100 пропусти - Контролен центар http://www.build.mk/?p=25746 |
|
|
|
|
|
#195 |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,809
Likes (Received): 1093
|
2,6 милиони евра за регионалниот пат Радовиш – Конче – Лубница
Агенцијата за државни патишта потпиша договор за проширување на регионалниот пат Р 2433 од Радовиш до Лубница. Според информациите објавени од Македонската берза, градежната компанија „Бетон“ од Скопје ќе ги реализира изведбените активности за сума од 162.312.892 денари или за околу 2,6 милиони евра. Делницата е изградена во седумдесетите години од минатиот век, а нејзината вкупната должина изнесува 22 километри. Со проектот ќе се зголеми ширината на коловозот од постојните 3,5 метри на 6 метри и ќе се овозможи ефикасно поврзување на Радовиш со околните населени места Ињево, Дедино, Ракотец, Конче и Лубница. Финансиските средства се обезбедени преку владината програма за рехабилитација на регионалните патишта, која се спроведува со кредит од Европската банка за обнова и развој. Изведбата на регионалниот пат од Радовиш до Лубница треба да заврши до крајот на 2013 година, иако првичното ветување беше дека тој ќе биде реализиран најдоцна до април 2012 година. http://www.build.mk/?p=26017 |
|
|
|
|
|
#196 |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,809
Likes (Received): 1093
|
Ќе се изработува проект за реконструкција на автопатот од Неготино до Демир Капија
Иако е изградена во периодот од 2003 до 2005 година, автопатската делница од Неготино до Демир Капија влезе во државната програма за реконструкција на патниот Коридор 10. Агенцијата за државни патишта распиша оглас за прибирање понуди за изработка на проектна документација за санација и рехабилитација на овој автопатски сегмент во должина од 15,4 километри. Планираните инженерски услуги треба да се реализираат во временски период од 10 месеци по склучувањето на договорот со најповолниот понудувач. Заинтересираните проектантски фирми треба да ги достават своите понуди до Агенцијата за државни патишта најдоцна до 26 јули. Македонската влада во неколку наврати најави дека во наредниот период ќе следи рехабилитација на постоечкиот коловоз на автопатските делници од Коридорот 10. Сообраќајните врски од Велес до Катланово и од Скопје до Куманово ќе добијат приоритет при санацијата. Изведбата на трасата од Неготино до Демир Капија беше остварена во три фази во периодот од 2003 до 2005 година. Првата и втората етапа беше финансирана од Фаре програмата, додека третата фаза беше имплементирана преку Кардс програмата на Европската комисија. Вкупната должина на автопатот од Коридорот 10 што минува низ Република Македонија изнесува 172 километри. Во моментов грчката компанија „Актор“ ја реализира изградбата на автопатот од Демир Капија до Смоквица. http://www.build.mk/?p=26021 |
|
|
|
|
|
#197 |
|
Macedonia/Македонија
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,809
Likes (Received): 1093
|
Почна реконструкцијата на патот до рудникот Алшар
Започна реконструкцијата на патот Кававадрци - Мушов гроб, кој води кон рудникот Алшар. Изведувач на работите е градежната компанија „Гранит”. - Нашите работници и машини се на терен и започнавме со работите. Ќе направиме се што можеме изведбата да заврши до зацртаниот рок, велат во „Гранит”. Задоволство од стартот на реконструкцијата на патот кој води до Кожуф изразија постојани или привремени жители на десетина поткожувски села кои транзитираат во тој дел од Тиквешијата. Натаму секојдневно се движат и работници од неколку кавадаречки компании. Дупките големи како кратери кои со години наназад претставуваа проблем за возачите овде најпосле ќе бидат минато, велат тиквешани кои често патуваат натаму. http://www.kurir.mk/republika/opstin...rudnikot-Alsar |
|
|
|
![]() |
| Thread Tools | |
| Display Modes | Rate This Thread |
|
|