SkyscraperCity Forum banner
21 - 40 of 52 Posts

·
Eternal MACEDONIA
Joined
·
19 Posts
Great job! I also like the new look of that street. The pavement looks very even and clean and the landscaping and street lights are really good, too! :)

Does anybody happen to have a picture of that street before the renovation? Just for the sake of a before and after display.
Thanks Tego! :cheers:

I'll try to find one.
There used to be a news kiosk in the middle of that little square, and taxi cars always parked there before. It was a lot dirtier and messy.
I'm glad how it looks now.
 

·
Registered
Joined
·
143 Posts
ПРОМОВИРАНА НОВАТА РОЛЕРСКА ПАТЕКА ПО КЕЈОТ НА ВАРДАР

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /13.03.2012 година/ ја предаде во употреба новата ролерско-велосипедска патека на левата страна од кејот на Вардар, што во изминатиов период се градеше на потегот од булеварот Гоце Делчев до булеварот 8.Септември.

- Новата ролерско-велосипедска патека е долга 3 000 метри, а широка 4,4 метри. На терен беше направен ископ, беше нанесен тампонски слој и беа поставени рабници. Патеката е асфалтирана и обележана. Како дел од градежните работи на новата ролерско-велосипедска патека, по нејзината должина е изграден и потпорен ѕид на делот каде што не е регулирано коритото на Вардар. Ѕидот е долг 80 метри, со променлива висина од 0 до 4 метри во зависност од конфигурацијата на теренот. На изградба на новата патека работеа екипите на градежната компанија „Жикол“ ДООЕЛ Струмица. За реализација на овој проект Градот Скопје издвои околу 16,5 милиони денари. По должината на патеката е поставено и ново улично осветлување, со 98 метални столба високи по 6 метри. На секој столб е поставена по една светилка од 150 W. На осветлувањето на патеката работеа екипите на „Магнус инженеринг“, а за овој зафат Градот Скопје одвои 5,3 милиони денари – рече денеска градоначалникот Трајановски.

За бележење на хоризонталната сигнализација на патеката беа задолжени работниците на ЈП „Улици и патишта“, а околното зеленило го уредија екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.

- Градот Скопје целосно ја заврши ролерско-велосипедската патека на кејот на реката Вардар од десната страна и таа наиде на многу позитивен одѕив кај граѓаните коишто ја користат за рекреација. Како што ветивме, минатата година Градот Скопје ја изгради ролерската патека на кејот на Вардар и од левата страна, од Камени мост до мостот „Близнак“ – нагласи градоначалникот Трајановски.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4879&mid=482&tabId=1&tabindex=0
 

·
Macedonia
Joined
·
47,938 Posts
Земи велосипед со чип-картичка



По воведување на новиот систем, пунктови за самоизнајмување ќе се постават пред ресторанот „Пелистер“, Зоолошката градина, и на други локации каде што има голема фреквенција на луѓе

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ од јуни ќе го модернизира изнајмувањето велосипеди. Тоа сега функционира со наплата, а корисникот го зема од вработените што се на пунктовите.

Kако што објасни директорот Борче Јакимовски, се стремат кон развој на системот за самоизнајмување. Во малопродажба, корисниците ќе може да купат чип-картички, кои ќе им овозможат автоматско ослободување и заклучување на велосипедите.

- Нејзината важност е еден месец, по што автоматски на корисникот ќе му биде стопирана за наредниот, сè додека не ја продолжи - објасни Јакимовски и додаде дека сето тоа ќе биде компјутерски евидентирано со помош на 3Г- технологија.

Ваков современ систем за изнајмување велосипеди за почеток ќе се постави пред ресторанот „Пелистер“, а потоа и на уште неколку други локации во централното градско подрачје, каде што има поголема фреквенција на луѓе. Според Јакимовски, би се формирале три-четири пункта, на пример, пред Зоолошката градина, пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

- Сè уште сме во фаза на размислување за цената на магнетната карта и сè уште не е доволно разработен овој систем. Планираме да го примениме искуството од Холандија, каде што ваков систем веќе функционира. Екипа од нашето претпријатие планира да го посети градот Утрехт - информира директорот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=25446DED22D2764680564FB1E92C37E2
 

·
Macedonia
Joined
·
47,938 Posts
Неколку велосипедисти-активисти снимија како изгледа возењето на точак и пешачењето низ еден од најнехуманите потези во Скопје: од ул. Даме Груев до ул. Рузвелтова по должината на бул. Партизански одреди во обете насоки.

