|
|
| daily menu » rate the banner | guess the city | one on one |
|
|
#101 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Металург втора сезона во Лигата на шампионите
09.09.2012 - 18:13 | Ракомет Ракометарите на македонскиот шампион Металург втора сезона по ред преку норвешки Хаслум успеваат да изборат учество во групите од Лигата на шампионите на ЕХФ. Попладнево во Рикин, Норвешка на теренот на противник Металург постигна убедлива победа од 30:20 и го потврди пласманот. Лани во Израел истотака во натпревар за влез во Лигата на шампионите Металург го совлада Хаслум со 29:28. Во текот на целиот натпревар нашиот шампион се наоѓаше во водство, кое во неколку наврати разликата беше и двоцифрена. На полувремето Металург водеше со 16:8. Металург ќе игра во групата Ц , заедно се тимовите на Силкеборг (Данска), Горење (Словенија), Килеце (Полска), Шамбери (Франција) и со Ст. Петерсбург (Русија). Првиот натпревар Металург го игра на 30.септември на гости кај Шамбери. |
|
|
|
|
|
#102 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Куманово се пласира во втората рунда на ЕХФ Купот
10.09.2012 - 09:59 | Ракомет Ракометарите на Куманово со двете победи против Добруџа од Бугарија изборија пласман во втората рунда од ЕХФ Купот. Кумановчани синоќа пред своите навивачи и во реваншот го победија противникот 35:26 (вкупно 65:46), а двата дуела се одиграа во Куманово. Противник во второто коло на македонскиот тим ќе биде руската екипа Сунгул Снежинск. Во второто коло ќе се приклучи и освојувачот на Купот на Македонија Вардар Про, кој го очекува победникот од дуелот Месо Ловошице (Чешка) и Замет (Хрватска). Во првиот натпревар триумфираше Ловошице со 27:23, а реваншот се игра следниот викенд. |
|
|
|
|
|
#103 |
|
Registered User
Join Date: Feb 2009
Location: Kicevo, Kercova/Basel
Posts: 371
Likes (Received): 3
|
Makedonija -skotska 1:1! Golmanot bese super a tri novite albanski igraci se sekako za pozdravuvanje a i imav vpectok deka Makedonija se podobruva!!! Super napred samo...
|
|
|
|
|
|
#104 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Мундијалски старт против „Инките“
13.09.2012 - 13:34 | Ракомет Македонската ракометна селекција на стартот од следното СП во Шпанија ќе се сретне со селекцијата од Ј.Америка, Чиле. ИХФ го објави распоредот на натпреварите на шампионатот кој ќе се одржи наредната година од 11-27 јануари а за кој ексклузивните ТВ права ги обезбеди ТВ Сител. Следен противник на Македонија во групната фаза ќе биде Катар, па следуваат дуелите со Исланд, Русија и на крај играме со европскиот шампион Данска. Мечот со „стариот должник“ е закажан на 18- ти јануари. Нашата репрезентација своите мечеви од –Б- групата ќе ги игра во Севиља. Во групата со 6 селекции 4 ќе визираат учество во втората фаза. |
|
|
|
|
|
#105 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Познати групите за Светската лига во ватерполо
13.09.2012 - 11:33 | Спорт плус Во новата сезона од Светската лига во ватерполо репрезентацијата на Македонија ќе игра во групата Б заедно со Србија, Шпанија и Германија. А групата ќе ја сочинуваат селекциите на Турција, Грција, Хрватска и Црна Гора. Во Ц групата според жрепката ќе играат: Унгарија, Италија, Русија и Романија. Натпреварите ќе почнат кон крајот на следниот месец и ќе се играат до јуни идната година. Пласман на завршниот турнир ќе обезбедат победниците од трите групи. |
|
|
|
|
|
#106 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Македонија во првиот шешир на жрепката за Евробаскет 2013
