SkyscraperCity Forum banner

Велосипедски патеки и тротоари | Bicycle trails and sidewalks

18413 Views 51 Replies 12 Participants Last post by  Skopje/Скопје
There were many movements for constructing bicycle trails in Macedonia especially in Skopje.
-----
Со оглед на активностите што ги презема Град Скопје за нови велосипедски патеки и пунктови низ целата територија на Скопје, тука можеме да дискутираме и да споделуваме информации и да развиваме дискусии околу ова.
Велосипедиве се се поатрактивни низ светов посебно во време кога автомобиливе загадуваат и се гледаат како алтернативно решение. Кај нас овој процец е бавен ама активности има и можеме да кажеме дека полека напредуваме. :cheers:
1 - 20 of 52 Posts
4
Велосипед ДА, но КОГА и КАКО?

Бројните проекти за растоварување на сообраќајниот метеж во Скопје се редат години наназад, но притоа ретко се размислува за евентуални алтернативни решенија на ваквите градежни зафати, како што е воведување на јавен велосипедски систем во градот Скопје.

Една од ретките иницијативи за поголема употреба на велосипедите е онаа на неколку здруженија предводени од невладината организација “Екосвест„ и градот Скопје, која што беше промовирана во текот на септември 2009 година. Сепак, по повеќе од половина година од започнувањето на акцијата за изнајмување на велосипеди во Скопје, резултатите се речиси поразителни. Ниту еден од планираните пунктови за изнајмување на велосипеди не профункционира, додека поставените велосипеди се оставени на забот на времето.


Неуспехот на ваквиот велосипедски проект е само една алка од неуспешното спроведување на организиран јавен превоз со велосипеди во Скопје, но и воопшто на користењето на велосипеди од граѓаните. Најголемиот проблем во создавањето на ваков јавен транспорт по теркот на европските градови е непостоењето на развиена мрежа на велосипедски патеки. Освен изградбата на велосипедската патека по кејот на Вардар и реконструкцијата на патеките во општина Аеродром, во изминатите 20 години во Скопје не е вложено во посериозна надградба на велосипедската инфраструктура. Симболичната мрежа од 40-тина километри велосипедски патеки укажува на недоволната инфраструктура во градот. Одредени општини, како што се Бутел, Чаир, Ѓорче Петров и Кисела Вода, немаат речиси ниту еден километар велосипедски патеки, а не е ниту одвоен никаков простор од булеварите и улиците за велосипедите. Отежнувачка околност е и фактот што патеките во центарот на градот се завземени од автомобилите или пешаците. Од друга страна, постоечката велосипедска мрежа е најчесто неозначена со хоризонтална и вертикална сигнализација


Дополнителен проблем за велосипедистите е и непостоењето на велосипедски паркиралишта пред трговските центри, плоштадите, банките, факултетите, автобуската и железничката станица и други битни јавни институции.


Сите овие наведени проблеми се лесно решливи, бидејќи изградбата на велосипедски патеки, поставувањето на пунктови и паркинзи и обележувањето на истите претставуваат неколкукратно поевтини од изградбата на големи булевари, мостови или тунели за автомобилите.


Што предвидува проектот за изнајмување на велосипеди “Rent a bike„:


1. Изнајмување на велосипеди од пунктови на паркинзите на Градски паркинг во општините Центар, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров ;

2. Симболична сума од 10 денари за изнајмување на еден велосипед во период од 1 час;

3. Изнајмувањето на велосипеди се врши со валидна лична карта на лица постари од 18 години;

4. Подготвени 100 велосипеди за почеток на проектот.


Седум позитивни последици од воведување на велосипедски сообраќаен систем:


1. Намалување на моменталниот сообраќаен метеж;

2. Значително кратење на средствата од градскиот буџет за изградба на нови улици и надградба на постоечките;

3. Намалување на загадувањето на воздухот и поздрава животна средина;

4. Значителна заштеда на финансиски средства на граѓаните, во услови на поскапување на горивата, велосипедот не користи никакво гориво;

5. Поголема физичка активност на граѓаните што води кон подобрување на здравјето на граѓаните на Скопје;

6. Намалување на бројот на сообраќајни несреќи и загинати лица, бидејќи статистиката покажува дека велосипедистите учествуваат со мал процент во бројот на сообраќајни незгоди;

7. Заштеда на финансиски средства за паркирање, бидејќи велосипедите не се подложни на наплаќање на зонското паркирање.


Итна промена и на културата на граѓаните


Промената на културата на граѓаните на градот Скопје е проблем за којшто ќе биде потребно многу повеќе време од еден започнат проект. Поставувањето на нов вредносен систем со зачетокот на капитализмот и следењето на американскиот начин на живеење, доведоа до тоа автомобилот да се гледа како своевиден статусен симбол, а не како средство за превоз на патници. Користењето на скапи автомобили, најчесто повеќе од два за едно семејство, доведува до занемарување на велосипедот како превозно средство.

