daily menu » rate the banner | guess the city | one on one

Go Back   SkyscraperCity > European Forums > Euroscrapers > Local discussions > Makedonski Forum

Makedonski Forum Македонски форум


Global Announcement

SkyscraperCity needs your help to do some house cleaning! please click here for more info!



Reply

 
Thread Tools Rate Thread Display Modes
Old December 3rd, 2012, 06:45 PM   #621
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Годар: Бизнис климата во Македонија драстично подобрена во последните години

За Македонија има многу можности, доаѓаат нови инвеститори кои нудат нови производи за извоз на нови пазари, а бизнис климата драстично се подобри во последните години.

Тоа го изјави Габриел Годар, претставник на Светска банка, по бизнис форумот во Лос Анџелес, каде македонскиот владин тим, предводен од премиерот Никола Груевски, ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија.

Според Годар, неопходна е обука на работната сила со нови вештини за да биде ефективна на новиот пазар на труд, како и да се постави соодветна инфраструктура, да се создадат услови за економски раст и економијата да биде повеќе извозно ориентирана.

Бизнис климата во Македонија, истакна Годар, драстично се подобри во последните години. Според извештајот на Дуинг бизнис, рејтингот на Македонија е подобрен и сега има една од најдобрите позиции во регионот и е на 23 место во светски рамки, нагласи претставникот
new wave no está en línea   Reply With Quote

Sponsored Links
 
Old December 3rd, 2012, 06:46 PM   #622
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Успешна презентација на македонските бизнис потенцијали во Лос Анџелес
Компании од прехранбената индустрија, производство на козметика, автомобилската и градежната индустрија се заинтересирани за инвестирање во Македонија.

На третата дестинација во Лос Анџелес, владиниот тим помина уште една успешна презентација и оствари средби со повеќе од 60-тина компании..

- По Детроит и Хјустон, Лос Анџелес е третата дестинација од нашето роуд шоу каде што имавме успешна презентација и остваривме поединечни контакти со голем број инвеститори кои покажаа интерес за можни инвестици во Република Македонија, изјави премиерот Никола Груевски по обраќањето на бизнис форумот.

Бизнис климата драстично се подобри во изминатите години. А тоа е уште една потврда за високата позиција на земјата во извештајот на Ддуинг бизнис, порача претставникот на Светската банка Габриел Годар.

- Неопходна е обука на работната сила со нови вештини за да биде ефективна на новиот пазар на труд, како и да се постави соодветна инфраструктура, да се создадат услови за економски раст и економијата да биде повеќе извозно ориентирана, рече Габриел Годар, претставник на Светската Банка.

Во кратката посета во Лос Анџелес, премиерот го посети и Медицинскиот Центар Роналд Регал, каде паднал договор за испраќање на обуки на македонски лекари во центарот, но и нивните доктори да дојдат во Македонија и да научат нешто од нас.

Владиниот тим денеска присуствуваше и на отворање на почесен конзулат на република македонија во Лос Анџелес.. Таму премиерот оставри средба со конзулот, бизнисменот Енди Пејков.

Марина Доковска
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old December 3rd, 2012, 06:47 PM   #623
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Во „Дрекслермаер“ во Кавадарци се вработени 200 лица

Во моментов во фабриката на германски „Дрекслермаер“ во Кавадарци се вработени околу 200 лица кои по разни основи се упатуваат на преквалификации, доквалификации или доусовршување во одредени земји, информираше претседателот на кавадаречкиот Економско социјален совет Илија Тренчев, на синоќешната седница на Советот.

Говорејќи дека има и други компании кои се заинтересирани да вложуваат во кавадаречко, Тренчев најави дека следната 2013 година ќе биде година на инвестициски бум во Кавадарци. Притоа се осврна и на германската инвестиција во винарница.

- Инвеститорите го ценеа фактот што во Тиквешијата има 260 сончеви денови во годината кои се идеални за производство на одлично грозје кое пак е основа за добивање на врвни вина, рече претседателот на Советот.

На последната седница на Советот за оваа година се расправаше и за состојбата со зелената економска зона во Кавадарци. Тренчев образложи дека под зелена економска зона всушност се подразбира територијата под Кожуф која некогаш беше дел од општината Конопиште.

- Зелената економска зона треба да има значајно место во идните програми за локален економски развој. Неа можеме да ја ја развиваме и преку проекти за прекугранична соработка со соседна Грција, нагласи Тренчев.

На седницата беа присутни претставници на локалната власт, синдикатот, образованието, земјоделството...
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old December 3rd, 2012, 06:48 PM   #624
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Груевски ги повика бизнисмените од Хјустон да се уверат во македонските бизнис потенцијали

Република Македонија го привлече вниманието на светската инвеститорска заедница со нејзиниот брз и сигурен поход кон првите три позиции на најреформски ориентирани земји, според угледниот „Doing Business“ извештај на Светската банка, и тоа веќе неколку години по ред.

Во Извештајот за следната година, Република Македонија се наоѓа на 23-та позиција меѓу 185 земји и е највисоко рангирана во однос на која било транзициска економија од Југоисточна Европа.