 

·
Macedonia
Joined
·
47,938 Posts
Возете велосипеди, ама каде?!

И покрај апелите од граѓаните да ги остават своите автомобили и да го користат велосипедот како НАЈЕКОЛОшКО превозно средство, нов обележан простор за нивно движење нема ниту метар. Пред неколку години на дел од тротоарите беа обележани црвени патеки исклучиво за велосипедистите, но тие повеќе не се ни гледаат

Со доаѓањето на пролетта се поголем дел од граѓаните се решаваат за велосипедот како главно превозно средство. Тој е наједноставна солуција за превоз во летните денови, бидејќи со него се избегнуваат гужвите, а граѓаните можат поевтино и побрзо да се движат низ градот. Во изминатиот период дел од градските и општинските власти повикаа што повеќе да се користи велосипедот како превозно средство. Во таа насока општина Центар потпиша меморандум со Велосипедската федерација за промоција на екосообраќајот, а кандидатот за градоначалник на оваа општина, Андреј Жерновски, во својата кампања вети дека секој кој ќе приложи сметка за купен велосипед, општината ќе му рефундира 30 проценти од износот.

Сепак, она што веќе одамна ги мачи велосипедистите е што освен по кејот на Вардар низ градот немаат каде да се движат. Реагираат дека и покрај тоа што постојано слушаат од надлежните да ги остават автомобилите и да се возат велосипеди, тие секојдневно мака мачат за да стигнат до својата дестинација, бидејќи во главниот град нема патеки. Принудени постојано да импровизираат во текот на возењето, да возат по улица или да се провлекуваат по тротоарите и меѓу автомобилите им пречат на сите во сообраќајот. Пред неколку години на дел од тротоарите беа обележани црвени патеки за велосипедистите, но тие повеќе не се ни гледаат.

- Повеќе возам по улица одошто на патека. Всушност, патеки речиси и да нема, а таму каде што има, тие се окупирани со паркирани возила или пак на нив стојат или се движат пешаци. Во секоја европска метропола има патеки за велосипеди, а кај нас единствено има на кејот на Вардар, но тие не се доволно за целосно поврзување на градот - вели Мартин Велковски, кој велосипедот го користи во текот на целиот летен период.

Освен што немаат каде да возат, велосипедистите велат дека и не се доволно почитувани во сообраќајот, поради што често се случуваат незгоди. Велат дека треба да бидат третирани еднакво како и останатите учесници во сообраќајот.

- Кога возам по улица, возилата постојано ми свират, а возачите неретко ми довикуваат, а понекогаш ќе ми упатат и по некоја пцост. Јас не возам по улицата затоа што сакам, едноставно немам друг избор. Возилата гледаат што побрзо да ме претекнат и само пролетуваат покрај мене, се пожали Велковски.

Од друга страна пак и возачите имаат на што да се пожалат кога се во прашање велосипедистите. Ова особено важи за автобусите кои поради големината имаат дополнителни потешкотии да ги заобиколат, па неретко се случува автобус со 50 и повеќе патници во него, да чека еден единствен велосипедист да се потргне од патот. Бројните проекти за растоварување на сообраќајниот метеж во Скопје се редат години наназад, но се уште не се започнати зафати за воведување на јавен велосипедски систем во Скопје. Градот покрена иницијатива за да ја зголеми искористеноста на велосипедите со проектот "Остави го автомобилот, вози велосипед 2012". На неколку локации во градот се изнајмуваат вкупно 250 велосипеди, а за еден час изнајмувачите плаќаат 10 денари од час, но недостига инфраструктура.

