|
|
| daily menu » rate the banner | guess the city | one on one |
|
|||||||
| Makedonski Forum Македонски форум |
![]() |
|
|
Thread Tools | Rate Thread | Display Modes |
|
|
#101 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Македонија е лидер во регионот во електронските технологии имплементирани во државните институции.
Купиштата хартија во Парламентот и Владата, долгите редови на шалтерите и некооперативната администрација се веќе минато. Васко Кроневски, директорот на македонската ИТ-компанија Некстсенс, која втора година по ред е организатор на конференцијата посветена на е-демократијата, вели дека земјава е пример дури и за развиените европски држави. Некстсенс и Центарот за развој на е-Влада од Љубљана на едно место ќе соберат експерти од целиот свет кои ќе дискутираат за механизмите кои треба да обезбедат потранспарентни и поефикасни институции. Кроневски истакнува дека секогаш она што е презентирано од страна на Македонија наидува на интерес кај гостите бидејќи со проектот е-влада државава е во чекор со светските трендови. Целта на тридневната конференција која почнува утре во Охрид е да се истакне успешниот пример и напредокот на Македонија во воведувањето на електронските механизми во легислативниот процес, но и да се разменат искуства од областа на е-демократијата. |
|
|
|
|
|
#102 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Во Њујорк бизнис форум „Македонија – Најконкурентна европска бизнис дестинација“
24.09.2011 - 10:00 | Бизнис Македонската Влада вчера во Харвард клубот во Њујорк организираше Бизнис форум за презентација на инвестициските можности на нашата земја „Македонија – Најконкурентна европска бизнис дестинација“, на кој учествуваа претставници на околу 100 американски компании, јави известувачот на МИА. Премиерот Никола Груевски на форумот говореше за економската состојба во Македонија, а свое обраќање имаше и заменик премирот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски кој зборуваше за македонската економска политика и нејзините стратешки приоитети, додека пак Виктор Мизо се обрати на тема „Бенефиции и иницијативи за правење бизнис и инвестирање во Македонија“. - Владата на Република Македонија во изминатите пет години спроведе сеопфатни и суштински економски реформи во насока на воспоставување на функционална пазарна економија, стимулирање на конкуренцијата и личната одговорност на поединците, но и реформи во останатите сегменти од системот, овозможувајќи им основа за поквалитетен живот на граѓаните на Република Македонија, истакна Груевски во своето обраќање. Тој додаде дека целта на Владата е постигнување и одржување на висок економски раст, преку развој на приватниот сектор, привлекување инвестиции и отворање нови работни места. Премиерот информира дека во 2010 година македонската економија започна постепено да закрепнува, и оти во првиот квартал од 2011 година е забележан охрабрувачки висок раст на БДП од 5,1 проценти. Тој потсети дека последната информација објавена завчера е оти растот на БДП во вториот квартал од 2011 година е 5,3 проценти, со што може да се каже дека во првата половина од годината имаме раст во просек од 5,2 отсто. |
|
|
|
|
|
#103 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Македонски компании заинтересирани за приватизацијата на Солунското пристаниште
23.09.2011 - 21:41 | Бизнис Десетина најголеми македонски компании, членки на Стопанската комора на Македонија, се заинтересирани да учествуваат во приватизацијата на Солунското пристаниште. Тоа го соопштил претседателот на СКМ Бранко Азески на неговиот домаќин Димитриос Бакацелос, претседателот на солунската Трговско-индустриска комора, на нивната денешна средба во Солун. - Станува збор за најголемите македонски компании кои со децении работат и се клиенти на Солунското пристаниште. На претстојниот саем за „Транспорт и логистика“ во Скопје ќе се сретнеме и со менаџментот на пристаништето и ќе разговараме на оваа тема, истакна Азески, кој очекува дополнителни информаци околу претстојната приватизација од Солунската комора. Бакацелос посочил дека приватизацијата на пристаништето е обврска која Грчката влада је превзела и пред Европската унија, а која мора да заврши до крајот на 2012 година. - Се уште не е утврдено што ќе се приватизира, дали дел од терминалите или ќе се оди на варијантата на учество