По големиот успех кој го направија на ЕП во Литванија со освојувањето на 4-тот место македонските кошаркари се најдоа во привилигираната група на репрезентации во ждрепката за следното Европското првенство во Словенија. Европската кошаркарска федерација (ФИБА) го објави изгледот на шестте „шешири“ од кои ќе бидат извлечени 24-те репрезентациии кои пак ќе бидат поделени во четири групи во првата фазан на ЕП во Словенија од 4-22 септември 2013-тата. Македонската репрезентација ќе биде во првиот „шешир“ со селекциите на актуелниот европски шампион Шпанија, вице-првакот Франција и Рускија која заврши како третопласирана на Евробаскетот во Литванија. Во останатите „шешири“ ќе бидат селекциите на: Втор: Литванија, Грција, Словенија и Велика Британија. Трет: Италија, Хрватска, Германија и Црна Гора. Четврти: Финска, Полска, Украина и Босна и Херцеговина. Петти: Грузија, Белгија, Летонија и Турција. Шести: Чешка, Србија, Израел и Шведска. Кои ќе бидат противниците на нашите кошаркари на ЕП во Словенија ќе биде познато по ждрепката која ќе се изврши на 18 ноември во пештерскиот комплекс „Постојнска јама“. Градови домаќини на првенството ќе бидат, Цеље, Копер, Јесенице и Љубљана. |
|
|
|
|
|
#107 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Одличен старт на Металург, нагости совладан Шамбери
Ракометарите на Металург забележаа одличен старт во новата сезона во Лигата на шампионите, откако вечерва славеа на гостувањето против француски Шамбери со 33-30. Избраниците на Лино Червар прикажаа зрела и цврста игра, имајќи ја контролата над резултатот и над темпото во текот на целиот меч, па сосема заслужено со победа се враќаат во Скопје. Најубедливата предност Металург ја имаше на 10 минути до крајот, кога водеше со шест голови (31-25). Најефикасни на натпреварот беа Наумче Мојсоски и Дејан Манасков со по 7 голови, додека Дарко Станиќ имаше 11 одбрани. Тимот од Автокоманда следниот натпревар во Лигата на шампионите го игра на 6. октомври во Скопје, пречекувајќи ја екипата на Горење. Вечерва настапи и капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, но неговиот Атлетико Мадрид во реприза од ланското финале загуби дома од европскиот првак Кил со 27-32. Македонскиот ас постигна 7 голови. Резултати (прво коло) А група: Флензбург – Монпеље 37-37, Чеховски Медведи – Партизан 38-31, Адемар – Хамбург 26-28. Б група: Савехоф – Констанца 35-31, Веспрем – Целје 32-22, Атлетико Мадрид – Кил 27-32. Ц групата: Горење – Санкт Петербург 35-22, Киелце – Силкеборг 35-26, Шамбери – Металург 30-33. Д група: Шафхаузен – Барселона 23-32, Загреб – ПИК Сегед 30-27, Берлин – Динамо Минск 29:25. |
|
|
|
|
|
#108 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Ракометарките ги започнаа подготовките за ЕП во Ниш
Македонската женска ракометнa репрезентација од денеска во Охрид стартуваше со првата фаза од подготовките за Европското првенство во Србија, кое ќе се одржи во декември. Нашиот селектор Гино Стрезовски на располагање ги има сите повикани ракометарки, а меѓу главните цели во претстојниот период останува намерата да се разубеди Јулија Николиќ да ја одложи одлуката за дефинитивно повлекување од националниот дрес. „Црвено - жолтите“ ќе одиграат две контролни средби против олимпискиот вицешампион Црна Гора. Првиот натпревар ќе се одигра во четврток од 19 часот, а вториот е закажан за во петок од 12 часот во салата „Билјанини извори“. |
|
|
|
|
|
#109 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Червар: Првото полувреме ни ја донесе победата
