daily menu » rate the banner | guess the city | one on one

Go Back   SkyscraperCity > European Forums > Euroscrapers > Local discussions > Makedonski Forum

Makedonski Forum Македонски форум


Reply

 
Thread Tools Rate Thread Display Modes
Old April 30th, 2013, 08:13 PM   #921
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,428
Likes (Received): 5

Бакрачески: Субрата Рој ќе го изгради комплексот во Љубаништа


Индискиот бизнисмен мултимилјардер Субрата Рој и понатаму е силно заинтересиран за инвестирање во туристичкиот комплекс Љубаништа на Охридското езеро.

На средбата деновиве во министерството за транспорт и врски каде присуствуваа претставници на инвеститорот, главниот проектант од Аткинс и останатите надлежни институции дискутирале околу реализицијата на овој проект.

Светски познатата проектантска куќа Аткинс од Лондон е подготвена да ги прифати сите забелешки од страна на македонските релевантни институции околу изградбата која предвидува највисоки еколошки стандарди.

Супер луксузниот туристички комплекс Сахаријан Македонија кој ќе биде лоциран на површина од 240 хектари во Љубаништа ќе располага со повеќе содржини, луксузен хотел на вода и апартмани од највисока класа, вили, бунгалови, марина, приватни плажи, казина и голф-терени.
new wave no está en línea   Reply With Quote

Sponsored Links
 
Old April 30th, 2013, 08:15 PM   #922
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,428
Likes (Received): 5

Пораст на бројот на работниците во индустријата

Бројот на работници во индустријата во март годинава во однос на март лани бележи пораст од 1,7 отсто, објави Државниот завод за статистика.



Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен бележи пораст од 7,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,6 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2013 година, во однос на март 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 7,6 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6 отсто и Капитални производи за 5,3 отсто.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-март 2013 година, во однос на периодот јануари-март 2012 година, бележи пораст од 0,9 отсто.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old April 30th, 2013, 08:16 PM   #923
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,428
Likes (Received): 5

Груевски: Мексиканските компании преку Македонија до европскиот и светскиот пазар

Бизнисмени од над 200 мексикански компании се запознаа со економските потенцијали на Македонија и поволностите што ги нуди на странските инвеститори на бизнис форум во Мексико Сити.



Македонскиот владин економски тим, предводен од премиерот Никола Груевски, детално ги претстави условите за инвестирање пред компании од медицината, текстилната индустрија, енергетиката, информатиката, комуникациските технологии, хемиската индустрија, туризмот, градежништвото, сервисните услуги, производството и други економски гранки и области.

Бизнис форумот се одржа во соработка, со целосна логистичка поддршка и во коорганизација со компаниите Мекс Тел, Тел Сел и Американ Мобил, кои се дел од бизнис групацијата на најбогатиот човек на светот Карлос Слим.

Македонскиот премиер ги наброја поволностите кои им се овозможуваат на странските инвеститори, најниските трошоци за правење бизнис во Европа, слободниот пристап до 650 милионски пазар на потрошувачи кој е овозможен со договорите за слободна трговија со сите земји од континентот Европа и услужната ориентираност на македонската Влада кон странските инвеститори.

Груевски истакна дека Владата е пријателски настроена кон компаниите и ги покани мексиканските бизнисмени да дојдат во Македонија и да се уверат во поволностите за инвестирање од искуствата на веќе присутните инвеститори. Првата проверка за олеснувањата за инвеститорите и поддршката од Владата, како што рече, може да се видат преку искуствата на „Џонсон контролс“, „Џонсон мети“, „Ванхол“, „Протек Груп“, „Технокозе“..., од кои некои веќе градат и свои втори фабрики во македонските индустриски зони.

- Ако дојдете во Македонија и разговарате на пример со претставници на „Џонсон контролс“, која што ја изради првата фабрика во 2007, а во моментов ја гради и втората, или „Џонсон мети“, која што ја изгради првата фабрика во 2008, а моментно ја гради и втората, или „Ванхол“, која што моментно гради фабрика за автобуси коишто ќе се извезуваат во САД и во Европа или „Дрекселмаер“, германски производител на автомобилски делови, или „Кромберг и Шуберт“, исто така германски производител на автомобилски делови, или „Протек груп“, најголемата фармацевтска компанија од Русија, „Технохозе“ од Италија.... ќе видите дека се она што го кажав е навистина така. Тие отворено го кажуваат тоа на многу инвеститори кои доаѓаат во земјата и кои сакаат да направат проверки, а првата проверка ја прават со оние коишто веќе инвестирале во Македонија, рече Груевски.

