daily menu » rate the banner | guess the city | one on one

Go Back   SkyscraperCity > European Forums > Euroscrapers > Local discussions > Makedonski Forum

Makedonski Forum Македонски форум


Reply

 
Thread Tools Rate Thread Display Modes
Old September 14th, 2011, 03:33 PM   #81
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

http://www.unvamagazine.com/news-around-the-world/391/
Macedonian Production Company Connects with Hollywood
new wave no está en línea   Reply With Quote

Sponsored Links
 
Old September 14th, 2011, 03:46 PM   #83
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Solar power panels
http://energy.sourceguides.com/busin...acedonia.shtml
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 04:04 PM   #84
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

http://www.glassfiles.com/directory/...ontactInfo.htm
manufacturing machines-robot hand hi tec
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 07:30 PM   #85
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

АЕК распишува оглас за 4Г телефонија
14.09.2011 - 13:57 | Бизнис
Агенцијата за електронски комуникации утре објавува оглас за фреквенција за најновата, четврта генерација на мобилна телефонија.


Во моментов македонските мобилни оператори нудат 3Г, а 4Г, кој е релативно нов стандард и на светско ниво, на корисниците треба им да овозможи многу побрз интернет, поквалитетен даунлоуд на содржини, функционални видео повици и видеостриминг без застој.

- Сакаме да бидеме технолошки развиена држава согласно западноевропските. Тоа е техника која доаѓа, со нова мрежа. АЕК ќе објави јавен повик за доделување фрекфенции од четвртата генерација мобилна телефонија. Тоа е во контекст на комплетната дигитализација која се одвива во Македонија, а треба да заврши на 1 јуни 2013 година, изјави денеска Роберт Орданоски, директор на АЕК.

Првиот човек на АЕК најави повеќе подобрувања во работата на операторите. Ова регулаторно тело ќе ги одобрува сите склучени договори меѓу телекомуникациските компании и корисниците, односно ќе се елиминира можноста за автоматско продолжување на договорите по нивното истекнување.

За неколку дена, услугата за преносливост на броеви ќе трае еден ден во мобилната и два дена во фиксната телефонија. Веќе е воведен звучниот сигнал кој го информира повикувачот дека бројот што го бара го сменил операторот без да го промени префиксот.

Од АЕК велат дека поевитнувањето на СМС пораките најавено за летово е пролонгирано заради немањето дефиниран пазар на СМС. Македонија веројатно ќе биде четвртата земја во Европа што ќе го добие, по Франција, Полска и Данска.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 07:32 PM   #86
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Компанијата „Стил Кон“ денеска во кумановско Младо Нагоричане ќе отвори нов погон за преработка на арматурно железо. Покрај ова, ќе биде пуштен во употреба и доградениот и доопремен постоечки погон за челични конструкции.


Инвестицијата е вредна 3,5 милиони евра, а „Стил кон“ ја реализира заедно со холандски партнер. За реализација на инвестицијата добиен е грант од холандската Влада во висина од 750 илјади евра. Раководството на компанијата најавува отворање на 100 работни места.

Фабриката се простира на 2.600 метри квадратни и засега, како што информираат од раководството, пласманот на арматурно железо е обезбеден на неколку проекти кои ќе се градат во Македонија и во странство.

„Стил кон“ од 2005 година, а со холандскиот партнер се заедно од минатата година. Досега има работено на големи проекти во Србија, Словенија, Грција, Албанија, Косово, Германија, Африка. Производите, кои поседуваат сертификат за квалитет, ги пласираат на домашниот и на странските пазари. Во 2008 година 98 отсто од производството е продадено во странство.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 07:33 PM   #87
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Република Македонија и Руската Федерација имаат традиционално одлична соработка, а потенцијалот за пласман на квалитетни земјоделско-прехранбени производи на овој пазар е голем. Потврда за тоа се позитивните резултати од реализираниот извоз во изминативе три години. Само за периодот 2009 - 2010 година, извозот во Руската федерација е зголемен за осумдесет проценти. Од пласманот на свежо овошје и зеленчук, вино и на други земјоделско-прехранбени производи во Русија во 2010 година државава инкасира 4,3 милиони евра девизен прилив наспроти 2,4 во 2009 година.


Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на македонско-рускиот деловен форум што се одржува денеска во Москва во рамки на саемот за земјоделски производи, храна и вино „Светот на храната“.

И оваа година, додаде Димовски во обраќањето, горди сме што продолжува позитивниот тренд во извозот. Само за првите 6 месеци на рускиот пазар се реализирани 6,6 милиони евра што е околу 6 пати повеќе во споредба со истиот период лани кога сме извезле земјоделско-прехранбени производи во вредност од еден милион евра. Ваквиот тренд е резултат не само на зголемување на количините на производите кои традиционално ги извезуваме на овој пазар, туку и на проширувањето на палетата на земјоделско-прехранбени производи кои станаа атрактивни за купувачите од рускиот пазар.

- За македонските компании останува предизвикот за интензивирање на извозот на производи со поголем степен на преработка, кои се и повеќе доходовни, во прв ред конзервираниот зеленчук и овошјето, но и македонското вино. Поради ова, од исклучителна важност е зголемувањето на размената на информации помеѓу нашите држави и компаниите во делот на земјоделско-прехранбените потенцијали, на понудата и побарувачката на пазарот со цел интензивирање и зголемување на трговската размена. Саемските манифестации, промоциите и другите форми на маркетинг се само дел од начините за да го реализираме тоа, рече министерот.

Тој упати отворена покана до руските компании да инвестираат во Република Македонија, бидејќи, како што нагласи, Владата во изминатите пет години ги постави темелите за стопанисување во земјоделско-прехранбениот сектор.

- Добредојдени сте да инвестирате во нашата земја, во изградба на проиводствени капацитети, дистрибутивни центри за земјоделски производи, ладилници, фабрики за преработка и сушење на овошје и зеленчук, во капацитети за производство на млеко во прав. Ги повикувам руските компании да отворат дистрибутивни центри за македонски производи во Руската Федерација. Заедно да развиеме систем на заеднички вложувања и во делот на наводнувањето и одводнувањето, на пречистувањето на одпадните води,, - рече Димовски.

Инвестирањето Република Македонија е во интерес на развој на двете економии, додаде, бидејќи Руската федерација традиционално е значаен трговски партнер за нашата држава. Според него, првиот чекор што треба да се направи е да се создаде можност за слободен, безцарински третман на земјоделско-прехранбените производи од Република Македонија при извоз во Руската Федерација, особено за извозот на македонското вино.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој ја предводи македонската делегација во Москва и министерот Димовски го посетија штандот на кој се претставуваат македонските комапнии на саемот „Светот на храната“ кој деновиве се одржува во Москва.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 07:36 PM   #88
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Изградбата на новата фабрика на Џонсон контролс и заинтересираноста на неколку азиски компании за влез во штипската индустриска зона, ги подгреа надежите на 38.000 невработени од источниот регион, од кои една третина се помлади од 34 години со завршено средно образование.


Џонсон контролс веќе го распиша конкурсот за вработување на лица кои ќе бидат ангажирани во фабриката.

Американците бараат инжинери за шиење и кроење, компјутерско потпомогнато дизајнирање, тим лидери на производна линија, ревизори за квалитет и оператори за шиење. Дека нема да се губи време уште во петокот најавија од менаџментот на компанијата.

- Паралелно со градежните активности ќе почнеме со вработување и обука на новите вработени - изјави Стивен Мејлеманс, менаџер за Македонија.

Иако не е наведено за колку вработувања се однесува огласот, сепак проструи информацијата дека во првата фаза ќе бидат работно ангажирани 250 лица.

Џонсон контролс бара искусни работници, со што веќе се наѕира конкурентноста и вреднувањето на квалитетната работна рака што ја наметна влегувањето на странскиот инвеститор.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 07:37 PM   #89
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Џонсон контролс по втор пат ќе инвестира во Македонија. Овој пат ќе вработи близу 1500 луѓе, а оваа инветсиција е поголема од првата. Тежи 20 милиони евра. Фабриката ќе се гради во индустриската зона во Штип што е од особено значење за источниот регион.


