SkyscraperCity Forum banner
241 - 260 of 294 Posts

·
Macedonia
Joined
·
47,928 Posts
Се реконструира железничката станица во Прилеп





Во тек е реконструкцијата на железничката станица во Прилеп, која е дел од проектот за обнова на 10 вакви објекти во Македонија долж железничкиот дел од Коридорот 10 и кракот 10 Д.





Во изјава за медиумите градоначалникот Ристески истакна дека со реализацијата на овој капитален проект и со негово партерно поврзување со новата автобуска која пред една година беше ставена во функција Прилеп ќе добие еден современ транспортен центар.



Со реализацијата на овој проект железничката станица ќе стане подостапна за сите граѓани кои користат железнички сообраќај.



Проектот е на Министерството за транспорт и врски и опфаќа целосна реконструкција на сите главни елементи на станиците. Според најавите, целосно ќе бидат заменети крововите и подовите, ќе се санираат фасадите и внатрешните ѕидови, ќе биде поставена нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети. Комплетно ќе се смени водоводната и електричната инсталација – вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, ќе се постават системи за греење и ладење, за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапност и поврзување со патниот транспорт. Ќе се подобри и пристапноста за лицата со намалена подвижност.

prilep.gov.mk
 

·
Macedonia
Joined
·
47,928 Posts
Железницата доби мултимодален царински терминал во Скопје

МЖ Инфраструктура го реализираше проектот за адаптација на железничката станица Скопје – Товарна во мултимодален царински терминал. Домашните и странски компании во иднина на едно место ќе можат да вршат царинење на стоката, нејзин претовар од железнички вагони во товарни камиони и обратно, како и испостава до одредена локација. Во изминативе неколку месеци беше поставена нова ограда и влезно – излезна портирница со контролни рампи, додека во објектот беа монтирани колска вага, челична настрешница за вага, систем за електронско евидентирање на возила и издавање на терминалска белешка, како и системи за видео надзор и осветлување. Со зафатот беа реконструирани санитарните јазли со гардероби и туш кабини, додека паркинг просторот беше хоризонтално и вертикално обележан.



Во меѓувреме, МЖ Инфраструктура со Царинската управа на РМ склучила договор за користење на мултимодалниот царински терминал Скопје – Товарна. Од државното железничко претпријатие очекуваат дека отворањето на новиот терминал ќе придонесе за зголемување на оперативната ефикасност, пренос на тежок товар со железница, како и поповолен пристап на камионите од аспект на поповолната локација на терминалот. На тој начин, би требало да се зголеми и искористеноста на македонската железничка инфраструктура од домашните компании.

Адаптацијата и санацијата на железничката станица Товарна – Скопје започна кон средината на 2013 година. Целокупната постапка за реализација на новиот логистички центар во главниот град ја спроведе проектантското биро „ДОТ Архитекти“ од Скопје. Во заедничкиот проект на МЖ Инфраструктура, Министерството за транспорт и врски и Царинската управа на Македонија беа инвестирани 21.035.058 денари (околу 340 илјади евра).

http://www.build.mk/?p=46584
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Деловниот воз Битола-Скопје-Битола повторно во сообраќај




Од понеделник, МЖ Транспорт АД - Скопје во редовен сообраќај го враќа деловниот воз 540/541 на релацијата Битола-Скопје-Битола.

МЖ Транспорт информира дека на релацијата Скопје-Битола-Скопје се воведува уште еден пар на возови 940/941. Сообраќајот на возовите 540/541 и 940/941 ќе се реализира со новите современи кинески дизел-моторни гарнитури.

Од Скопје кон Битола и од Битола кон Скопје, наместо постоечките три, ќе сообраќаат пет пара на возови.

Популарниот деловен воз (Пелагонија) ќе вози по важечкиот возен ред. Од Битола ќе тргнува во 5.18 часот, а во Скопје ќе пристигнува во 8.02 часот. Од Скопје за Битола ќе тргнува во 17.10, а во Битола ќе пристигне во 19.51 часот. Нововоедениот воз 941 од Скопје ќе тргнуваат 1.40 по полноќ, а во Битола ќе пристигнува во 4.30 часот. Од Битола за Скопје возот 940 ќе тргнува во 20.50, а во Скопје ќе пристигне во 23.39 часот.

