SkyscraperCity Forum banner
41 - 52 of 52 Posts

·
Macedonia
Joined
·
47,928 Posts
ПРОМОВИРАНА РЕКОНСТРУИРАНАТА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА НА БУЛЕВАРОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ



Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски, денеска /31.10.2015 година/ ја промовираа реконструираната велосипедска патека по должината на булеварот Александар Македонски, на потегот од подземниот премин кај хотелот „Континентал“ до влезот во пунктот на ЈСП во Автокоманда.



- Градот Скопје интензивно работи на реализација на проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“. Денеска ја промовираме реконструираната велосипедска патека по должината на булеварот Александар Македонски, на потегот од подземниот премин кај хотелот „Континентал“ до влезот во пунктот на ЈСП во Автокоманда, што е дел од рутата 1 од овој проект. Во текот на изминатиов месец, пешачката и велосипедска патека по должината на булеварот Александар Македонски беше целосно реконструирана на должина од 1.040 метри, беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беа поставени нови рабници и нов асфалтен слој. Пешачката патека е широка 4 метри, а велосипедската патека – 2,5 метри. Означена е и хоризонталната и вертикалната сигнализација. На реконструкција на пешачката и велосипедска патека на булеварот Александар Македонски, на потегот од подземниот премин кај хотелот „Континентал“ до влезот во пунктот на ЈСП во Автокоманда, работеа екипите на ЈП „Улици и патишта“, а Градот Скопје за овој зафат потроши околу 8,6 милиони денари – рече градоначалникот Коце Трајановски.



За да се овозможи непречено движење на велосипедистите, екипите на Град Скопје ја реконструираа и пешачката и велосипедска патека по должината на улицата Беласица, на потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до кружниот тек кај хотелот „Континентал“, од страната на скопското сајмиште, на должина од 260 метри, а кај хотелот „Континентал“ е изградена нова велосипедска патека долга 50 метри. Со овој зафат, велосипедистите добија можност за непрекинато движење по должината на булеварот Александар Македонски и по улицата Беласица по уредена велосипедска патека.



- Во наредниве денови продолжуваме со активностите за изградба и обнова на велосипедските патеки од рутата 1. Ќе се работи на булеварот Александар Македонски, на потегот од базата на ЈСП во Автокоманда до клучката „Естекада“, на булеварот Илинден, на потегот од улицата Љубљанска до булеварот 8.Септември, на булеварот Илинден, на потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до фонтаната во Градскиот парк, на улицата Беласица, од страната на паркингот и по должината на булеварот Гоце Делчев, од страната на населбата Крњево. На терен работат 3 градежни компании, а градежните работи на патеките од рутата 1 очекуваме да завршат до крајот на годинава. Потоа ќе продолжиме да работиме и на преостанатите три рути од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“. Сакам да потсетам дека со проектот за унапредување на велосипедскиот сообраќај „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ во градот ќе се оформат четири главни велосипедски рути, и тоа: РУТА 1 - Гази Баба-Центар-Карпош, РУТА 2 - Аеродром-Центар-Карпош-Ѓорче Петров, РУТА 3 - Кисела Вода - Центар – Карпош, РУТА 4 - Бутел-Чаир-Центар, како и седум конектори што ќе ги поврзуваат патеките од рутите. Со овој проект до 2017 година ќе се реконструираат вкупно 51 километар велосипедски патеки. Апелирам до граѓаните што повеќе да користат велосипед во своето движење низ градот и да ги користат обновените велосипедски патеки – нагласи денеска градоначалникот Трајановски.