Според него, Македонија бележи постојан напредок на листите за вреднување на деловната клима на Светската Банка, Форбс, Прајсвотерхаус...., што, истакна, е најдобар доказ и гаранција дека реформите кои се спроведуваат ги даваат своите резултати.

Позитивна оценка за реформите кои ги спроведува македонската Влада за подобрување на бизнис опкружувањето и реализација на инвестициите изнесе Карлос Слим Јуниор, извршен директор на бизнис групацијата на Карлос Слим.

Тој го истакна активниот пристап на неговата компанија за лобирањето кај мексиканските компании да ја разгледаат можноста за инвестиции во Македонија. Посочи и дека неговата групација како и досега ќе продолжи со силна поддршка на промоција и реализација на интересите на нашата земја.

- Очекувам ваквите настани да ја засилат соработката помеѓу двете земји, двата народи и компаниите од двете земји, рече Карлос Слим Јуниор.

Џон Габриел Годар од Светската Банка, кој беше специјален гостин на бизнис форумот, исто така изнесе позитивна оценка за реформите кои се спроведуваат во Македонија и за доброто деловно опкружување.

- Македонија направи значителен исчекор на полето на регистрацијата на бизнис, на полето на оданочувањето и во други области, но и со најновите мерки за подобрување на ликвидноста и другите реформи кои ќе бидат вреднувани во најновиот извештај на Светската Банка, истакна Годар.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, пак, укажа на стабилното макроекономско опкружување и добрите економски индикатори во Македонија. Тоа, нагласи, овозможува соодветна гаранција за остварување на бизнис интересите на компаниите кои би инвестирале во Македонија.

Дел од владината делегација на економското претставување во Мексико се и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида. Тие на маргините на бизнис форумот, договорија конкретна соработка со претставници на мексиканската агенција за промоција на извозот Про Мексико.

Во идниот период, според договореното, треба да се воспостави продлабочена институционална соработка помеѓу двете национални агенции, во која што Про Мексико ќе овозможува комплетна логистичка поддршка на промоцијата на поволностите кои ги овозможува Република Македонија за отворање и развој на бизниси. Кај мексиканските компании ќе врши активно лобирање за инвестиции во Македонија, но и ќе ги промовира поволностите на Македонија и кон компании од трети земји.

Про Мексико треба да овозможува и давање сервисни податоци, информации и бази на податоци кон македонската Агенција за интересот на светските инвеститори, за движењата на светско ниво на полето на инвестициите, но и на ниво на макроекономски индикатори врз кои се врши антиципација и лоцирање на можностите за привлекување на инвестиции.

Двете агенции договорија и потпишување меморандум за соработка на полето на инвестициите.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old May 7th, 2013, 09:15 PM   #924
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,428
Likes (Received): 5

Crna Ekonomija, pokraj legalnite koj ne se fiskalizirani i ne plakaat danok , tuka se i divite prodavaci CRNA EKONOMIJA ,uste eden golem unistuvac na GDP i vinovnik za nerealnite statistiki za Ekonomijata !

Дивите пазарџии ја оштетуваат државата за милион евра годишно


Дивите пазарџии годишно затајуваат данок од околу еден милиони евра. Коморите бараат итно носење на законот кој треба да ги регулира правата и обврските на тезгаџиите, да ја намали нелојалната конкуренција и сивата економија. Велат дека инспекторите излегуваат на терен но тоа не било доволно да се спречи продажбата на прехрамбени производи надвор од пазарите.

Од пазарџиите во буџетот годишно се слеваат околу 1,5 милион евра. Обврски кон државата подмируваат и сопствениците на зелени пазари кои плаќаат за придонеси за вработените и други давачки во висина од неколку милиони евра или вкупно државната каса од оваа дејност се полни со над 5 милиони евра.