Двата воза ќе возат под задолжителна резервација на место за седење.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,928 Posts
Со кредит од ЕБОР ќе се купат три нови електрични локомотиви

Возниот парк на Македонски железници – Транспорт ќе се модернизира со три нови електрични локомотиви преку кредит од Европската банка за обнова и развој. Според објавените податоци од ЕБОР, тендерската постапка се очекува да започне во вториот квартал од 2016 година. Во насока на набавка на новите локомотиви, досегашниот заем од оваа финансиска институција е зголемен од досегашните 50 на вкупно 59 милиони евра. Тендерската постапка ќе се организира во согласност со правилата на ЕБОР и ќе биде отворена за производители од било која земја. Електричните локомотиви е предвидено да сообраќаат на пругата од паневропскиот Коридор 10.

Со идната набавка е предвидено дополнително да се обнови возниот парк, кој во моментов се состои од локомотиви стари и преку половина век. Во функција на обнова на железницата, со подигнатиот кредит од ЕБОР досега се купија шест дизел и електро моторни гарнитури од Кина и 150 товарни вагони од Словачка. Со финансиски средства од оваа банкарска институција, Македонски железници – Транспорт пред две години објави тендер за реконструкција на три електрични локомотиви.

http://www.build.mk/?p=49119
 

·
Macedonia
Joined
·
47,928 Posts
Реконстуирани железничките станици на Коридорот 10

Заврши реконструкцијата на шесте железнички станици на Коридорот 10. Реконструирани се железничките станици во Велес, Прилеп, Градско, Демир Капија, Неготино и Табановце.

Оваа година ќе се реконстуираат уште четири железнички станици во рамки на истиот проект и тоа во Битола, Чашка, Богомила и Гевгелија. Проектот се реализира во соработка со ЕУ и чини околу 2 милиони евра.



















http://kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pred-i-potoa-rekonstuirani-zheleznichkite-stanitsi-na-koridorot-10/
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Објавен тендер за набавка на три електрични локомотиви за МЖ Транспорт



Објавен е тендер за набавка на три електрични локомотиви за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт ад Скопје, инвестиција од седум милиони евра, информира денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Тендерската постапка трае до 2 јуни годинава, а Мисајловски очекува годинава да биде склучен договорот, а до јуни следната година локомотивите да бидат испорачани во Македонија.

Според Мисајловски, политиките на Министерството за транспорт резултираат со развој на железницата.

- Претходно набавивме шет нови патнички возови, исто така вработените во Железницата во континуитет земаат редовна плата, обезбедивме работа и за велешка Колска, што значи дека со политиките што Министерството за транспорт и врски ги презема во делот на железницата постигнуваме добри резултати за развој на железничкиот сектор во Република Македонија, изјави Мисајловски, одговарајќи на новинарски прашања при увидот на активностите за обнова на патот Дојран -Николик.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Најголеми вложувања во Македонската железница во повеќе децении


Нови 140 милиони евра инвестиции во железницата следната година. Продолжува изградбата на пругата кон Бугарија, реконтрукцијата на железничките станици по должината на Коридорот 10 и подновувањето на возниот парк. Макеоднската железница добива сосема нов лик, вели министерот за транспорт Мисајловски.

-Максимално вложуваме во инфраструктурата и во патната и во железничката инфраструктура. Како Влада сме посветени во реализација на сите оние проекти кои ги имаме ветено. Не само да ветуваме како минатите Влади особено СДСМ само ветуваше, а ништо не изгради. Ние конкретно, со години по рокови кажуваме што ќе се направи, вели Мисајловски.

Во тек е тендерот за втората фаза од изградбата на пругата кон Бугарија, делницата Бељаковци Крива Паланка. До крајот на годината ќе биде избрана фирмата која ќе го гради овој дел, а ќе биде готов за 40 месеци. На Коридорот 8 во тек се градежните активности на делницата Куманово – Бељаковце и прокетирањето на последната, трета фаза од Крива Паланка до границата.

Во наредниот период ќе притигнат последните два патнички воза од вкупно шесте, но Мисајловски најавува дека подновувањето на возниот парк ќе продолжи.

-Распишавме тендер за 7 милиони евра за нови електрични локомотви кои очекувам следната година да бидат произведени и стигнати во Македонија, рече Мисајловски.

За прв пат по три децении, Владата неодамна набави и нови товарни возови за потребите на макеоднски железници.
 
  • Like
Reactions: katani

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Македонија и Бугарија, железнички ќе се поврзат во 2020 година




Железничкото поврзување и определување на спојните точки меѓу Македонија и Бугарија, интензивирање на соработкаката на железничките компании, како и размена на искуства и на експертски тимови биле теми за кои разговараа денеска во Скопје директорот на ЈП Македонски железници-Инфраструктура, Ирфан Асани и директорот на Бугарската национална железничка инфраструктурна компанија Милчо Ламбрев.