Главната мисла на граѓаните е дека велосипедот превозно средство на минатиот социјалистички систем со кој се користела работничката класа. “Велосипедот е за сиромашните„ е главната негативна точка во размислувањето на скопјани. Токму ваквите размислувања нужно водат кон промена на начинот на размислување за велосипедите од страна на граѓаните на Скопје.


Најпријателските градови кон велосипедите во светот:


1. Амстердам, Холандија е град со најголема употреба на велосипеди во Европа каде што велосипедите учествуваат со 40% од целокупниот сообраќај во градот;

2. Портланд, САД е градот кој во 90-тите години ја зголеми за повеќе од четири пати должината на велосипедски патеки, за денес да има повеќе од 300 километри стази за велосипеди;

3. Копенхаген, Данска е градот во кој 32% од жителите одат на работа со велосипеди, при што користењето на велосипедите во јавна сопственост е бесплатна. Една од копенхашките општини постана територија во рамките на која воопшто не се користат автомобилите;

4. Боулдер, САД е град во државата Колорадо во кој 75% од учениците го користат велосипедот за да стигнат до училиште, додека општината троши 15% од буџетот за транспорт во развој на велосипедски сообраќај во градот;

5. Дејвис, САД е град во “моторизираната„ Калифорнија во кој 17% од граѓаните го користат велосипедот за да стигнат на работното место;

6. Берлин, Германија е градот во кој општинските власти изминатата година вложија 2 и пол милиони евра за развој на велосипедскиот систем во главниот град на државата во која се произведуваат најсовремените автомобили на денешнината. Целта е 15% од целокупниот транспорт да се одвива со велосипеди.

7. Барселона, Шпанија е градот во кој општинските власти се решија уште во 2007 година да изградат систем за изнајмување на велосипеди со повеќе од 100 пунктови и 3.200 паркиралишта на различни локации во Градот.
Кеј на Скопје (изградбата од лева страна пред некој месец)





Пункт на плоштад Македонија



See less See more
4
Вест од Август

Рент-а-бајк оди како алва

Скопјани се задоволни од тоа што конечно и кај нас велосипедот стана официјално јавно превозно средство, а особено затоа што за само 10 денари може да стигнат од Аеродром до центар

%20
Скопјани се сé повеќе заинтересирани за изнајмување на јавните велосипеди. За една недела од промоцијата на проектот „Остави го автомобилот, вози велосипед“, одговорните од ЈП „Градски паркинг“ информираат дека бројот на заинтересираните за користењето на ова алтернативно превозно средство е сé поголем.

- Првите денови бројот на оние што ја користеа оваа услуга се движеше од три до пет лица. А вчера, во првата и втората смена, регистрирани се во просек по 30 изнајмувања дневно - вели вработен во „Градски паркинг“.

Жителите од општините Центар и Аеродром се задоволни од цената за услуга.

-До пред две недели плаќав 30 денари во автобус за да стигнам од Аеродром до Центар. Сега тој проблем го немам, затоа што за цена од 10 денари, јас за 10 минути сум во строгиот центар на градот. Ова е најдобриот проект досега што се случил на ниво на градот - раскажува Влатко Смиљков, жител на општината Аеродром.

Од друга страна, пак, жителите на општините Гази Баба, Чаир, Кисела Вода и Ѓорче Петров велат дека не е фер за едни да бидат достапни услуги од ваков тип, а за други не. Тие сметаат дека трите пункта во центарот на градот, кај фабриката „Треска“, како и кај ТЦ „Бисер“, не се доволни да се покрие цел град.

- Проектот е одличен, само што се плашам дека други пунктови нема да бидат отворени, и поради тоа ќе морам по овие пеколни денови да ги користам мизерните услуги на јавното сообраќајно претпријатие - разочарано раскажува жител на општината Ѓорче Петров.

Неофицијално, од „Градски паркинг“ велат дека ќе се отворат и други пунктови низ градот.

Сега за сега невладината организација „Екосвест“ и ГЕФ, заедно со градските власти, обезбедија 70 велосипеди „алпина“ и помогнаа да се воспостави непрекинатата велосипедска врска меѓу источниот и западниот дел од градот.

Се планира да се воведе и месечен вредносен билет, кој ќе чини 3.000 денари.

Од „Градски паркинг“ најавуваат и дека во иднина ќе има и специјални бонуси за сите што ќе го остават автомобилот на паркинг на периферијата на градот, на пример во Ѓорче Петров, и оттаму ќе изнајмат велосипед за да стигнат до центарот.

Според одговорните, доколку велосипедот се изнајми на еден пункт, може да се врати на друг, односно ако корисникот изнајми велосипед од станицата во Аеродром, може да го врати на плоштадот и обратно.

