daily menu » rate the banner | guess the city | one on oneforums map | privacy policy (aug.2, 2013) | DMCA policy | flipboard magazine

Go Back   SkyscraperCity > European Forums > Euroscrapers > Local discussions > Македонски форум > Photography > Природни убавини

Природни убавини Nature



Reply

 
Thread Tools Rate Thread
Old June 26th, 2011, 09:56 AM   #1
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071

Езера во Македонија | Lakes in Macedonia

Vo Republika Makedonija ima okolu 53 prirodni i vestacki ezera. Najgolemo ezero e Ohridskoto so povrsina od 348m2 (118.9m2 pripada na Albanija), i ima najgolema dlabocina od 294m. Vtoro po golemina e Prespanskoto ezero so povr{ina od 275km2 (49.4km2 pripada na Albanija i 47.8km2 pripa|a na Grcija) i e so maksimalna dlabo~ina od 54m. Nivoto na vodata vo ova ezero opa|a predizvikuvaj}i problemi za `ivotnata sredina. Tretoto tektonsko ezero vo RM pretstavuva Dojranskoto ezero so 43km2 (pomal del pripa|a na Grcija). Nivoto na vodata na ova ezero brzo opa|a, poradi su{ite vo poslednive godini i prekumernata upotreba na vodata vo zemjodelstvoto. Pokraj ovie tektonski ezera ima i dosta ledni~ki ezera koi se dosta pomali i se obi~no na planinite. Niv gi ima na planinite: [ar Planina, Pelister, Jakupica i Jablanica. Od niv popoznati se: Livadiskoto, Bogovinskoto i Karanikoli~koto na [ar Planina i Golemoto i Maloto Ezero na Pelister.

Pokraj ovie prirodni ezera sozdadeni se i nekolku ve{ta~ki ezera i najpoznati se: Matka na rekata Treska, Mavrovskoto Ezero, Debarskoto Ezero, Tikve{koto Ezero na Crna Reka, Mladost, Kalimanci na rekata Bregalnica, Lipkovo, Grad~e, Mantovo, Suvodol i drugi. Najgolemo e Tikve{koto ezero so povr{ina od 14km2. Ve{ta~kite akumulacii se neophodni vodni sistemi za obezbeduvawe kvalitetna voda, pokraj toa se koristat i za: obezbeduvawe na elektri~na energija, voda za industrijata, sport i rekreacija, meliorativni zafati, proizvodstvo na riba i dr.
Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote

Sponsored Links
 
Old June 26th, 2011, 09:57 AM   #2
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071

Pocecemo od najveceg

1.Ohrid

Охридското Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија и веројатно од биолошки аспект најзначајниот стагнантен воден екосистем во Европа. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина. Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународната астрономска унија решаваат едно од езерата на Урановата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро.

Езерото покрива површина од 358,2 kmē и се протега во должина од 30,8 km, а најголемата широчина изнесува 14,8 km. Должината на брегот изнесува 87,5km. Неговата длабочина достигнува до 289 m. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 km3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (1945 m), а на запад со Јабланица (2257 m).

Се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија.

Потеклото на Охридското Езеро, гледано како езерски систем со Преспанското Езеро е тектонско. Двете езера претставуваат остатоци од базенот на поранешното Десаретско Езеро од кое настануваат по пат на геотектонска депресија за време на Плиоценот (пред 5,3-1,8 милиони години). Неговата геолошка старост се проценува на околу 2-3 милиони години, поради што се вбројува во групата на стари, долго-постоечки езера заедно со Бајкалското, Тангањика, Ховсгол, Тити Кака. Ваквите езерски екосистеми се сметаат за центри на диверзитет и резервоари на еволуција во кои пред се поради стабилноста на амбиенталната средина, изолираноста на екосистемот и долгото постоење доаѓа до процеси на рапидна еволуција на одредени групи на организми

За Охридското Езеро карактеристични се поголем број реликтни и ендемични организми. Групи најбогати со ендемични организми и воедно најистражувани групи на организми се Дијатомеите (силикатни алги, Bacillariophyta), Харите (група од зелените алги, Charophyta), потоа Планариите (сплескани црви, Turbellaria), мекотелите (Molusca), особено полжавите (Gastropoda) и раковите (Crustacea). Во езерото живеат 17 видови на риби, од кои 10 се ендемични.[4] Тие се:[5]

Пастрмки

Охридска пастрмка - (Salmo letnica)
Охридска белвица - (Acantholingua ohridana)

Бели риби

Охридски грунец - (Rutilus rubidio ochridanus)
Моранец - (Pachychilon pictum)
Мало рипче - (Phoxinellus minutus)



Охридки клен - (Leuciscus cephalus albus)
Мало грунче - (Phoxinus phoxinus colchicus)
Охридска писа - (Scardinius erythrophthalmus scardafa)
Охридски скобуст - (Chondrostoma nasus ohridanus)
Дујак - (Gobio ohridanus)
Мрена - (Barbus meridionalis petenyi)



