SkyscraperCity Forum banner
261 - 280 of 294 Posts

·
Macedonia
Joined
·
47,934 Posts
Некои од обновените железнички станици / Some of the reconstructed train stations so far...

Чашка / Chashka



Градско / Gradsko



Битола / Bitola







Неготино / Negotino



Богомила / Bogomila



извор / source
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Уште два нови возови до крајот на годината и ќе заврши првата фаза од модернизацијата на Македонски железници


Уште два нови возови до крајот на годината и ќе заврши првата фаза од модернизацијата на македонски железници. Со реконструкцијата на железничката станица во Гевгелија пак завршува и проектот со кој станиците ќе добијат комплетно нов модерен лик. Како што посочуваат надлежните инвестициите значително придонеле патниците да го користат овој превоз. Бројот на патници е повеќе од двојно зголемен, а со набавката на новите товарни вагони се очекува во наредниот период да се зголеми и обемот на превоз во товарниот сообраќај.

Претпријатието сеуште ги нема надминато милионските штети што ги претрпе со 4 месечната блокада на солунското пристаниште. Костов посочува дека е потребно време да се врати довербата кај коминтентите, односно компаниите кои ја користеле пругата Скопје Солун. За развојот на домашаната економија од МЖ транспорт ја потенцираа изградбата на пругата од Битола кон Лерин која моментално е стопирана.

Бугарскиот конзорциум кој требаше да ја гради пругата кон Лерин не го испочитува договорот поради што проектот е прекинат. Се чека ЕУ да посочи кој ќе биде новиот изведувач.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,934 Posts
Loko Trans to develop Skopje rail hub

24 Nov 2016

MACEDONIA: Czech freight operator and rolling stock maintenance company Loko Trans is to invest €20m to establish a logistics centre in Skopje to serve the Balkan region.

This will include facilities for rolling stock maintenance and repair, as well as freight transhipment, warehousing and a customs office. Construction is expected to start in the first half of 2017 for completion within a year. Loko Trans expects to create between 150 and 200 jobs at first, growing to 600 at a later stage.

Subsidiary Loko Trans Cargo has begun the process to obtain certification enabling it to operate freight trains in Macedonia.

...

‘We decided to invest in Macedonia about five years ago mainly because of its location on Pan-European Corridors VIII and X as well as connections with neighbouring countries’, said Loko Trans owner Karel Jalový. ‘We found a skilled workforce in the railway engineering sector, so we expect to start our investment here as soon as possible’.
http://www.railwaygazette.com/news/freight/single-view/view/loko-trans-to-develop-skopje-rail-hub.html
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Костов: Модернизацијата на железничкиот транспорт продожува и во 2017


Од април граѓаните повторно со воз ќе патуваат до Солун и Белград. Како што велат од железници, линијата до Грција е во прекин поради реконстукција на делницата Гевгелија – Солун, а до Србија поради градежни активности на пругата Табановце - Ниш. Од МЖ Транспорт очекуваат работите на двете места да се зваршат до април и повторно да се пушти железничката линија до овие градови. Паралелно се работи и на проектот за изградба на нова пруга од Битола до Лерин која е од голема важност за целото стопанство.

Од претпријатието очекуваат набрзо да се заврши и коридорот 8, со кои Македонија со железница ќе се поврзе со Албанија и Бугарија. Станува збор за паневропски коридор, кој е сложен проект и за кои треба повеќе време. Неговата реализација е важна и за товарниот сообраќај и за развој на туризмот.

Модернизацијата на железници продожува и годинава. Се чекаат да пристигнат и последните два нови воза, а во текот на месецот МЖ транспорт ќе потпише договор и за набавка на 4 нови локомотиви, инвестиција вредна 8 милиони евра. Ваквите проекти дополниелно ќе ја подобрат работатата на македонски железници.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Пензионерите и студентите и годинава бесплатно ќе се возат со воз, проектот нема да биде прекинат


Пензионерите и студентите и годинава бесплатно ќе се возат со воз.

