SkyscraperCity banner

1 - 20 of 219 Posts

·
Registered
Joined
·
124,831 Posts
Discussion Starter · #1 ·
Колешинскиот водопад е лоциран во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м.

Се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.



Blagoja Jankovski



Saso Lazarevski
 

·
Registered
Joined
·
124,831 Posts
Discussion Starter · #4 ·
Смоларскиот водопад се наоѓа на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари.

Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.

 

·
Registered
Joined
·
124,831 Posts
Discussion Starter · #9 ·
Корабскиот водопад (уште познат и како Пројфелски водопад) е водопад во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Кепи Бард. Во зависност сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет.

Во различни извори, може да се најдат различни податоци за висината на водопадот, а бројките варираат меѓу 70 до 138 метри. Точната висина на водопадот може да зависи и од различните точки кои се земени при различни мерења. Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 м,а а долната е на надморска висина од околу 1.950 м.

Водопадот се појавува со топењето на снегот на пролет. Најголем интензитет има кон крајот на мај и почеток на јуни, а понатаму во текот на летото, губи од својaта јачина. Крајот на летото и почетокот на есента, водата само се лизга по карпите, а во сушни години комплетно пресушува.

Најдобриот пристап до водопадот е преку долината на Длабока Река. Може да се пристапи од левата страна на реката преку селата Нистрово и Жужње, или од десната страна преку Бибај, покрај врвот Кабаш. Патекети се тесни и слабо обележани, а на неколку места треба да се преминува реката преку необезбедени премини.

 

·
Registered
Joined
·
124,831 Posts
Discussion Starter · #15 ·
Бистра

Тресонечкиот кањон е долг 1,7 км. На овој пат низ реката има 12 каскади-водопади. Висинската разлика меѓу нив е 290 м. Најголемата каскада е 30м.

 

·
Registered
Joined
·
124,831 Posts
Discussion Starter · #18 ·
Фрлогојски водопади се во општина Другово-кичевско на реката Студенчица



 

·
Registered
Joined
·
124,831 Posts
Discussion Starter · #19 ·
На само 2 минути од извориштето на Бабуна под врвот Солунска Глава е овој прекрасен водопад, висина 7м.



 

·
Registered
Joined
·
124,831 Posts
Discussion Starter · #20 ·
во Скочивирската односно Мариовската Клисура(полна со брзаци и слапови) до село Брник 40 километри источно од Битола, сместен во источните ограноци на Селечка Планина, во непосредна близина на Црна Река се наоѓа Брничкиот водопад 18м. директен пад



 
1 - 20 of 219 Posts
Top