Ракометарите на Металург ја постигнаа втората победа во Лигата на шампионите, попладнево беше совлада екипата на Горење со 30:23 (13:6). На прес конференцијата стратегот на Металург, Лино Червар изјави: - Им честитам на играчите за прикажаната игра. Дури сега бодовите од Шамбери имаат тежина. Во првиот дел одигравме квалитетна одбрана. Добро функционираше зона 6-0. Имавме трпелив напад и постигнувавме голови од контра. Во вториот дел очекувано малку паднавме во темпото, но и натаму имавме врвна игра. Задоволен сум, а и благодарам на публиката. И на другите натпревари ќе се бориме. Еден од двајцата најдобри стрелци кај Металург Гоце Георгиевски истакна: - Сите уживавте во добар натпревар и секогаш кога играме во СЦ „Борис Трајковски“ играме добро. Противникот го спречивме во нивното најсилно оружје контрите и полуконтрите. Гоце Георгиевски и Дејан Манасков постигнаа по седум голови, а металург следниот натпревар го игра на 14 октомври против Силкеборг во Данска. |
|
|
|
|
|
#110 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Вардар Про со + 17 го совлада Ловосице во Купот ЕХФ
Ракометарите на Вардар Про постигнаа убедлива победа од 17 голови разлика на првиот натпревар од 2.коло од Купот на ЕХФ. Тие попладнево во салата „СРЦ Кале“ ја победија чешката екипа Ловосице со 36:19 (17:10). Без поголеми проблеми „црвено-црните“ дојдоа до победата, а гостите резултатот го изедначија само двапати (1:1 и 2:2). Највиското водство во првиот дел Вардар Про го имаше во 23.минута (14:6), а првата двоцифрена разлика домашните ја имаа во 35.минута (21:11). 17 голови беше највисоката разлика која ја имаа избраниците на тренерот Веселин Вујовиќ. Во редовите на Вардар Про најефикасен беше Никола Маркоски, кој постигна 7 голови, Лука Раковиќ постигна 6. Во редовите на Вардар Про сите играчи успеаја да се запишат во листата на стрелците. Голманите на Вардар Про имаа вкупно 25 одбрани (Страхиња Милиќ – 22, а Иван Мартиновиќ – 3). Реванш натпреварот се игра на 20.октомври, а „црвено-црните“ се на чекор од пласман во 3.коло. |
|
|
|
|
|
#111 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Минимална победа за Куманово во Купот ЕХФ
Ракометарите на Куманово постигнаа победа од еден гол разлика во првиот натпревар од 2.коло од Купот ЕХФ. Тие пред своите навивачи со 27:26 (16:11) го совладаа рускиот тим Сунгул Снежинск. Најефикасни во редовите на кумановчани беа: Дарко Георгиевски и Бобан Блажески кои постигнаа по 6 голови, додека најпрецизен на натпреварот беше Сергеј Ушаков со 7 голови. |
|
|
|
|
|
#112 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Миркуловски: Заслужено победивме
Ракометарите на Металург попладнево во Данска ја остварија и третата победа совладан беше тимот на Силкеборг (26:23), а по натпреварот Филип Миркуловски кој поради црвен картон (3 исклучувања) предвреме го заврши натпреварот изјави: - Одигравме тежок натпревар против Силкеборг и мислам дека заслужено победивме. Последните десет минути ги одигравме одлично, а го имавме и одличниот Дарко Станиќ на голот. Со оваа победа сме на чекор од влезот во ТОП 16 фазата. Киелце е квалитетен тим, но мислам дека ќе ги победиме во Скопје. |
|
|
|
|
|
#113 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Металург го прегази С.Петерсбург
Предводен од извонредниот Вугринец кој постигна 11 голови , потоа Станиќ со 13 одбрани и одличните крилни играчи Манасков и Георгиевски екипата на македонскиот ракометен шампион Металург забележа и 4-та победа во групната фаза од Лигата на шампионите овојпат убедливо против С.Петерсбург со 32-19. Во преполнетата сала, уште по првиот дел кој заврши со 15-11 се наѕираше судбината на гостите. А во вториот дел машината Металург продолжи да „меле“ и да ја зголемува предноста до убедлива победа од 32-19. Покрај Вугринец, Мојсовски постигна 5, Манасков и Миркуловски по 4 гола. Кај гостите Семенов со 5 и Насиров со 4 беа подобри од другите. |
