daily menu » rate the banner | guess the city | one on one

Go Back   SkyscraperCity > European Forums > Euroscrapers > Local discussions > Makedonski Forum

Makedonski Forum Македонски форум


Reply

 
Thread Tools Rate Thread Display Modes
Old June 4th, 2008, 02:04 AM   #1
Realek
BANNED
 
Realek's Avatar
 
Join Date: Mar 2006
Location: Skopje, Macedonia
Posts: 2,240
Likes (Received): 2

Energy | Енергетика

The long delayed compensation for the Russian debt is supposedly finally going to be realized. The Russians should deliver equipment and build several magistral gas pipelines throughout Macedonia (60 million $ from the debt and 20$ million $ additional money from the Macedonian budget, totaling 80 million $)

The agreement is supposed to be signed between September and December this year, and the deadline for construction is 3 years.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=93744

Quote:
Ќе се затвора рускиот клириншки долг
Мишко Иванов Коментари (1)
03.06.2008 19:22



Најрано до септември, а најдоцна до декември Македонија и Руската федерација би требало да го потпишат договорот за затворање на рускиот клириншки долг.

Ова за А1 го тврдат дипломатски извори. Велат дека се усогласува целиот проект со кој треба да се компензира долгот од 60 милиона долари.

Според проектот, ќе се гради гасоводна мрежа речиси низ целата држава. Вкупната инвестиција е 80 милиона долари.

Македонската држава ќе треба да доплати само 20 милиона, останатите ќе бидат дел од компензацијата за враќање на рускиот клириншки долг кон Македонија.

Проектот е веќе познат. Од постоечкиот гасовод пред Куманово се одделува крак кој преку Свети Николе ќе води до Штип и Велес.

Вториот крак од овој постоечки гасовод би требало да оди до Тетово и Гостивар, регион кој е индустриски експониран и кој има огромен потенцијал.

Се уште се разгледувале варијантите дали е можно од Велес гасоводната мрежа да стигне до Прилеп и Битола.

Нерешено, според ова, ќе остане уште Струмичко поле, но овој регион најверојатно ќе се поврзе преку Петрич, Бугарија.

Во проектот предвидена е и мрежата за главниот град. Според информациите, целиот овој проект би се изградил за три години.

Гасоводниот проект на Владата веќе и познат. Постоеше можност досега двапати да се потпише договор со Русите. Нема информација зошто се одолговлекува реализацијата.

Доброупатени во оваа проблематика велат дека на овој начин Македонија прави директен линк со Руската федерација, кој е од исклучително значење.

Домашната експертска јавност одамна предупреди дека Македонија за две до три години може да се соочи со сериозна криза за струја, а единствениот спас го гледа во гасот.

Истовремено земјава си го наплаќа рускиот клириншки долг, а обезбедена е и со гасна инфраструктура.
Realek no está en línea   Reply With Quote

Sponsored Links
 
Old September 27th, 2008, 10:16 AM   #2
Mr.BobbY
addicted user
 
Mr.BobbY's Avatar
 
Join Date: Jul 2008
Posts: 211
Likes (Received): 1



An Israeli company will construct the first solar power plant worth 1 billion euros in the vicinity of Sveti Nikole that will solve the chronic problem with lack of electricity in the country.
Ovce Pole, where there are 319 sunny days in the year will be the first solar valley in Europe where the solar energy will be maximally used. The signing of this agreement between Sveti Nikole Mayor and the leading people of the Israeli multinational company AIG for construction of 90 windmills that took place in June heralded the construction of the solar valley. From within the Israeli company they promised that the windmills will be finished in six months and the power plant in three years.
__________________
I don't need to get a life. I'm a gamer, I have LOTS of lives!
Mr.BobbY no está en línea   Reply With Quote
Old January 11th, 2009, 08:07 AM   #3
3tmk
Dennis Rodman
 
3tmk's Avatar
 
Join Date: Nov 2002
Location: Pyongyang
Posts: 10,292

so, is it a solar power or windmills?
__________________
3tmk no está en línea   Reply With Quote
Old January 11th, 2009, 06:17 PM   #4
Ivanski
инто спейс
 
