SkyscraperCity Forum banner
1 - 19 of 19 Posts

·
Eternal MACEDONIA
Joined
·
19 Posts
Discussion Starter · #1 · (Edited)
In Macedonia there are bus stations in every major town, as well as all smaller inhabited places and villages.

The official web page for the bus transport in Macedonia has all the needed information for the destinations and timetables between established bus routes.

Unfortunately (for now) it is only in Macedonian language.
Link to the page:

http://www.avtobus.mk/


The main international bus station is located in the capital Skopje, at the same location as the railway station. It is literary underneath it.

Here's a bit of an outdated map of Skopje which shows every important place as well as the main infrastructural buildings in the city.
The main bus station is located at the tip of the south-east red square on the map that shows the center of the city. (click on the map to zoom, and then search for the black-white object positioned diagonally outside of the south-east corner of the red square)


SKOPJE MAP


Here's a link to the main international and local bus station in Macedonia which is located in the capital Skopje.
There is a pop-up window in the top right corner that lets you choose the language of your preference.

http://www.sas.com.mk/

Photos from the same page.














Македонски:

Во Македонија автобуски станици има во сите градови, а и во поголемиот број помали населени места и села.

Интернет страната за автобускиот сообраќај во Македонија ги има сите потребни информации за дестинациите помеѓу етаблираните автобуски линии и саатниците во кои тие поаѓаат и се враќаат.

За жал таа е само на македонски јазик (засега).
Линк до страната:

http://www.avtobus.mk/


Главната меѓународна автобуска станица се наоѓа во главниот град Скопје, на истото место каде што е и железничката станица т.е. буквално под неа.

Еве една малку застарена мапа на градот Скопје на која се обележени поважните места и инфраструктурни објекти.
Автобуската станица е на јужно-источниот агол од оној црвен квадрат што го означува центарот на градот. (кликнете за зум, па барајте го објектот дијагонално поставен во црно-бело) -- ПИГЛЕДНИ МАПА ПОГОРЕ ^^



Еве линк до интернет страната на главната меѓународна и локална автобуска станица во Македонија, на која во горниот десен агол има опција за повеќе јазици.

http://www.sas.com.mk/
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
Музеј за старите автобуси



Старите автобуси на ЈСП ќе се најдат во музеј. Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје" напролет ќе изложи по еден примерок од сите автобуси кои досега се возеле во Скопје. Музејот ќе се наоѓа во гаражата на ЈСП во населбата Ѓорче Петров.

Влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.

Меѓу старите возила ќе се најде и автобусот марка "леланд", единственото возило кое остана од најстарите автобуси. Произведен е во 1969 година. За разлика од сегашните црвени автобуси, тој е комбинација од крем и светлоцрвена боја. Во него има 23 столчиња и простор за стоење за 77 патници. Излепен е со слики од старо Скопје и со плакати за 60 години ЈСП"Скопје".

Мишо Николов, директор на ЈСП, вели дека целта на отварање на музејот е да се зачува традицијата на Јавното сообраќајно претпријатие.

"На скопјани, но и на сите гости што доаѓаат во градот, сакаме да им покажеме во какви автобуси се возеле граѓаните низ историјата. Сега сме опремени со комплетно нови автобуси, и мислам дека ова е најдобар начин да ги зачуваме старите и искршени возила", рече Николов.

Тој нагласи дека наскоро "леландот" ќе го пушти да вози низ улиците, како атракција меѓу новите автобуси. Постои и план тој да им се изнајмува на институции и на гости од странство, кои ќе изразат желба да го разгледуваат градот.

http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=27F439FF2A438D489BD77ABE126CB5F8
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
Прилепчани ќе добијат градски превоз



Организиран јавен градски превоз со пет нископодни, климатизирани автобуси и со рампи за хендикепирани наскоро ќе почне да функционира во Прилеп. Според сообраќајната студија на ЈП за просторно и урбанистичко планирање, евидентирани се, во првата фаза, две градски траси од север кон југ и од исток кон запад, со повеќе постојки на секои 800 до 1.000 метри. Градските власти за почетната фаза вложуваат 6 милиони денари. Градскиот превоз одамна е нужност, бидејќи градот расте и се шири, а транспортот до центарот и до виталните институции со такси-превоз е скапо.

- Ќе се олесни и ќе поевтини комуникацијата на населението од периферијата до центарот и до здравствените и другите институции. Особен благодат ќе имаат граѓаните што купуваат на пазарот во центарот на градот. Се предвидува и засилување на автобусите при саботните шпицеви и во утринските и попладневните часови во работните денови. Постојките ќе бидат модерни, со можност за засолнување од невреме и сонце, со поставени прецизни возни редови на електронски табли, но и со ГПС-контроли на автобусите - вели градоначалникот Марјан Ристески.