- Град Скопје веќе неколку години наназад развива стратегии за поширока употреба на велосипедот како рекреативно, но и како транспортно средства. Со помош на Град Скопје ЈП "Градски паркинг" го разработува системот за изнајмување на велосипеди. Патеките на кејот се речиси комплетирани, се уредуваат велосипедски ленти на булеварите и сите позначајни проекти за проширување и изградба на булевари се со задолжителни велосипедски патеки. Покрај тоа се уредуваат, обележуваат велосипедските патеки и се поставува соодветна сигнализација - велат од градот.

Скоро секој месец различни граѓанските здруженија на велосипедисти им упатуваат пораки на градските и локалните власти, повеќе да се инвестира во развојот на велосипедската инфраструктура. Единаесеттото организирано возење велосипеди Критична масаа кое го приредува групата На точакк ќе се одржи во среда, на 27 март, а ќе се тргне од платото спроти владата на Македонија.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FCC69D55B069C5489E5E27402B14BEB3
 

·
Macedonia
Joined
·
47,938 Posts
Се набавуваат нови јавни велосипеди

На градските улици наскоро треба да се појават нови 90 јавни велосипеди, како дел од проектот „Најми велосипед“ на ЈП „Градски паркинг“. Ќе бидат на услуга на граѓаните за 10 денари од час. Деновиве треба да заврши достава на понудите на фирмите кои се подготвени да ги набават велосипедите за потребите на градските власти. И тие 90 ќе станат дел од возниот парк на „Градски паркинг“, кое одлучи да се поднови со велосипеди бидејќи отвори два нови пункта за изнајмување. Едниот се наоѓа на паркингот во Клинички центар, а другиот кај поранешна Воена болница.

Во моментов претпријатието располага со 150 велосипеди. Тие се набавени лани, а пак оние купени од пред три години, кога стартуваше „Најми велосипед“ генерално не се во возна состојба. Надлежните признаваат дека тие генерално се уништени и искршени. И покрај ваквата ситуација, од ЈП тврдат дека од година во година свеста на граѓаните за чување на велосипедите се подигнува.

„Ако првата година кога стартуваше проектот речиси цел профит го дававме за поправка на велосипедите, ваквата слика од година во година се подобрува. Се' помал е бројот на случаи да ни вратат искршени велосипеди, а речиси повеќе не се ни крадат“, вели Борче Јакимовски, директор на „Градски паркинг“. Првата година од проектот вкупниот приход на претпријатието од рентањето на велосипедите изнесуваше 120.000 денари, а за поправки даваа дури 150.000 денари.

Инаку, и годинава цената за изнајмување е 10 денари за час. Велосипеди можат да се рентаат зад ТЦ „Бисер“ во Аеродром, на паркингот кај Градска болница, кај „Треска“ , како и на новоотворените пунктови на градските паркиралишта во Клиничкиот центар и кај поранешна Воена болница.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7BCA18E7BFF65D41B86413DC40063AE7
 

·
Macedonia
Joined
·
47,938 Posts
Нови велосипедски постојки во општина Центар



ЈП Паркинзи на општина Центар, во соработка со општина Центар денеска поставија постојки за велосипеди.

-Со овие постојки сакаме да им кажеме на граѓаните дека велосипедот треба да ни биде прво превозно средство со што ќе се залагаме за почисто Скопје, ќе се троши помалку енергија, ќе се подобрува кондицијата и ќе редуцираме CO2, велат од општината.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/892803616/novi-velosipedski-postojki-vo-opstina-centar
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Почна субвенционирањето за купување велосипед во Центар

Општина Центар почна да ја спроведува Одлуката за субвенција од 30 проценти од цената за купување нов велосипед, но, најмногу до 3.000 денари.



Секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед, за да ја добие субвенцијата, потребно е да достави барање за субвенционирање за купен велосипед, копија од лична карта и од трансакциска сметка и фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед.

- Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општина Центар, барака 6, почнувајќи од денот на влегување во сила на Одлуката за субвенционирање на граѓаните на Општина Центар при купување на велосипед, односно од 2 јуни 2013 година. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето, соопшти денеска општина Центар.