Ivanski's Avatar
 
Join Date: Feb 2008
Location: wild east
Posts: 6,829
Likes (Received): 4

Windmills powered by the sun
__________________
my photos of Sofia
snowy fresh adds
Ivanski no está en línea   Reply With Quote
Old October 16th, 2010, 03:49 PM   #5
Singidunum
Grad Oblakodera
 
Singidunum's Avatar
 
Join Date: Jul 2004
Location: Beograd
Posts: 26,446

Србија ќе инвестира 20 млн. евра во далновод кон Македонија

Српското државно претпријатие Електромрежа на Србија (ЕМС) планира во наредната година да изгради 400 киловолтен далновод од Ниш до границата со Македонија. Целата инвестиција е проценета на 20 милиони евра, а проектот ќе биде финансиран со донација на Европската унија, пренесе агенцијата Бета.

„Изградбата на овој далновод долгорочно ќе го решено прашањето за снабдување на југот на Србија со електрична енергија, ќе овозможи привлекување на странски инвестиции и ќе го поттикне развојот на локалната индустрија“, стои во соопштението на ЕМС.

Притоа се додава дека новиот далновод ќе биде од исклучително значење за целиот регион на југоисточна Европа, што особено важи за Грција, која во летниот период има зголемена потреба за електрична енергија.
__________________
Like Skyscrapercity Serbian Forum on Facebook

Potpišite peticiju protiv rušenja Generalštaba!

"Nije vama lak život, vidim ja"
V.V.P.
Singidunum no está en línea   Reply With Quote
Old November 19th, 2010, 06:01 PM   #6
FoSsiL-mk
Registered User
 
FoSsiL-mk's Avatar
 
Join Date: Jul 2009
Posts: 2,162
Likes (Received): 151

Македонија доби официјална покана за учество на земјата во изградбата на нуклеарната централа Белене.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/bizn...vski-za-belene
__________________
Build.mk

Travel 2 Macedonia
FoSsiL-mk no está en línea   Reply With Quote
Old January 31st, 2013, 10:24 AM   #7
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,132
Likes (Received): 876

KОНЕЧНО ЌЕ СЕ ИСKОРИСТИ ПОЛОВИНА ОД KАПАЦИТЕТОТ НА ГАСОВОДОТ

Ќе потрошиме околу 400 милиони тони природен гас



Со почетокот на годинава Македонија доби поевтина цена на природниот гас, нешто што одамна не се случило. Kако што соопшти „Макпетрол“ кој има договор со „Газпром“ за и порака на рускиот гас, од јануари набавната цена се намалила од 579 на 496 долари за 1.000 кубни метри, а со тоа и продажната цена за стопанството е намалена за над 17 отсто. Но исто така се најави дека конечно ќе „мрдне“ и потрошувачката на овој енергент кој во изминативе години се трошеше во минимални количества. И ланската, како и годината претходно земјава има потрошено само околу 130 милиони метри кубни гас иако капацитетот на гасоводот е 800 милиони. За годинава се предвидува дека потрошувачката ќе се зголеми за нови 230 милиони кубици колку најави дека ќе искористи комбинираната гасна електрана ТЕ-ТО, во месеците во кои ќе произведува електрична енергија.

Истовремено, дополнителен корисник ќе биде и општина Kуманово која од се вклучи во потрошувачката, така што по 17 години од изградбата на гасоводот во земјава, ќе биде искористена половина од неговиот капацитет.

Намалувањето на цената на природниот гас секако ќе биде добредојдено за компаниите кои се приклучени на гасоводниот систем. Меѓутоа, колкава ќе биде нивната потрошувачка годинава секако ќе зависи од обемот на работа.

- Намалувањето на цената на природниот гас сигурно ќе влијае на намалување на производните трошоци. Меѓутоа, со оглед на намалените нарачки од нашите партнери, не можеме да направиме процена колку ќе биде нашава годишна потрошувачка. Ако се стабилизира пазарот, ќе се зголеми и потрошувачката, вели Александар Панов, директот на „Макстил“, една од компаниите приклучени на гасоводот.