Во однос на условите за основање бизнис, Македонија е на петтата позиција, истакна премиерот Никола Груевски обраќајќи се пред голем број стопанственици на бизнис форумот во Хјустон.

Иако мојата земја е мала, додаде тој, таа е меѓу најголемите поборници за вредностите на кои почива американското општество.

- Одличните политички односи меѓу САД и Република Македонија сведочат за заедничките стратегиски интереси и цели. Тие го трасираа патот за брзото зајакнување на економската соработка, посебно во доменот на странските инвестиции и отворија нова епоха во нашите билатерални економски односи. Познавајќи ги економските потенцијали на САД, уверен сум дека постојат огромни неискористени можности за трговска и инвестициска соработка, истакна премиерот Никола Груевски и ги покани американските бизнисмени од Хјустон да ја посетат Република Македонија и да се уверат во нејзините потенцијали.

Заблагодарувајќи се на организаторите за одличното гостопримство, како и на американските бизнисмени за одвоеното скапоцено време, рече дека посетата на Хјустон, центарот на енергетската индустрија, биомедицинските истражувања и аеронаутиката, доаѓа во времиња кога американската економија заздравува од последната рецесија.

- Според најновите проекции на Федералните резерви, најтешките години се веќе зад вас и следува период на умерен економски растеж од околу 3 отсто. Вашата земја уште еднаш му покажа на светот дека е неприкосновен економски лидер, благодарение на силата, упорноста и иновативниот дух на американскиот претприемач. Дел од таа иновативност е и способноста да се препознаат профитните можности на странските пазари, истакна премиерот пред бизнисмените во Хјустон.

Претставувајќи ги инвестициските можности на Македонија, рече дека според извештајот за „Плаќањето даноци“ во 2013 година на реномираната „Прајсворхаус Куперс“, земјата е рангирана на 24. позиција на најпријателски настроени земји во однос на даночниот товар и даночниот третман на бизнисите.

Исто така, рече премиерот Груевски, пред неколку дена „Форбс“ објави дека Република Македонија е второрангирана во Југоисточна Европа во однос на квалитетот на деловното окружување, по Словенија, но многу позиции пред Бугарија и Романија.

- И покрај кревкиот економски растеж на европскиот континент и генералниот пад на странските инвестиции, во последниве две години им посакавме добредојде на инвестициите на „Џонсон Контролс“ и „Кемет електроникс“, „Кромберт и Шуберт“ и „Дрекселмајер“, „Виндтек Интернешенел“, „Протек Групацијата“ и многу други компании. Во моментов, многу сериозен интерес за инвестирање изразија компании од САД, Кина, Индија и Катар, што за нас е силна потврда дека сме на вистинскиот пат, на патот на економскиот просперитет, нагласи Груевски.

Според него, овие успеси не се случајни, туку плод на длабоките и суштински реформи што ги спроведе Владата на Република Македонија во изминатите шест години.

Преку потпишување договори за слободна трговија со Европската унија, земјите-членки на ЕФТА, ЦЕФТА, билатерални договори со Турција и Украина, успеавме, рече македонскиот премиер, да го надминеме проблемот на мал пазар и сега оние кои инвестираат во Република Македонија практично имаат пристап до пазар со над 660 милиони потрошувачи.

Македонската економија во континуитет се одликува со нагласена макроекономска стабилност и просечна стапка на инфлација од 2,1 отсто во изминатите петнаесет години.

Владата на Република Македонија, посочи премиерот Груевски, веќе подолг период води среднорочна политика на низок буџетски дефицит од 2,5 отсто од бруто домашниот производ, што резултираше во низок владин долг од само 30 проценти од бруто домашниот производ на крајот на септември 2012 година.

- Република Македонија помина без поголеми последици од светската економска криза и беше меѓу првите земји, кои минатата година ги вратија позитивните стапки на економски растеж, забележувајќи реален пораст на БДП од 3 проценти. По благата, би рекол технички прогласена рецесија во првата половина од оваа година, за многу краток период се враќаат позитивните стапки на економски растеж, силно поттикнат од подобреното деловно окружување и значајниот прилив на странски капитал во Република Македонија, истакна Груевски.

Тој посочи дека Македонија ги препознава главните бариери за водење бизнис и пристапи кон намалување на даночното оптоварување и темелни административни и регулаторни реформи и укажа на фактот дека е воведена единствена стапка од само 10 проценти на персоналниот данок на доход и данокот на добивка.

- Би сакал да нагласам уште еднаш: рамен данок од само 10 проценти, почнувајќи од 2008 година! Исто така, ја ослободивме од оданочување задржаната добивка и етапно ги намалуваме социјалните придонеси за една третина. Драстично го намаливме административниот и регулаторниот товар за водење бизнис, а во неколку фази беше спроведен и проектот регулаторна гилотина, со кој се поедноставија дел од прописите и се укинаа несуштинските обврски за бизнисите. Воведовме едношалтерски систем во царината и даночната администрација, донесовме мерки во делот со управување со градежно земјиште, со што е поедноставена постапката за градење, намалени се комуналиите, воведовме субвенции за тур-операторите, како и други реформи кои многу позитивно влијаат на бизнис климата во Република Македонија, рече претседателот на македонската Влада.