на надворешни инвеститори во сопственоста на целото пристаниште. Во секој случај, тендерот што ќе го распише државата ќе биде достапен до сите. Но, сепак, ние им стоиме на располагање на нашите колеги од СКМ за сите потребни информации, истакнал Бакацелос. Во разговорите Азески го покренал и прашањето на штрајковите на граничните премини и во пристаништето, од кои големи штети трпат и македонските компании, но и грчкиот бизнис кој е многу присутен во Република Македонија. Според статистиката, во првите седум месеци од 2011 година е зголемена за 15,5 вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Грција и изнесува 422,6 милиони американски долари. Притоа, остварен е извоз во вредност од 126,9 милиони долари, додека увозното салдо изнесува 295,7 милиони. |
|
|
|
|
|
#104 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Премиерот Груевски и владин тим во Детроит на средби со американски компании
25.09.2011 - 09:55 | Бизнис Делегациите во Америка ги презентираат успешните економски движења во Македонија. Во реномираниот њујоршки бизнис клуб ,,Харвард,, пред околу стотина заинтересирани менаџери вицепремиерот Пешевски ги презентираше поволностите за инвестирање кај нас. По завршувањето на официјалниот дел до нашите претставници упатени биле многу прашања, што говори и за интересот за вложување во Македонија. Денеска ќе бидат остварени и директни средби со неколку автокомпании од Детроит, кои самите побарале состанок со владиниот тим и пројавиле сериозен интерес за посета на нашата држава. - Се работи за појаснување на бенефициите кои Република Македонија ги дава на странските инвеститори. Она што го нагласивме и за време на форумот е дека Македонија е заинтересирана за компании кои што покрај инвестирање на капитал, ќе бидат подготвени да трансферираат и дел од своето знаење на локалните македонски компании. Отворањето нови работни места е, се разбира, една од најважните работи кои странските инвеститори ги носат во државата, но трансферот на знаење, на менаџерски вештини и на технологии е она што долгорочно и е потребно на Македонија и токму на тие компании ставаме акцент, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски |
|
|
|
|
|
#105 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Околу 300 милиони евра ќе бидат инвестирани во енергетиката
05.10.2011 - 19:58 | Бизнис Енергетскиот сектор останува во фокусот. Државната ЕЛЕМ во наредните четири години планира да инвестира околу 300 милиони евра во енергетиката. Инвестицискиот циклус започна со модернизација на РЕК Битола. Денеска беше пуштен во употреба автоматизираниот блок на комбинатот со што неговиот век ќе биде продолжен за 30 години. |
|
|
|
|
|
#106 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Македонски Телеком ќе вложи 14 милиони евра во модернизација на мрежата
04.10.2011 - 14:10 | Бизнис Македонски телеком ќе ја модеренизира комплетната мрежа во земјава со воведување на нова мултимедијална платформа. Тоа значи дека корисниците ќе ги добиваат сите услуги од телекомуникациската компанија преку интернет протокол. Македонија ќе биде првата земја во Југоисточна Европа што ќе има ваква мрежа. За спроведувањето на инвестицијата вредна 14 милиони евра секој корисник на Македонски Телеком бесплатно ќе добие единствен уред преку кој ќе ги обедини интернет пристапот, телефонијата и телевизијата. Проектот најпрво ќе се спроведе во Скопје, Гевгелија Тетово и Велес, а целосно треба да заврши во 2013-та. Од компанијата велат дека ова е технологија на иднината која со текот на времето ќе им овозможи на корисниците преку интернет, од било кое место, да активираат и различни домашни уреди. |
|
|
|
|
|
#107 | |
|
Moderador
Join Date: Jul 2007
Location: Riŋkonāda
Posts: 2,446
Likes (Received): 617
|
Economy Expert: Macedonia Very Lucky Not to be in Eurozone
October 10, 2011 Quote:
__________________
┌ CAMARINES SUR: SSC CAMSUR | PROJECTS AND CONSTRUCTION | PORTS AND SHIPPING ├ ASIA'S BEST THREAD: ASEAN REGIONAL NEWS THREAD └ VISIT: CAMARINES SUR |
|
|
|
|
|
|
#108 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
CNN MACEDONIA, in focus of the modern world and USA they keep eye on Macedonia
http://www.youtube.com/watch?v=cLNn-...layer_embedded |
|
|
|
|
|
#109 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Lesson in economy on CNN MACEDONIA in FOCUS!