Поголемата потрошувачка може да придонесе и за натамошно намалување на цените на овој енергент, кој кај нас, с` уште е далеку поскап отколку во другите земји. Така, на пример, во соседна Србија реакции предизвика понудената цена за годинава од 488 долари за 1.000 кубни метри бидејќи, како што реагираа од српското министерство за енергетика, нивното стопанство со вакви цени не може да биде конкурентно со другите земји. Според истите извори, процени се дека цената на природниот гас во Европа годинава ќе биде во просек 370 долари за 1000 кубици, а во Велика Британија - 230 долари.

Гасната електрана ТЕ-ТО инаку има друга цена на природниот гас, далеку помала од онаа што моментно ја нуди „Макпетрол“ на пазарот. Таа истиот го користи врз база на директен договор постигнат со филијалата на „Газпром“ од Швајцарија, кој во Македонија доаѓа преку фирмата „Синтез груп енерџи“ која е една од фирмите на доминантниот сопственик на нашата централа, руската компанија „Синтез груп“. (З.П.)

http://dnevnik.mk/?ItemID=82C0D5B6EE...96E8A23B483B89
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old February 1st, 2013, 09:41 PM   #8
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,132
Likes (Received): 876

Гаспром најскапо го продава гасот во Македонија, цените ќе паднат ако се зголеми потрошувачката

Македонија плаќа најскапо во Европа за гасот кој го испорачува рускиот енергетски гигант Гаспром.

Со 564,3 долари за 1000 кубни метри лани компанијата најскапо го продавала енергенсот во земјава, а зад неа следат Полска, БиХ, Чешка и Бугарија, според московскиот весник „Известија“.

Домашните експерти велат дека високата цена на инаку најевтиниот енергенс се должи на малите количини кои ги троши македонското стопанство и дека цените ќе паѓаат како што ќе се зголемува побарувачката, но и конкуренцијата меѓу снабдувачите.

Гасификацијата на Македонија е еден од стратешките проекти за кои се прават студии и подготовки. Владата очекува потпишување на договор за изградба на крак од Јужен тек што, напоредно со изградбата на мрежата, ќе ја зголеми потрошувачката носејќи го гасот до стопанството, јавните институции и домаќинствата.

Филип Момировски

http://www.sitel.com.mk/gasprom-najs...troshuvachkata
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old February 1st, 2013, 09:43 PM   #9
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,132
Likes (Received): 876

ЕВН презеде седум мали хидроелектрани од чешки „Хидропол“

ЕВН Македонија од денеска го презеде управувањето со седумте мали хидроцентрали кои од 2002 година беа под концесија на чешки „Хидропол“, откако заврши договорот за концесија на чешката компанија, соопштија од ЕВН.

- Во текот на изминатите 11 години, ЕВН и „Хидропол“ ги реконструираа, модернизираа и техничко-технолошки ги надградија малите хидроцентрали Дошница, Калиманци, Матка, Пена, Песочани, Сапунчица и Зрновци – се вели во соопштението.

Покрај овие седум мали централи, во сопственост на ЕВН Македонија се и ХЕЦ Попова Шапка, ХЕЦ Бабуна, ХЕЦ Белица и ХЕЦ Турија кои, исто така, се целосно ревитализирани, автоматизирани и технолошки компитабилни.

Вкупната инсталирана моќ на сите 11 мали хидроцентрали изнесува 47 мега вати, што претставува зголемување за 10 проценти, освен кај ХЕЦ Матка каде моќноста е двојно зголемена со изградбата на целосно нова хидроцентрала. Просечното годишно производство изнесува 130 гигават часови електрична енергија.

http://www.plusinfo.mk/vest/78681/EV...eshki-Hidropol
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old February 1st, 2013, 09:44 PM   #10
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,132
Likes (Received): 876

Емисијата „Енергетска азбука“ почнува на МТВ

Серијалот на едукативни емисии со наслов „Енергетска азбука“, кој е дел од Платформата за енергетска ефикасност на ЕВН Македонија и Министерството за економија, ќе почне да се емитува на Македонската радио телевизија.
Преку емисијата ќе се информираат граѓаните за теми од енергетиката, со акцент на енергетската ефикасност.