Воедно, најави отворање на уште три технолошко-индустриски развојни зони од кои едната во Штип, Тетово и уште една во Скопје.

- Тие нудат низа поволности: ослободување од данок на добивка и данокот на доход во првите 10 години; даночно ослободување на реинвестираната добивка и ослободување од административни такси. Во зависност од висината на инвестицијата, Владата на Република Македонија дава субвенција за уредување на земјиштето, кое се дава под закуп под поволни услови за период до 99 години и обезбедени инфраструктурни погодности, како што е бесплатно приклучување до гас, електрична енергија и комунално поврзување, рече Груевски, притоа изразувајќи задоволство што е дел од бизнис форумот во Хјустон, чија цел е да се продлабочи економската соработка меѓу САД и Република Македонија.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old December 4th, 2012, 08:10 PM   #625
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Над 200 компании во Сиетл, слушнаа за Македонија
Над 200 американски компании ги слушнаа можностите за инвестирање во Македонија. Во Сиетел – последната дестинација од владиното роуд шоу се направени обиди за привлекување логистички и информатички компании. Според премиерот Груевски – економската презентација поминала успешно – компаниите барале покункурентен пазар со пониски цени, како што е македонскиот. Во кризни времиња, голем дел од компаниите не сакаат да инвестираат, а оние кои сакаат, нашата земја може да им го овозможи тоа што го бараат.

- Можам да кажам дека сите кризи што се случуваат во последните години од една страна влијаат негативно затоа што се намалува бројот на компании што сакаат да прават нови инвестиции, но од друга страна, пак, тие што сакаат да прават нови инвестиции тогаш се уште позагреани за поконкурентен пазар со пониски цени како што е македонскиот пазар, односно Македонија како локација за правење бизнис, така што ги таргетираме тие сектори во коишто има огромна конкурентност во однос на цените за правење бизнис. Тука влегуваат даноци и други трошоци за правење бизнис. Од таа гледна точка јас сум задоволен, изјави Груевски.

Можност за поволностите кои ги нуди Македонија, компаниите имаа да слушнат и од оние фирми кои веќе се присутни на нашиот пазар или од претставниците на Светска банка.

- Кога зборуваме само ние секогаш може да се јави сомневање кај оние што слушаат дали ова навистина е така бидејќи говори Владата, а таа на некој начин има конфликт на интерес бидејќи говори за своите резултати, но кога станува претставник на Светската банка и го потврдува тоа или, пак, претставници на компании кои во последните години инвестирале во Македонија и го потврдуваат истото, тогаш целата презентација добива сериозна кредибилност и тогаш инвеститорите покажуваат уште поголема заинтересираност. Тоа и се случи на овие патувања во Детроит, во Хјустон, во Лос Анџелес и во Сиетл, укажа македонскиот премиер.

Токму Сиетел, последната дестинација од роуд шоуто е главниот логистички центар на САД на западниот брег, седиште на неколку огромни мултинационални компании, меѓу кои и Мајкрософт.

- Програмата беше многу јасна, концизна и ги погоди вистинските точки за подобро разбирање на политиките во Македонија што ги охрабруваат инвеститорите да инвестираат во Република Македонија. Би сакал мојата земја да биде појасна на ова поле и моите забелешки се однесуваа на тоа како ние би можеле да промовираме инвестиции, рече Гласфорт.

За зајакнување на контактиите со заинтересираните компании од најбогатата и најмоќната земја во светот, Владата најави дека ќе прати уште еден, трет странски промотор, од јануари следнната година.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old December 4th, 2012, 08:11 PM   #626
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Аеродромот „Александар Велики“ енергетски ефикасен
Министерот за економија Ваљон Сарачини и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Вернер Хенгст го посетија аеродромот „Александар Велики“ за во пракса да се уверат како функционира системот за заштеда на електрична енергија што компанијата го воведе минатата година.


Аердромот инвестира 100.000 евра во BMS-системот кој овозможува управување со сите електрични потрошувачи во објектот од една контролна соба. Во него е вграден и системот SKADA кој обезбедува приказ на тековната потрошувачка на електричната енергија и ги предвидува оптимализациите на енергијата потребна за било која од функциите на аеродромот.

Токму практичната примена на системи за заштеда на енергија и нивна примена во бизнис секторот е еден од приоритетите на платформата за енергетска ефикасност „Размисли и заштеди“ што во октомври годинава ја започнаа Министерството за економија и ЕВН Македонија.

- Во последно време се повеќе разговараме за енергетската ефикасност и дека цената на електричната енергија ќе се зголемува. Тоа е светски тренд и како Влада не можеме многу да влијаеме, но можеме да влијаеме на начинот на кој се троши електричната енергија. Воведувањето на енергетската ефикасност на аеродромот „Александар Велики“ покажува дека инвестицијата се враќа за 18 месеци. Сметам дека тоа ќе биде мотив и за другите компании да вложат во енергетска ефикасност, рече министерот Сарачини.

Нагласи дека со воведување на мерки за енергетска ефикасност годишно може да се постигне заштеда од 40 до 50 отсто и апелираше да се инвестира повеќе за таа намена, бидејќи во иднина се очекува раст на цената на електричната енергија.