Досега во Скопје се реконструирани следниве велосипедски патеки:

- на булеварот Кузман Јосифовски – Питу, на потегот од НБРМ до Транспортен центар;

- на булеварот Гоце Делчев, на потегот од МРТВ до факултетскиот комплекс;

- на булеварот Крсте Мисирков, на потегот од Адвокатската улица до кеј „Димитар Влахов“;

- на булеварот Александар Македонски, на потегот од бараките на Општина Гази Баба до Шумарскиот факултет, лева страна;

- на булеварот Александар Македонски, на потегот од улицата 16. Македонска бригада до клучката „Естекада“, лева страна;

- на булеварот Ѓорче Петров, на потегот од булеварот Македонска војска до мостот за Сарај, лева страна;

- на булеварот Крсте Мисирков, на потегот од ТЦ „Мавровка“ до клучката кај Бит-пазар, од страната на пазарот.

http://skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=8582&mid=482&tabId=1
 

·
Macedonia
Joined
·
47,928 Posts
ОД МОСТОТ „8.СЕПТЕМВРИ“ ДО ВЛИВОТ НА ЛЕПЕНЕЦ ВО ВАРДАР

Се гради нова ролерско-велосипедска патека на кејот на Вардар

Екипи на Градот Скопје деновиве работат на изградба на ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на реката Вардар, на потегот од мостот „8 Септември" до вливот на реката Лепенец во Вардар.



Ролерско-велосипедската патека на оваа делница ќе биде долга 2.000 метри, а широка 4 метри. На терен, на трасата на патеката е извршен ископ, нанесен е тампонски слој и се поставуваат рабници. Во текот на наредните денови патеката ќе се асфалтира и ќе се обележи хоризонталната сигнализација, соопштија од Град Скопје.



На изградба на оваа ролерско-велосипедска патека работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

На новата патека ќе бидат поставени 91 столб за осветлување со висина од по 7 седум метри.



http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/se-gradi-nova-rolersko-velosipedska-pateka-na-kejot-na-vardar-foto
 

·
Macedonia
Joined
·
47,928 Posts
Се гради пешачко-рекреативната патека во општина Илинден

Со асфалтирање и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, во Општина Илинден, на потегот Марино-Кадино, продолжува интензивната изградба на пешачко-рекреативната патека во должина од 2.000 метри.



Покрај пешачката патека, се гради велосипедска патека, патека за ролерки и скејтборди, во чии рамки ќе бидат поставени и реквизити за спортување и рекреација, урбана опрема, а ќе се изврши и уредување на зелените површини во должина на патеката. Паралелно со ова ќе биде извршено и осветлување на патеката.



Меѓу пешачката и велосипедската патека изграден е одводен канал за зафаќање на атмосферските води од патеките, а на одредени места изградени се и патеки со широчина од 2 метра кои овозможуваат врска меѓу пешачката и велосипедската патека.

Вкупната вредност на проектот е 30 милиони денари, од кои 12 милиони денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, а преостанатите 18 милиони денари се од Буџетот на Општина Илинден.



Со новата патека која што ги поврзува населeните места Марино и Кадино, кои што вкупно бројат повеќе од 10.000 жители, се создаваат нови можности за рекреација, комуникација, заедничко дружење и рекреативен спорт. Истовремено, со реализацијата на овој капитален проект се придонесува за поголема безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците, како и поголема безбедност на децата од училишна возраст кои се движат од зоните на домување кон детската градинка, основното и средното училиште.

http://skopjeinfo.mk/se-gradi-peshachko-rekreativnata-pateka-vo-opshtina-ilinden-foto
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Од Лисиче до Ѓорче по кеј на велосипед - Скопје добива вело-патека од двете страни на Вардар





Велосипедската патека на десниот брег на реката Вардар стана вистинска атракција за Скопјани, па во летниот период настанува вистинска гужва на неа. Градот Скопје уште при изградбата на истата, најави изградба на иста таква и на другиот брег на реката. Во моментот, привршуваат градежните работи на првата делница на велосипедската патека која ќе се протега од мостот „8-ми септември“ до вливот на реката Лепенец. Имено, рутата сеуште не е подготвена за отворање, готов е 1,5 километар од планираните 2, на 4 метри широката патека.

Кога ќе биде комплетиран целиот проект, Скопје ќе добие велосипедска патека од двете страни на реката Вардар со вкупна должина од 21 километар. Паралелно, на терен работат и екипи на „Улици и патишта“ кои поставуваат 7 метарски канделабри за улично осветлување.

