Skyscraper City Forum banner
1 - 20 of 294 Posts

·
Registered
Joined
·
126,378 Posts
Discussion Starter · #1 ·
Гевгелија е град во југоисточниот дел на Република Македонија сместена во Гевгелиско - валандовската котлина во непосредна близина на границата со Република Грција.

Гевгелија како град почнала да се развива уште од средината на 19 век, кога населението од овие краеви ја почуствувало потребата да создава современа населба во помош на на минувачите-трговци и да биде домаќин на нивните патувања кон Блискиот Исток со многубројни анови.

Во 1860 година во Гевгелија имало 800 жители, но една деценија подоцна бројот на жителите двојно се зголемил. Во 1870 година Гевгелија станува важно пазариште за жителите на Гевгелиското поле и Мајадачката висорамнина. Во 1886 година Гевгелија и формално е прогласена за градска населба и административно-управен центар на Гевгелиска околија, со вкупно 68 населби. Во градот живеат над 3.000 жители. Крај главната улица, која била калдрмирана и осветлена со фенери, никнале зданијата на околиската и општинската управа, воената касарна и повеќе двокатни куќи. Во 1890 година во Гевгелија имало над 4.000 жители, од кои 3.600 биле Македонци, а другите Турци, Роми и Черкези. Според пописот од 2002 година градот има 15.685 жители.

 
1 - 20 of 294 Posts
Top