Хенгст рече дека му е задоволство што стратешки капацитет како аеродромот дава пример како е да се работи со највисоки стандарди, а во исто време да се обезбеди енергетска ефикасност во работењето.

- Енергетската ефикасност значи да се добива ист ефект со помала потрошувачка на електрична енергија и со помали трошоци. Тоа е многу значајно кога електричната енергија станува се поскап производ, рече Хенгст.

Ги покани сите компании, институции и здруженија да се придружат кон концептот за подобрување на енергетската ефикасност и на тој начин, како што рече, да си помогнат себеси и на целиот енергетски систем.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски се заблагодари што и тие се дел од програмата за енергетска заштеда.

- Воведувањето на BMS-системот за управување со објектот можеме да кажеме дека е веќе исплатлива инвестиција бидејќи имаме преку 20 отсто намалена потрошувачка на електрична енергија. Исто така, имаме и нова енергетска поддршка на полетно-слетната патека преку систем за далечинско управување со светлосната сигнализација со кој контролорите на леатањето самостојно управуваат со светлото на полетно-слетната патека со што се врши заштеда на енергијата и се подобрува сигурноста, рече Крстевски.

Додаде дека веќе е направен гасовод од ТИРЗ Скопје 1 до аеродромот и наскоро греењето ќе биде префрлено на гас, а се размислува и за воведување на соларна енергија
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old December 12th, 2012, 12:10 AM   #627
LordFrodo
Registered User
 
LordFrodo's Avatar
 
Join Date: Sep 2007
Location: Domžale
Posts: 165
Likes (Received): 0

Hi.

Do you maybe know where I could see the list of (largest) shareholders of Alkaloid Skopje (ALK)?

Thanks for all the help.
LordFrodo no está en línea   Reply With Quote
Old December 13th, 2012, 05:35 PM   #628
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Машина на „Микросам“ ќе произведува делови за рускиот авион МС-21

Машина на македонската фирма „Микросам“ ќе се користи во производство карбонски делови за авионот МС-21. Со таа машина се избегнува рачната работа во производството на задниот дел на авионот, односно целиот процес е автоматизиран со што се исклучува веројатноста од технички грешки предизвикани од човечка природа.

Обврските на „Микросам“ кон компанијата „Технологија“ предвидуават целосна проекција на машината, изработка на софтверот и обука на кадарот за ракување со неа. Тој тип машина овозможува да се намали проблематичниот дел во изработка на композитни делови со површина со единечна и двојна закривеност со димензии од неколку квадратни сантиметри до делови со големи димензии, како и производство на делови со променлива дебелина во посебни зони, соопшти денеска „Микросам“.

Компанијата „Технологија“ како дел од холдингот „РТ Химкомпозит“ почна да работи на проектот за производство на авионот МС-21, во делот на производство панели за стабилизатори и елементи од стабилизатори. „РТ Химкомпозит“ е холдинг каде членки се важни компании од научната дејност во Русија чија основна мисија е да спроведуваат научни истражувања и иновации во делот на полимерно - композитни материјали и производи од нив.

Авионот на 21 век како што го нарекуваат руските медиуми МС - 21 ќе има капацитет од 150 - 212 патници, а првиот се очекува на пазарот во 2017 година. МС-21 според проценките ќе биде за 15 проценти поефективен авион од Аирбус и Боинг, поради тоа што има 15 проценти поголема предност во структурална тежинска ефикасност, 20 проценти помали оперативни трошоци и за 15 проценти ќе троши помалку гориво од останатите во негова класа авиони. Првичната проценка за цената на овој авион е 35 милиони американски долари.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old December 13th, 2012, 05:36 PM   #629
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Кризата шанса за македонскиот ИТ сектор, Tелеком распиша конкурс
Информатичко комуникациските технологии изминатата година направиле 30 отсто од извозот. Оваа индустрија во Македонија се развива 20 години, но главните и успшешни иновации ќе се издвојат сега, во време на криза, посочи Бимбиловски, претседателот на МАСИТ.

- Сите ние имаме идеи, но успешна е онаа која се споделува со повеќе чинители. Иднинанате на овој бизнис не е само во Македонија, туку и надвор од неа, вели Игор Бимбиловски, претседател на МАСИТ.

Во таа насока, комората МАСИТ во партнерство со Македонски Телеком инвестираат 100 илјади евра за развој на иновативни проекти. Конкурсот “Партнер за иновации” е објавен денес за сите кои имаат идеја за некоја иновација.

-Денес ги каниме сите иноватори и креативни умови да ни се придружат во градењето подобра иднина со доставување решенија за поврзан живот и работа. Ги отвораме вратите за влез и развој на иновации во Македонија, со цел да ја претвораме оваа наша визија во реалност. Ја нудиме можноста секој да ја добие главната улога во унапредувањето на комуникациите од иднината, а за возврат го нудиме нашето искуство, поддршка и инвестиција за реализација на добрата идеја, изјави Даниел Сас, главниот извршен директор на Македонски Телеком АД – Скопје.

