Skyscraper City Forum banner
1 - 20 of 22 Posts

·
Registered
Joined
·
126,268 Posts
Discussion Starter · #1 ·
Витолиште е Мариовско село, а до 2004 година беше седиште на истоимената општина. Витолиште е најголемото село во Прилепскиот дел на Мариово. Од градот Прилеп Витолиште е одалечено 46 км и лежи на 830 метри надморска височина. Во селото има осумгодишно основно училиште,пошта,амбуланта со што селото претставува рурален центар на овој дел од Мариово,но и покрај оваа инфраструктура Витолиште доживеало огромна депопулација од 1291 жител во 1961 година да опадне на само 266 жители 1994 година,сите жители се Македонци. Последниве години во Витолиште беше забележано раѓање на 2 деца,што е надеж дека Мариово ќе заживее. Мариово е историски,културно и природно богат регион кој за само 50ина години тотално изумира (во 1946 година стапката на раѓање наталитет била 41,8 промили,највисока во Македонија тогаш). Витолиште е опишано во романите на познатиот македонски писател родум од Мариово,Стале Попов

 
1 - 20 of 22 Posts
Top