Сеуште не се знае кога 20 илјади тезгаџии ќе добијат лиценци, бидејќи законот е заглавен во министерството за економија. Лицата што продаваат овошје и зеленчук од сопствено производство тоа ќе можат да го прават и без решение за регистрација, само со договор за дневен закуп на тезга.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old May 7th, 2013, 11:14 PM   #925
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,428
Likes (Received): 5

Тече огласот за субвенции за вработување


Со четири нови огласи до нови вработувања. продолжува субвенционирањето на газдите кои годинава ќе сакаат да вработат лица кој долго време се корисници на социјална помош, деца без родители, млади брачни парови со или без деца, невработени лица до 60 години, млади невработени до 29 години, самохрани мајки.

Продлжува и програмата за субвенционирање на сите оние лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис како и финансирањето на фирмите кои ќе отворат нови работни места.

Пријавите да се достават во сите 30 подрачни единици на Агеницјата за вработување до 20 мај. Оперативниот план за вработување предвидува до крајот на годинава работа да добијат 10 000 лица.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old May 7th, 2013, 11:21 PM   #926
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,428
Likes (Received): 5

Законот за зелените пазари ќе го реши статусот на тезгаџиите

Итно да се донесе законот за трговија на зелените пазари, бараат организаторите на пазарите. Со тоа, велат, ќе се реши статусот на тезгаџиите, тие ќе се самовработат и ќе си го регулираат пензиското и здравственото осигурување. Воедно ќе се надмине проблемот со дивите продавачи кои не се во, туку најчесто надвор или околу пазарите.



- Зелените пазари се мотор за локалната економија и земјоделското претприемништво. Освен што овозможуваат продажба на свежа храна за разлика од маркетите кои главно нудат доработени и замрзнати производи, имаат и културно и туристичко значење, рече денеска претседателот на Групацијата за пазари при Стопанската комора Благој Дивитаров.

Дивитаров на прес-конференција посочи дека во Македонија има околу 20.000 тезги што, според него, воопшто не е мала бројка. Од дивите продавачи, пак, државата годишно губи 700.000 до 800.000 евра.

По основ на паушалниот данок што го плаќаат тезгаџиите кон Управата за јавни приходи, во Буџетот се слеваат околу 1,5 милион евра. Дополнително, и организаторите на пазарите по основ на ДДВ, придонеси за вработените и други давачки, уплатуваат повеќе милиони евра. Оттука, вкупниот приход во државната каса од работата на пазарите е 5 - 6 милиони евра.

Согласно предлог законот, пазарџиите наместо лиценци, ќе добиваат решенија по принцип на регистрирање. Лицата, пак, кои произведуваат помали количини овошје и зеленчук во домашни услови, а вишокот го продаваат на пазарите, тоа ќе може и натаму да го прават, но со претходно склучени дневни договори за период од најмногу еден или два месеца.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old May 10th, 2013, 08:21 PM   #927
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,428
Likes (Received): 5

Crna Ekonomija organiziran Kriminal
Празните општински каси ги промовираа Пенов и Жерновски


Исцедени каси и празни сметки. Портлот Курир анализира што остварил Ристо Пенов во времето кога беше градоначалник на Скопје, заедно со неговиот близок советник, сега актуелен градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски.

Првиот работен ден Жерновски се фати за општинската каса и констатираше дека таа е на нула. Но минатото говори за многу попразна општинска каса од онаа која сега ја наследува.

- Состојбата со јавните градски претпријатија во тоа време беше катастрофална, констатира порталот.

Во 2005 година кога Пенов ја напушта фотељата во Јавното претпријатие „Улици и патишта “остава долг од135 милиони денари. Од нив како што наведува Курир , 21 милион биле неиспалатени плати и хонорари на вработените.

По заминувањето на Пенов и Јавното сообраќање претпријатие останува со долг од 5 милиони евра, а Паркови и зеленило со 40 милиони денари.

Водовод пак бележи загуба од 36 милиони денари. Според порталот она што е нејасно е како може едно од најпрофитабилните претпријатија кое е монопол и кое од граѓаните редовно наплаќа може да бележи вакви огромни загуби.