Проектот нема да биде прекинат. Новите возови кои го подобрија квалитетот на услугата и бесплатниот превоз за студенти и пензионери помогнаа за една година 200 отсто да се зголеми бројот на патници во железницата.

Костов очекува годинава да се зголеми превозот и во товарниот транспорт.

Од железници 2016 ја оценија како солидна година. Но не и подобра од 2015. Ако не се случел четиримесечниот штрајк од грчка страна и политичката криза 2016 финансиски ќе била многу подобра од претходната, вели Костов.

Инвестициите и новите проекти значително го намалиле и бројот на несреќи и загинати во железничкиот сообраќај.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Договор за набавка на четири нови електрични локомотиви




МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска ќе потпишат договор за набавка на четири нови електрични локомотиви во рамки на Проектот за обнова на возниот парк.

Проектот го реализираат МЖ Транспорт АД – Скопје во соработка со Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и ЕБОР.

На потпишувањето е најавено присуство на претставници на Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Македонски Железници Транспорт АД и CRRC Zhuzhou Electic Locomotive Co.,Ltd.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Целосно обновен возниот парк на Железници


До крајот на оваа година десет нови локомотиви ќе возат по македонските пруги. Првата набавка на шест локомотиви се комплетира, а за втората за купување уште четири нови потпишан е договор.

Пет нови воза веќе се во земјава. Четири сообраќаат, врз петтиот кој пристигна пред три дена се вршат потребните тестирања и за две до три недели ќе биде пуштен во сообраќај. Шестиот треба да пристигне наскоро. Шесте нови воза, вредни 25 милиони евра, имаат капацетит да превезуваат 1200 патници и ги покриваат сите железнички линии низ Македонија.

Паралелно, уште четири електрички локомотиви влегуваат во производтсво кај кинексиот производител. За нив договорот вреден 8 милиони евра беше потпишан пред десетина дена.

Во имзинатите десет години во вообнова на возниот пар на железницата без вложени педесетина милиони евра. Освен новите патчнички возови, беа набавени и 150 товарни вагони во вредност од 15 милиони евра.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,934 Posts
Железничката станица „Битола“ во Битола има нова фасада, внатрешно е уредена, а наскоро ќе биде извршено и свечено пуштање во употреба на реконструираниот објект.

Со реконструктивниот зафат на новиот лик на фасадата задржана е спомен-плочата од 1960 година која потсетува на големиот генерален штрајк на железничарите од 1920 година, заменет е покривот, подовите, внатрешните ѕидови, а поставена е и нова термичка изолација.
Железничката станица во Битола е градена кон крајот на 19 век како дел од линијата Битола - Солун, за да ги поврзе двата најголеми градови во европскиот дел на османлиската империја. Во 1911 година со воз од Солун преку Воден, на железничката станица во Битола пристигнал султанот Мехмед V. Подоцна е изградена и линијата кон Прилеп и Велес, забележале битолските хроничари. Железничката линијата кон Солун е затворена за сообраќај во 1984 година.

The reconstructed station in the city of Bitola. The station was built in the late 19th century as part of the line Bitola - Thessaloniki, to connect the two biggest cities in the European part of the Ottoman Empire.







photos source
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Железничка линија Софија-Скопје приоритет за Бугарија и Македонија




Изградбата на железничка пруга од Софија до Скопје е приоритет, оценија бугарскиот министер за транспорт, и информациски технологии Ивајло Московски и неговиот македонски колега министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на средбата во Софија.

Железничката врска, нагласија, е од суштествено значење за слободен проток на патници и стоки, а за реализација на проектот се неопходни средства за изградба на пругата на македонска страна, за модернизација на пругата од Софија до Ѓуешево, како и за доизградба на 2,5 километри од Ѓуешево до македонската граница.

Московки порача дека очекува гаранции од македонската страна за изградба на пругата од Бељаковце до бугарската граница и додаде дека веќе се осигурани средства за модернизација на пругата Софија-Перник-Радомир-Ѓуешево.