Погодности за користење на градскиот превоз, кој ќе чини 20 до 30 денари, ќе имаат пензионерите, учениците, студентите и лицата со попреченост. Тие ќе уживаат олеснувања за месечните, неделните и дневните билети. Не е исклучено пензионерите во сабота да се превезуваат бесплатно.

Раководителот на ЈП за просторно и урбанистичко планирање, Бранко Нешкоски, вели дека трасите ги вклучуваат и индустриските зони и градските гробишта.

- Една од рутите изнесува околу 5 километри со пет-шест постојки. Петте автобуси ќе стасуваат на постојките на секои 15 минути. Временското растојание меѓу два автобуса ќе биде десет минути во утринските и во попладневните шпицеви. Во наредните фази ќе се набават возила, според сообраќајните профили на улиците, односно автобуси со помали димензии, кои се подостапни за жителите од сите населби. Автобусите ќе сообраќаат од 6 наутро до полноќ. Наплатата на билетите ќе биде полуавтоматска - објаснува Нешкоски.

За проширувањето на градскиот превоз Општината во 2014 година проектирала набавка на неколку еколошки комбибуси за да се ублажи загадувањето на централното градско подрачје.

Имплементацијата подразбира и подготовка на сообраќајни коридори, при што не е исклучено вклучување на приватните превозници по теркот на јавно-приватно партнерство. Локалната самоуправа ќе ги поврзе со организиран превоз и населените места, како селата од мариовскиот дел. За тоа се предвидуваат и субвенции за превозниците.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=157B9A35C317C646BCA212F01433546F
 

·
Cesar Vialpando
Joined
·
15 Posts
Skopje

 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
Во чест на 60 години постоење на ЈСП Скопје, низ градот кружеше еден од првите автобуси кој сообраќал во тоа време, од марката Leyland. Инаку, сликите се стари неколку месеци.





 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
До крајот на месецов ќе профункционира јавен градски превоз во Охрид

Охрид е петтиот македонски град во кој граѓаните ќе можат да ги користат придобивките на јавниот градски превоз. Од крајот на февруари ќе започнат да функционираат две градски линии за поврзување на населбите „Гоце Делчев“, „Воска“ и „Видобишта“ со автобуската станица и со центарот на градот. Возниот ред ќе го одржуваат претпријатието „Галеб“ заедно со уште една приватна автотранспортна компанија, кои ги добија линиите по распишаниот оглас од локалната самоуправа во текот на ноември минатата година. Предвидените автобуски постојки во градот веќе се обележани. Јавниот превоз за посебните групи граѓани и за пензионерите ќе биде бесплатен.

Првата кружна линија ќе започнува од населбата „Гоце Делчев“ преку булеварите „Јане Сандански“, „Туристичка“ и „Железничка“ до автобуската станица и повторно ќе се врати до населбата, додека втората линија ќе започнува од истата населба до меѓуградската автобуска станица и по булеварите „Железничка“ и „Туристичка“ ќе се движи до населбата „Гоце Делчев“. Покрај во Охрид, јавен автобуски превоз во земјава успешно е воведен во Скопје, Битола и Куманово, а сличен проект наскоро ќе започне да функционира и во Прилеп. Единствено во Скопје е основано јавно сообраќајно претпријатие за вршење на градскиот сообраќај, додека возниот ред во другите градови го одржуваат приватни автопревозници.

http://www.build.mk/?p=22967
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
КАТЕГОРИЗИРАНИ АВТОБУСКИ СТАНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1.-Скопје-Руле Турс-прва категорија

2.-Тетово-Сат Бус-прва категорија

3.-Битола-Транскоп –прва категорија

4.-Струмица-Струмица Експрес- прва категорија

5. -Штип-Анго- прва категорија

6.-Кавадарци-Сам Вел- прва категорија

7.-Велес-Го-Ма-Бус- прва категорија

8. -Гостивар-Еуро Турист-прва категорија

9.-Кочани-Авто Атом - втора категорија

10.-Радовиш-Балкан Промет-втора категорија

11.-Струга-Вакчаре- втора категорија

12.-Куманово-Југ Турист во стечај- втора категорија

13.-Неготино-Памела-втора категорија

14.-Прилеп-AД Пелагонија Транс- втора категорија

15.-Демир Хисар-Транскоп- втора категорија

16.-Охрид- АД Галеб- трета категорија

17.- Берово-Берово Транс- трета категорија

18.-Кичево-Симекс Превоз Автотранспорт-трета категорија

19.-Гевгелија-Трансбалкан-трета категорија

20.-Пробиштип-Црешово Топче- трета категорија
21.-Гостивар- Дурмо турс-трета категорија

