daily menu » rate the banner | guess the city | one on one

Go Back   SkyscraperCity > European Forums > Euroscrapers > Local discussions > Makedonski Forum

Makedonski Forum Македонски форум


Reply

 
Thread Tools Rate Thread Display Modes
Old June 25th, 2012, 07:09 PM   #81
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Во Полска започна кампања за промоција на убавините на Македонија
25.06.2012 - 13:19 | Македонија
Со текстот „Езерото чии води го паметат Александар Македонски” во еден од најпопуларните магазини во Полска „Swiat i Ludzie” (Свет и луѓе) започна кампањата за промоција на Македонија во Полска, организирана од проектот „Macedonia Loves You“.


Претставувањето на Македонија во магазинот е во рамки на серијалот „Патувања од соништата”, а во текстот објавен на шест страници главниот фокус е убавината на древната природа на Охридското езеро и богатото македонско културно наследство од античко време преку средновекието до модерните културни фестивали. Текстот е збогатен со ексклузивни фотографии од веб страницата www.macedonialovesyou.com.

- Македонија нуди се што на еден турист му треба – е еден од заклучоците на текстот со дополнување дека Охридското езеро е привлечно во текот на целата година.

Магазинот „Swiat i Ludzie” има просечна неделна продажба од 300.000 примероци, а негов издавач е една од најмоќните медумски групации во Полска и во Европа - „Бауер Медиа“.

Кампањата за промоција на Македонија во Полска ќе продолжи и следните месеци. Веќе во јули е планирана презентација на Националниот парк „Пелистер” на еден од најпопуларните портали во Полска.

Проектот “Macedonia Loves You” почна во 2007 година и оттогаш преку низа настани ја промовира убавината на Македонија, пријателството и разбирањето меѓу луѓето.

На есен е најавено ново празнично издание на веб страницата. Ќе се прославуваат пет години од проектот и уште еднаш ќе се презентира Македонија со прекрасни фотографии и македонска поезија. Во рамки на проектот е и наградата „Најдобар промотор на Македонија“.
new wave no está en línea   Reply With Quote

Sponsored Links
 
Old June 25th, 2012, 07:11 PM   #82
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Бродска линија Поградец Струга Охрид
24.06.2012 - 19:26 | Македонија
Воспоставување на меѓународна бродска линија, која е од исклучителна важност за развој на туризмот е она за што ќе се залагаат градоначалниците на Охрид, Струга и Подградец.


Според нив со тоа ќе се зголеми понудата за туристите ,тие со брод ќе може да ги видат сите убавини со кои располагаат трите крајезерски града. Воведувањето на бродска линија за туристичките работници пак би значело можност за креирање нови аранжмани на странските пазари.

Амбасадорката на Германија во Македонија Штајнакер истакна дека ваквата соработка ќе придонесе за надополнување во развојот на туризмот.

И оваа сезона туристите немаат можност границата да ја поминат со брод ,единствено решение за прошетка до другата страна од границата е само со автомобил или автобус.

Нина Аритоновска
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old July 13th, 2012, 09:10 PM   #83
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Македонија се попривлечна за странските туристи
12.07.2012 - 19:28 | Бизнис
Македонија станува се попривлечна дестинација за странските туристи.


Од вкупно 190 илјади туристи, во првите пет месеци од годинава, 115 илјади се странски државјани. Според државниот завод за статистиика, бројот на туристите кои допатувале во земјава е зголемен за 8,6 отсто во споредба со минатата година, а само во месец мај бројот е зголемен за 8.8 отсто.

За разлика од нив кај бројот на домашните туристи се забележува поблаг раст со само 1,7 отсто во споредба со лани.

Најбројни се туристите кои допатувале од Турција, Србија и Грција. Најмалку посетители имало од Луксембург и Исланд.

Скопје е главната туристичка дестинација, каде се забележани најмногу постит, а туризамот недоволно е развиен во бањите.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old July 13th, 2012, 09:11 PM   #84
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Холандскиот тур-оператор „Корендон“ од идната година ќе оперира со по шест чартер-летови седмично
14.07.2012 - 14:00 |
Како резултат на интересот на туристите од државите на Бенелукс и позитивните искуства на туристите кои веќе втора година летуваат на Охридско-струшката ривиера, холандскиот тур-оператор „Корендон“ oдлучи од идната сезона до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ да реализира шест чартер летови седмично.