- Оваа инвестиција ќе биде од особено значење затоа што ќе даде голем придонес за макеоднскиот извоз, а ќе биде знчајна и з аподобрување на животот на граѓаните од тој регионот - изјави премиерот Никола Грувески.

Во фабриката ќе се произведува тапацир за автомобилски седишта, а ќе ги опслужува европските клиенти на Џонсон контролс. Компанијата одлучи по втор пат да вложи во земјава заради исклучително поволната бизнис клима.

- Изборот падна на Макеоднија заради тоа што земјата е многу конурентна, заради тоа што имаме одлично искуство но пред се заради поддршката и професионализмот кои ги добивме за време на анализата на пазраот - изјави Стиврен Мејлеманс, проект – менаџер на Џонсон Контролс.Според премиерот, по две и пол години мирување, Македонија влегува во вистински инвестициски циклус.

Во последниве два месеци, од изборите досега, започнати се дури 6 големи проекти кои долгорочно треба да донесат над 5000 вработувања низ цела земја.

Почна реализацијата на инвестицијата на италјански Технохозе, се гради фабриката на американски Кемет електорниск, рускиот фармацевтски гигат Протек Груп исто така започна активности на терен, а пред два дена беше ставен камен темелник на двете фабрики на индискиот гигант Мадерсон. Освен овие инвестиции во Бунарџик, деновиве и германската фабрика за кабли Кронберг и Шустер доби градежна дозвола за градба во зоната во Битола.

- Шекспир рекол дека несреќата секогаш доаѓа во бранови, но случувањата во Македонија во послендите два месеци говорат дека и среќата исто така доаѓа во бранови. За мене е особено важно што една мултинационална комапнија како Џонсон контролс по втор пат доаѓа во Макеоднија. Тоа ќе биде одличен сигнал за другите комапнии кои размислуваат каде да ги насочат своите инвестиции - изјави премиерот.

Договорот за новата фабрика на Џонсон контролс ќе биде потпишан до крајот на овој месец. Паралелно ќе тече процесот на селекција на работници и обуките за нив. Градбата ќе почне во октомври, а фабриката ќе почне со работа за една година.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 07:38 PM   #90
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Инвест ин Маседониа носи инветситори. Според познавачите, капмањата веќе неколку години ја промовира Македонија пред светската јавност. Резулатите доаѓаат сега затоа што одлуките се носат по долги анализи на пазарот. Дополнително помага и позитивното искуство на тие што веќе инветсирале тука.

„Еве Џонсон контролс по втор пат ќе инвестира во Макеоднија. Нивното прво искуство е позитивно. Сега, зошто би оделе во други земји, да ги анализираат пазарите што е долг процес, кога можат да го прошират бизнисот тука. Тоа секако дека ќе испрати позитивен сигнал из а другите инветситори“, вели Џон Јоновски, инветсициски експерт.

Инвеститорите првично се информирале од реклами, но потоа прашувале кај тие што веќе работат тука. На пример, Кемет електорникс дојде во земјава благодарение на позитинвото искуство на Џонсон Мети.

„Гледав Си ен ен и ја видов рекламата која зборуваше за инветсициската клима во Македонија. Помислив дека Макеоднија нуди можности за Кемет. Причината зошто ова го направивме толку брзо, покрај одличната сораборка со властите е и помошта што ја добиве од Џонсон Мет“, изјави Пер Луф, извршен директор на “Кемет Eлектрoникс“, на 30.06.2010.

Инветсицискиот циклус започна. Неделава индиски Мадерсон почна да гради две фабрики во Бунарџик, а Џонсон контролс распиша оглас за вработување на 1400 луѓе за новата фабрика во Штип. За два месеци почнати се активности за изгрдаба на 6 фабрики кои долгорочно ќе донесат околу 5000 вработувања.
Но, дали новата криза која се заканува на Европа и Америка може да ги помати сметките? Според Јоновски, кризата во западниот свет ќе има негативно влијание на македонскиот извоз, но може позитивно да влијае на инветсиции, посебно сега кога севрна Африка заради политичките тензии е избришана од инветсициската мапа.