Ова е засебен проект на Град Скопје, кој паралелно спроведува уште еден, наменет за велосипедистите. Како што беше објавено пред неколку дена Градот Скопје ја покрена иницијативата „Скопје вело-град“ 2017, со која се опфатени велосипедски патеки низ најголемите сообраќајници во градот.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Нови пешачки патеки во Аеродром





Општина Аеродром почна со изградба на нови пешачки патеки, кои треба да им го олеснат движењето на граѓаните во општината.

Градежни активности за изградба на нови пешачки патеки, со вкупна должина од околу 500 метри се вршат на ул. „Февруарски поход“ во Реонски центар „Аеродром“.

Вкупната површина за изведба на пешачките патеки е околу 3.500 метри квадратни со поставени бекатон-плочки во сива и црвена боја, соопшти општина Аеродром.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,928 Posts
СЕ ПРОДОЛЖУВА РОЛЕРСКО-ВЕЛОСИПЕДСКАТА ПАТЕКА НА КЕЈОТ НА ВАРДАР ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ ја асфалтираат ролерско-велосипедската патека на кејот на реката Вардар во Горно Лисиче, на потегот од големиот парк на булеварот Февруарски поход до железниот мост во Горно Лисиче, од десната страна.

Оваа ролерско-велосипедска патека е формирана на должина од 2.000 метри, со ширина од 4 (четири) метри. На терен е направен ископ, нанесен е тампонски слој и рабници, а потоа и нов асфалтен слој.



Ролерско-велосипедската патека на кејот на реката Вардар што се протега од големиот парк на булеварот Февруарски поход до железниот мост во Горно Лисиче, односно до крај на регулацијата на реката Вардар, претставува продолжување на патеката која се протегаше од мостот „Тодор Александров“ до паркот на булеварот Февруарски поход.



Градот Скопје во текот на изминативе неколку години интензивно работи на изградба и реконструкција на велосипедските патеки во градот за да се формира мрежа на обележени и поврзани патеки што на велосипедистите ќе им овозможат беа пречки и безбедно да стигнат до посакуваната дестинација. Така, во рамките на проектот „Скопје Велоград 2017“, се изградени и реконструирани велосипедски патеки во должина од околу 18 километри, а изградени се и ролерско-велосипедски патеки од двете страни на кејот на реката Вардар.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=9512&mid=482&tabId=
 

·
Macedonia
Joined
·
47,928 Posts
ПИВАРА СКОПЈЕ И КОКА КОЛА ДОНИРАА ПАРКИРАЛИШТА ЗА ВЕЛОСИПЕДИ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ

На платото пред фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк денеска /12.05.2017 година/ беше промовирано првото Кока-Кола паркиралиште за велосипеди, донација за Градот Скопје од Пивара АД Скопје и од компанијата Кока Кола. Двете компании на Градот Скопје ќе му донираат 5 вакви паркиралишта кои ќе бидат поставени на различни локации, а се во облик на препознатливото шише на Кока-Кола. На секоја од локациите ќе биде поставен пар од Кока-Кола и Кока-Кола Зеро паркиралиште и на нив ќе може да се паркираат 24 велосипеди.





- Во текот на изминативе неколку години Градот Скопје посветено работи и вложува во подобрувањето на велосипедската инфраструктура во Скопје. Потврда за тоа е успешната реализација на капиталниот проект „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ со кој во градот ќе се формира ефикасна мрежа на обележени велосипедски патеки коишто ќе бидат поврзани и достапни за користење, односно, ќе се овозможи на сите што користат велосипед без препреки и безбедно да стигнат до саканата дестинација. Досега, ги изградивме велосипедските патеки од Рутата 1, на должина од 7.600 метри и на велосипедистите им овозможивме непречено да се движат од Гази Баба преку центарот на градот до Карпош. При крај е изградбата и реконструкцијата на велосипедските патеки од Рутата 2, на вкупна должина од 11 километри, од општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Ќе следува формирањето на велосипедските патеки од Рутата 3 кои ќе ја поврзат Кисела Вода преку центарот на градот со Карпош; патеките од Рутата 4, од Бутел преку Чаир до центарот, како и седумте конектори. Со проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ ќе се изградат и реконструираат вкупно 51 километар велосипедски патеки во Скопје. За нас е многу важно да создадеме услови и да ги поттикнеме граѓаните, а особено младите луѓе, во што поголем број да го користат велосипедот како алтернативно транспортно средство, да следат здрави животни навики и да придонесат за почиста животна средина. Таа наша заложба и напредок ги препозна и Европската унија, а Скопје се вброи меѓу трите града со најдобра одржлива мобилност. Во оваа пригода, се заблагодарувам на добрата соработка и на донацијата од 5 паркиралишта за велосипеди на Пивара Скопје и на компанијата Кока Кола, како општествено одговорни компании кои ја поддржуваат нашата заложба за одржлив транспорт во градот и се вистински пример за грижа кон заедницата – рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=9510&mid=482&tabId=1
 