-Дуото Пенов-Жерновски остави своевремено и празна градска каса со голем долг. Во април 2005 година кога ја напуштија општината, долговте на Град Скопје изнесуваа 29.613.877 денари. Овие политичари ги задолжија скопјани до енормни граници. Останува отворено прашањето, дали истиот овој тандем ќе ја задолжи општина Центар преку бизнис влијанија на нивните бизнис пријатели и нечисти игри?, пишува порталот.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old May 10th, 2013, 08:21 PM   #928
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,428
Likes (Received): 5

Ставрески очекува турски компании да почнат бизнис во Македонија



Туција и Македонија немаат отворени парашања. Тие се две пријателски земји кои и во иднина ќе имаат исклучително добри стратешки политички и економски односи, оценува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој престојува во Турција каде учествува на пролетните средби на Европската банка за обнова и развој. Смета дека има добри можности за зголемување на инвестициите од Турција.

- Република Турција и Република Македонија имаат долгодишни пријателски односи на политички и на економски план. Тоа се две земји кои имаат добра соработка би рекол повеќе на политички, отколку на економски план и очекувам во иднина економската соработка да се продлабочува. Во секој случај на највисоко ниво, вклучително преку посети на премиерите на двете земји, претседателите и нивни средби, како и на сите други нивоа во изминатиот период, во многу наврати е искажана поддршката во напорите на едната или другата земја за остварување на надворешно политичките и на другите цели, изјави министерот Ставрески.

Тој потенцира дека Македонија нуди доста поволности за инвеститорите од Турција во делот на даночната клима, ниски даноци, дополнителни даночни поволности за инвестирање во слободните економски зони, квалификувана работна сила, можност за работа и соработка во делот на различни сектори.

Министерот Ставрески очекува голем дел од турските инвеститори што се запознати со поволностите за инвестирање во Македонија, преку економските презентации што ги прави Владата, да дојдат и да почнат бизнис во Македонија.

Од аспект од секторите во кој што најголема е соработката и најголеми шанси има да се реализираат инвестиции Ставрески ги посочи градежништвото, односно изградбата на недвижности, медицината, земјоделството, текстилот, производствените дејности и секој друг сектор каде што инвеститорите ќе оценат дека се добри условите за водење бизнис.

Потребата од подобрувањето на бизнис климата во земјите во транзиција, како што рече министерот Ставрески, била посочена и на Собранието на ЕБОР.

Тој потенцира дека Македонија веќе го подобри рангирањето на листата на Дуинг бизнис од 94. во 2006 година на 23 место, ги задржа ниските даноци и слично.

Годишното собрание на ЕБОР во Истанбул оваа година е посветено на растот, односно како да се поттикне економскиот раст.

Посочи дека политиките што ги предлага ЕБОР за подобрување на бизнис климата Македонија ги спроведува со години.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old May 13th, 2013, 04:20 PM   #929
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,428
Likes (Received): 5

Инвестиција од 30 милиони евра со изградба на хотел „Хилтон“ во Скопје

Светски познатиот бренд „Хилтон“ денеска го официјализира влезот во Македонија со потпишување договор за франшиза со „Стоун бриџ хотел“ чиј сопственик Ајдован Адемовски ќе гради елитен хотел Double Tree by Hilton во општина Аеродром.



Инвестицијата во изградбата на хотелот, лоциран покрај кејот на реката Вардар во близина на мостот „Близнак“, изнесува 30 милиони евра. Хотелскиот објект, според најавите, ќе се простира на површина од околу 25.000 метри квадратни и ќе содржи 170 соби, четири конференциски сали, спа-центар, бизнис центар и центар за здравје и голем број други содржини.

Премиерот Никола Груевски на свеченоста за изградбата на хотелот во присуство на инвеститорот Адемовски, претставници на Групацијата „Хилтон“, на амбасадите на САД и на Турција, и голем број бизнисмени истакна дека бројните содржини на елитниот хотел ќе дадат нов квалитет на овој бизнис во Македонија.

- Хотелот, како што ми беше пренесено, се планира да биде завршен наесен следната година кога Скопје гордо ќе се приклучи кон ланецот градови кои го имаат овој познат светски бренд на хотели, рече Груевски.

Хотелите „Хилтон“, посочи, се една од водечките компании во областа на хотелиерството со повеќе од 540 хотели во 78 земји од светот. - Токму затоа брендот „Хилтон“ ќе биде од големо значење за поддршка на туризмот во Скопје и Македонија. Покрај туризмот, свој бенефит од изградбата на хотелот ќе има и градежната индустрија. На изградбата на хотелот ќе работат голем број градежни работници, а индиректно ќе бидат поврзани и многу други фирми од Македонија. По завршување на изградбата на хотелот во него ќе се отворат и над 100 работни места што и дава дополнителна вредност на оваа инвестиција, наведе премиерот Груевски.

