SkyscraperCity Forum banner
161 - 180 of 182 Posts

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
Прво консултант, потоа нов тендер за воведување на трамвајот во Скопје

Градските власти пресекоа, најпрвин ќе се ангажира нова консултантска куќа, а потоа ќе се објави меѓународен тендер за изградба на долгонајавуваниот трамвај во Скопје. Огласот за избор на консултант денеска е објавен на интернет – страницата на Бирото за јавни набавки. Властите бараат субјект што ќе им дава советодавни услуги за реализацијата на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно – приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и трансфер на трамвајски систем за превоз на патници во Скопје. Крајниот рок за доставување на понудите е 23 септември, за кога е закажано и отворањето на техничките понуди. Финансиските понуди ќе се отворат на датум што дополнително ќе биде закажан.

Засега нема информации колку оваа меѓуфаза во остварувањето на проектот ќе го оддолжи изборот на најповолен понудувач и почетокот на изградбата на трамвајот. Последниот тендер за воведување на алтернативен јавен превоз пропадна на крајот на јуни годинава, кога понудата на норвешкиот конзорциум „Скурдал и Метнит групација“ беше одбиена од Градот Скопје поради неисполнување на пропишаните услови на тендерот. Во проектот за изградба на трамвај треба да се вложат 240 милиони евра преку издавање на концесија на приватен партнер, кој би бил заинтересиран да инвестира и да управува со овој капитален проект. Преку моделот на јавно – приватно партнерство треба да се изгради првата трамвајска линија во должина од 12,1 километри и да се набават трамвајски возила за одвивање на сообраќајот.

http://www.build.mk/?p=28134
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
ЕЛЕКТРОНСКАТА НАПЛАТА ВО ЈСП ОДЛОЖЕНА ЗА НАЕСЕН

Иако со најповолна понуда на електронската лицитација, сe` уште е неизвесно дали турската фирма „ Kенткард“ ќе потпише за инсталирање систем за електронска наплата во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Од менаџментот во претпријатието дознаваме дека чешката фирма „Микроелектроника“, која била второрангирана, во меѓувреме, поднела жалба која е уважена од второстепената комисија.

- Откако ја уважи жалбата, комисијата ја врати постапката на повторно разгледување. И тоа на сите четири фирми што учествуваа на електронското јавно наддавање. Била направена грешка во евалуацијата. Така што нашата комисија сега треба повторно една по една да ги разгледа понудите - изјави директорот на ЈСП, Мишо Николов.

Тоа, според него, не значи поништување на тендерот, но во секој случај ќе ја одолжи постапката уште еден месец.

На електронското јавно наддавање кое се одржа на почетокот на јули, освен турската „Kенткард“ и „Микроелектроника“ од Чешка, учествуваа и „Т-мобиле“, кој беше треторангиран и норвешкиот конзорциум „Бро-ог тунел-селскапет“. Од ЈСП не обелоденија кој, колку понудил пред да се направи конечниот избор.

Ова е четврти конкурс со кој претпријатието се обидува да ја модернизира наплатата во своите автобуси, односно обид да ги замени хартиените билети со електронски картички. Претходните три обиди во последните пет години беа неуспешни од технички причини, а имаше и жалби поради кои постапките беа прекинувани.

Всушност, за воведување електронска наплата или таканаречени „умни билети“ во ЈСП се зборува со години, уште од времето на екс градоначалникот на Скопје, Трифун Kостовски.

Со ваквата наплата патниците ќе располагаат со пластифицирана картичка, која самите ќе можат да ја дополнуваат по принципот на припејд. При влегувањето во автобус, специјален читач ќе им одзема од сумата. Новиот систем ќе ги испрати во историја хартиените билети. Само по себе, тоа ќе ги намали турканиците, поточно застојот кој настанува додека луѓето купуваат билети од возачот или ги отчукуваат картичките.

