SkyscraperCity banner
1 - 17 of 17 Posts

·
Registered
Joined
·
125,507 Posts
Discussion Starter · #1 ·
Гевгелија го одбра ова идејно решение за уредувањето на нивниот централен Плоштад.

 

·
Registered
Joined
·
125,507 Posts
Discussion Starter · #2 ·
Гевгелија ќе добие нова автобуска станица и нов пазар

Во Општина Гевгелија денеска почнаа градежните работи на новата автобуска станица, новиот градски пазар - инвестиции вредни над 60 милиони денати, а беше пуштена во употреба и предавањето во употреба на новоизградената улица „Мирко Делев“ во Негорци.



Камен-темелникот на новиот градски пазар, кој ќе се простира на површина од околу 6.000 метри квадратни го поставија премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов, кој рече дека градежните работи ќе се одвиваат во три фази и дека треба да завршат во рок од 90 дена.

- Изградбата на новиот пазар ќе чини 60 милиони денари. Трговците и производителите ќе добијат многу посовремени услови за работа со што и понатаму ќе продолжи традицијата на нивно собирање на пазарен ден во градот, долга повеќе од век и половина, рече Франгов и додаде дека денешниот ден во Гевгелија потврдува дека и во услови на светска економска криза на југот од Македонија работите се движат.

На предавањето во употреба на улицата „Мирко Делев“ во должина од 609 метри, во Негорци, се обрати директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Тони Димовски, кој истакна дека ова е еден од 40-те приоритетни проекти на Агенцијата. За овој проект издвоени се околу шест милиони денари, рече, а останатите седум милиони се обезбедени од општинскиот буџет.

Камен-темелникот на новата автобуска станица во Гевгелија го поставија градоначалникот Франгов и претседателот на Советот на Општина Гевгелија Александар Тодов.

- Со новата автобуска станица и претстојната реконструкција на железничката станица, Гевгелија ќе добие модерен транспортен центар. Објектот оптимално ќе ги задоволи потребите за автобускиот сообраќај. Вкупната негова вредност изнесува 11,5 милиони денари, а неговата изградба треба да заврши во рок од 120 дена, рече Франгов и додаде дека од април идната година граѓаните ќе може да ја користат новата автобуска станица во Гевгелија.
http://kurir.mk/republika/proekti/96813-Gevgelija-ke-dobie-nova-avtobuska-stanica-i-nov-pazar
 

·
Macedonia
Joined
·
46,945 Posts
Отворена новата меѓуградска автобуска станица во Гевгелија




Денеска беше предадена во употреба новата автобуска станица во Гевгелија за локален и меѓуградски превоз. Станицата се простира на 2.723 метри квадратни и во нејзини рамки влегува објект со билетара и чекална со површина од 60 метри квадратни, пет покриени перони, како и паркинг простор за возила. Изградбата започна на крајот на минатата година и ја вршеше локалната градежна фирма „Еуроинг“. Финансиите за реализација на проектот во висина од 12 милиони денари беа обезбедени од буџетот на Општината, а стопанисувањето со објектот ќе го врши општинското комунално претпријатие. Новата автобуска станица се наоѓа во непосредна близина на постоечката железничка станица и е дел од концептот за современ транспортен центар во градот.

http://www.build.mk/?p=27433
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Започна изградбата на нов водовод во Гевгелија


Почна изградбата на нов водовод наменет за Гевгелија, Богданци и околните места. Со проектот вреден 1,7 милиони евра ,обезбедени од неколку извори на финансирање, ќе се подобри квалитетот на водата за пиење за над 20 илјади луѓе.

- Станува збор за важен проект кој освен непречено снабдување со чиста вода за пиење на овие места, ќе придонесе и за развој на локалната економија преку создавање можности за отворање земјоделски преработувачки капацитети, индустриски капацитети и нови мали бизниси, но и развој во примарното и секундарното сточарско производство, изјави Кирил Миноски, министер за финансии.

Водоводот се гради со 1,6 милиони евра кои министерството за финансии ги обезбеди од на ИПА фондовите на Европската унија и од Светската банка, како и со 96 илјади евра кои министерството за транспорт ги обезбедило од Европската инвестициона банка.

Веста ја поздрави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој на социјалните мрежи порача дека се реализира уште едно ветување од програмата на партијата.

- Директни корисници на придобивките од новиот водовод ќе бидат околу дваесетина илјади граѓани од општина Гевгелија, Богородица, Моин и од Мрзенци. Исто така, директна корист ќе имаат и дел од жителите на соседната општина Богданци, како и населените места Селемли и Стојаково. И покрај сите политички предизвици, нашиот основен приоритет се граѓаните и тоа така и ќе остане. Ние продолжуваме со работа, со проекти со кои се подобрува секојдневието на граѓаните,напиша Груевски.

Новиот водоснабдителен систем треба да биде готов до ноември.

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2017 година е за 0,2 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во однос на јануари 2016 година е зголемен за 4 процентни поени.

Обемот на производството најмногу го ограничуваат недоволната странска побарувачка со 23 отсто, недоволната домашна побарувачка со 20,6 и недостигот на квалификувана работна сила со 17,5 проценти.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Општина Гевгелија со најниска стапка на невработеност во Македонија




Општина Гевгелија има највисока стапка на вработеност во Македонија, споредено со другите општини, потврдуваат последните податоци од Агенцијата за вработување во Гевгелија.

Од Агенцијата денеска соопштија дека се евидентирани 8.679 вработени и оти стапката на вработеност изнесува 77, 29 отсто и е највисока во земјава.

Истовремено, општина Гевгелија се наоѓа на последното место според стапката на невработеност која изнесува 6,82 отсто. Од Агенцијата посочуваат дека уште се евидентирани 766 невработени лица, од кои 303 се жени.

Најголемиот дел од невработените лица или 439 се со основно образование, 196 се со средно, 18 имаат вишо образование, 106 се со високо образование, а седум се магистри.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Уредување на локалитетот Смрдлива вода




Во туристичкиот локалитет Смрдлива вода на планината Кожуф, оддалечено дваесетина километри од Гевгелија, привршува уредувањето на центарот кое се изведува во рамки на проект што преку Центарот за развој на југоисточниот плански регион се реализира со средства од Агенцијата за финансика подршка во земјоделството и руралниот развој.

- Во центарот на Смрдлива вода веќе се завршени најголемиот дел од активностите, односно изграден е амфитеатарот, уредени се патеки и летниковци. Моментно се монтираат клупи и корпи за отпадоци по што Смрдлива вода ќе добие помодерен урбан лик кој ќе биде магнет за привлекување повеќе туристи и планинари, велат од Секторот за урбанизам на општина Гевгелија.

Покрај ова изградена е улицата од центарот до одморалиштето, кое е сопственост на општина Гевгелија, а во тек е бетонирање на уште една патека. За уредувањето на центарот на Смрдлива вода беа обезбедени околу 6,4 милиони денари од кои околу 5 милиони од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој и 1,4 милиони денари од буџетот на општина Гевгелија.
 

·
Macedonia
Joined
·
46,945 Posts
Систем за водоснабдување / Water supply system

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев на увид на системот за водоснабдување во Гевгелија [18.04.2019] by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев на увид на системот за водоснабдување во Гевгелија [18.04.2019] by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев на увид на системот за водоснабдување во Гевгелија [18.04.2019] by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев на увид на системот за водоснабдување во Гевгелија [18.04.2019] by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев на увид на системот за водоснабдување во Гевгелија [18.04.2019] by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев на увид на системот за водоснабдување во Гевгелија [18.04.2019] by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr
 
1 - 17 of 17 Posts
Top