Според него, доаѓањето на брендот „Хилтон“ е уште една потврда дека политиките што ги промовира Владата за привлекување инвестиции во Македонија даваат резултати.

- Верувам дека бренодт „Хилтон“ ќе привлече многу други инвеститори кои се занимаваат со хотелиерство и имаат интерес за отворање нови хотелски капацитети. Република Македонија има голем потенцијал во областа на туризмот. Тоа е сектор во кој очекуваме голем развој и многу инвестиции во иднина. Како Влада и понатаму ќе останеме посветени на промоција на земјата, како привлечна туристичка и бизнис дестинација и секако ќе останеме сигурен партнер на секој инвеститор кој сака да вложи капитал во која било област, наведе Груевски, посакувајќи успешна и навремена реализација на проектот.

Инвеститорот Адемовски нагласи дека е горд што со поддршка на Владата успеале да го донесат „Хилтон“ во Македонија со што ќе се збогати понудата за сместување во Скопје.

- Хотелот Double Tree by Hilton ќе има 170 соби, четири конференциски сали, голема банкет сала, спа-центар од од околу 2.000 метри квадратни, кафе-барови и други содржини што ќе го красат еден од најпрестижните хотели во Македонија. Ќе добиеме персонал што ќе биде едуциран според стандардите на „Хилтон“ на светско ниво и се надевам дека ќе биде гордост на цела Македонија. Горди сме што успеавме со поддршка на Владата да го донесеме токму тука „Хилтон“, рече Адамовски.

Потпретседателот за развој на „Хилтон“ Урлих Видмер рече дека ќе обезбедат услуги од светски ранг во нивниот прв хотел во Македонија, во која наишле на професионалци од сите области што ќе помогнат во реализација на проектот.

- Сметаме дека овој бренд е сосема соодветен за Македонија и се совпаѓа со неа и нуди извонредни капацитети за граѓаните и на земјата, извонреден капацитет на бањи и многу удобни спални соби. Имаме голема верба во иднината на Македонија и го очекуваме развојот во следните неколку години. Сигурни сме дека „Хилтон даблју три“ ќе биде успешен и ве уверуваме дека и натаму ќе продолжиме со нашата поддршка, рече Видмер.

Новата инвестиција во Македонија ја поздрави и вршителот на должноста заменик амабасадор на САД во Македонија Метју Ендрју, истакнувајќи оти одлуката на „Хилтон“ да отвори хотел е еден од последните примери дека Македонија е извонредно место каде може да се води бизнис.

- Имаме видено многу примери дека Македонија може да биде конкурентна на глобално ниво дури и во овие тешки економски времиња. Се поголемиот број американски фирми кои решаваат да инвестираат и работата тука е вистинско сведоштво за конкурентноста на Македонија, рече Ендрју.

„Хилтон“ е водечка глобална услужна компанија во секторот сместување, од луксузни хотели со целосна услуга и одморалишта, до објекти за продолжени престои и хотели со пониски цени. Брендовите на Хилтон се вклучени во повеќе од 3.900 хотели и објекти, со 650.000 соби во 90 држави. Покрај Double Tree by Hilton тука се вклучени Waldorf Astoria Hotels& Respоrts, Conrad Hotels & Resorts, Hilton Hotels & Resorts, Embassy Suites Hotels, Hilton garden Inn, Hampton Hotels, Homewood Suites by Hilton, Home 2 Suites by Hilton и Hilton Grand Vacations. Компанијата исто така ја менаџира првокласната програма за редовни гости Hilton HHonors.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old May 18th, 2013, 02:10 PM   #930
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,428
Likes (Received): 5

Почнува изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“



АД „Електрани на Македонија“ денеска официјално ќе ја почне изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“.

Станува збор за прв ваков капцитет во Република Македонија кој ќе обезбеди чиста енергија од обновлив извор користејќи го ветерот како погонска сила.

Компанијата потпиша договор со Siemens Wind од Данска во конзорциум со грчки Siemens AS за испорака, транспорт, монтажа, пуштање во работа и одржување на 16 турбини на ветер.