Најдобрите 3 проекти ќе бидат избрани од страна на експертска комисија и објавени во Март идната година, при што ќе добијат можност да склучат партнерство со Македонски Телеком и да добијат средства за развој на своите идеи.

Ана Петковска
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old December 13th, 2012, 05:37 PM   #630
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Зоната Чојлија во Петровец се поатрактивна за инвеститорите

Општина Петровец продаде уште четири градежни парцели во мултифинкционалната зона Чојлија, на последното јавно наддавање за отуѓување државно неизградено градежно земјиште.

Од општината денеска соопштија дека има голем интерес од домашни и странски инвеститори за купување градежни парцели во Чојлија, која што е лоцирана на крстопатот помеѓу Скопје, Куманово и Велес, во непосредна близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

- Инвестирањето во оваа зона и нејзината изградба за општина Петровец значи можност за економски развој, отварање нови индустриски и други капацитети, намалување на невработеноста и за зголемување на Буџетот на општината, се вели во соопштението.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old December 13th, 2012, 05:38 PM   #631
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Балкан Енерџи Ресусрс - нов газда на “Топлификација”?!
Балкан Енерџи Ресурс најверојатно од Нова година ќе ги грее скопјани. Според информации на Сител, компанијата неколку пати била на консултации во Регулаторна и утре до истекот на рокот на тендерот, се очекува да ја достави својата понуда.

Оваа компанија, регистрирана во Кипар, засега е единствената која е заинтересирана за овој бизнис. Таа воедно е и акционер во Термоелектраната ТЕ-ТО.

Вчера првиот човек на Макпетрол, обелодени две сценарија за влез на Балкан Енерџи во овој бизнис. Едната е самостојно да дејствува на пазарот, а втората е да ја преземе Топлификација, за што веќе досега било побарано смена на раководството на компанијата. Но нивните оставни не биле прифатени од надзорниот одбор.

Во меѓувреме Макпетрол ги чека парите од Топлификација, околу 3 милиони евра за испорачани природен гас и Мазут. Од Топлификација велат дека долгот до октовмри ќе биде платен до утре, а остатокот во јануари.

Марина Доковака
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old December 15th, 2012, 04:50 PM   #632
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Груевски најави инвестиција од 200 милиони евра и две илјади вработувања во Џумајлија

Премиерот Никола Груевски денеска најави инвестиција од најмалку 200 милиони евра во агрокомбинатот Џумајлија која ќе овозможи две илјади вработувања.

Објавувајќи го завршувањето на огласот за избор на концесионер за Џумајлија, Груевски информира дека таму ќе инвестира фирма-ќерка на позната мултинационална компанија од далечна држава и посочи оти очекува самата компанија да ја објави инвестицијата и да се претстави.

- Оваа компанија се декларира дека ќе инвестира над 200 милиони евра во наредните три години, како што налагаат условите во јавниот повик и оти ќе вработи, што е моногу важно, најмлаку де илјади лица, изјави премиерот по поставувањето камен-темелник на Технолошко-индустриската развојна зона Алинци кај Прилеп.

Тој посочи дека следи фаза на евалуација, а потоа и потпишување на договорот. Инвестицијата, како што рече, е особено значајна бидејќи ќе значи голем препород за регионот кај Џумајлија, бидејќи вработувањата на над две илјади лица значи егзистенција за над две илјади невработени.

Покрај ова, тој укажа дека компанијата најавува оти ќе донесе над 20 илјади грла говеда, ќе изгради фабрика за сточна храна и млекарница со голем капацитет. Нивните планови се покривање не само на македонскиот и регионалниот пазар, туку да продаваат и низ цела Европа, па и пошироко.

- Се работи за крупна инвестиција чие име не би сакал да го спомнам бидејќи се надевам дека тие ќе си го соопштаат тоа, затоа што знам дека инвеститорите најчесто сакаат самите да се промовираат. Но ќе кажам дека се работи за компанија чие име во Македонија е веќе слушнато. Зборувам за фирма-ќерка на таа компанија којашто е доста позната и која доаѓа од држава со која имаме две историски личности што не поврзуваат, изјави Груевски.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old December 15th, 2012, 05:05 PM   #633
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Поставен камен-темелникот за изградба на нова ТИРЗ во Прилеп

Во месноста Алинци кај Прилеп денеска е поставен камен-темелникот за изградбата на новата Технолошко-индустриска развојна зона.

Означувајќи го симболично почетокот на изградбата на современата инфраструктура според сите светски стандарди, премиерот Никола Груевски нагласи дека студеното време може да ги забави, но нема да ги запре владините намери да направат што повеќе за изградбата на технолошко- индустриските развојни зони во државава.

- Ваквото темпо е особено важно и потребно со цел повеќе региони во државава што поскоро да комплетираат инфраструктура соодветна на интересите на странските и домашните инвеститори, рече Груевски.

Претседателот на Владата нагласи дека посебно го радува тоа што општина Прилеп со брзо темпо ја оформува индустриската зона „Прилеп 1“, за мали и средни претпријатија каде се распродадени парцелите и наскоро ќе почне изградбата на капацитетите и ќе се отворат нови работни места. Воедно општината работи на три нови индустриски зони, а таа во Алдинци, смета Груевски, е предвидено да прими инвеститори од поголем калибар.