Претставници на „Корендон“ деновиве престојуваа во Охрид, каде со партнерот во Македонија „Фибула Ер-Травел“ и претставниците на сместувачките капацитети каде престојуваат туристите од Бенелукс потпишаа Договор за соработка за уште три сезони, како и зголемување на бројот закупени места во хотелите за аранжманите на холандскиот тур-оператор.

- Договорот со „Фибула Ер-Травел“ решивме да го продолжиме за уште три години. Од идната сезона воведуваме уште два чартер-летови седмично што ќе летаат од Брисел, што значи дека за Македонија ќе работиме со шест авиони седмично односно планираме да донесеме во Охрид повеќе од дваесет илјади туристи од земјите на Бенелукс, изјави Атилај Услу, сопственик и менаџер на Одделот за агенциско работење на групацијата „Корендон“.

Податоците од централата во Амстердам на холандскиот тур-оператор покажуваат дека заклучно со минатата седмица се продадени 72 отсто од закушените аранжмани за летување во Македонија за оваа година.

Врз основа на продадените и бројот резервирани аранжмани во досегашниот период, менаџерите на „Корендон“ предвидуваат дека во Македонија оваа сезона ќе летуваат над 15 илјади туристи од земјите на Бенелукс.

Холандскиот тур-оператор „Корендон“ како дестинација за летување во својата понуда ја стави Македонија минатата година, а благодарение на големиот интерес на туристите од Бенелукс за летување во Охрид и Струга, но и за кружните тури низ Македонија, тогаш беше потпишан договор за следните три години односно за сезоните 2012, 2013 и 2014.

Интересот за аранжманите за Македонија во текот на оваа година резултираше со продолжување на тој договор и за сезоната 2015.

Last edited by new wave; July 14th, 2012 at 08:31 PM.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old July 16th, 2012, 03:21 AM   #85
El Duderino
Registered User
 
Join Date: Jun 2012
Posts: 5
Likes (Received): 0











http://www.visitpelagonia.mk/
El Duderino no está en línea   Reply With Quote
Old July 21st, 2012, 03:04 PM   #86
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ го продолжува проектот за истражување на подвотната пештера Врело
20.07.2012 - 19:29 | Македонија
Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ во соработка со врвни спелео нуркачи од Италија и Белгија го продолжува проектот за истражување на подвотната пештера Врело лоцирана по течението на реката „Треска“ во рамки на Националниот Парк „Матка“ крај Скопје.


Покрај истражувачката вредност и значење, соопштија од спелеонуркачкиот клуб, овој проект представува национално богатство во смисла на обидот пештерата Врело да стане најдлабоко истражената подводна пештера во светот.

На таков начин Република Македонија ќе запише на светската мапа уште едно многу важно природно-научно поглавје.

Во досегашните експедиции за истражување на пештерата се постигнати следните резултати: во 2007 година Марк Вандермуелен со тимот достигнува 100 метри во длабочина и дотогашните 500 метри во хоризонтала, во 2009 година Марк Вандермуелен со тимот и Луиџи Касати со тимот достигнуваат – 192 метри и откриваат канал кој што води уште надолу.

Ова, како што се наведува, го става изворот на листата за потенцијално најдлабока подводна пештера во светот.

Врело се наоѓа на повеќето форуми за подводни пештери и предизвикува интерес меѓу спелеонуркачите ширум светот.

Тука првпат и Македонија учествува со свои претставници - во 2010 година експедиција составена од истиот тим продолжува со истражувањата.

Откриена е галерија на 165 метри која води во хоризонтала, достигната е длабочина од – 212 метри што ја искачува Врело на 5. место на листата од најдлабоки подводни пештери во светот до каде што се симнал човек, прво место на Балканот и второ место во Европа, а во 2011 година експедицијата продолжува само со македонскиот тим, земени се примероци од вода и седимент од различни локации и длабочини и воздух од Сала Пеони, предадени се во МАНУ за анализа.

За оваа година, Спелеонуркачкиот клуб предвидува настанот да претставува мисија во смисла на повторно истражување на светското чудо – подводната пештера Врело, со цел да се спуштат нуркачите над 220 метри и да ја достигнат најголемата длабочина, со што Врело станува најдлабока подводна пештера во светот истражена од човек, да се обидат да допрат до нова подводна галерија на длабочина од 165 метри и да истражат сосема нов крак во пештерата кој се наоѓа на 500 метри од влезот и води вертикално нагоре.