„Макеоднија има предоост затоа што по зивесно време некои комапнии ќе бараат нови земји во кои ќе инвестираат и кои ќе бидат еднакво конкурентни и еднакво блиски до пазарите на кои работат“, вели Јоновски.

Во четири месеци од 2011 беа остварени СДИ колку во цела 2010 година или околу 220 милиони евра. За до крајот на годината се очекува околу 350 милиони евра инвестиции. Плановите за догодина се поамбициозни, одат до половина милијарда евра.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 07:39 PM   #91
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Вкупно 140 германски висококвалитетни јуници увезени од Млекара Битола денеска се доставени до карантинската фарма во село Логоварди, Битолско.


Се очекува овие грла значително да го подигнат нивото на млекопродукција по крава од сегашните 3.000 литри на над 5.000, да го поттикнат растот на примарното производство и да го подобрат квалитетот на млекото.

- Во услови на недостиг на млеко, ова е директна инвестиција во земјоделството и во зголемуванјето на откупната база од која позитивни ефекти ке имаат сите, државата, фармерите и крајните потрошувачи. Увозот на јуниците ќе продолжи и во наредниот период Би требало вкупно 500 грла да завршат во македонските фарми, изјави Златко Најдовски, директор на секторот суровина во Млекара Битола.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 07:41 PM   #92
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Во првата половина од овој месец државата ќе понуди на продажба околу 50 локации за изградба на винарии, односно на т.н. вински пат, во Кавадарци, Неготино, Демир Капија и во уште неколку други општини, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по денешниот состанок на Комитетот за градежна експанзија.


Објави на комплекс локации ќе има и во Петровец за изградба на индустриски објекти, трговски центри, како и локации низ цела Македонија.

- Целта на Владата е привлекување што поголем број домашни и странски инвестиции, како и отворање нови работни места, рече Јанакиески.

Комитетот досега расчисти преку 1.300 локации кои беа предмет на јавно наддавање. Во најголем дел од нив веќе се почнати градби.

Во ова владино тело со кое претседава премиерот Никола Груевски, освен од транспорт и врски, членуваат и претставници од секторите земјоделство, животна средина, катастар, ... Комитетот ќе им помага, како што истакна Јанакиески, пред се на општините кои ќе продолжат со управување на градежното земјиште.

- Општините да достават што е можно поголем број изводи од планови за да може Комитетот да ги расчисти локациите. Повремено ќе повикуваме и градоначалници кои ќе дадат придонес во расчистувањето на локациите, апелира министерот.

Одговорајќи на новинарски прашања, Јанакиески напомена дека владините комитети се формираат онаму каде што е потребна меѓуресорска соработка. Воопшто нема преклопување на нивната работа со онаа на министерствата.

- За да се расчисти конкретна градежна парцела потребно е учество од општината која доставува извод од план кој потоа се доставува до катастарот кој, пак, треба да даде податоци неопходни за објавување на парцелата. Ако има каков било товар на таа локација, како закуп на земјоделско земјиште, мора да се вклучи ресорното министерство, за стратешка проценка би се вклучило Министерството за животна средина, објасни Јанакиески.

Сите институции вклучени во постапката учествуваат во комитетот.

- Комитетите се практично за координација меѓу ресорите и добра можност за забрзување на постапките од аспект на расчистување на земјиштето, на побрзо објавување концесии..., подвлече министерот.

По претстојниот државен празник Јанакиески, како што нагласи, ќе се сретне со Синдикатот на контролата на летање кој најави протести и ќе ги ислуша нивните барања. Сигурно ќе биде прифатено, рече, она што е разумно и согласно законот.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 07:43 PM   #93
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

„Фибула Ер Травел“ ќе гради луксузен хотелски комплекс во Охрид
01.09.2011 - 13:58 | Бизнис
Турската Фибула Аир Травел ќе гради во Охрид.

Планирано е на површина од 38 .227 метри квадратни да биде изграден хотелскиот комплекс по светски терк.

На местото кај Трудбеник во близина на каналот Студенчишта ќе никне хотелски комплекс со 5 * кој ќе биде спремен да прифати елитни туристи со сите нивни потреби и барања.

Ова е трет обид во последниве 30 години на истата локација да се гради хотел.

