SkyscraperCity banner
1 - 20 of 903 Posts

·
Registered
Joined
·
125,554 Posts
Discussion Starter · #1 ·
Велес е град во Македонија и центар на општината Велес. Градот се наоѓа во средишниот дел на Македонија, поточно на бреговите на реката Вардар. Велес е шести град по број на жители во Македонија со вкупно население од 43.716 жители. На северозапад од Велес се наоѓа главниот град на Македонија, Скопје, на североисток се наоѓа градот Свети Николе, на исток се наоѓа градот Штип, на југозапад се наоѓа Прилеп и на југоисток се наоѓаат Кавадарци и Неготино. Велес има мошне поволна географска положба бидејќи е крастопат на меѓународни патни и железнички правци и еден од поглавните транзитни центри во Македонија.

Велес низ историјата се нарекувал со различни имиња, од кои три се најмногу користени. Од самото основање на градот, Велес се нарекувал со името Вила Зора од каде потекнува и денешниот назив Велес. Подоцна градот се преименувал со името Ќупурли, кое подоцна било заменето со денешниот назив. За време на СР Македонија, но и во првите години од самостојноста на државата, Велес се нарекувал со името Титов Велес, во чест на маршалот Јосип Броз - Тито. Велес како населба постоел уште од 168 година п.н.е. и се наоѓал нешто поисточно од денешаната локација. Бидејќи градот има стратешка позиција, тој бил често мета на различни странски инвазии и окупации и бил дел од различни балкански кралства и држави, почнувајќи од Пајонија па завршувајќи со СФРЈ.

Велес е значаен и познат поголем број работи. Градот бил дом на голем број македонски преродбеници, револуционери, писатели и поети и тој една од лулките на македонската култура. Градот е карактеритичен по својата типична велешка и староградска архитектура. Велес е еден од индустриските центри на Македонија и значаен трговски, транспортен и економски центар. Сепак, градот се соочува и со голем број проблеми, како што се еколошката загаденост од локалната топилница и големата невработеност на населението.

 
1 - 20 of 903 Posts
Top