SkyscraperCity banner
1 - 8 of 8 Posts

·
Macedonia
Joined
·
46,937 Posts
Почна изградбата на нов православен храм во Берово

Денеска започна изградбата на нов православен храм посветен на „Свети Гаврил Епископ Велички Светогорец Македонски“ во месноста Црвен брег кај Берово.

Камен-темелникот на црквата го положи амбасадорот на Руската федерација во Република Македонија Шчербак Олег Николаевич, а го освети и градбата ја благослови неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македоснки г.г. Стефан. Притоа поглаварот на МПЦ-ОА истакна дека треба да се чуваат и негуваат традициите на македоскиот народ, а особено да се негува традицијата на многудетни семејства, кои ќе бидат идните носители на животот во државата и црквата македонска.

Гостите и присустните на настанот од името на градот домаќин ги поздрави градоначалникот на Берово Драги Наџински.

На осветувањето на камен-темелникот на црквата присуствуваа илјадници беровчани, голем бврој туристи од земјава и станство, како и претставници на сите монашки сестринства и братства од повеќе манастири на МПЦ-ОА.

http://regioni.mk/pocna-izgradbata-na-nov-pravoslaven-hram-vo-berovo/
 

·
Macedonia
Joined
·
46,937 Posts
Се интензивира изградбата на пешачката патека околу Беровското Езеро



После изработката на проектната документација од страна на Општина Берово, со која се аплицираше во Министерството за транспорт и врски на РМ и одобрувањето за финансирање на проектот во висина од 15.865.000 денари, деновиве интензивно се работи на изградбата на велосипедско-пешачка патека околу Беровското Езеро.



Преку ова, Општина Берово заедно со Министерството за транспорт и врски продолжуваат со успешно спроведување на националната стратегијата на Владата на РМ за развој на туризмот во Македонија и местото кое го зазема Берово како една значајна туристичка дестинација во сферата на алтернативниот туризам.



Пешачката патека е поделена на три целини со вкупна должина од 1620 метри и истата е надополнување на туристичките содржини на Берово, преку која ќе се изгради туристичката инфраструктура наменета за пешаците и велосипедистите кои ќе можат да уживаат во убавините на природните предели од флора и фауна околу Беровското Езеро.



Крајбрежна патека, пешачка и велосипедска е во должина од 1335 метри, и истата се протега од зградата на кајакарското друштво до мостот или ѕидот на браната. Таа е во широчина од 3,5 метри и 2,5 метри на места каде е непосредно до езерото.

Предвидено е и изградба на скали во должина од 140 метри на мошне стрмен терен, кои водат од обиколната патека кај ѕидот на браната до резервоарот за вода на хотелскиот комплекс Аурора, непосредно до претседателскиот апартман. Скалите се во ширина од 1,5 метар со ограда од едната страна.



Третата патека која е во должина од 205 метри и ширина од 3,5 метра, води од резервоарот на Аурора до одмаралиштето Младост.

Пешачката патека ќе биде осветлена по целата должина со канделабри, урбана опрема (клупи за одмор, корпи за отпадоци), проширени одмаралишта со пропратни содржини, клупи и маси, 8 подѕидани и обезбедени места за скара, настрешници и павилјони за сенка.



Проектот е планиран да се заврши во наредните 6 месеци.







http://berovodenes.mk/se-intenzivira-izgradbata-na-pesackata-pateka-okolu-berovskoto-ezero/
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Пехчево почна со изработка на Стратегија за развој на туризмот




Пехчево започна со процесот на изработка на Стратегијата за развој на туризмот во рамките на проектот поддржан од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка „Платформа за фестивалски туризам“, а се изработува во партнерство со општина Брезница, Бугарија.

На првата работилница која се одржува денеска присуствуваа претставници од општина Пехчево, јавните институции засегнати од туризмот, од туристички капацитети и угостителските објекти, занаетчии, производители на традиционална храна и организатори на фестивалите.

Никола Каракашов, менаџер на проектот и од ЛЕРод Општина, истакна дека во рамките на оваа активност ќе се подготви сеопфатна студија за развој на руралниот туризам во општина Пехчево.

- Целта на студијата е да се оцени сегашната состојба и трендовите во руралниот туризам, да се дефинираат евентуалните насоки за одржлив развој, да се обезбедат препораки за одржлив развој на руралниот туризам. Изработката на студијата ќе вклучува дефинирање на факторите за развој на руралниот туризам, видовите на руралниот туризам кои имаат потенцијал за развој, вклучително и на фестивалскиот туризам, постојните туристички локалитети, проценка на постоечките за развој на туризмот, можностите за јавно-приватно партнерство и собирање и структурирање на една база на податоци во областа на руралниот туризам вклучително културата, музиката, фолклорот и традиционална храна во општина Пехчево, истакна Каракашов.

Содржината на студијата и стратегијата ќе вклучува музички фестивали, настани и прослави во Пехчево.

- Нашата цел е да се соберат информации за рурален туризам и да се идентификуваат потенцијалите за развој на руралниот туризам, да се обезбеди преглед на движечките сили и придобивките на руралниот туризам, да се идентификуваат движечките сили во руралниот туризам и неговите придобивки и што го прави руралниот туризам успешен и дефинирање мерки за развој на руралниот туризам во Пехчево. Студијата, исто така, ќе обезбедува информации за некои од најдобрите практики од други земји, кои претставуваат различни географски региони и фази на развој на туризмот, рече Каракашов.

Резултатите од оваа обемна работа ќе бидат презентирани во печатена и електронска форма, а ќе се идентификуваат можностите за идни инвестиции во руралниот туризам и опциите за јавно приватно партнерство во областа на руралниот туризам.

Изработата на стратегијата за туризам во Пехчево е дел од активностите на проектот, кој е со вкупна вредност од 450 илјади евра.
 

·
Macedonia
Joined
·
46,937 Posts
Голем комплекс за здравствен и рекреативен туризам ќе се гради во Берово

Инвеститорот „Боров еликсир“ од Скопје планира да гради туристички комплекс за здравствен и рекреативен туризам во Берово. Комплексот би се протегал на површина од 5,5 хектари, а во негови рамки е предвидено да се градат хотел со пет ѕвездички, бунгалови, базен, мини езеро, здравствено – рекреативен објект, спортски игралишта, подземен и надземен паркинг простор. За милионската инвестиција во текот на изминатиов период е изработена физибилити студија, идеен проект, проектна програма и основен проект.



До општинските власти во Берово е доставено барање за издавање на одобрение за градење на овој комплекс, а локалната самоуправа во моментов ја спроведува постапката за издавање на градежна дозвола. Туристичкиот комплекс е треба да им понуди на посетителите рекреативен, здравствен, спортски, деловен и други видови на туризам. Проектот е предвидено да го реализира македонски инвеститор, а коинвеститорот во него е од Германија.

build.mk
 
1 - 8 of 8 Posts
Top