Водител на емсијата е актерот Зоран Љутков. Тој одблиску ќе ги посетува енергетските постројки и ќе ги промовира причините и начините за разумно користење на електричната енергија. Емисијата ќе има и интерактивен карактер, гледачите ќе можат преку специјално креирана Фејсбук страница да го тестираат своето знаење.

Емисијата „Енергетска азбука“ ќе се емитува секоја втора сабота, на првата програма на Македонската радио телевизија во 13:30 часот. Репризата е во недела во 17:35 часот.

На МТВ 2 емисијата ќе се емитува со превод на албански јазик, а премиерата на оваа програма е во сабота во 19:10 часот.

http://www.plusinfo.mk/vest/78677/Em...chnuva-na-MTV-
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old February 13th, 2013, 09:09 PM   #11
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,132
Likes (Received): 876

Господарите на струјата во Македонија лани свртеа 170 милиони евра!

Најголеми продавачи се трговските фирми ЕФТ Македонија и ГЕН-М и двете продадоа струја вредна над 120 милиони евра. Најголеми купувачи се ЕВН Македонија и ФЕНИ Индустри што платија вкупно 100 милиони евра за струја

ЕВН Македонија е најголем купувач на електрична енергија во Македонија, а трговската компанија ЕФТ Македонија е најголем продавач на струја на македонскиот пазар лани, покажуваат официјалните достапни податоци за 2012 година. Лани ЕФТ Македонија од продажба на струја во Македонија остварил приходи кои надминуваат 70 милиони евра, а ЕВН Македонија за купување на струја на домашниот пазар потрошила околу 55 милиони евра. Заради тоа Македонија нема берза за електрична енергија нема ниту официјална просечна пазарна цена по која се тргува струјата. Заради тоа анализата МКД.МК ја направи врз основа на апроксимативна регионална просечна годишна пазарна цена од 60 евра за мегаватчас утврдена по набљудување на цените на берзите во нашиот регион во Словенија, Италија, Романија и Унгарија.

Македонска работа! Берзата ќе била неисплатлива, а прометот е 170 милиони евра

Македонија со години досега не може да формира берза за тргување со електрична енергија и преносни капацитети. Според официјалните податоци лани на сегментот на кој цените на струја се формираат пазарно само заради тоа што Регулаторната комисија за енергетика нема надлежност се продадени и купени 2,8 милиони мегаватчасови електрична енергија, што е 34 отсто од целото консумирање електрична енергија лани. Официјална пазарна цена на струјата во Македонија нема заради тоа што нема берза за струја. ЕВН Македонија, МЕПСО и ЕЛЕМ кога имаат потреба струја купуваат преку јавни тендери на кои можат да се јават сите заинтересирани трговци или производители. Групата големи потрошувачи на струја, предводени од ФЕНИ Индустри, во која влегуваат уште и Југохром Фероалојс, Митал Стил, Скопски легури, Макстил, ОКТА, Бучим и УСЈЕ купуваат струја од трговците преку годишни билатерални договори со фирми што ги одбираат по моделот на собирање на понуди или преговори.

Кој најмногу наплаќа, а кој многу плаќа?

Според официјалните достапни податоци ЕВН Македонија лани е најголем купувач на електрична енергија за своите потреби за снабдување на дистрибутивната мрежа. Лани таа компанија по пазарни услови купила речиси 913.000 мегаватчасови електрична енергија од нејзините понудувачи. Тоа претставува една третина односно 32,6 отсто од целата истргувана количества струја по пазарни цени лани во Македонија. На второ место, очекувано, е ланскиот лидер ФЕНИ Индустри кој купил 25,8 отсто од целата продадена електрична енергија лани во Македонија. Според приближните 60 евра за мегаватчас овој комбинат лани за струја платил околу 44 милиони евра. На третото место е комбинатот за производство силициум „Југохром“ од Јегуновце. Тој лани купи 10,8 отсто од количеството струја тргувано по нерегулирани цени. Неговото приближно учество во прометот е 18,4 милиони евра. На четврто место е најголемиот државен производител на струја ЕЛЕМ. Лани оваа компанија купила 9,8 отсто од струјата што се нудела на пазарот, а на петтото место е националниот електропреносен систем-оператор МЕПСО, кој за покривање на загуби на преносна мрежа и за системски услуги купил околу 168.000 мегаватчаса.