Правото на субвенција е еднократно, а за првите пет кои ќе поднесат барање, следува пригоден подарок.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,938 Posts
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ДО 2017 НАЈАВИ ИЗГРАДБА НА ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ НИЗ ЦЕЛ ГРАД

ОД ЃОРЧЕ ДО ЧАИР СО ВЕЛОСИПЕД

Според проектот на Град Скопје, предвидено е велосипедистите да имаат свои патеки на булеварите Партизански одреди, Илинденска, Теодосиј Гологанов, Борис Трајковски, Трета македонска бригада, Србија, Јане Сандански, Цветан Димов

Речиси сите булевари низ Скопје ќе добијат велосипедски патеки. Ова вчера го најави градоначалникот Коце Трајановски, на одбележувањето на Деновите на енергетска ефикасност. Според проектот на Град Скопје, предвидено е велосипедистите на имаат своја патека на булеварите Партизански одреди, Илинденска, Теодосиј Гологанов, Борис Трајковски, Трета македонска бригада, Србија, Јане Сандански, Цветан Димов. Според ситуацијата на терен, на одредени локации ќе има и велосипедски и пешачки патеки, а на други една патека за велосипедисти и пешаци.


Фото: Вест

"На оние локации каде што тротоарите се узурпираат од возила, ќе поставиме столпчиња, како што е случајот со булеварот Партизански одреди. Досега Градот има изградено велосипедски патеки во должина од 60 километри по главните сообраќајници и околу 20 километри на двете страни од Кејот на реката Вардар. По завршувањето на планираните сообраќајни решенија во 2017 година, граѓаните ќе можат, непречено возејќи велосипед, да стигнат до која сакаат дестинација во градот", рече градоначалникот Коце Трајановски.

Реализацијата на овој проект ќе стартува напролет, до кога треба да бидат изготвени сите сообраќајни решенија. (А.А.)

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=3BE92190427FA34B9E4C1853E1AB9AAB
 

·
Macedonia
Joined
·
47,938 Posts
Град Скопје ветува нови велосипедски патеки до 2017 година



Скопската велосипедска мрежа во 2017 година ќе се состои од четири главни велосипедски рути што е предвидено да се протегаат низ главниот град во насока исток – запад и дополнителни седум конектори во правецот север – југ. Ова се главните ветувања во проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОСИПЕД 2017“ што денеска го презентираше Град Скопје. Градските власти ветуваат дека најдоцна до 2017 година ќе реконструираат вкупно 51 километри од постоечките велосипедски патеки, кои во моментов се протегаат на 60 километри по должина на улиците и дополнителни 21 километри по Кејот на реката Вардар.

За новиот проект на Град Скопје зборуваше градоначалникот Коце Трајановски. „Според барањата на велосипедистите, велосипедските патеки што ќе ги изградиме или реконструираме ќе бидат покриени со асфалт, а не со бекатон плочки. Ќе обезбедиме рампи за глатко движење. Секаде каде што ќе може ќе ги отстраниме постојните пречки на велосипедските патеки – семафорите, знаците, билбордите, контејнерите. Велосипедските патеки ќе ги заобиколуваат автобуските постојки од задната страна. Воведовме унифициран и препознатлив начин за обележување на патеките со бела непрекината боја. Ќе овозможиме заштита на велосипедските патеки од паркирање на моторни возила“, истакна градоначалникот Трајановски.

Што сè предвидува проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОСИПЕД 2017“?

РУТА 1 – период на реализација: 2014 – 2015 година
Гази Баба – Центар – Карпош со должина од околу 8 километри

РУТА 2 – период на реализација: 2015 – 2016 година
Аеродром – Центар – Карпош – Ѓорче Петров со должина од околу 11 километри

РУТА 3 – период на реализација: 2016 – 2017 година
Кисела Вода – Центар – Карпош со должина од околу 8,5 километри

РУТА 4 – период на реализација: 2016 – 2017 година
Бутел – Чаир – Центар со должина од околу 5 километри

Седум конектори со должина од околу 19 километри – период на реализација: 2017

http://www.build.mk/?p=44883

 

·
Macedonia
Joined
·
47,938 Posts
ПРОМОВИРАНА РЕКОНСТРУИРАНАТА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА НА БУЛЕВАРОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, денеска /17.06.2015 година/ ја промовираа реконструираната велосипедска патека по должината на булеварот Александар Македонски, на потегот од клучката „Естекада“ до бараките на Општина Гази Баба.