http://www.youtube.com/watch?v=cRd47...eature=related |
|
|
|
|
|
#110 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Macedonian graphic design company making holiwood bluckbusters, in the business that is toughest industry in the world. Lesson of Economy and business on CNN the whole world learns.
http://www.youtube.com/watch?v=cu3FM...eature=related |
|
|
|
|
|
#111 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Biggest Cross in the world CNN Macedonia
http://www.youtube.com/watch?v=4mqVl...eature=related |
|
|
|
|
|
#112 |
|
BANNED
Join Date: Sep 2010
Posts: 703
Likes (Received): 14
|
Love the videos you are posting. Thanks.
|
|
|
|
|
|
#113 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
This is where the Hollywood MAGIC happens CNN MACEDONIA-economy business
My american freinds here in Seattle loves it too Nick thank you for watching http://www.youtube.com/watch?v=1gliBkXeJB0 |
|
|
|
|
|
#114 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Johnson Controls to invest EUR20m to build new plant in Macedonia
ABR Staff Writer Published 06 September 2011 Johnson Controls, a provider of automotive seating systems, is planning to invest EUR20m for the construction of a plant in Stip, Macedonia. The production plant will be located in the Stip Technological Industrial Development Zone and includes construction of cut & trim plant for car seats which will create new 1400 jobs. Contracts are due to be signed in the next two to three weeks, while the construction of the plant will start in mid October. The new plant will focus on producing car seat covers and it is expected to start its operations within a year to serve European clients. Macedonia project manager Steven Meylemans said Macedonia was picked as a business destination, because it is competitive and first and foremost due to the support and professionalism offered by domestic institutions. |
|
|
|
|
|
#115 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Британско-македонски форум за инвестиции во Лондон
19.10.2011 - 07:09 | Бизнис Македонска владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски денеска ќе учествува на Британско-македонски форум за инвестиции што ќе се одржи во „Painters Hall“ во Лондон. На форумот, на кој ќе се обрати премиерот Груевски, пред британски бизнисмени ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во Македонија, со посебен акцент на инвестициските проекти во инфраструктурата, енергетиката, минералните суровини и ИКТ секторот. Најавени се и панел дискусии на тема „Македонија, најнов бизнис партнер на Европа”, „Инвестирање во инфраструктура, енергија и природни ресурси” и „Инвестирање во информатичка и комуникациска технологија“. Греувски на форумот ја предводи македонската владина делегација, во чиј состав се вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, министерите за економија и за привлекување странски инвестиции, Ваљон Сарачини, Веле Самак и Бил Павлески, како и директорите на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот и на Дирекцијата за технолошко - индустриски развојни зони Висар Фида и Виктор Мизо. Тие ќе имаат излагања на панел дискусиите. |
|
|
|
|
|
#116 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Македонија е топ реформатор за 2012 година според Светска банка
20.10.2011 - 14:43 | Бизнис Македонија е топ реформатор за 2012 година. Според извештајот Доинг бизнис на Светска банка земјава е трета по ред најподобрена економија во светот. На вкупната ранг листа која брои 183 земји, Македонија е на 22 место. Во однос на ланското рангирање, земјата има скок од 12 места. - Македонија е на вистинската патека. Потребно е време за да се почувствуваат промените од реформите во економијата, меѓутоа во Македонија се гледаат овие промени кои се рефлектираат во неодамнешното зголемување на економската активност и зголеменото ниво на странски инвестиции - изјави Лилиа Бурунчук, претставник на Светска банка во Македонија. Македонија најголем напредок има остварено на четири