Како што велат од Фибула сеуште траат преговорите со неколку светски брендови за потребите на хотелот кој треба да биде изграден во Охрид

- Изборот на хотелскиот бренд ќе зависи од најдобрата понуда, односно кој од понудувачите ќе одговори на нашите барања, но и специфичните услови на македонската туристичка понуда и потребите од туристите кои доаѓаат тука, појасни Меѓедовиќ.

Со оваа турска инвестиција во Охрид се отвара еден нов импулс за придвижување на стопанството и економијата со отварање на нови работни места за кадарот кој излегува од факултетот за туризам и угостителство вели Танески .

- Позитивните аспекти од изградбата на таков луксузен сместувачки комплекс произлегуваат и од тоа што за изградба на објектот би била ангажирана локалната занатско-градежна оператива, вработување на локален угостителски и гастрономски кадар односно повеќе од 1.500 нови работни места, вели Танески.

Станува збор за инвестиција вредна помеѓу 50-60 милиони евра како и отварање на минимум 500 работни места .
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 07:43 PM   #94
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Ќе се гради откупен центар со ладилни комори во Чешиново
01.09.2011 - 14:52 | Бизнис
Поставен камен темелникот на новиот Откупен центар со ладилник за зеленчук и овошје во Општина Чешиново-Облешево.

Инвестицијата е вредна 400.000 евра, а половината од средствата се обезбедени преку ИПАРД програмата.

Досега инвеститорот во постоечките капацитети вршеше откуп и преработка 500 тони земјоделски производи, а со новата инвестиција компанијата очекува производството да достигне до 1.000 тони на годишно ниво.

- Сите наши производи ги откупуваме, селектираме и преработуваме и ги пласираме на странските пазари.- изјави Сашко Антовски, сопственик на "Екстра финги"- Кочани

Во моментот фирмата вработува, редовно и сезонски, околу 80 работници, бројка која со новиот капацитет ќе се дуплира. Исто така обезбедува сигурен пласман на зеленчукот, овошјето и печурките од целиот Источен регион.

- Во иднина самите земјоделци ќе произведуваат повеќе земјоделски производи зошто ќе има организиран откуп- изјави Јорданчо Лефков, градоначалник на О. Чешиново - Облешево.

Лефков додаде дека во претстојниот период се очекуваат уште неколку инвестиции, а во тек е и продажбата на градежните плацеви во новата индустриска зона во село Облешево.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 07:44 PM   #95
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

„Кромберг и Шуберт“ го доби одобрението за градба во битолската зона
31.08.2011 - 20:36 | Бизнис
Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ денеска доби одобрение за градба на фабрика за автомобилска опрема која ќе биде лоцирана во индустриската зона „Жабени“- Битола.


Градоначалникот Владимир Талески денеска на прес-конференција соопшти дека завршени се сите формалности и се создадени услови идната недела да почне подготовката на парцелите на кои ќе се гради и функционира идната фабрика за изработка на кабли за возила.

- Условите што ги понудивме резултираа со доаѓање на фирма гигант во Битола. Денеска го врачивме првото одобрение за градба и очекуваме инвеститорот да почне со подготовка на локациите овој понеделник, а воедно и да повлече други фирми што ќе се стационираат во индустриската зона „Жабени“. Оваа и другите фабрики значително ќе го намалат проблемот со невработеноста во нашиот град, истакна Талески.

Од консултантската фирма „Иванов“-Битола потврдија дека магацинскиот дел и просторот за производство на кабли ќе биде изграден до март, а административниот објект и партерот ќе бидат завршени кон крајот на мај 2012 година.

- Во првата фаза очекуваме вработување на околу 2.500 лица со можност за максимален капацитет на вработеност од околу 4.000 лица, од нив околу 250 лица ќе бидат со високо образование, а останатите со соодветни квалификации, посочи Михаил Димитровски, претставник на консултантската и проектантска фирма „Иванов“-Битола.

Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ е со 100-годишна традиција која изработува и пакува кабли за автомобили од светски познатите брендови „БМВ“, „Ауди“ и „Мерцедес“ со 30 големи фабрики на сите континенти.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 07:45 PM   #96
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

„Мадерсон груп“ влегува на македонскиот пазар со две фабрики
31.08.2011 - 15:33 | Бизнис
Индиската компанија „Мадерсон груп“ денеска со поставување камен-темелник во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 го официјализираше влезот на македонскиот пазар.


Станува збор за инвестиција вредна 12 милиони евра со која треба да се обезбедат нови 140 вработувања. Планирано е на површина од 2,7 хектари да бидат изградени два производствени погона во кои ќе се произведуваат делови за ретровизори, односно во еден од објектите лимени делови за ретровизори, а во другиот стакло за ретровизори. Целото производство ќе биде наменето за европските производители на автомобили кои ќе ги добиваат готовите ретровизори претходно монтирани во фабрика на групацијата во Унгарија.

Новите објекти треба да бидат готови за една година, односно до август следната година.

Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на поставувањето камен-темелник, истакна дека е гордост што во Македонија влегува голем гигант како што е „Мадерсон груп“ којшто е присутен во околу 30 земји од светот и кој успеал секаде каде што отворил фабрика.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 07:46 PM   #97
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Нова фабрика во Бучим
28.08.2011 - 15:48 | Бизнис
Над 8. 000 рудари го слават својот ден – најдобрите добија и признанија. Да бидеш рудар не е лесно. Според сите истражувања, тоа е најтешката професија во светот. Затоа министерот за финансии Ставревски порача само сигурни услови и реални плати се основата за развој на оваа гранка.

Во Република Македонија постојат околу 100 рудници во кои се вработени над 8.000 лица, додека рударството зафаќа скоро третина од индустриското производство во земјава. Професијата рудар, според сите истражувања, е една од најтешките во светот. Сигурни услови за работа и реални плати се основа за развој на оваа гранка, рече Ставрески.

На денот на рударите Бучим отвори нова фабрика, eдинствена на Балканот за производство на катоден бакар. Инвестицијата е вредна 11 милиони евра, а ќе отвори и нови 65 работни места. Првите количини на странските купувачи ќе им бидат испорачи до крајот на годината

Нова инвестиција од 16 милиони евра за пронаоѓање на нови рудни наоѓалишта и во Рудникот за олово и цинк Саса. Првиот човек на САСА, Прохоров очекува и дополнителни 200 вработувања. Во министерството за економија во тек е и потготовка на нов закон за минерални суровини.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 07:47 PM   #98
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Агрокор во завршна фаза
28.08.2011 - 16:55 | Бизнис
Откупно дистрибутивниот центар на Агрокор веќе станува реалност! Проектот во чија реализација досега се инвестирани околу 11 милиони евра се наога во завршна фаза и од средината на септември треба официјално да започне со работа.

Комплексот кој зафака површина од над 8000 метри квадратни е целосно изграден,а во моментов се финализираат работите околу монтажата на машините и другата неопходна опрема. Центарот ке раполага со најсовремени мерни уреди,разладни комори,калибратори,хали за пакување и транспортни системи за прифакање и дистрибуција на зеленчук и овошје со дневен прием кој ке се движи помегу 200 до 300 тони.

..Целата стока ке доаѓа тука, напред ни е приемното одделение и после приемното одделение имаме комори за брзо ладење каде што зависи кој артикл ке дојде на ред за пакување во пакувалната на таа температуре тој артикл се лади за да дојде во пакувалната.Од кога ке биде подготвен и спакуван,ова пред нас е излезното одделение каде што истото до моментот на утовар и дестинацијата каде што се вози се ставе на посебен режим до утовар.,, вели Блажо Витанов директор на фирмата ,,Плодови фруктус,, претставник на Агрокор.

Отварањето на новиот откупно дистрибутиве центар треба да отвори и нови можности за земјоделците од регионот. Дел од нивните очекувања насочени кон промени на откупната политика но и конечно заживување на договорното производство.

..Се надеваме дека можеби ке профункционира договорното производство за кое што мислам дека земјоделците сеуште не веруваат во некое договорно производство, ама доколку еве како Агрокор таква сила таква големина ако почне да го имплементира договорното производство земјоделците ќе имаат доста добар бенефит од Агрокор.,, рече Драги Памуков - земјоделски производител.