Најголем продавач бил ЕФТ Македонија, кој држи 47 отсто од целата струја продадена лани по нерегулирани цени односно на македонскиот пазар на електрична енергија. Македонската експозитура на словенечката компанија за производство и трговија со струја ГЕН-И лани покрила 30,7 отсто од пазарот. Далеку зад нив, но пред другите трговци лани била трговската фирма на ЕЛЕМ, ЕЛЕМ Трејд која покрила 8,2 отсто од побарувачката за струја. По неа е трговската фирма на ЕВН Македонија, која покрила 4,5 отсто од пазарот. Петти е српски Руднап со пазарно учество од 3,5 отсто.

http://www.mkd.mk/90941/ekonomija/go...-milioni-evra/
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old February 13th, 2013, 09:10 PM   #12
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,132
Likes (Received): 876







http://faktor.mk/archives/23012
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old February 19th, 2013, 03:45 PM   #13
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,132
Likes (Received): 876

Одземени концесиите за изградба на две мали хидроелектрани

Министерството за економија започна да ги одзема концесиите за искористување на водниот потенцијал за производство на електрична енергија на оние компании што не ги реализирале сопствените проекти во законски утврдениот рок од три години. ЕМК ДООЕЛ Мали хидроелектрани од Скопје ги изгуби двете концесии за изградба на мали хидроелектрани на Отљанска и Обедничка река поради непреземање активности во процесот на нивна реализација и покрај дадениот дополнителен рок, јави економскиот интернет – портал „Фактор“. Во овој проект беше предвидено да се вложат 1,2 милиони евра, а просечното годишно производство на електрична енергија требаше да изнесува 1,8 GWh.

Според информациите од Министерството за економија, досега се пуштени во употреба седум мали хидроелектрани, додека 20 други енергетски објекти од овој вид се во фаза на градба. Преку спроведените пет меѓународни огласи се доделија 70 концесии за искористување на водниот потенцијал за оваа намена, при што вкупната инвестиција во сите проекти би била 120 милиони евра. Во согласност со Студијата за хидроенергетскиот потенцијал на мали ХЕ изработена во 1980 година, во земјава треба да се изградат 400 мали хидроелектрани, со вкупна инсталирана моќност од 255 MW и очекувано годишно производство од 670 GWh.

ЕМК ДООЕЛ Мали хидроелектрани од Скопје е правен субјект основан од австриската компанија Energy Eastern Europe. Покрај во Австрија и во Македонија, таа работи на проекти за изградба на мали хидроелектрани и во Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во моментов во земјава во процес на изградба се четири електрани на реките Љубанска, Брестјанска, Мала Река и Големача. Тие како инвеститори се јавуваат и на уште два вакви енергетски објекта на Крива Река кои треба да се реализираат во претстојниот период, а нивната инсталирана моќност е планирано да изнесува 2,89 MW.

http://www.build.mk/?p=22941
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old February 23rd, 2013, 04:04 PM   #14
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,132
Likes (Received): 876

Kрак од „Јужен тек“ преку Ниш за Македонија



Првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер на 28 февруари ќе престојува во Србија, за да разговара за изградбата на гасоводот што ќе биде дел од „Јужен тек“, како и цената на рускиот гас, јави агенцијата ИТАР-ТАСС. Според истиот извор, на кој се повикува косовскиот весник „Експрес“, дел од гасоводот ќе минува и низ Kосово, преку Ниш, за да ги снабдува со гас Kосово и Македонија.

Освен овој крак, од гасоводот крак ќе продолжи и кон Република Српска и кон Хрватска. Должината на гасоводот низ Србија ќе биде 450 километри и ќе чини 1,7 милијарда евра. На 20 февруари српскиот парламент усвои закон што ја регулира изградбата на „Јужен поток“.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DD...A5BE276F9D44E3
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old March 1st, 2013, 07:24 PM   #15
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,132
Likes (Received): 876

Стартува изградбата на пет мини хидроцентрали во Каварадци

Во Кавадарци денеска почнаа работите за изградба на пет мини централи и реконструкцијата на дел од водоводниот систем “Бошава”. Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов им ја врачи градежната дозвола на локалното претпријатие Водостопанство “Тиквеш“ и Турбоинститит од Словенија како партнер на водостопанското претпријатие.