|
|
|
|
|
#114 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
По натпреварот Металург – Санкт Петербург: Пресреќен сум со 4 од 4
По победата од 32:19 против Санкт Петербург македонскиот шампион Металург уште еднаш ја израдува целокупната домашна спортска јавност, а на прес конференцијата тренерот Лино Червер изјави: - Пресреќен сум со билансот од 4 победи од 4 натпревари. Тоа беше сон на екипата и сега сме поблиску до нашата прва цел пласманот во ТОП 16 фазата. Тешко играме во првиот дел и зоната 6-0 не даваше резултат, затоа моравме да ја примениме нашата втора зона 5-1. Противникот малку не заспа со нивната игра во првиот дел, кога бевме опуштени во одбраната. Задоволен сум од играта во вториот дел. За учинокот на играчите Червар напомена: - Никогаш не сум потенцирал дека некој поединец бил пред тимот, но вечерва Ренато Вугринец одигра феноменално (постигна 11 голови), а ќе мора да најдеме решение и за него во играта за да може малку да одмори. Инаку, вечерва беше долго во игра со цел да може подобро да се воигра со тимот. |
|
|
|
|
|
#115 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Ѓорческа триумфираше во двојки на фјучрсот во Анталија
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа победи на фјучрс турнирот во Анталија откако во финалето заедно со Алона Фомина од Украина ги совладаа Алиса Матучи (Италија) и Барбара Собакиевич (Полска) со 2:0 во сетови. Двата сета Ѓорческа и Фомина ги добија со 6:0 и 6:4 по гемови, а воедно го оправдаа тоа што беа рангирани како втори носителки. Претходната недела оваа двојка беше запрена во финалето истотака на фјучрс во Анталија. |
|
|
|
|
|
#116 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Жито Прилеп со две победи во 3.коло од КПК
Екипата на Жито Прилеп и во вториот натпревар од 2.коло од КПК во ракомет постигнаа победа. Во реваншот во Прилеп (двата натпревара се играа во Прилеп) ракометарките на Жито Прилеп ја совладаа екипата на Лундагард од Шведска со 22:20 (13:7) и со вкупни 53:45 изборија пласман во следната рунда. Најефикасна на натпреварот беше Ема Бернтсон од Лундагард со 9 голови, додека кај Жито Прилеп најмногу голови постигна Савица Мркиќ 7. Во следното коло Жито Прилеп за противник ја има екипата на Иси Париз од Франција. Македонскиот шампион ЖРК Металург во 3.коло од КПК ќе игра против полската екипа Лублин. Двете македонски екипи во првите натпревари треба да играат на домашен терен, а терминот е на 10 или 11.ноември. Реваншите се закажани за 17 или 18.ноември. |
|
|
|
|
|
#117 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Швајцарците на колена
Македонската ракометна репрезентација забележа значајна победа од 30-24 на стартот од квалификациите за ЕП 2014г. Извонредна игра на избраниците на селекторот Шундовски од самиот старт на мечот кога од минута во минута го полневме голот на противникот, а разликата во еден момент изнесуваше дури 13 голови. На полувреме резултатот гласеше 17-9. И наместо да го дотолчиме противникот во финишот се опуштивме и дозволивме противникот да си замине дома со утешителен резултат. Стојанче Стоилов имаше убава вечер и беше најефикасен со 6 погодоци. Капитенот Лазаров постигна 5 а по 4 постигнаа Манасков и Миркуловски. Македонија настапи без Мојсовски и Ристовски кои се очекува да се приклучат за гостувањето во Португалија в недела. |
|
|
|
|
|