Според досегашните најави, за имплементирање на системот ќе се вложат три милиони евра, а парите, како што е планирано, ќе ги обезбеди градската власт. Инвестицијата ќе се плаќа во три фискални години - 2013, 2014 и 2015 година.

http://dnevnik.mk/?ItemID=DAD820764088DB4FAB448D25703F9EAA
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
Јавен градски превоз ќе се воведе и во Кочани



Транспортното претпријатие „Авто Атом“ од Кочани ќе ја реализира идејата за воведување на јавен градски превоз во Кочани. Во договор со локалната самоуправа, предвидено е од 2 декември да започне вршењето на дејноста превоз на патници преку градски линии до населбата Бавчалук и населбата Оризари. Според информациите од општина Кочани, цената на патниот билет ќе изнесува 10 денари, а автобусите ќе сообраќаат секој ден во периодот од 08:00 до 20:45 часот. Градските линии ќе ги определи локалната власт, додека приватната компанија ќе ги добие соодветните дозволи за извршување на оваа дејност. „Авто Атом“ е една од поголемите автотранспортни фирми во Македонија со повеќе од 45 автобуси, меѓу кои и превозни средства за вршење на градски и приградски превоз.

Со реализацијата на оваа иницијатива, Кочани ќе се приклучи на другите македонски градови во кои е спроведен јавен градски превоз. Освен во главниот град, автобуски превоз за превоз на патници во градските средини досега е воведен во Битола и Куманово.

http://www.build.mk/?p=30521
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
Skopje calls tenders for tram line



The City of Skopje has launched a new tendering process for a public-private partnership concession to design, finance, build, operate and maintain a light rail line in the capital.

The planned 12·1 km double-track Line 1 from Novo Lisice to Gjorce Petrov would require a minimum of 22 trams.

The value of the contract is estimated at €243m, with a duration of up to 35 years from the date of signing. At the end of the period the line would be transferred to the city.

Applications are due to be submitted by May 8. The contract award criteria include the amount of public investment required, the proposed equity investment by the private partner, the operating subsidy requested and the proposed duration of the contract.

In December 2010 the city appointed Vialto Consulting and EC Harris to undertake studies for a tram project. A call for tenders for a PPP contract was issued in December 2012, but this attracted only one response from a Norwegian consortium and no contract was awarded.

http://www.railwaygazette.com/news/news/europe/single-view/view/skopje-calls-tenders-for-tram-line.html
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
Музејот на автобуси поставен во Ѓорче Петров

Музејот на автобуси ја покажува историјата и развојот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Лоциран е во автобазата на претпријатието во Ѓорче Петров и содржи поставка од седум автобуси од марките: „Лејланд“, „Санос“, „Раба“, „Ман“, „Икарус“. Овие автобуси превезувале патници во различни периоди, почнувајќи од 1969 година.



Автобусите се изложени на отворен простор, оградени со специфична ограда, на површина од 650 метри квадратни. Музејот официјално се очекува да биде отворен за околу две недели.

- Минатата година ЈСП „Скопје“ прослави 65 години од своето основање и благодарение на Владата на Република Македонија и Град Скопје се заокружи проектот за обнова на возниот парк. Оттаму се наметна идејата за отворање Музеј на автобуси, информира ЈСП „Скопје“.

Автобусите ја раскажуваат историјата на ЈСП „Скопје“



Стариот англиски „Лејланд“ е од 1969 година. Има поминато 1.050.000 километри и бил во сообраќај до 18 јануари 2012 година.

Има три автобуси од марката „Санос“ - првиот е единечен, другиот е двоен, како и туристички автобус со 39 седишта. Овие два „Саноси“ произведени во 1982 година имаат поминато најмногу километри. Двојниот поминал 1.450.000, а километражата на единечниот застанала на 1.950.000 километри.

Во базата има два автобуса од марката „Икарус“, произведени во 1987 и во 1991 година. Двата поминале повеќе од милион километри пред да се пензионираат во 2012 година.

Се планира да се постави уште еден автобус од марката „Ман“ од 1997 година, кој се уште се вози и има поминато, исто така, милион километри. Ќе се постави и еден од старите минибуси.

Во секој од автобусите има поставено табла со податоци за техничките карактеристики на возилото, датум на производство и поминати километри.

Сите автобуси во возна состојба



Претходно, сите автобуси биле репарирани. „Лејландот“ комплетно бил репариран во 2007 година за 60-годишнината на ЈСП „Скопје“. Другите автобуси имаат обновена каросерија и нови гуми. Нивната состојба секојдневно се следи. Од време на време се чистат и се мијат од надвор и од внатре, во зависност од временската состојба. Поинаква заштита нема.