Тимот од Белгија предводен од Марк Вандермулен е веќе пристигнат и заедно со нуркачите од Врело деновиве се подготвува теренот за големите нуркања.

Поставени се боци на контролните точки по должината на пештерата до 250 метри во внатрешноста и длабочина до 110 метри, направена е проверка и поправка на линијата која го означува патот во пештерата.

Италијанскиот тим предводен од Луиџи Касати се очекува да пристигне в недела, соопштија од Спелеонуркачкиот клуб „Врело“.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old July 22nd, 2012, 06:57 PM   #87
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Aвтобуска линија за панорамско разгледување на Скопје
19
ЈУЛ 2012
09:42


Од градскиот плоштад, пред портата „Македонија“ денеска беше пуштена во употреба новата туристичка автобуска линија на која ќе сообраќа двокатниот автобус наменет за панорамско разгледување на Скопје.

Новата автобуска линија ја пуштија во употреба скопскиот градоначалник Коце Трајановски и директорот на ЈСП „Скопје“ Мишо Николов.

„Град Скопје, преку ЈСП „Скопје“ ја промовира новата туристичка автобуска линија за разгледување на знаменитостите во Скопје. На оваа туристичка линија ќе сообраќа отворен двокатен автобус т.н. панорамски автобус. Линијата по која ќе се движи автобусот е усвоена на последната седница на Советот на Град Скопје“, рече Трајановски.

Автобусот ќе тргнува од портата „Македонија“, а ќе минува по Димитрија Чуповски и булеварот Св. Климент Охридски. Потоа ќе оди покрај Соборниот храм, до Владата на Република Македонија, по булеварот Илинден, преку мостот Гоце Делчев, на улицата Самоилова, покрај Скопско кале, црквата „Св. Спас“, Мустафа-пашината џамија, а ќе се врати назад преку Музејот на град Скопје и повторно ќе дојде пред портата. Автобусот ќе сообраќа двапати дневно, во 11 и во 17 часот.

Во автобусот ќе има туристички водич, кој ќе зборува на два јазика, на македонски и на англиски јазик.

„Ова е добра можност за привлекување на што повеќе туристи во Град Скопје, како и за подобро запознавање на главниот град“, потенцира Трајановски.

Директорот Николов изјави дека цената на автобускиот билет за почеток ќе изнесува 35 денари, колку што изнесува и билетот во автобусите на ЈСП „Скопје“.

„Понатаму, во зависност од побарувачката ќе видиме дали ќе имаме различна цена“, рече Николов.

Тој додаде дека пред портата „Македонија“ наскоро ќе се постави постамент кој ќе содржи мапа и информации за оваа туристичка автобуска линија. Низ хотелите во Скопје и низ туристичките агенции ќе се даваат мапи со точната маршрута по која ќе сообраќа автобусот и информации за термините.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old July 22nd, 2012, 07:00 PM   #88
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

new wave no está en línea   Reply With Quote
Old July 22nd, 2012, 07:00 PM   #89
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

new wave no está en línea   Reply With Quote
Old July 22nd, 2012, 07:01 PM   #90
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

new wave no está en línea   Reply With Quote
Old July 22nd, 2012, 07:03 PM   #91
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Tour Bus

new wave no está en línea   Reply With Quote
Old July 28th, 2012, 10:34 PM   #92
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Заврши фестивалот на античка драма „Стоби“
28.07.2012 - 20:20 | Македонија
Антигона на Турскиот национален театар ја доби гран при наградата за најдобра претстава на годинешното издание на фестивалот на античка драма „Стоби“.


Наградата за најдобра режија му припадна на Кенан Ишак за истоимената претстава. Бранко Штурбај за улогата на Ефклион во претставата Аулуларија е прогласен за најдобар актер.

Битолчанката Јулијана Мирчевска доби награда за најуспешна женска улога во претставата Медеја.

Фестивалот Стоби е гордост за македонската култура, смета директорот Зоран Љутков. Вели, тоа го препознава и публиката.

На фестивалот настапија шест театри, а претставите ги погледна неколку илјадна публика.