- Големите инвеститори во оваа зона ќе отворат и голем број работни места. Зоната има плански опфат од 67 хектари со можност за проширување на уште 35 и ќе биде поврзана со патна, водоводна, електрична и канализациска мрежа. Со ова и со условите во зоната Прилеп, Битола, Ресен, и околните населени места ќе добијат простор кој верувам дека ќе привлече голем број заинтересирани инвеститори, рече Груевски.

Истакна дека паралелно со уредувањето на технолошко- индустриските развојни зони во државава и бројните економски мерки и стимулации, владините тимови задолжени за промоција на инвестициските можности за Македонија, продолжуваат со бројни презентации и промоции во многу светски земји.

- Таквата пракса веќе привлече голем број ивнеститори во земјава. Дел од нив изградија фабрики и работат, дел покрај првата инвестиција влегоа и во втора, како што е примерот со „Џонсон Контролс“ и „Џонсон Мети“. Дел од инвеститорите во моментов градат фабрики, дел се во почетен стадиум на инвестиција, а со многу од нив се уште разговараме и ги убедуваме да го вложат својот капитал во Македонија, посочи Груевски.

Премиерот го нагласи огромното значење на технолошко- индустриските развојни зони во земјава, истакнувајќи дека токму затоа треба што поскоро да се изградат сите зони низ Македонија.

- Верувам дека на оваа зона и претстои добра иднина, а таква иднина го очекува и регионот и сите оние домаќинства од Прилеп и околината кои ќе имаат по некој член од семејството вработен во некоја од фабриките во Технолошко-индустриската развојна зона кај Алинци, рече Груевски.

Според директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, оваа зона е една од 11-те во државава кои даваат резултати.

- Доказ за тоа се „Џонсон Контролс“ и „Џонсон Мети“ кои лани во вкупниот извоз на Македонија учествуваа со 16,3 проценти, а годинава се очекува нивното учество во извозот да биде 20 отсто, нагласи Мизо.

За министерот за странски инвестиции Веле Самак, пак, ова е посебен ден затоа што се активира зоната кај Прилеп.

- Се надевам дека ова ќе помогне да се најдат дополнителни проекти за оваа зона не само за странските инвеститори, туку своето место да го најдат и домашните фирми за да отворат капацитети и да вработат нови луѓе, истакна Самак.

Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, со изградбата на оваа Технолошко-индустриска развојна зона и со индустриската зона „Прилеп 1“, каде сите парцели се распродадени, а и со подготовката на нови три, Прилеп се промовира како вистинска дестинација за привлекување на странски гринфилд инвестиции, но и за развој на домашните фирми.

- Прилеп направи многу за да понуди добри услови за развој на индустријата и економијата. За една година го изготви Генералниот урбанистички план, донесе детални урбанистички планови и овозможи атрактивни локации не само за развој на економијата, туку и за нов станбен и деловен простор. Дваесетинта локации во индустриската зона „Прилеп 1“ се продадени, се прави целосната инфраструктура и наскоро ќе се градат новите капацитети на претежно прилепските фирми со што ќе се обезбедат близу 2.000 нови вработувања, рече Ристески, нагласувајќи дека веќе се подготвува и другата иднустриска зона „Прилеп 2“ за малото стопанство и лесната индустрија со можност за нови 1.000 вработувања.

Со продажба на парцели на повеќе локации во градот, додаде, се отвора можност за понуда за 300 станбени единици, а тука е и новата современа европска населба Градина каде за парцелите постои огромен интерес.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old December 15th, 2012, 05:06 PM   #634
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Јанакиески: Македонија ќе биде лидер во Европа во електронска продажба на градежно земјиште

На 1 април 2013 година во сила ќе стапат измените во Законот за градење, според кои општините се задолжени да издаваат градежни дозволи по електронски пат. За законските измени се дискутираше вчера и денеска во Струга на четвртото советување за важни закони од областа на транспортот . Организатор е Заедницата на единиците на локалната самоуправа-ЗЕЛС, во соработка со Министерството за транспорт и врски.

Во рамки на советувањето, денеска беше презентиран и новиот софтвер за следење на договорите во делот на продажбата на градежното земјиште кој, како што истакна министерот Миле Јанакиески, досега беше воспоставен само за потребите на Министерството.

- Министерството за транспорт и врски во соработка со ЗЕЛС воспостави нов систем. Електронски, веднаш по завршувањето на јавното наддавање, софтверот ќе го прими договорот и потоа електронски ќе ги следи сите обврски што произлегуваат согласно со Законот за градежно земјиште. Ова првпат се презенитира пред претставниците на општините, и тие веќе имаат претстава како ќе изгледа новиот софтвер кој веќе се генерира, за што ЗЕЛС има склучено договор за електронско одобрение за градење. Се надеваме дека оваа новина ќе ја направи Македонија лидер во делот на одобренија за градење, не само на Балканот, туку и во Европа, изјави Јанакиески. Подвлече дека овој закон е работен според примерок од Сингапур, која е прва земја во светот во областа на електронско одобрение за градење.