Во иднина, можеби по 10 години, во Музејот ќе се најдат и сега новите украински автобуси „Лаз“, како и двокатните кинески возила од „Јутонг“.

- За овој Музеј не беа потребни дополнителни парични средства бидејќи станува збор за веќе постоечки автобуси и делови од нив, информираат од ЈСП „Скопје“.

Бесплатен влез во Музејот



Старите автобуси може да ги види секој заинтересиран, бидејќи се изложени во автобазата, само претходно мора да се најави на телефонот 2041-581. Влезот е бесплатен.

Од ЈСП „Скопје“ очекуваат посетители од сите категории, особено деца од предучилишна возраст и од основните училиште.

http://kurir.mk/republika/skopje/145811-Muzejot-na-avtobusi-postaven-vo-Gorce-Petrov
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Поставени 180 од 226 планирани нови автобуски постојки


180 од планираните 226 нови автобуски постојки се поставени во главниот град. Напредува проектот со кој е предвидено да се заменат старите и дотраени стојалишта и на нивно место да се постават нови, изработени според светските стандарди и далеку побезбедни за корисниците на јавниот градски превоз. Проектот кој стартуваше пред една година а со него се опфатени 3 вида стојалишта, наиде на низа позитивни реакции од страна на граѓаните вели првиот човек на Скопје, Коце Трајановски.

Новите стојалишта имаат повеќе елементи. Настрешница, клупа за седење, корпа за отпадоци но и информативна табла.

Минатиот период ЈСП комплетно го обнови возниот парк откако беа набавени повеќе од 300 нови едноподни и двокатни автобуси од Украина и Кина, проект во кој владата вложи околу 60 милиони евра.
 
  • Like
Reactions: PavloSPB

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
Автобусите на АД „Галеб“ за симболична цена ќе ја поврзат периферијата со центарот на градот



Автопревозникот АД „Галеб“ како најдобар понудувач на распишаниот јавен оглас на локалната самоуправа, го доби правото да врши општински линиски превоз на патници на двете градски линии кои ќе ги поврзат периферните делови од градот со централното градско подрачје.

Станува збор за градските линии кои по само десет дена откако почнаа да функционираат во месец март минатата година, поради одредени проблеми, беа запрени.

Автобусите од линијата број еден ја опфаќаат следната маршута: од Меѓуградска автобуска станица, булевар Железничка, булевар Туристичка, улица Јане Сандански, Марко Цепенков, основно училиште Христо Узунов, АД „Галеб“, булевар Железничка.

Линијата број два: Меѓуградска автобуска станица, улица 7- ми ноември, булевар Туристичка до кружниот тек на пресекот со улица АСНОМ, Општа болница, населба Гоце Делчев, ОУ „Христо Узунов“, АД Галеб, 7- ми ноември.



Линија 1 - Црвено
Линија 2 - Зелено
Сина боја - досегашната линија Охрид - Струга - Охрид во делот на Охрид како делумно градски сообраќај


Двете градски линии се очекува да започнат да функционираат по еден месец, откако ќе завршат административните процедури околу земањето на дозволите и обележувањето на автобуските постојки.

Дозволите за двете градски линии се за период од пет години.

http://www.ohridnews.com/vesti/69650
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Над 30 милиони патници лани користеле такси превоз

Вкупно 32 милиони и 906 илјади патници минатата година користеле такси превоз, покажуваат статистичките податоци на Државниот завод за статистика.



Од нив, 30 милиони 508 илјади патници користеле такси превоз во градовите, додека 2 милиони 398 илјади патници се возеле во такси во меѓуградскиот сообраќај.

Такси превозот го реализирале 2.531 возило кое поминало вкупно 72 милиони 749 илјади километри, од кои 64 милиони 738 илјади во градскиот превоз и 8 милиони 011 илјади километри во меѓуградскиот превоз.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
СЕ ИНСТАЛИРА СИСТЕМОТ ЗА АВТОМАТСКА ЛОКАЦИЈА НА ВОЗИЛА И ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА ВО АВТОБУСИТЕ НА ЈСП

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје, Игор Јанушев, денеска извршија увид во инсталирањето на Системот за автоматска локација и електорнскиот систем за наплата во автобусите на ЈСП- Скопје, во автобазата на ЈСП во Автокоманда.