#118 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Kaрате, Јован Лазаров=Европски првак
Македонската сениорска репрезентација во карате освои златен медал на Европското првенство во вадокаи-карате, кое се одржа во Лигнано-Сабиадоро, односно во Италија. Ова беше 39-тото Европско Првенство во Вадокаи-карате. Според информациите кои ги пренесува „Нова Македонија“, најуспешен натпреварувач во македонскиот тим е Сашко Патраклиев, кој сите борби ги добил со 8-0. Репрезентацијата беше предводена од Јован Лазаров, а како судии се најдоа на овој голем турнир Игор Лазарев и Димче Савевски. |
|
|
|
|
|
#119 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Стрезовски го објави поширикиот список за ЕП во Србија
Гино Стрезовски, селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, го објави поширокиот список на ракометарки, за подготовике за престојното Европското првенство во Србија, кое ќе се одржува од 4 до 16 Декември. Стрезовски на списокот има 28 ракометарки, меѓунив и Јулија Николиќ, која по завршувањето на квалификациите се прости од националниот тим и Драгица Кресоја подолго време ги игорира повиците за настап во репрезентацијата. Стрезовски не ќе може да смета на Елена Георгиевска, која поради повреда ќе отсуствува подолго време. Поширок список на повикани ракометарки за Еуро 2012: Симона Николовска (Металург), Драгица Митрова (Металург), Робертина Мечевска (Металург), Симона Гроздановска (Металург), Наташа Младеновска (Металург), Душица Ѓорѓиевска (Металург), Мирјета Бајрамовска (Металург), Тања Андрејева (Металург), Драгана Пецевска (Металург), Зорица Десподовска (Металург). Ивана Маневска (Вардар СЦБТ), Фросина Крстевска (Вардар СЦБТ), Ивана Зафирова (Вардар СЦБТ), Ивона Цветаноска (Вардар СЦБТ), Ивана Саздовски (Вардар СЦБТ), Ива Стојковска (Вардар СЦБТ), Марија Серафимова (Жито Прилеп), Дијана Наумоска (Жито Прилеп), Марија Штериова (Жито Прилеп), Савица Мркиќ (Жито Прилеп), Елена Димковска (Куманово), Матилда Атанасоска (Вулканидес, Германија), Наташа Коцевска (Борусија Дортмунд, Германија), Марија Папуџиева (Бодрум, Турција), Весна Мирческа (Бодрум, Турција), Јулија Николиќ (Звезда, Русија), Билјана Црвенкоска (Салерно, Италија), Драгица Кресоја (ХАК, Франција), Македонските ракометарки на Европското првенство во Србија ќе играат во Ниш во група со Франција, Данска и Шведска. |
|
|
|
|
|
#120 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,415
Likes (Received): 5
|
Победи на нашите ракометарки во Еврокуповите
Ракометарките на Вардар СЦБТ и Металург остварија победи во првите натпревари од 3-коло во Еврокуповите. Во рамките на ЕХФ купот екипата на Вардар СЦБТ го доби првиот дуел против грчката екипа Патрас убедливо со 10 голови разлика и сосем извеснен е нивниот пласман во следната рунда имајќи в предвид дека и равенш натпреварот кој на програмата е утре ќе се игра во СЦ Борис Трајковски во Скопје. Многу потешко од очекуваното мина тимот на ЖРК Металург кој во натпревар од Купот на Куповите ја доби првата средба против полската екипа Лубин минимално со 1 гол разлика. Сепак и тие се со изгледни шанси да минат во следната фаза бидејќи и утрешниот реванш натпревар ќе го играат пред својата публика во Автокоманда. ЕХФ Куп (жени) 3 коло Вардар СЦБТ – Патрас (Грција) 29:19 (полувреме 15:8) Реванш утре (недела) 16.00 СЦ Борис Тракјовски К.П.К. (жени) 3 коло Металург – Лубин (Полска) 28:27 (полувреме 14:14) Реванш утре (недела) 16.00 Автокоманда Сабота 18.00 Жито Прилеп – Иси Париз (Франција) Реванш 17 Ноември |
|
|
|
![]() |
| Thread Tools | |
| Display Modes | Rate This Thread |
|
|