- Со реализацијата на овој проект ќе ги добиеме потребните количини вода низ овој цевковод, стабилна вода во каналот и технолошка вода за кавадарчани. Имајќи го во предвид и другиот проект, кој веќе се реализира за зголемени количини на вода за пиење, јасно е дека Кавадарци добива и вода за пиење и вода за наводнување со технолошка вода за градот, како и производство на електрична енергија, рече Панов.

Директорот на „Тиквеш“ се заблагодари на локалната самоуправа што навреме ги обезбедила потребните документи за старт на работите. Владимир Керцан од Турбоинститут Словенија рече дека е горд што е дел од прокетот кој ќе донесе не само струја, туку и доволно вода.

- Денеска почнува реконструкцијата на каналот и би сакале работата да ја завршиме до крајот на годината, рече Керцан.

Мини-централите ќе произведуваат 37 гигават часови електрична енергија.

http://ekonomski.mk/?p=28009
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old March 2nd, 2013, 03:29 PM   #16
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,132
Likes (Received): 876

Словенечки „Турбоинститут“ ќе гради пет мали хидроелектрани во општина Кавадарци

На хидросистемот „Бошава“ ќе се подигнат пет мали хидроелектрани со инсталиран капацитет од 10,9 мегавати, кои се очекува на годишно ниво да произведуваат 32 гигават часови електрична енергија. Проектот ќе се реализира преку применување на моделот на јавно – приватно партнерство помеѓу претпријатието Водостопанство „Тиквеш“ и словенечката компанија „Турбоинститут“ од Љубљана, која ќе ги изведе енергетските објекти преку македонската фирма – ќерка „Хидро Бошава“. Вкупната инвестиција изнесува 13,5 милиони евра и со неа е предвидено да се реконструира и дел од водоводниот систем „Бошава“. Покрај производството на електрична енергија преку искористувањето на водите од системот, планирано е со зафатот да се обезбедат неопходните количини на вода за пиење и вода за наводнување.

Локалната власт од Кавадарци денес му ја врачи градежната дозвола за изградба на петте мали хидроелектрани на словенечкиот инвеститор, а во претстојниот период ќе започнат и изведбените активности на терен. Плановите на компанијата од Љубљана предвидуваат до крајот на 2013 година да се спроведе на дело целокупниот проект. Договорот за јавно – приватно партнерство за подигнување на овие енергетски објекти беше потпишан во мај минатата година. Компанијата „Турбоинститут“ е основана во 1948 година како специјализиран центар за развој на хидраулични машини и досега има реализирано преку 400 мали хидроелектрани во бројни земји во светот.

http://www.build.mk/?p=23259
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old March 5th, 2013, 04:14 PM   #17
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,132
Likes (Received): 876

Плаќаме поскапо парно од Хрватите и од Бугарите, а исто со Словенците



Ако се земе предвид платежната моќ на населението, Србите се во најлоша состојба, а веднаш по нив сме ние, што значи дека со втора најмала просечна плата во регионот плаќаме изгор цена за топлинска енергија

Македонците плаќаат поскапо парно од Хрватите и од Бугарите, имаат исти сметки со Словенците, а пониски од Србите. Ова го покажува споредбената анализа за цените на топлинската енергија за домаќинствата во регионов. Според неа, со сегашната пониска цена на топлинската енергија за 14,24 отсто Македонците имаат „посолени“ сметки за 24 отсто од Бугарите и за 18 отсто од Хрватите. Цените на топлинската енергија кај нас и во Словенија се речиси исти, а рекордери на Балканот се Србите, кои имаат за 31 отсто повисоки сметки за парно греење од нас.

Меѓутоа, според споредбата на платежната моќ на населението, Србите се во најлоша ситуација на овој план, а веднаш по нив сме ние. Односно, излегува дека со втора најмала просечна плата во регионот Македонците плаќаат изгор цена за топлинска енергија.

