SkyscraperCity banner

1 - 9 of 9 Posts

·
Registered
Joined
·
119,623 Posts
Discussion Starter #6
Обновена улицата Антон Димитров во Драчево



Екипите на Град Скопје деновиве ја реконструираа улицата Антон Димитров, во Драчево, која е обновена на должина од 1.200 метри. На терен беа вградени порамнителен и завршен слој од асфалт со површина од околу 10.000 квадратни метри, а беа уредени и тротоари со бекатон-плочки на површина од околу 6.500 квадрати. На улицата е обележана хоризонталната сообраќајна сигнализација.

Улицата Антон Димитров (поранешната улица Жарко Зрењанин) е прометна сообраќајница која секојдневно ја користат жителите на Драчево и околните населби во општината Кисела Вода. За обновата на оваа делница Градот Скопје одвои околу 19,4 милиони денари.

Реконструкцијата на градските улици и булевари останува приоритет на Градот Скопје, за да се овозможи безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, за сите учесници.
link
 

·
Registered
Joined
·
119,623 Posts
Discussion Starter #7
Во скопската населба Драчево ќе се гради нова детска градинка. Објектот ќе се простира на површина од 600 квадратни метри и ќе има подрум, приземје и еден кат. На приземјето ќе се наоѓа главниот влез на градинката, како и четири занимални. На првиот кат се планира да бидат сместени јаслите, како и придружните простории.

link
 

·
Registered
Joined
·
119,623 Posts
Discussion Starter #8
Во полн ек течат градежните работи за реконструкција и проширување на патот кој води кон верско-рекреативниот центар Три круши. По рушењето на постоечката оштетена и изградба на нова коловозна конструкција, денес започнавме со асфалтирање на патот во должина од 660 метри, како и на двата краци во должина од 220 метри кои водат до куќите на жителите кои живеат во овој дел од Драчево.
По асфалтирањето, започнуваме и со активностите за целосно осветлување�� на патот. ♦Како што ветивме, наскоро граѓаните полесно и безбедно ќе стигнуваат и до своите домови и до познатото излетничко место Три круши.






link
 
1 - 9 of 9 Posts
Top