Зоран Јаневски
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old August 14th, 2012, 08:59 PM   #93
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Музејот на современата борба меѓу најпосетуваните објекти
14.08.2012 - 17:45 | Македонија
Странските туристи импресионирани од историјата на Македонија. Mузејот на македонската борба меѓу најпосетуваните културно-историски обележја. Овие групи туристи, сами по себе говорат за зголемената посетеност.


Првиот човек на Музејот на македонската борба, вели дека посетеноста, особено во летниот период, е се поголема, каде дневно поминуваат повеќе од 200 туристи.

Воодушевини од градбата, туристите ги запишаа своите пораки и во Книгата во Музејот, со ветување дека ќе раскажуваат насекаде низ светот за убавините на Македонија. Покрај од музејот на македонската борба, посетителите се воодушевени и од спомениците, Триумфалната порта, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Старата скопска чаршија.

Само со добра промоција, Македонија ќе стане се побарана дестинација, со што ќе се зголемува и приливот на средства од туристичките услуги. Според македонската статистика, бројот на туристи во јуни годинава, во однос на истиот период лани е зголемен за 14.3% .

Борис Грујоски
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old August 22nd, 2012, 09:31 PM   #94
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Археолошкиот локалитет Стоби со збогатена понуда
22.08.2012 - 14:47 | Македонија
Се збогатува понудата во археолошкиот локалитет Стоби. Деновиве завршија конзерваторско-реставраторските работи на повеќе објекти.


Така сега нов лик имаат храмот на изида, мозаикот и фонтаната во куќата на перистерија и јужниот брод на епископската базилика.

Реставрацијата финансиски ја поддржува Министерството за култура преку Националната установа Стоби и управата за заштита на културното наследство.

- Неопходна е изработка на подолгорочна програма со приоритети и со финансиски импликации се со цел сите да направиме овој локалитет да блесне во својот сјај и да се гордееме со она што го поседува Стоби, потенцира Канчевска Милеска.

Пред три години, во Стоби започнаа нови арехеолошки истражувања. Тие открија повеќе објекти од шестиот век, храмови и други архитектонски остатоци.

Освен овие, во текот на ископувањата беа пронајдени уште илјадници движни археолошки предмети.

Надлежните во националната установа Стоби, сметаат дека локалитетот крие уште многу историски објекти и артефакти.

- Школата е добра за презентација на локалитетот затоа што ја посетуваат студенти по археологија кои студираат на светските универзитети. Школата се одвива под инструкција и супервизорство на вработените во Стоби. Тие ќе ни помогнат годинава да го истражиме полукружниот плоштад до крај по што ќе биде подготвен за конзерваторски проект, рече Силвана Блажевска, директор на НУ Стоби.

Од Министерството за култура велат дека во иднина се предвидува и трајна музејска постановка во кругот на локалитетот.

Утврдиле дека е неопходна оти сега нема каде да се презентираат пронајдените артефакти.

Инаку од почетокот на годинава, Стоби го посетиле околу 9 илјади луѓе.

Зоран Јаневски
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old October 4th, 2012, 10:27 PM   #95
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Ќе се градат десетина нови центри за планински туризам
30.09.2012 | Економија | 1 Коментар

Владата донесе одлука да се започне со реализација на нов проект за развој на планински туризам, кој опфаќа инвестиции во планинските туристички центри, како и изградба на нови сместувачки капацитети со планинска конотација на локациите: Пониква Кочани, Етно парк Берово, и Беровско езеро Берово, Крушево, Голак Делчево, Јанков камен Вевчани и Лазарополе, Галичник и Тресонче во Маврово и Ростуше.



Во рок од триесет дена од денес општините Кочани, Берово, Крушево и Делчево треба да распишат постапки за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање за сите наведени локалитети.

Со овој проект, нагласи на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, ќе се создадат услови за поголем развој на планинскиот туризам со што ќе се зголеми локалниот економски развој на општините, ќе се отворат нови работни места и ќе се создадат подобри услови за развојот на летниот и зимски туризам.