..Дел од откупната политика на градинарските култури се надеваме дека ке се измени и малку ке биде поолеснително како за нас лично како земјоделци. Ке имаме директен пристап, поблизок со транспортот и директно ке можеме да ја пласираме како што они самите кажуваат, земјоделците можат самите да ја достават стоката директно кај него на магацин.,, изјави Васе Митушев - земјоделски производител.

Хрватски Агрокор преку својата ќерка фирма,, Плодови фруктус,, во земјава е присутен веке четврта сезона. Во 2008 имаат откупено околу 5500 тони земјоделски производи, во 2009 откупиле 13.000 тони,а во 2010 околу 20.000 тони. Оваа година планираат да ја завршат со над 25 000 тони овошје и зеленчук од кои дури 90% се наменети за странските пазари.

Годишното производство на земјоделски производи во струмичкиот регион тежи над 250 милиони килограми. Стартот со работа на новиот откупно дистрибутивен центар кој ќе биде со капацитет од околу 50.000 тони на овошје И зеленчук за една година, за земјоделците од регионот ќе значи и решавање на еден дел од најголемиот проблем со кој тие се соочуваат, пласманот на нивното производство.

Зоран Ѓорѓиев
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 14th, 2011, 07:48 PM   #99
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Рудникот за олово и цинк „Саса“ со производство на 700.000 тони олово-цинкова руда годишно
28.08.2011 - 14:49 | Бизнис
Рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска Каменица денешниот Ден на рударите го одбележува работно.


Според изјавата на Максим Прохоров, директор за инвестиции, годишно рудникот произведува 700.000 тони олово-цинкова руда која преработена во олово-цинков концентрат се пласира на светските пазари.

Според Прохоров, во моментот се реализира инвестицијата од 16 милиони евра за отворање на нови рудни наоѓалиште во хоризонт 830, според концесијата за експлоатација добиена од ресорното Министерство за економија и Владата на Република Македонија. Со ова бројот на вработените од 700 ќе се зголеми за нови 200 работници.

Прохоров ја истакна соработката на рудникот со општината Македонска Каменица. Пред месец дена рудникот инвестираше 40.000 евра за реконструкција на градскиот базен, а квартално во буџетот на општината се уплаќаат по 23 милиони денари од концесијата на рудниците „Саса“.
new wave no está en línea   Reply With Quote
Old September 16th, 2011, 05:42 PM   #100
new wave
Registered User
 
new wave's Avatar
 
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,431
Likes (Received): 5

Раст на прометот во индустријата
16.09.2011 - 16:24 | Бизнис
Прометот во индустријата, во јули годинава во однос на јули лани бележи пораст од 23 проценти.


На домашниот пазар прометот бележи раст од 17,7 отсто, а на странските пазари од 27,6 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен бележи пораст од 15,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 23,5 отсто.

Според главните индустриски групи, пораст кај Енергија има за 25,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 17 проценти, Капитални производи за 140 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 68,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,2 отсто.

Прометот во индустријата во јули 2011 година, во однос на јуни 2011 година, бележи раст од 7,8 отсто, додека во периодот јануари-јули 2011, во однос на периодот јануари-јули 2010, растот на прометот во индустријата изнесува 27,2 отсто.
new wave no está en línea   Reply With Quote


Reply

Thread Tools
Display Modes Rate This Thread
Rate This Thread:

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off



All times are GMT +2. The time now is 07:21 AM.


Powered by vBulletin® Version 3.8.7
Copyright ©2000 - 2013, vBulletin Solutions, Inc.
Feedback Buttons provided by Advanced Post Thanks / Like v3.1.2 (Pro) - vBulletin Mods & Addons Copyright © 2013 DragonByte Technologies Ltd.
vBulletin Optimisation provided by vB Optimise (Pro) - vBulletin Mods & Addons Copyright © 2013 DragonByte Technologies Ltd. (Resources saved on this page: MySQL 23.08%)

SkyscraperCity - In Urbanity We Trust

Hosted by Blacksun, dedicated to this site too!
Forum server management by DaiTengu