Асани го информирал директорот на бугарската железничка компанија дека градежните работи и проектите поврзани за железничко поврзување меѓу двете држави се во тек, и најдоцна до 2020 година се очекува Македонија и Бугарија железнички да се поврзат, соопшти МЖ-Инфраструктура.

- Ако се оди според планот за четри години е предвидено да завршат сите градежни работи на пругата кон Бугарија и во 2020 година Скопје и Софија ќе се поврзат и по железнички пат, истакнал Асани на средбата со Ламбрев.



Според Ламбрев, бугарските железници моментално проектираат нови траси на железничката линија кон Македонија.

- Ние ќе ги завршиме градежните работи до 2020 година, и како компанија сме подготвени железнички да се поврзиме и преку старата траса, иако паралелно ја градиме и новата траса кон границата со Македонија, рекол Ламбрев.

Асани го информирал својот бугарски колега и за моменталните активности кои се одвиваат на Коридорот 8, односно железничкото поврзување со Албаниаја каде што 50 отсто од главниот проект е веќе направен.

Следната средба на двајцата директори ќе биде во Софија, а главна цел ќе биде подобра координација меѓу двете железнички компании.
 
  • Like
Reactions: katani

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Проектот за пругата Кичево - Лин ќе биде готов до крајот на годината


Од Кичево до Лин ќе се патува со воз. Се прави проек за изградба на пругата кон Албанија. Ќе биде долга 63 киломентри. Само за изработка на проектот предвидени се 9 милиони евра.

Во меѓувреме надлежните на самитот во ЕУ кој треба да се одржи во јули во Париз ќе побараат пари од ИПА фондовите за реазлиација на проектот.
Мисјаловски потенцира дека последниве години има инвестициски бум во железничкиот сообраќај. На големо се работи на инфрастуктурата, се градат нови пруги, наскоро ќе биде готов и Коридорот 10, а се работи и на пругата кон соседна Бугарија.

Целосно се модернизира и возниот парк, до крајот на летото ќе пристигнат и последните два од набавените шест нови возови. Беа набавени и 150 нови товарни вагони. Модернизацијата на македонската железница значително го зголеми бројто на патници.
 
  • Like
Reactions: katani

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Железничките станици со нов лик


Железничките станици во земјава добиваат комплетно нов лик. Целосно е завршена модернизацијата на 6 од вкупно 10 станици долж Коридорот 10, вклучувајќи го и кракот 10-д. Реновирани се билетарите, чекалните, санитарните јазли, фасадите како и многу други делови од станиците со кои целосно ќе се подобри квалитетот на услугите за патниците.

Од Владата потенцираат дека после 70 години како се изградени, станиците досега не се обновени. Во завршна фаза е и реконстукцијата на железничката станица во Скопје, а наскоро ќе почнат и градежните активности за обнова на уште 4 станици.

- Набрзо се очекува отпочнувањето со градежните работи на железничките станици во Богомиола и Чашка во Велешкиот регион, а поради објективни причини има мало пролонгирање во однос на гевгелиската железничка станица, поради мигрантската криза како и чекањето на мислење од Управата за културно наследство во однос на реконструкцијата на железничката станица во Битола, изјави Александар Ѓорѓиев Портпарол на Влада на РМ

Изминатиов период со инвестицискиот циклус во железничкиот сообраќај беа набавени 150 товарни вагони за кои беа инвестирани 13 милиони евра. Државата набави и 6 нови патнички возови во вредност од 25 милиони евра.

Од Владата информираат дека возниот парк ќе се обновува и во иднина. Предвидена е набавка на нови електрични локомотиви, за кои ќе бидат инвестирани 7 милиони евра.

Паралелно со модернизацијата на возниот парк продолжуваат и инвестициите во железничката инфраструктура. Тече изградбата на пругата Битола-Кременица кон Грција, а се реконструира делницата Ногаевци-Неготино. Се работи и на првата фаза од пругата кон Бугарија. Објавен е тендерот за втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка.

Се прави и проектот за изградба на пругата кон Албанија. Со воз ќе се патува од Кичево до Лин со еден крак и до Охрид. Пругата ќе биде долга 63 км а се очекува проектот да биде готов до крајот на годинава, по што ќе се знае колку ќе чини изградбата.
 
241 - 260 of 294 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top