- Во првата напредна фаза се опфатени Пониква, Кочани, Етно парк Берово и Беровско езеро, Крушево и Голак Делчево за кои ќе се распише постапка за отуѓување на земјиште за изградба на нови сместувачки капацитети во соодветни туристички комплекси, а во два од нив Пониква и Крушево ќе се инвестираат и 140 милиони денари за изградба на нови атрактивни спортски содржини, рече Ѓорѓиев.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old October 7th, 2012, 12:33 PM   #96
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Над 35 настани на повеќе од 20 локации на осмата „Бела ноќ“

- Бела ноќ и вечерва донесува експлозија на естетска и креативна енергија која верувам нема да остави рамнодушни маса наши сограѓани кои ќе ги посетат градскиот плоштад, културните установи и други атрактивни градски локации, рече Трајановски.

Главниот настан на вечерта беше на плоштадот „Македонија“ - „Место каде сакам да бидам“ – урбана визуелна приказна за Скопје или мултимедијален перформанс - пантомима и театар на сенки на група македонски уметници, проект работен по сценарио и реализација на македонски уметници, актери, кореографи, режисери, танчери, дизајнери, акробати, музичари...

На „Белата ноќ“ имаше над 35 настани - ликовни изложби и инсталации, филмски и видео-арт проекции, концерти, литературна вечер, театарски претстави и спортски настани на над 20 локации во градот.

Годинашната програма на „Бела ноќ“ имаше главно ретроспективен карактер, презентирајќи ја скопската уметничка сцена во изминатите 50 години. За разлика од претходните изданија, годинава карактеристично беше тоа што 90 проценти од учесниците беа македонски уметници.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old October 7th, 2012, 12:37 PM   #97
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Со отворање на изложбата на дела, лични предмети и приказни „'60-ти:Светот, Скопје и скопјани“ на авторите Јован и Ана Ивановски вечер во Музејот на Град Скопје свечено ќе почне осмата манифестација „Бела ноќ“. Оваа изложба е прва од проектот „Скопје: врвна колекција на лични сеќавања 1960-2010 вол. 1“ на кураторите Филип Јовановски, Ивана Васева и Јованка Попова, кој е составен од пет дела.

Во рамки на овој проект, публиката ќе има можност да посети уште четири изложби. Изложбата „'70-ти: СУБ - КУЛ - ТУРИСТИ“ на кокураторите Милош Коџоман и Симон Узуновски ќе биде отворена во Домот на АРМ - ДЛУМ, „’80-ти: Мерхаба. Насилсин? (Здраво. Како си?)“ на кокураторите Игор Тошевски и Синиша Цветковски во Стариот град , во „Галерија 7“ и „Галерија 8“. „’90-ти: македонска ликовна уметност 1990-2000: еуфорија“ на кокураторите Жанета Вангели и Славица Јанешлиева ќе може да се погледне во Младинскиот културен центар, а во Културно-информативниот центар ќе биде отворена изложбата „2000-ти: за независните - според вистински приказни“ на авторите Христина Иваноска и Јане Чаловски.

Македонски уметници на плоштадот „Македонија“ во 21 часот ќе се претстават со „Местото каде сум“, мултимедијален перформанс - пантомима и театар на сенки. Сценариото и реализацијата се на македонски уметници, актери, кореографи, режисери, танчери, дизајнери, акробати, музичари...

Најдолгата културна ноќ во главниот град и оваа година ќе има богата програма. Организатор е Младинскиот културен центар, а Град Скопје за неа одвои 3,5 милиони денари. „Бела ноќ“ на скопјани ќе им понуди разновидни содржини на плоштадот „Македонија“, во Музејот на Град Скопје, Дом на АРМ (Галерија ДЛУМ), Стариот град, Младинскиот културен центар, Културно-информативниот центар, Кината „Милениум“ и „Фросина“, Градски парк, Универзална сала, Библиотеката „Браќа Миладиновци“, Зоолошка градина, Галеерија КО-РА, Школка (Градски парк), Градскиот трговски центар, Стоковната куќа Мост, Градската плажа Камен мост и Спомен-куќата на Мајка Тереза.

Кино под отворено ќе има во Градскиот парк, каде на огромно кино платно ќе бидат прикажани најдобрите филмови од Меѓународниот фестивал на европски филм ЦИНЕДАЅС 2011. Бесплатни 24-часовни филмски маратони ќе има во кината „Милениум“ и „Фросина“. Во „Милениум“ ќе се прикажуваат филмовите од редовниот репертоар на ова кино, како и домашниот „Трето полувреме“. Во „Фросина“ ќе има ревија на европски филмови и филмови од Фестивалот на новиот германски филм. Ќе има и цртање графити, мултимедијални, улични и танц перформанси, изложби, диџеј-настапи, музички фестивал на транс музика, инсталации, музичко-поетски хепенинг, модна ревија, промоција на оригиналната јапонска боречка вештина аикидо...