·
Macedonia
Joined
·
47,928 Posts
Град Скопје ќе гради и реконструира две нови велосипедски рути


Проектот „Скопје Велоград“ продолжува со изградба и реконструкција на две нови велосипедски рути во македонската метропола. Град Скопје денеска објави тендер за избор на градежна фирма што ќе ја изведува третата велосипедска рута, која што ја опфаќа трасата долж булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „11 Октомври“, на потегот од фабриката „Стаклара“ во општина Кисела Вода до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ во општина Центар.

Воедно, со овој тендер ќе се гради и реконструира поголем дел од четвртата велосипедска рута, која што ја вклучува трасата долж булеварот „Крсте Петков Мисирков“ и улицата „Бутелска“ во општините Чаир и Бутел. Станува збор за потегот од крстосницата со булевар „Кузман Јосифовски Питу“ до клучката Бит – пазар на булеварот „К.П. Мисирков“ и трасата од крстосницата со булевар „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улица „Душко Поповиќ“. Од градскиот буџет за овој градежен зафат е предвидено да се издвојат околу 27 милиони денари.

Од градежните фирми се очекува да ги достават нивните понуди до Град Скопје најдоцна до 16 април. Главен критериум за избор на најповолен изведувач е понудената најниска цена. Планираната изградба и реконструкција на дел од двете велосипедски рути во Скопје е зацртано да се заврши во текот на претстојната градежна сезона.

http://build.mk/grad-skopje-ke-gradi-i-rekonstruira-dve-novi-velosipedski-ruti/
 

·
Macedonia
Joined
·
47,928 Posts
УТРЕ СЕ ОТВОРА НОВАТА ПИОНЕРСКА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА НА ВОДНО



Љубителите на планинарскиот велосипедизам од утре ќе може да возат по новата нагорна пионерска патека на Водно, која е дел од проектот „Велосипедски парк Водно“.



Официјалното отворање на патеката ќе биде во 12 часот на средно Водно, а претходно, сите велосипедисти се поканети да учествуваат на натпревар во организација на „Прв до врв“. Натпреварот ќе почне во 10 часот од полициска станица Водно и секој натпреварувач ќе стартува на 20 секунди, а учеството е бесплатно.



Со изградбата на велосипедската патека на Водно, се отвора ново поглавје во туристичката понуда на Скопје, но и на Република Северна Македонија.



Тргнувајќи од фактот дека велосипедскиот туризам се реализира преку програмата за развој и промоција на туризмот во шест држави од Западен Балкан, и Градот Скопје ја изгради оваа сертифицирана вело – патека што ги исполнува условите за организација на меѓународни натпревари на северните падини на Водно.



Новата планинска велосипедска патека е со променлива широчина (најмногу до 3 метри), со вкупна должина од 3.432 метри и се протега од полициската станица се до Средно Водно. За да се зголеми безбедноста на сите посетители на Водно, таа е посебна патека наменета исклучиво за велосипедистите, односно целосно одвоена од патеките на Водно што се наменети за пешаци и планинари.



Проектот за уредување на оваа планинска вело-патека на Водно се реализираше во соработка и е кофинансиран од Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council).

 
41 - 52 of 52 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top