Повеќе од 300 претставници на општините ги проследија и презентациите на Министерството и за транспорт и врски за законите за проценка, измените на Законот за јавна чистота, Законот за превоз во патниот сообраќај, Законот за постапување со бесправно изградени објекти, како и Законот за градежно земјиште.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Коце Трајановски рече дека ЗЕЛС во континуитет дава конструктивни забелешки по сите законски измени и предлага нови закони, со цел граѓаните да добијат покорисни услуги. Како дел од поважните законски одредби, тој ги потенцира измените во Законот за јавна чистота.

- Овозможено е сите комунални редари на територијата на целата држава да имаат исти униформи и она што е многу важно, редарите ќе можат да легитимираат граѓаните што ја нарушуваат комуналната чистота, што со претходниот закон не беше овозможено. Факт е дека општините немаат доволен број комунални редари и имаат изречено мал број казни, подвлече Трајановски.

Во врска со Законот за превоз во патниот сообраќај, на советувањето беше посочено дека измените превидуваат заострување на санкции за сторителите на прекршоци, но вршењето дејност без лиценца се третира како кривично дело и предвидува трајно одземање на возилото со кое се врши превозот.

- Градот Скопје заедно со Министерството за транспорт и врски и останатите служби, успеа да одземе повеќе од 80 такси возила кои немаа лиценци за вршење на такси превоз, за што ги охрабрувам и останатите општини да го почитуваат овој Закон и да одземаат возила што немаат лиценци за вршење ваква дејност, рече Трајановски.

Законот за легализација, според презентациите на претставниците од Министерството за транспорт и врски, предвидува постоењето корисничко право врз земјиштето да не биде пречка за издавање решение за легализација, но барањата мора да бидат разгледани од општината најдоцна до 31 декември.

- Заради предвидување ригорозни казни, општините можат да ангажираат времено надворешни лица да ја забрзаат постапката. Евидентно е дека голем број баратели нарачале елаборати, но не ги подигнале, па општините чекаат и постапките не се завршуваат, додаде претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајаносвки.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old December 22nd, 2012, 07:12 PM   #635
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Македонија високорангирана во годишниот извештај на „ИБМ-глобални трендови“

Македонија е исклучително добро оценета и рангирана во најновиот годишен извештај на ИБМ “Глобал локеишн трендс - 2012”, кој се осврнува на глобалните трендови во економијата.

Според заклучоците во анализата, Македонија има најзначаен напредок на глобално ниво во однос на претходната година според создадени работни места по жител (пораст 271%).

Ова се смета за поголем напредок од сите други земји, каде Србија е втора со напредок од 104%. Според бројот на создадени работни места во 2011 година на 100 000 жители, пак, земјата е рангирана на девето место пред земји како Британија, Бугарија, Белгија, Мексико итн.

Во однос на трендовите се забележува поместување на инвестицискиот фокус, кој во минатото се движел од Централна Европа кон Југоисточна Европа, а сега клучната инвестициска активност е насочена кон земјите од Западен Балкан.

Во овие рамки Македонија со значителен пораст на странски инвестиции за разлика од Полска, Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија, кои забележуваат пад на странските директни инвестиции во 2011 година.

Како сектори кои привлекле најмногу странски инвестиции во Македонија се издвоени: електроника и електронска опрема, текстилната и фармацевската индустрија.

Како што стои во Извештајот, причините за настанатите промени се значителното подобрување на бизнис климата во Македонија и зголемувањето на оперативните трошоци во земјите од Централна и Југоисточна Европа.

ИБМ е бизнис истражувачка компанија која се фокусира на менаџерските и економски прашања. Има канцеларии во Кина, Индија, Ирска, Јапонија, Холандија, Јужна Афика и САД. Публикува помеѓу 35 и 50 студии и анализи секоја година.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old December 22nd, 2012, 07:13 PM   #636
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Ќе се гради пруга од Кичево до Албанија
Нови 106 милиони евра се обезбедени за изградба на патишта и железнички делници. Од нив 50 милиони ќе бидат искористени за транспорт, повеќе од 38 за патишта и останатите за желеничка инфраструктура.

85% од сретствата се обезбедени преку ИПА-пристапните европски фондови, а останатите од државниот буџет. Парите ќе треба да се искористат во следните 4 години.

8 милиони од овие пари ќе бидат потрошени за консултант кој ќе треба да изработи проект за изградба на железничка делница од Кичево до границата со Албанија. Меѓународниот тендер за изградба на 63 километри веќе е распишан.

- Железнички линк кој во моментот недостасува на правецот исток – запад на територијата на Република Македонија, а со цел да се добие зрел проект за понатамошни инвестиции и изградбата на оваа железничка делница. Со изградбата на железничкиот коридор на целата територија на Република Македонија, ќе се овозможи пристап на железничкиот сообраќај до пристаништата во Драч и Валона, рече Миле Јанакиески, мин за транспорт и врски.

Како дел од Коридор 8, ќе се подготвуваат проекти и за делницата Крива Паланка до границата со Бугарија. Следни ќе бидат Скопје-Кичево, Велес Битола и Драчево Велес.