Инсталираната моќност на секоја од турбините е 2,3 мега вати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата 93 метри. Монтажата на ветерниците ќе обезбеди вкупна инсталирана моќност од 36.8 мега вати.

Локацијата нуди можност во иднината да се постават дополнителни ветерни турбини кои би го заокружиле овој ветерен парк со инсталирана моќност од 50 мега вати.

Во моментот се работи на изведбата на потребната инфраструктура и придружните објекти за ветерниот парк преку договор со конзорциумот „Терна Сименс“ за изведба на патната инфраструктура, приклучниот далековод, командната зграда и 20/110 кило волти трафостаница.

Дел од средствата за реализацијата на проектот ветерен парк Богданци се обезбедени преку креди од германската КФВ банка потпишан во април минатата година. За проектот чијашто проценета вредност е 55,5 милиони евра, германската КФВ банка обезбеди 32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони ќе ги обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old May 19th, 2013, 07:22 PM   #931
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,428
Likes (Received): 5

Македонската компанија New Way Limited влезе во водечките компании за недвижнини во светот



Македонската компанија за недвижнини New Way Limited е избрана за членка ва Организацијата на Водечки компании за недвижности во светот. Оваа организација со седиште во Чикаго е глобална мрежа составена од 500 најпознати локални и регионални компании за недвижности, со 4.600 канцеларии и 140.000 соработници во повеќе од 40 земји во светот. Оваа мрежа на годишно ниво продава 900.000 домови.

„Изборот да не одберат токму нас за филијала на мрежата на Leading Real Estate Companies of the World® претставува чекор напред во развојот на компанијата и нејзината способност да обезбеди услуги поврзани со недвижности во Скопје и пошироко. Тоа значи дека ова е обврска плус за нас како компанија, која како досега така и понатаму поставува нови стандарди во работењето во делот на агенциската работа со недвижнини. Нашата компанија има над 10агенти за продажба, големо портфолио на клиенти, а добивањето на статус членка во оваа мрежа бараше од нас исполнување на светски стандарди во овој дел“, изјави Оливер Димитровски, сопственик и управител на компанијата.

“Ние сме навистина среќни бидејќи New Way Limited се приклучи кон Leading Real Estate Companies of the World®,” изјави извршниот директор на Leading Real Estate Companies of the World®,Пам О`Конор. “Изборот на компанија се вршеше врз основа на исклучителниот углед на компанијата, како и на докажаната способност истата да обезбедува услуги со висок квалитет и да влева сигурност, како и другите наши филијали. Ова ниво на услуги е основата на нашата мрежа и е основата за нашата долговечност и успех, како еден од водечките провајдери на недвижности и услуги за релокација.”

Отсега преку New Way Limited ќе се обезбедуваат услуги кои го има мрежата на LeadingRE како што е широкиот спектар на брокерски услуги, кои вклучуваат интернет рекламирања за квалификувани испитувања на продажба обезбедувајќи информации за корисниците, препораки за различни пазари, поддршка за брендирање, луксузен маркетинг, онлајн рекламирање, технолошки системи и се водечки о индустријата за професионален развој. Leading Real Estate Companies of the World® е најголемата мрежа на компании за станбен простор, како и мрежа на филијали кои се многу добро познати како врвни провајдери на квалитетен станбен простор и релокациски услуги.

Канцелариите на Њу Веј Лимитед се лоцирани на ул. Вељко Влаховиќ 7/1-2, Скопје, Македонија, а компанијата функционира од 2004 година.
new wave no está en línea   Reply With Quote


Reply

Thread Tools
Display Modes Rate This Thread
Rate This Thread:

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off



All times are GMT +2. The time now is 04:26 AM.


Powered by vBulletin® Version 3.8.7
Copyright ©2000 - 2013, vBulletin Solutions, Inc.
Feedback Buttons provided by Advanced Post Thanks / Like v3.1.2 (Pro) - vBulletin Mods & Addons Copyright © 2013 DragonByte Technologies Ltd.
vBulletin Optimisation provided by vB Optimise (Pro) - vBulletin Mods & Addons Copyright © 2013 DragonByte Technologies Ltd. (Resources saved on this page: MySQL 20.00%)

SkyscraperCity - In Urbanity We Trust

Hosted by Blacksun, dedicated to this site too!
Forum server management by DaiTengu