...

Воведувањето на овој систем ќе им овозможува на граѓаните плаќањето да го направат со мобилен телефон, во готово, со кредитна картичка и со смарт картичка.

На располагање на граѓаните ќе им бидат 61 место за надополнување и продажба на картички во кои влегуваат и три автономни автомати за издавање и дополнување на картичките.



Во делот на информирањето, патниците ќе имаат големи придобивки поради навремено добивање информации поврзани со патувањето и тоа за: тековната и следната постојка, како и некои други битни информации во врска со превозот (прекин на одредена линија и слично).

Исто така, на автобуските стојалишта ќе има над 50 информациони дисплеи за пристигнување на автобусите, испраќање SMS порака преку која патникот ќе добива информација за неколку следни пристигнувања на автобус на бараната линија, преку веб апликација на која покрај времето на пристигнување на одреден автобус на одредена постојка, ќе биде на располагање и т.н. планер на патување кој ќе го дава најкраткиот и најбрзиот пат помеѓу 2 места во Градот со користење на јавниот превоз.

http://skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=8196&mid=482&tabId=1
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
Граѓаните се свртија кон градскиот превоз, таксистите со помалку работа

Градскиот превоз низ македонските градови повторно станува атрактивен за граѓаните. Пуштањето во употреба на новите автобуси во скопскиот јавен превоз, како и воведувањето на градски превоз во Прилеп, Куманово, Охрид и во неколку други градови доведе до значително зголемување на бројот на патници што го користат овој вид на транспорт. Од друга страна, во изминативе три години континуирано се намалува користењето на такси превозот, што делумно е резултат на порастот на цената на услугите од такси компаниите во главниот град и во останатите градови од внатрешноста.

Државниот завод за статистика денес ја објави публикацијата „Транспорт и други услуги, 2014“, во која се наведени најновите придвижувања во транспортниот сектор. Градскиот и приградскиот патен превоз лани се одвивал со 1.394 автобуси, што претставува рекордна бројка во изминативе пет години. Автобускиот превоз на градските и приградските линии бележи подем паралелно со увозот на половни возила во периодот по 2010 година, со што голем број на компании ја добија можноста да го осовременат својот возен парк. Колку за споредба, градскиот транспорт во 2010 година го вршеле вкупно 650 автобуси.

Зголемениот број на автобуси што ги опслужуваат линиите позитивно влијаел и на вкупно превезените патници. Во 2014 година во градско-приградскиот превоз се превезени 84.476.000 патници. Континуираниот пораст се бележи секоја година, почнувајќи од 2010 година до денес. Ако во 2010 година со автобус во градовите патувале 64.120.000 патници, оваа бројка веќе во 2013 година пораснала на 69.063.000 корисници на услугите на градскиот превоз.

Паралелно со порастот на градскиот превоз, статистичките податоци покажуваат намалување на интересот за употреба на такси транспортот од граѓаните. Бројот на патнички автомобили со кои се одвива превозот лани изнесувал 2.372, односно за 150 возила помалку споредено со 2013 година. Забележителен пад е регистриран кај бројот на превезени патници во изминативе три години. Ако во 2012 година со такси возила биле превезени 40.413.000 патници, во текот на 2014 година оваа бројка се намалила за една третина, или поточно, нивните услуги ги користеле 27.755.000 патници. Притоа, позначајно намалување на прометот е забележано во градскиот и приградскиот превоз, кој всушност им носи и најголема добивка на таксистите.

Најновите статистички податоци за македонскиот транспорт покажуваат позитивни придвижувања во користењето на градскиот превоз во Македонија. Оптимизмот кон натамошно враќање на граѓаните на градскиот превоз лежи и во најавите за воведување на градски превоз во други македонски градови, како што е Штип, но и во плановите за проширување на јавниот автобуски превоз, по примерот на Прилеп.

Бојан Блажевски

http://www.build.mk/?p=46283
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
Промовиран системот за автоматска локација на возила од јавниот градски превоз

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие(ЈСП)-Скопје, Игор Јанушев, денеска го промовираа функционирањето на Систем за автоматска локација на возила од јавниот градски превоз.