За изнајмување на велосипедите треба да пополни посебен лист со податоци и секако да се има лична карта. Малолетните нема да можат да изнајмуваат велосипеди, оти градските власти не можат да ја преземат одговорноста за нивната безбедност. Секој велосипед ќе има свој идентификациски број и ќе биде осигурен од уништување.
Skopje







See less See more
Доста добре изглеждат! Само така! Дано скоро има възможност из целия регион да се правят разходки с велосипеди. Би било много приятно да мога от София до Охрид за 10-ина часа да отида с колело примерно :) Пътувал съм доста в Германия, Франция и Люксембург точно на колело и бих казал, че това има доста предимства, особено ако се използват и влакове в определени части.
Доста добре изглеждат! Само така! Дано скоро има възможност из целия регион да се правят разходки с велосипеди. Би било много приятно да мога от София до Охрид за 10-ина часа да отида с колело примерно :) Пътувал съм доста в Германия, Франция и Люксембург точно на колело и бих казал, че това има доста предимства, особено ако се използват и влакове в определени части.
Фала :cheers:
Меѓуградски патеки уште не се предвидени ама зошто да не биде и тоа. Инаку во Скопје има голема раздвиженост за изградба и подигање на свест за велосипедиве.
^^
Много красиво и практично! Пловдив има потенциал да направи такива велоалеи покрай река Марица също. :)

И ние опитахме да сторим нещо в София преди известно време...



Very beautiful and practical! Plovdiv has potential to make such bicycle alleys along the Maritsa River, too. :)

We tried something in Sofia sometime ago...
See less See more
Да... Добро е... од година во година бројот на километри велосипедски патеки во Скопје се зголемува, како и на други попратни содржини... Веќе е почнато со градење на велосипедски патеки и на левиот кеј на Вардар...

А каде е ова на сликата?
3
Еве уште неколку фотки од истата локација...





See less See more
There were many movements for constructing bicycle trails in Macedonia especially in Skopje.
-----
Со оглед на активностите што ги презема Град Скопје за нови велосипедски патеки и пунктови низ целата територија на Скопје, тука можеме да дискутираме и да споделуваме информации и да развиваме дискусии околу ова.
Велосипедиве се се поатрактивни низ светов посебно во време кога автомобиливе загадуваат и се гледаат како алтернативно решение. Кај нас овој процец е бавен ама активности има и можеме да кажеме дека полека напредуваме. :cheers:
каде може да се прочитаат други информации ?
9
Vo Skopje se renoviraat mnogu trotuari a istoto kje prodolzi :)
Eve nekolku sliki od build.mk








See less See more
This is, I think some time ago. This pedestrian street is almost completed, now.
Да... Добро е... од година во година бројот на километри велосипедски патеки во Скопје се зголемува, како и на други попратни содржини... Веќе е почнато со градење на велосипедски патеки и на левиот кеј на Вардар...

А каде е ова на сликата?
Ако питаш за снимката, която качих аз, на бул. Евлоги Георгиев в София.

If you're asking about the picture I posted, it's on Evlogi Georgiev Blvd. in Sofia.
8
Улицата „Никола Вапцаров“ стана шеталиште за граѓаните

Заврши реконструкцијата на улицата „Никола Вапцаров“ во должина од 150 метри на потегот од плоштадот „Македонија“ до булеварот „Димитрие Чуповски“. Во рамките на зафатот поставени се нови пошироки тротоари со плочки од вештачки гранит, целокупниот простор е облагороден со дрворед од 30 јапонски цреши, поставени се нови канделабри со 30-тина корпи со букети цвеќе, 14 мермерни жардиниери со хортикултурни аранжмани и нови клупи за граѓаните. Изградено е и ново такси – стојалиште и постојка за патници за јавниот градски сообраќај на самиот спој со булеварот „Димитрие Чуповски“ како и специјална лента за дотур на стока за околните комерцијални субјекти.



Во согласност со Деталниот урбанистички план, улицата „Никола Вапцаров“ и понатаму ќе биде користена од автомобилите, но со посебен режим на сообраќај само за граѓаните што живеат на таа улица. Поради ова се поставени две хидраулични столбчиња на почетокот од улицата, со кои ќе се оневозможи да се паркираат автомобили. За овој зафат се потрошени 11,5 милиони денари од локалниот буџет, а градежните работи на улицата ги изведоа компаниите Гранит, Урбан Инвест, Беграмо, Анизор, Елтра, Флора Стат и Аполо.









from build.mk
See less See more
On the last pictures, everything looks so clean and well made. Bravo :cheers:
Thanks pal, it wasn't always like that, but we're slowly getting better all the time.
Just like all the others in the Balkans.

:cheers:
Great job! I also like the new look of that street. The pavement looks very even and clean and the landscaping and street lights are really good, too! :)

Does anybody happen to have a picture of that street before the renovation? Just for the sake of a before and after display.
1 - 20 of 52 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top