- Постојната велосипедска патека на оваа делница којашто беше многу оштетена и полна со дупки сега е реконструирана на вкупна должина од 1.530 метри и на ширина од 2,5 метри. Во текот на градежните работи, беше отстранет стариот и оштетен асфалт, се санираа дупките и нерамнините, се поставија нови рабници и се нанесе нов асфалтен слој. Важно е да се нагласи дека реконструираната велосипедска патека по должината на булеварот Александар Македонски е обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација, со континуирана препознатлива бела боја, што е во согласност со Акцискиот план за велосипедските патеки 2014 – 2017 година кој го подготви Градот Скопје. Оваа велосипедска патека ги заобиколува постојните автобуски станици од задната страна, а при нејзиниот влез и излез од крстосниците се направени рампи за глатко движење. По должината на патеката се поставени и столпчиња за да се спречи непрописното паркирање моторни возила. Паралелно со реконструкцијата на велосипедската патека, Градот Скопје ја реконструираше и пешачката патека по должината на булеварот Александар Македонски, од клучката „Естекада“ до бараките на Општина Гази Баба. На терен работеа екипите на ЈП „Улици и патишта“. За реконструкција на велосипедската и на пешачката патека по должината на булеварот Александар Македонски, на потегот од клучката „Естекада“ до бараките на Општина Гази Баба Градот Скопје потроши околу 11 милиони денари – рече денеска градоначалникот Трајановски.



Трајановски додаде дека оваа велосипедска патека на булеварот Александар Македонски е дел од Рутата 1 од капиталниот проект за унапредување на велосипедските патеки во Скопје – СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017, што Градот Скопје го промовира пред два дена. Патеките што се дел од Рутата 1 треба да бидат реконструирани до крајот на оваа, 2015 година.

Во моментов се работи на реконструкција на велосипедската патека од другата страна на булеварот Александар Македонски, од јужната страна, на потегот од хотелот „Континентал“ до клучката „Естекада“. Градежните работи ќе продолжат и на други велосипедски патеки од Рутата 1.



- Градот Скопје пред два дена го промовираше капиталниот проект СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017. Нашата цел е да го олесниме движењето на велосипедистите, да им овозможиме на сите што користат велосипед без препреки и безбедно да стигнат до саканата дестинација и да формираме ефикасна мрежа на велосипедски патеки коишто ќе бидат поврзани и достапни за користење. Со проектот СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017 во градот ќе се оформат четири главни велосипедски рути кои ќе се протегаат во насока исток – запад и 7 конектори кои ќе се протегаат во насока север – југ и тоа: РУТА 1 - Гази Баба-Центар-Карпош (со должина околу 8 километри); РУТА 2 - Аеродром-Центар-Карпош-Ѓорче Петров (со должина околу 11 километри); РУТА 3 - Кисела Вода - Центар - Карпош (со должина околу 8,5 км), РУТА 4 - Бутел-Чаир-Центар (со должина околу 5 км), како и Седум конектори (со должина околу 19км). Градот Скопје во текот на изминативе неколку месеци реконструираше велосипедски патеки во должина од 3,5 километри, и тоа: по должината на булеварот Кузман Јосифовски Питу, на потегот од НБРМ до Транспортниот центар; на булеварот Гоце Делчев, на потегот од МРТВ до факултетскиот комплекс; на булеварот Крсте Мисирков, на потегот од Адвокатската улица до кеј „Димитар Влахов“; на булеварот Александар Македонски; на булеварот Ѓорче Петров, на потегот од Општина Ѓорче Петров кон мостот за Сарај и на булеварот Крсте Мисирков на потегот од ТЦ „Мавровка“ до Бит-пазар – нагласи градоначалникот Коце Трајановски.



Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, ја нагласи добрата соработка со Градот Скопје и упати апел граѓаните што повеќе да користат велосипед во своето секојдневно движење.

http://skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=8331&mid=482&tabId=
 
21 - 40 of 52 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top