„Со воведувањето на овој модерен Систем за автоматска локација на возилата и електронска наплата Градот Скопје и неговите граѓани ќе добијат побрз и поквалитетен градски превоз. Системот за електронска наплата веќе го промовиравме и тој успешнио функционира, а денеска со директорот Јанушев го промовираме работењето на контролниот центар во кој се следат автобусите во реално време, дали се запазуваат пропишаните возни редови, односно за секој автобус има една линија на која се следи неговото движење, дали има доцнење или потреба од негова замена доколку има дефект. За реализација на овој проект Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје издвоија околу 3 милиони евра и очекуваме со него да се намали потрошувачката на гориво и да се зголеми квалитетот на превозот што ќе придонесе и за зголемување на бројот на патници во автобусите. Како што веќе најавивме со воведувањето на електронската картичка во автобусите на ЈСП ќе имаме и точна информација за бројот на патници на одредени линии и до колку има потреба ќе интервенираме за да им овозможиме на граѓани побрз и поквалитетен градски превоз, односно редовен, сигурен и точен превоз, а од месец мај очекуваме во овој систем да се вклучат и приватните превозници“, истакна градоначалникот Трајановски.



Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје, Игор Јанушев, потенцираше дека овој најмодерен систем ќе им овозможни точна информација на граѓаните и ќе ја оптимизира работата на ЈСП, односно ќе придонесе за се подобар превоз на граѓаните.

Системот за автоматска локација и електронска наплата треба да биде инсталитан во 500 автобуси од јавниот градски превоз, во 385 на ЈСП и во 115 автобуси на приватни превозници, соопштија од Град Скопје.



Овој систем претставува моќна алатка за следење на автобусите во реално време, запазување на пропишаните возни редови, како и овозможување на благовремени корекции и намалување на времето на чекање согласно со моменталните случувања во сообраќајот на градските улици, како и добивање реална слика за бројот на превезените патници по категории.

ЈСП СКОПЈЕ системот ќе може да го користи за димензионирање на превозните капацитети по линија, како и за автоматско генерирање на возните редови, а сево ова во голема мера ќе придонесе за подигање на квалитетот на превозните услуги, зголемување на бројот на патници, како и зголемена наплата.



Со воведувањето на овој систем патниците ќе имаат големи придобивки поради навремено добивање информации поврзани со патувањето, односно на автобуските стојалишта ќе има 50 троредни информациони дисплеи за пристигнување на автобусите, испраќање СМС порака преку која патникот ќе добива информација за неколку следни пристигнувања на автобус на бараната линија, преку веб апликација на која покрај времето на пристигнување на одреден автобус на одредена постојка, ќе биде на располагање и т.н. планер на патување со користење исклучиво на јавниот превоз, како и бесплатна телефонска линија 0 800 115 за сите информации поврзани со јавниот превоз.

Преку системот ќе се врши управување на возилата во мрежата на линии, контрола на работата на возачите и спроведувањето на планираниот возен ред, можност за навремено и ефективно реагирање од организаторот на превозот во непредвидени ситуации во сообраќајот и подигнување на нивото на безбедност на возачите и патниците.

http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/promoviran-sistemot-za-avtomatska-lokacija-na-vozila-od-javniot-gradski-prevoz
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
Електричен автобус од денеска ќе сообраќа на линијата со број 15



Градот Скопје го пушти во пробно возење новиот електричен автобус на градската линија со број 15. Пред неполни три месеци беше потпишан договор со компанијата Chariot Motors за пробно користење на овој автобус во период од 6 месеци. ЕВН во изминатиов период постави две станици за полнење на електрични автобуси во населбите Ново Лисиче и Карпош 4. „Станува збор за енергетски ефикасен автобус кој троши минимално количество електрична енергија и е опремен со систем за брзо полнење. Најголемата предност е тоа што воопшто нема емисија на издувни гасови што го загадуваат воздухот“ вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Искуствата стекнати со користењето на овој електричен автобус ќе бидат искористени при набавката на нови превозни средства за ЈСП – Скопје и приватните превозници. За оваа намена од годинешниов градски буџет се издвоени финансиски средства за субвенции во износ од 120 милиони денари.

http://build.mk/elektrichen-avtobus-od-deneska-ke-soobraka-na-linijata-so-broj-15/
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
161 - 180 of 182 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top