Плашица - (Alburnus albidus alborella)
Мало плашиче - (Alburnoides bipunctatus ochridanus)
Крап - (Cyprinus carpio)
Вретенушка - (Nemacheilus barbatulus sturanyi)
Охридска штипалка - (Cobitis taenia meridionalis)

Јагули

Јагула - (Anguilla anguilla)

Бреговите на Охридското Езеро биле населени од предисториско време. Најстарите археолошки населби датираат од неолитскиот период, околу 6000 години п.н.е. Само на македонската страна од сливот се откриени повеќе од 170 археолошки места.

image hosted on flickr


image hosted on flickr

Last edited by Srdjan Adamovic; June 26th, 2011 at 10:02 AM.
Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 10:11 AM   #3
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071



Sakis



Dejzor



Fichot
Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 10:12 AM   #4
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071



Karsart



Dianora
Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 10:16 AM   #5
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071



Otc



Piqoni

Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 10:22 AM   #6
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071



Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 10:40 AM   #7
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071

2.Prespansko ezero

Преспанското Езеро е езеро кое го делат три држави - Македонија (најголем дел), Грција и Албанија. Во рамките на Македонија, тоа се наоѓа во југозападниот дел од земјата.

Кога сакаме да зборуваме за Прспанското Езеро, мораме да појдеме од котлината затоа што е тоа продукт на природните случувања во неа и нејзин составен дел.Преспанската котлина се наоѓа во западниот дел на етничка Македонија, а после делбите во 1912/13 год., на крајниот југозападен дел на Реублика Македонија. Делбите почнале на карта 1912 год., а практично на терен завршиле во 1924 год.. Така сега од вкупната површина на хидролошкиот слив на Преспанска Котлина 1350,00 kmē припаѓа на:

Република Македонија дел со површина од 761,6 kmē, или 56,42 %
Република Грција дел со површина од 321,6 kmē,или 23,82%
Република Албанија дел со површина од 266,8 kmē,или 19,76%

Чудна работа?! Како намерно да се сакало да се уништи македонското минато. Имено јужната граница на Р Македонија, поврзува две иториски значајни точки: Во Преспа на островот Ахил во Малото Преспанско Езеро, 976 год. се создало по втор пат Македонско големо царство,Самуиловото Царство. Кај селото Клуч во Р Бугарија , источно од тромеѓето Р Македонија, Р Грција , Р Бугарија на планината Беласица, во 1014 год., е поразот на Самуиловата војска од војската на Василие Втори. Како да се сакало да се каже крај! Тогаш настрадале 14.000 илјади војници. Сега постојат неколку милиони Македонци на етничкиот простор на Македонија и во дијаспората.

Преспанската Котлина северната граница ја има на 41 степен и 25 минути, јужната на 40 степен и 40 минути северна геогравска широчина и источнта на 21 степен и 16 минути и западната на 20 степен 49 минути и 40 секунди источна географска должина. Од источната страна е Пелагониската Котлина ,од западната Охридската Котлина , од северната Охридскста и Демир Хисарската Котлина и од јужната Костурската ,Билиштанската и Корчанската (Горичката) Котлина. Котлинската рамка е повисока од котлинското дно, нивото на езерото, од 1548 метри на Баба Планина, до 25 метри на превалот во клисурата "Грло", на крајниот југозапад на Малото Преспанско Езеро (МПЕ). Иако има висока рамка, преку превалите "Ѓавато"1.167 мнв., "Превал“ 1.035 мнв, "Грло"875 мнв, "Превтис"(Ѕвезда) 1.085, "Полце"(Пресека) 1.568 мнв и "Буково" 1.207 мнв е лесно (патно сообраќајно) до соседните котлини и пошироко.

Котлината има издолжена, неправилна форма во меридијален правец,облик на крушка.Најголемата должина е 60,00 км,а широчината изнесува од 7,00 до 30,00 км. На јужниот дел на котлината, е природната акумулација Преспанско Езеро, со надморска височина при максимално ниво на водата 851,83 метри. При пониско ниво езерото со планината Сува Гора и песочниот превлак "Гладно Поле" (во насока с. Рби - с. Перово,Кула по грчки) е поделено на Големо и Мало Преспанско Езеро. Површинска врска помеѓу двете езера, е Перовска Река која има максимална должина до 300,00 метри при ниско ниво,а при максимално не постои ,се поплавува песочниот превлак ,а двете езера стануваат едно(1918 год., 1941 год., 1948 год., и 1963 год.) Големото Преспанско Езеро има површина на воденото огледало од 275,2 км2, од кои во РМ 191.4 км2, во РГ 37,6 км2, во РА 46,2 км2. Малото Преспанско Езеро има површина од 50,7 км2, од кои во РГ 45,9 км2 и во РА 4,8 км2.