полиња. Прво, добивање градежни дозволи каде има скок од 86 места. Решавањето на стечајните постапки со напредок од 61 место. Кај индикаторот пристап до кредити има напредок од 21 место, а кај регистрирањето имот напредокот е 18 места. За министерот Ставрески ова е огромен успех за кој е заслужна администрацијата која ги спроведува реформите. - Годинашниот извештај кажува дека Македонија оди напред. Тој кажува дека Македонија продолжува со успеси. Македонија е трет топ реформатор во светот според најреноминарниот Извештај за мерење на бизнис климата за 2012 година - изјави Зоран Ставрески, министер за финансии. Напредокот на Македонија на оваа листа почна во 2006. Тогаш земјава беше 94, а досега има скок од 72 места. Македонија останува лидер во регионот по спроведувањето на реформите. Од земјите од соседството членки на ЕУ, Словенија е рангирана на 37 место, Бугарија на 59, Романија на 72, а Грција на 100 место. Од другите змеји Хрватска е 80, Албанија 82, Србија 92. Од земјите од ЕУ пак, Македонија е подобро рангирана од 19 членки. |
|
|
|
|
|
#117 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Нова инвестиција вредна 10 милиони евра во општина Петровец
21.10.2011 - 15:47 | Бизнис Нова инветсиција вредна 10 милиони евра. Во општина Петровец италјански инветситори градат луксузен трговски центар. Според очекувањата, тој ќе биде готов за една година и во него ќе се вработат стотина луѓе. За италјанците ова е втора инветсиција во земјава, а веќе почнуваат и трета, најголема досега, во Каталаново. „Овие инветсиции ќе обезбедат вработување на ококу 250 луѓе во општината“, изјави градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски. Во општина Петровец Владата задоволна од обемот на инвестиции досега. Пешевски, вели дека е оптимист оти прогнозата за 300 милиони евра до крајот на годината ќе се оствари. „Реално очекуваме мало забавување на економијата во втората половина од годинава, но јас сум оптимист дека она што го имаме проектирано како странски инвестиции ќе биде остварено, изјави вицепрмеиерот Владимир Пешевски. Несигурноста на инветситорите заради грчката криза влијаеше и на Коридорот 8. Пријавените компании за концесија, не доставија понуди на тендерот. Сега Владата бара нов модел за реализација на овој прокет кој се вбројува меѓу клучните за привлекување повеќе инветситори. „Веќе е сосема извесно дека се оди со малку позабавено темпо и оти во повеќе фази ќе биде поделена реализацијата на овој проект, но сигурно е дека Владата нема да се откаже од неговата реализација“, вели Пешевски. По изборите, Макеоднија влезе во инвестициски циклус, почна изградбата на неколку нови фабрики во Бунарџик и другите зони. Заклучно со август инвестициите стигаа до 170 милиони евра, или колку за цела 2010 година. |
|
|
|
|
|
#118 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Македонија е ѕвезда во подем, анализира австриската ТВ ОРФ
31.10.2011 - 17:45 | Бизнис Македонија е ѕвезда во подем која ја надмина Австрија во рангирањето на бизнис климата. Вака австриската телевизија ОРФ 1 ја опиша Македонија во прилогот посветен на нејзиниот напредок на листата на Дуинг бизнис на Светската банка. Годинава Македонија бележи скок од 34-то на 22-ро место и е значително повисоко рангирана од Австрија која е на 32-то место, анализира ТВ каналот. Напредокот, кој освен што ја помести Македонија 12 места погоре на главната листа, и го донесе и признанието на трет реформатор во светот, го нотираше јавноста и во други земји. Медиумите во Бугарија прашуваат зошто Македонија напредува, а нивната земја заостанува на бизнис листата. Додека Македонија за неколку години се искачила за 44 позиции, Бугарија назадила и се наоѓа дури на 59-то место. Се набројуваат реформите во Македонија и се анализира состојбата во истите области во Бугарија. Заклучокот е дека иако проблемите во фунцкионирањето на администрацијата се познати, нема вистинска политичка волја за нивно решавање. Експертите се согласни дека континуираниот успех на Дуинг бизнис листата придонесува за значително подобрување на бизнис имиџот на Македонија, а крајната цел од тоа се поголеми странски инвестиции. Со 22-то место на главната листа на Дуинг бизнис, Македонија годинава се искачи пред сите земји во регионот и пред голем број на економии членки на Европската унија. |