Експертите објаснуваат дека тоа се должи пред с` на фактот што, за разлика од другите земји во регионот, ние имаме скапо производство на топлинска енергија.

- Земјите од регионот имаат пониска цена на топлинската енергија бидејќи имаат мешано когенеративно производство. Значи немаат котелско производство како ние и затоа имаат пониска цена. Ние сега почнуваме со ваков начин на производство, со гасната централа ТЕ-ТО - објаснуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

Повеќе на http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=80...B859C6E2D38038
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old March 19th, 2013, 01:30 PM   #18
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,132
Likes (Received): 876

Македонско-руска фирма ќе ја приклучи Македонија на Јужен тек

Приклучокот на македонскиот крак на гасоводот „Јужен тек“ ќе го направи мешовита фирма во која по 50 отсто од сопственоста ќе имаат македонската држава и „Газпром“. Ова е договорено при последната средба на македонската владина делегација на Русија на која се усогласени сите детали околу овој проект, па останува истото само да се ратификува од двете држави, пишува Дневник.

Притоа, станува збор само за многу кратко растојание од гасоводот, односно само за „влезот“ во земјата, а останатиот дел од кракот ќе биде македонска инвестиција. Kај нашите соседи, пак, Бугарија или Србија, каде што гасоводот минува во транзит, „Газпром“ има 51 отсто од сопственоста, а на државите им се оставени по 49 отсто.

Од каде ќе доаѓа „Јужен тек“ во Македонија сe` уште не е познато и веројатно, како што велат извори од овој сектор, ќе зависи од тоа како ќе биде конципиран гасоводот на Балканот чие исцртување постојано трпи промени. А тоа, пак, зависи од исходот на приватизацијата на грчката компанија за гас ДЕПА. Имено, освен можноста кракот да влегува од Србија (како што веќе пренесоа српските медиуми изјава од „Газпром“), односно преку Ниш и Врање да доаѓа до Македонија и истовремено да оди за Kосово, сe` уште се отворени опциите тој да доаѓа од Бугарија и да биде паралелен со сегашниот гасовод, но исто така влезот да биде од Грција.

Што се однесува до делот од гасоводот кој ќе оди од Kлечовце до Kавадарци и кој треба да се изгради во голем дел со средствата што Русија ни ги должи од клириншкиот долг, упатени извори велат дека е при крај усогласувањето на деталите од договорот со руската фирма „Стројтрансгас“ која треба да ги заврши работите. Процени се дека изградбата ќе стартува во мај при што за целата должина од трасата веќе е завршена експропријацијата на земјиштето. Реализацијата на оваа делница ќе овозможи гасификација на повеќе општини кои во меѓувреме ќе добијат време да ја подготват инфраструктурата во своите општини за приклучување на гасоводната мрежа, пишува Дневник.

http://ekonomski.mk/?p=31199
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old March 26th, 2013, 12:32 PM   #19
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,132
Likes (Received): 876

Повластените произвеле само 18.000 мегават-часови струја

Во електроенергетскиот систем на земјава во функција се 13 мали хидроцентрали и 16 фотонапонски, а во фаза на изградба сč уште 11 мали и исто толку соларни централи, кои произведуваат струја по бенефицирани цени

Ланската година во електроенергетскиот систем во земјава беа вклучени 29 повластени производители на електрична енергија, односно 13 мали хидроцентрали и 16 фотонапонски кои произведената електрична енергија ја продаваат на Операторот на пазарот на електрична енергија ( МЕПСО), по повластени тарифи. Притоа хидроцентралите се со инсталирана моќност од 6.377 киловати, а фотонапонските, кои сончевата енергија ја претвораат во струја – со капацитет од 3.787 киловати или вкупно сите овие приватни производители на електрична енергија се со капацитет од 10.164 киловати. Тие лани имаат произведено само 18.100 мегават-часови електрична енергија, што се сč уште минимално количество.

Министерството за економија инаку има потпишано 70 договори за концесија за изградба на мали хидроцентрали и тие треба да бидат со вкупна инсталирана моќност од 58 мегавати и очекувано годишно производство од 228 гигават-часови електрична енергија. Во меѓувреме за две од нив со оглед дека концесионерот не презел активности во процесот за изградба,. Владата го раскина договорите за концесија. Инаку, обврска на концесионерите е во рок од 3 години од потпишувањето на договорот да почнат со комерцијална работа.