Во рамки на „Бела ноќ“, денеска влезот во Зоолошката градина од 11 часот е бесплатен. Обезбеден е бесплатен превоз до Зоолошката градина со автобусите со број 8 и 15а на ЈСП „Скопје“ по 11 часот.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old October 25th, 2012, 07:06 PM   #98
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

За наредната пролет во Македонија продадени 15.000 аранжмани за туристи од Австрија

Петнаесет илјади аранжмани и осум чартер летови Виена-Охрид се продадени за наредната пролет.

Туристичката агенција „МакСан-Травел“, австриско-македонска компанија, ова го соопшти на македонскиот амбасадор во Австрија Ѓорѓи Филипов на Туристичкиот саем на тур-опереатори во Виена, каде Македонија ги презентираше туристичките потенцијали.

Оваа бројка е за три пати повеќе од реализираното оваа година.

Македонија е вклучена во каталозите и од чисто австриската компанија „Клуг туристик ГмбХ“, партенр на „ТУИ рајзе центар“. Сопственикот на компанијата го информира амбасадорот дека на таков чекор се одлучил следејќи го интересот на австриските туристи и позитивните искуства на „Мак Сан Травел“.

Манифестацијата беше отворена само за деловни партнери, тур оператори и хотелиери.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old November 3rd, 2012, 06:03 PM   #99
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Интезивно ќе се развива бањскиот туризам

Развој на бањскиот туризам по словенечки терк преку новата владина поддршка. Донесување на нови закони за оваа дејност како и измена на веќе постоечките се предвидуваат до крајот на оваа година.

Поактивна ангажираност на економските промотори за привлекување на странски инвестиции, како и понуда на нови локации кои ќе бидат дадени под концесија. За оваа цел ќе биде распишана и постапка за отуѓување на земјиштата кои се во сопственост на државата а локациски се блиску до изворите на термоминерални води. Се најавува и контрола на одредени капацитети за да се измери искористеноста на водата од изворите и да се утврди можнста за нејзина дополнителна употреба.

Владините мерки се резултат на консултации со експерти во оваа област меќу кои и словенечките, кои се лидери во оваа област.

Со сите овие мерки ќе се даде значителна поддршка за развој на бањскиот туризам, формирање на спа центри, и можности за локален економски развој на овие населени места, како и подобрување на услугата за бањско лекување, нови облици на туристичка рекреација и секако нови вработувања во овие капацитети.

Нови бањи и спа центри ќе никнат во Кумановско и Штипско каде постапката за концесија е веќе во тек, а дополнително се очекува и во Виница, Пробиштип, Дебар, Кратово и Струмица, како дел од земјиштата кои ќе ги отуѓи државата.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old November 5th, 2012, 02:43 PM   #100
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Македонија како туристичка дестинација на саем во Лондон

Македонските туристички потенцијали, од денеска до четврток, ќе бидат презентирани пред британските тур-оператори на Глобалниот саем за тур-оператори во Лондон (World Trade Market London 2012).

Презентациите се во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, во соработка со Агенцијата за промоција на туризмот и македонската Амбасада во Лондон.

Покрај договорените презентации закажани се и билатерални средби со повеќе тур-оператори, со кои преговорите за склучување договори за туристички посети од Британија во Македонија се во поодмината фаза.
new wave no está en línea   Reply With Quote


Reply

Thread Tools
Display Modes Rate This Thread
Rate This Thread:

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off



All times are GMT +2. The time now is 12:33 PM.


Powered by vBulletin® Version 3.8.7
Copyright ©2000 - 2013, vBulletin Solutions, Inc.
Feedback Buttons provided by Advanced Post Thanks / Like v3.1.2 (Pro) - vBulletin Mods & Addons Copyright © 2013 DragonByte Technologies Ltd.
vBulletin Optimisation provided by vB Optimise (Pro) - vBulletin Mods & Addons Copyright © 2013 DragonByte Technologies Ltd. (Resources saved on this page: MySQL 23.08%)

SkyscraperCity - In Urbanity We Trust

Hosted by Blacksun, dedicated to this site too!
Forum server management by DaiTengu