Вкупната површина на Преспанското Езеро изнесува 325,9 км2. (Податоциве се читани, мерени, пресметувани од топографки карти во мерка 1:100.000 и 1: 50.000).

Во Големото Преспанско езеро има два острови: Голем град или Св. Петар и Мал град. Островот Голем Град е прогласен за строг природен резерват заради специфичните геоморфолошки карактеристики, карактеристичната флора и фауна и поради своето историско минато. Островот Голем град е долг 750 м, а широк 450 м, со највисок дел 50 м над езерото. Островот Св. Павле е помал - долг е 300 м, а широк 150м со 25-30 м највисок дел на езерото. На Голем град секоја година се вршат археолошки испитувања, постојат археолошки наоѓалишта од ранохристијанскиот период и базилика од словенскиот период. Островот е ненаселен.

Бистрата езерска вода со температура од 24-28°С, долги песочни плажи, присуство на многу сончеви денови, немање на магловити денови, свежи ноќи, еколошки чиста средина, планини со бујна вегетација и изградени туристички капацитети, скијачки терени - се основите за развој на туризмот во Преспа, кој за жал и покрај компаративните предности не е во доволна мера застапен.



Yusuka Asano
Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 10:42 AM   #8
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071



Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 10:46 AM   #9
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071



Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 10:50 AM   #10
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071



Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 10:53 AM   #11
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071



Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 11:03 AM   #12
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071

Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 11:05 AM   #13
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071

Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 11:24 AM   #14
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071

3.Dojransko ezero

Дојранското Езеро (грчки: Λίμνη Δοϊράνη Лими Дои́рани), (лими́ Дои́рани) е најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 kmē. Западниот, поголемиот дел (27,3 kmē) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 kmē) на Грција.

Нивото на езерото е на надморска висина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со најголема длабочина од 10 m и просечна длабочина од 6,7 m.[1]. Дојранското Езеро е создадено во неогено-квартерниот период и има тектонско-вулканско потекло. Всушност, тоа е реликтен остаток од некогашното плеистоценско Пеонско Езеро, коешто зафаќало површина од околу 127 kmē.

На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка долина со бујни ливади и разновидни градини. На едно поткренато место имало голем извор. Покрај долината живеела убава девојка која се викала Дојрана. Во Дојрана биле заљубени многу момчиња, но за голема несреќа и еден турски големец-кајмакам. Убавата девојка не можела да замисли да се мажи за него. Кајмакамот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не и давал мира. Наоѓајки се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор. Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети, почнал да се излива. Ја покрил целата долина.За кусо време долината се претворила во прекрасно езеро. Исто како што беше прекрасна и девојката Дојрана. Езерото и градот го добија името по убавата девојка Дојрана. Езерото го нарекоа Дојранско Езеро, а градот Дојран.





Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 11:31 AM   #15
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071



Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 11:38 AM   #16
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071

Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 11:43 AM   #17
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071

Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 11:44 AM   #18
Srdjan Adamovic
Kragujevac - U svemu prvi
 
Srdjan Adamovic's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Location: Kragujevac
Posts: 76,024
Likes (Received): 5071

Srdjan Adamovic no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 01:29 PM   #19
Viva_Bulgaria
Proud to be a Bulgarian
 
Viva_Bulgaria's Avatar
 
Join Date: Jul 2008
Location: Sofia
Posts: 2,147
Likes (Received): 1367

Много добър избор на снимки, Srdjan. Чудесна тема
__________________
BULGARIA ABOVE ALL!!!
Bulgaria | One photo per post
Sofia projects Plovdiv projects
Viva_Bulgaria no está en línea   Reply With Quote
Old June 26th, 2011, 07:18 PM   #20
SokoX
Registered User
 
SokoX's Avatar
 
Join Date: Sep 2009
Posts: 6,454
Likes (Received): 167

Quote:
Originally Posted by Viva_Bulgaria View Post
Много добър избор на снимки, Srdjan. Чудесна тема
+1
SokoX no está en línea   Reply With Quote


Reply

Thread Tools
Rate This Thread
Rate This Thread:

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off



All times are GMT +2. The time now is 07:04 PM.


Powered by vBulletin® Version 3.8.8 Beta 1
Copyright ©2000 - 2014, vBulletin Solutions, Inc.
Feedback Buttons provided by Advanced Post Thanks / Like v3.2.5 (Pro) - vBulletin Mods & Addons Copyright © 2014 DragonByte Technologies Ltd.

vBulletin Optimisation provided by vB Optimise (Pro) - vBulletin Mods & Addons Copyright © 2014 DragonByte Technologies Ltd.

SkyscraperCity ☆ In Urbanity We trust ☆ about us | privacy policy | DMCA policy

Hosted by Blacksun, dedicated to this site too!
Forum server management by DaiTengu