Од Регулатороната комисија за енергетика велат дека минатиот месец уште една мала хидроелектроцентрала со инсталирана моќност од 704 киловати е пуштена во употреба. Истовремено, во фаза на изградба се уште 10 мали хидроцентрали со вкупна планирана моќност од 7.629 kW за кои се издадени привремени решенија за стекнување статус на повластен производител во текот на 2012 година, и се очекува да бидат пуштени во употреба до 2015 година. За останатите локации инвеститорите се во процедура за добивање одобрение за градба.

Според студијата направена во соработка со Светска банка, во земјава се определени 406 локации за мали централи. Ако се изградат сите, тие би имале инсталирана моќност од 250 мегавати и годишно би произведувале 1.200 гигават-часови електрична енергија, со што би се покривал голем дел од струјата што ни недостига и се набавува од увоз. Меѓутоа, се проценува дека од овие локации само 150 ќе бидат интересни за да се најде инвеститор.

Што се однесува до фотонапонските, од РKЕ велат дека во првата половина на годинава се очекува да се пуштат во употреба уште 11 централи со вкупна планирана моќност од 4.583,53kW. Kај овие централи целосно е искористен капацитетот предвиден за доделување на приватни инвеститори.

Македонија има обврска до 2020 година учеството на обновливи извори на енергија во вкупната потрошувачка енергија да изнесува 21 отсто што треба да се постигне со изградба на големи и на мали хидроелектрични централи, ветерни електрани, фотонапонски централи и централи на биомаса и биогас.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=40...53CCE43F6C8A9B
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote
Old March 29th, 2013, 01:20 AM   #20
Skopje/Скопје
Macedonia/Македонија
 
Skopje/Скопје's Avatar
 
Join Date: Jan 2013
Posts: 6,132
Likes (Received): 876

Проектот за топлификација на Битола ќе стартува во 2014 година

Градежните активности за изградба на примарниот и секундарниот цевковод за топлификација на општините Битола, Могила и Новаци и за реконструкција на постоечката опрема за производство на топлинска енергија ќе започнат во 2014 година, а жителите од овие населени места ќе можат да ја ползуваат топлинската енергија од РЕК „Битола“ најдоцна до 2017 година. Хрватската компанија „Еконерг“ од Загреб веќе ја изработи техно – економската студија за избор на концепција на централен топлификационен систем, а обврската за проектирање и изградба на топловодната инфраструктура треба да ја реализираат Електрани на Македонија (ЕЛЕМ).

Пред да започнат конкретните активности на терен, во наредните месеци ќе се подготви главниот проект за производство на топлинска енергија за локално греење и за изведба на примарните и секундарните цевководи во должина од 12,5 километри. Финансиите потребни за остварување на замислата се во висина од приближно 40 милиони евра, од кои 24,5 – 28,5 милиони евра ќе бидат искористени за проектирање и изградба на вреловодите. За време на првата фаза од имплементацијата, претпоставките се дека потрошувачката нема да надмине 135.000 MWh годишно. Според првичните информации кои се обелоденија во 2011 година, проектот за централно парно греење во Битола требаше да биде започнат годинава.

http://www.build.mk/?p=23925
Skopje/Скопје no está en línea   Reply With Quote


Reply

Thread Tools
Display Modes Rate This Thread
Rate This Thread:

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off



All times are GMT +2. The time now is 02:46 PM.


Powered by vBulletin® Version 3.8.7
Copyright ©2000 - 2013, vBulletin Solutions, Inc.
Feedback Buttons provided by Advanced Post Thanks / Like v3.1.2 (Pro) - vBulletin Mods & Addons Copyright © 2013 DragonByte Technologies Ltd.
vBulletin Optimisation provided by vB Optimise (Pro) - vBulletin Mods & Addons Copyright © 2013 DragonByte Technologies Ltd. (Resources saved on this page: MySQL 25.00%)

SkyscraperCity - In Urbanity We Trust

Hosted by Blacksun, dedicated to this site too!
Forum server management by DaiTengu