22.-Крушево-Скорпион-четврта категорија

23.-Крива Паланка-четврта категорија

24.- Свети Николе-РеиСк- четврта категорија

25.-Виница-Стела- четврта категорија

26.-Кичево-Баљи Комерц- четврта категорија

27.-Валандово – четврта категорија
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
Автобуски билети ќе може да се купуваат преку Интернет

Со оваа новина на патниците во автобускиот сообраќај им се овозможува на едноставен начин, преку Интернет, користејќи го својот компјутер, лаптоп, таблет-уред или мобилен телефон, да извршат пребарување, резервација и плаќање автобуски билети за меѓуградски и за меѓународни линии

Билетите за автобуски превоз од 22 февруари годинава ќе може да се купат и преку Интернет.
Едноставно, билетите ќе може да се резервираат и да се платат онлајн, без да се губи време за одење до автобуска станица. Ваквата обврска за електронска наплата на билетите за сите автобуски станици минатата година ја пропиша Министерството за транспорт и врски во измените на Законот за патен сообраќај, по што пред крајот на годината беше промовирана и новата корисна електронска алатка „е-автобуска“. Со неа на патниците во автобускиот сообраќај им се овозможува на едноставен начин, преку Интернет, користејќи го својот компјутер, лаптоп, таблет-уред или мобилен телефон, да извршат пребарување, резервација и плаќање автобуски билети за меѓуградски и за меѓународни линии. Се очекува најголеми корисници на оваа електронска новина во патниот сообраќај да бидат помладите генерации, кои почесто прифаќаат промени со развојот на информатичко-комуникациската технологија, а веќе се најавува и дека по примерот на автобускиот превоз, наскоро ваква алатка ќе се воведе и за железничкиот превоз.

Ќе се избира и место за седење

- Како што можеме, доколку патуваме со авион до одредена дестинација, онлајн да резервираме авионски билет, со воведувањето на „е-автобуска“ исто така му се овозможува на корисникот при купувањето на својот билет да има графички увид на слободните места во самиот автобус и да го избере саканото седиште. Покрај распоредот на линиите, патникот ќе има увид и кој превозник во кој период за бараната линија врши превоз, така што во согласност со своите потреби и претходното искуство при користењето на услугите на компаниите ќе може да избере со кој превозник сака да патува до одредена дестинација - вели Миле Јанакиески, министерот за транспорт и врски.

Предноста на овој електронски систем е тоа што патникот може од кое било место и во секој момент да го види распоредот на автобуските линии, временскиот период на поаѓање, а со самото тоа и веднаш, во согласност со своите потреби, да го купи својот билет, без да губи време и да оди до шалтерите на автобуската станица. По успешното електронско плаќање со кредитна или со дебитна картичка за избраното патување, патникот ќе добие електронски билет со еднозначен баркод, кој може да го испечати или да го зачува на својот паметен телефон или таблет-уред.

- Предвидено е да се воведе и трет начин на плаќање, а тоа е преку сметката за мобилен телефон. Истиот билет на самите автобуски станици ќе се валидира со помош на баркод-читачи, со што ќе се олесни и ќе се зголеми протокот на патниците, а со самото тоа автоматски постојните билетарници ќе се растоварат и ќе се заштеди во време - вели Јанакиески.

Тој додава дека автобуските станици мора да го имплементираат новиот систем, бидејќи во спротивно државниот инспектор за патен сообраќај ќе поднесе предлог за одземање на категоризацијата.

повеќе на http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1914738447&id=10&prilog=0&setIzdanie=23070
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Во Прилеп од петок ќе профункционира градскиот сообраќај

Директор на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање Бранко Нешкоски во Приле денеска на прес-конференција најави дека од петок ќе профункционира градскиот сообраќај.



Според Нешкоски, во првата фаза ќе работат три линии со 6 автобуси, кои ќе се вкрстуваат и ќе ги покриваат главните пунктови во градот.

- Се очекува да набавиме уште 4-5 автобуси за нови две линии кои целосно ќе го покријат градот, рече Нешкоски.

За градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ова е исполнувањето на желбата на прилепчани прв пат да добијат организиран градски превоз.

- Линиите ќе почнат да функционираат, целосно да се опфати градот, а потоа ќе ги опфатиме и населените места, зашто Прилеп со Мариово е по површина една од најголемите општини во земјава, рече Ристески.

Билетот за градскиот превоз чини 20 денари, а ќе има попусти за користење дневни, неделни, месечни и годишни билети. Попусти имаат учениците и студентите за кои месечниот билет ќе биде 350 денари, а за граѓаните 600 денари. Неделен билет е 250 денари за неограничено возење. За лицата со посебни потреби градскиот превоз е бесплатен.

Промотивно, за викендот за велигденските празници ќе биде бесплатно возењето со градскиот превоз. Бесплатно ќе биде и идниот викенд за време на вториот круг од изборите.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Македонски автобуси возат во Дизниленд и Гугл


Автобуси под брендот “Made in Macedonia” се возат во Дизниленд во Калифорнија, Дизниворлд во Флорида, во кампусот на Гугл, како и на редовните автобуски линии во Чикаго и Детроит.