|
|
|
|
|
#119 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Довербата во денарот го зголемува штедењето
31.10.2011 - 17:55 | Бизнис Довербата во денарот го зголемува штедењето. Само за една година денарските депозити пораснале за 17%, девизните за 9,5%. Граѓаните годинава заштедиле нови 178 милиони евра или 13% повеќе од лани. Во моментов како штедни влогови во банките има 3,67 милијарди евра, од нив 2,5 милијарди се на граѓаните. На денот на штедењето, банкарите, гувернерот и министерот за финансии, задоволни од бројките. Според нив, растот се должи на вербата, но и на внимателноста на граѓаните. - Македонија и македонскиот банкарски сектор се стабилни и граѓаните може да бидат сигурни во своите штедни влогови, а денарот е стабилна валута кој моментално обезбедува најголем принос за граѓаните, односно штедењето во денари е најисплатливо - изјави министерот за финании, Зоран Ставрески. - Во 2009 и до некаде 2010 година се намали потрошувачката, бидејќи населението беше внимателно и во услови на криза повеќе штедеше - изјави гувернерот на НБРМ, Димитар Богов. И кредитирањето расте со слично темпо. Но, каматите до крајот на годината нема да се менуваат затоа што мерките што ги презема НБРМ досега не се доволни за поголемо релаксирање на каматната политика. - Банките не добија доволно. Затоа до Нова година банкарскиот сектор не очекува намалување на каматите на кредитите - изјави Ѓорѓи Јанчовски, претседател на групација на банкари. Македонските банки останаа стабилни во услови на најголема финансиска криза. Најдобар доказ според банкарите за ова, е тоа што депозитите од 2008 година досега се зголемиле за дури 50%. |
|
|
|
|
|
#120 |
|
Registered User
Join Date: Jul 2011
Posts: 1,419
Likes (Received): 5
|
Австриските компании се чувствуваат стабилно на македонскиот пазар
27.10.2011 - 10:09 | Бизнис Македонија е сигурна земја за работење на компаниите со австриски капитал, вели Северин Хајниш, извршен директор на агенцијата за односи со јавност „Поглавје 4“ која овој месец отвори своја канцеларија во Скопје. Во интервју за австрискиот економски весник "Wirtschaftsblatt“, Хајниш нагласува дека австриските компании се чуствуваат удобно на Балканот, посебно во Македонија. Водечката ПР агенција за Југоисточна Европа „Поглавје 4“ има канцеларии и во Србија, Унгарија, Бугарија и БиХ, како и локални претставници во уште седум други земји во Источна и Југоисточна Европа. Во фокусот на нејзиното работење се и ќе бидат, нагласува Хајниш, меѓународните компании во регионот. - И малите пазари, исто така, имаат огромна улога, бидејќи живееме во глобален свет што подразбира и глобализирање на односите со јавноста, истовремено, во различни земји, вели Хајниш. Освен што работи со меѓународни корпорации, како што се Хјулит Пакард, Кока Кола и Луфтханза, агенцијата работи и со австриски локални бизниси во Македонија. - Во Македонија има околу 80 компании со австриски капитал. На Балканот, се разбира, нивниот број е многу поголем и тие се претприемачки настроени. Ние го следиме овој тренд и работиме со компаниите во Македонија, посочува Хајниш во интервјуто за економскиот весник. Авторот на текстот заклучува дека Македонија напреднала во сферата на деловното опкружување. За пет години се искачила 37 места што е нотирано во извештајот Дуинг бизнис на Светска банка 2011. Ова го потврдува и Хајниш, според кој, земјата се развива политички и економски, движејќи се кон Европската унија. Сепак, весникот потсетува дека Македонија има кандидатски статус од 2005 година, но е блокирана поради Грција. Целиот напис може да се прочита на интернет страницата http://www.wirtschaftsblatt.at/home/...92419/index.do |
|
|
|
![]() |
| Thread Tools | |
| Display Modes | Rate This Thread |
|
|