Со ИПА фондовите ќе се рехабилитираат и патиштата од Коридор 10.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old December 22nd, 2012, 07:14 PM   #637
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,503
Likes (Received): 6

Тиквеш“ преку Данска го освојува скандинавскиот пазар
Вкупно 80.000 шишиња од категоријата висококвалитетни вина „Вранец спешл селекшн“ берба 2011, ќе извезе винарската визба „Тиквеш“ во Данска.


Ова, како што соопшти денеска генералниот директор Игор Илиевски, е договорено минатата недела, а првите количини се веќе испорачани во 48 специјализирани продавници на увозникот „Хансен“, како и низ рестораните во Данска.

- Ова е одлична вест за заокружување на годината што изминува. Задоволството е уште поголемо зашто со најновата извозна зделка се потврдува стратегијата и определбата на „Тиквеш“ за што поагресивен настап и промоција на извозот, истакна Илиевски на средба со новинарите.

Менаџерката за извоз во „Тиквеш“ Катерина Костовска посочи дека пласманот во Данска е прв позначаен пробив на македонското вино на скандинавските пазари. Успехот, додаде, е значаен со оглед на фактот дека тиквешки „Вранец“ од серијата „Спешл селекшн“ увозникот го прогласи за вино на годината и е позициониран во винските листи заедно со некои од најпознатите француски, италијански, португалски, австралиски и американски вина.

- Со својот квалитет очекуваме нашето вино да биде добро прифатено од данските љубители што ќе значи континуитет и проширување на пласманот на овие пазари, како и можност за пробив и на други македонски вина, напомена Костовска.

Според Илиевски, и покрај сите предизвици 2012 беше успешна година за „Тиквеш“ особено за извозот кој бележи зголемување од 30 отсто.

Предвидувањата за наредната 2013 се оптимистички.

- И покрај сите најави од еврозоната, преку регионот до Македонија дека 2013 ќе биде исклучително тешка ние сме убедени во спротивното, дека можеме да бидеме умерено позитивни во очекувањата, рече генералниот директор Илиевски.

Увозникот на вината од „Тиквеш“ во Данска, компанијата „Хансен“, е основана во 1829 година. Покрај пласманот „Хансен“ врши и успешна промоција на вината што ги увезува, а тоа го потврдуваат и потрошувачите. Интернет-страницата на компанијата на која се веќе поставени информациите и препораките за „вранецот спешл селекшн“, купувачите ја прогласија за најдобар специјализиран веб-портал за вино.

Зацврстување на позициите на актуелните извозни пазари, таргетирање и освојување нови, како и продолжување на инвестициите во македонската винска култура, остануваат главни определби на винарската визба „Тиквеш“.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old December 22nd, 2012, 11:21 PM   #638
asparuh88
Registered User
 
asparuh88's Avatar
 
Join Date: Aug 2009
Location: Пловдив/Plovdiv-Рим/Roma
Posts: 1,854
Likes (Received): 253

По3дравления
Може ли някой да ми прати официалния сайт на и3бата "Тиквеш", или някаква информация 3а това, какви македонски вина се предлагат на българският па3ар?
__________________
"Имаме шанс да не сме вече сиви, а красиви. 3аедно!"
asparuh88 no está en línea   Reply With Quote
Old December 23rd, 2012, 12:08 PM   #639
TrueBulgarian
Meditate on this, I will
 
TrueBulgarian's Avatar
 
Join Date: Jun 2009
Location: Beyond the Wall
Posts: 5,333
Likes (Received): 512

Ето го сайтът им. Повечето им продукти съм ги срещал из магазините в България. За жалост, в UK например, никога не съм засичал каквото и да е македонско производство, а има доста продукти от Балканите, включително и българско вино. Жълтата ракия е доста добра
TrueBulgarian no está en línea   Reply With Quote
Old December 23rd, 2012, 12:49 PM   #640
asparuh88
Registered User
 
asparuh88's Avatar
 
Join Date: Aug 2009
Location: Пловдив/Plovdiv-Рим/Roma
Posts: 1,854
Likes (Received): 253

Благодаря 3а линка! Тука в Италия не съм виждал ни македонски, ни български вина или продукти...
__________________
"Имаме шанс да не сме вече сиви, а красиви. 3аедно!"
asparuh88 no está en línea   Reply With Quote


Reply

Thread Tools
Display Modes Rate This Thread
Rate This Thread:

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off



All times are GMT +2. The time now is 03:12 AM.


Powered by vBulletin® Version 3.8.7
Copyright ©2000 - 2013, vBulletin Solutions, Inc.
Feedback Buttons provided by Advanced Post Thanks / Like v3.1.2 (Pro) - vBulletin Mods & Addons Copyright © 2013 DragonByte Technologies Ltd.
vBulletin Optimisation provided by vB Optimise (Pro) - vBulletin Mods & Addons Copyright © 2013 DragonByte Technologies Ltd. (Resources saved on this page: MySQL 23.08%)

SkyscraperCity ☆ High there, what's up!

Hosted by Blacksun, dedicated to this site too!
Forum server management by DaiTengu