На овие места завршија првите 100 извезвени автобуси од фабриката на Ван Хул во Македонија.

Белгискиот производител има силно присуство на американскиот пазар и ќе продолжи со извозот таму, а до крајот на годината ќе почне да извезува и во Европа.

- Она што е значајно е дека имаме брендирање на производи од Република Македонија кои што стануваат препознатливи на меѓународните пазари што покрај тоа што има знаајна економска функција, се разбира, има и значајност и за популаризација и промоција на самата земја, вели портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев.

Со инвестицијата на Ван Хул заживува традицијата на автобуската индустрија во Македонија, а освен отварањето на работни места, се ангажираат и домашни компании како добавувачи.

- Фабриката претставува инвестиција од 25 милиони евра и моментно вработува 430 наши сограѓани која бројка се очекува во наредниот период да достигне 600. Фабриката веќе работи активно. Околу 100 автобуси произведени во неа се извезени во САД. Произведени се вкупно 140 автобуси, а во фаза на производство се 70, што значи дека веќе се работи на производство на 210-от автобус во Македонија , рече премиерот Груевски на официјалното отварање на капацитетот.

- Успеавме да почнеме со производство и веќе испорачавме 140 возила, ангажиравме 430 вработени, потпишавме поддоговори со повеќе компании. Ова е само почеток со оглед дека во последниот квартал од годинава ќе почнеме со производство на ново возило за европскиот пазар што ќе донесе нови 140 вработувања , изјави Филип Ван Хул.

Ван Хул е втора најголема гринфилд фабрика во Македонија , а прва инвестиција на компанијата надвор од матичната земја, Белгија.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
„Т-Мобиле“ ќе го реализира електронскиот систем за наплата во автобусите

За најмногу девет месеци во скопските автобуси ќе биде воспоставен електронски систем за наплата на билети, ќе се воведе автоматско лоцирање на возилата, а на автобуските станици ќе се постават информативни дисплеи што ќе го прикажуваат времето на пристигнување на автобусите. ЈСП-Скопје го потпиша договорот со „Т-Мобиле“, со кој се предвидува набавка на 200.000 електронски картички, 50 уреди за нивна контрола и 500 валидатори за електронски билети што ќе бидат инсталирани во сите градски автобуси, вклучувајќи ги и оние на приватните превозници. Предвидено е картичките за користење на градскиот превоз да се продаваат на 58 продажни места и билетарници, пренесува весникот „Вест“ во денешното издание.

Електронскиот систем за наплата на билети ќе функционира како во останатите европски градови. Секој патник ќе мора еднократно да купи електронска картичка за градски превоз, која во било кое време ќе може да ја надополни со одредена финансиска сума. При влегувањето во автобус, картичката ќе мора да се доближи до валидаторот, кој автоматски ќе ја одземе потребната сума за едно возење. Контролорите на ЈСП-Скопје со посебни уреди ќе ги проверуваат електронските картички на граѓаните, при што за оние што се возат со непоништен билет ќе следуваат казни.

Покрај оваа новина, во градските автобуси ќе се инсталираат GPS уреди за сателитско следење на возилата и диспечерски центар за нивно следење. Паралелно со овој систем, на автобуските станици ќе се постават 40 нови дисплеи за информирање на патниците за времето на пристигнување на автобусите. За реализација на овие проекти, ЈСП-Скопје е должно да издвои финансиски средства во износ од 3 милиони евра.

Тендерот за осовременување на јавниот градски превоз во главниот град беше распишан од ЈСП-Скопје на почетокот од мај годинава. Воведувањето на сите овие проекти беше едно од главните ветувања на ЈСП-Скопје во изминатите неколку години, при што тендерите беа објавувани и поништувани дури четири пати.

http://www.build.mk/?p=39240
 

·
nostalgic incurabil
Joined
·
1,982 Posts
There is one single left "Ikarus" Zemun ("Ikarbus)" IK4 left in Macedonia?
 

·
Registered
Joined
·
14 Posts
Hi, guys! Unfortunately, jsp.com.mk did not respond to my e-mails. I have to ask you.

1. Is it possible to buy ticket in the bus (double deckers) from the driver for 35MKD? I've read 2 different info: yes and no.

2. In cse of buying ДНЕВНИ ПАКЕТИ – КОМБИНИРАНИ БИЛЕТИ 1(еден) дневен Пакет - Автобус (повеќе возења) + Жичарница (во два правци)
for 150MKD should I buy additionaly for the card 150MKD (with two rides)?
http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=325

3. As I understood I can not refund this SKOPSKA KARTA?

Thank you.
 
1 - 19 of 19 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top