Двајцата министри се согласија дека со буџетите на двете држави тешко може да се реализира железничкото поврзување и додадоа дека е неопхдоно со заеднички сили да се бараат инвеститори од странство.

Министерот Сугарески, пак, информирал за напредокот на проектот за изградба на пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија што треба да се реализира во близината на граничната линија меѓу двете земји и за кој е неопходна изградба на трансграничниот тунел „Деве Баир“.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,934 Posts
Дведецениското ветување за железничка линија Скопје-Софија

Македонија и Бугарија повторно поставија рок за меѓусебно железничко поврзување кое се најавува над две децении од повеќе влади во двете држави. За осум до десет години, меѓу 2025 и 2027 година, треба да финишира изградбата на пругата од македонска страна која опфаќа три делници: Куманово-Бељаковце, Бељаковце-Крива Паланка и Крива Паланка- граничен премин Деве Баир, и од бугарска страна од Ѓуешево до македонската граница.

Динамизирање на активностите со Договорот за транспортна заедница

Железничката линија меѓу Скопје и Софија со којa се заокружува источниот дел од Коридорот осум е најголемиот проект што се реализира по потпишувањето на Договорот за траспортна заедница со кој беа одвоени 70 милиони евра за втората делница на оваа железница, на потегот од Бељаковце до Крива Паланка, во должина од 34 километри.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека Владата на РМ е силно посветена на реализација на овој исклучително значаен проект. Во таа насока, потенцираат, беа и заложбите да се постигне заеднички договор со Владата на Бугарија преку потпишување на Меморандумот со кој и двете страни ќе се обврзат да ги изградат делниците што недостасуваат.

-Проблемот со експропријацијата за втората делница во добар дел е надминат и почнат е процес за претквалификација што е поврзано со одвоените 70 милиони евра со цел да ја забрзаме динимиката на работа. Основно е да се динамизира процесот со оглед дека третата делница за пругата од Крива Паланка до Бугарија, е најкомплицирана и најскапа иако е со најмалку километри, изјави македонскиот министер за транспорт и врски Горан Сугарески.

Како што порача еврокомесарката за транспорт Виолета Булц на неодамнешниот бизнис САМИТ 100 во Скопје, меѓуграничното транспортно поврзување е приоритет.

-Железницата е најдобар начин да се оди напред, бидејќи во истовреме ги испорачувате барањата за меѓусебно усогласување за класичниот патен транспорт. Мило ми е што железницата е клучен приоритет, изјави Булц.

Пораки за важноста и посветеноста на железничкиот инфраструктурен проект упатија и на средба во јуни годинава министрите за транспорт на Македонија и на Бугарија Горан Сугарески и Ивајло Московски. Железничката врска од Софија до Скопје е од суштествено значење за слободен проток на патници и стоки, поради што изградбата на пругата е приоритет, оценија по средбата Сугарески и Московски.

Изградбата на пругата во Македонија е почната во 1994 година. За таа намена се одвојувани пари од државниот Буџет се до 2004 година, кога беше стопирана изградбата. По речиси децениски застој на градежните работи, во март 2014 година почна обновата на изградените тунели и мостови и градба на новите делови согласно проектот.

Нерешана експропријација и археолошки наоѓалишта ја забавуваат изградбата

Сега на терен во тек е изградба на првата делница од Куманово до Бељаковце (30,8 километри) но, според ресорното Министерство, со помал интензитет. Таму се појавени проблеми од типот на нерешена експропријација и археолошки наоѓалишта и во тек е нивно надминување. Реализирани се 25 проценти од градежните работи. За оваа делница веќе се обезбедени 43,5 милиони евра. Активностите на терен опфаќаат рехабилитација и доизградба на горниот и на долниот строј на пругата. Предвидена е изградба на три странични згради, четири стојалишта, три мостови, една тунелска цевка, осум подвозници и шест надвозници, пет километри станични колосеци, пристапни патишта со новопроектираните подвозници и надвозници, сигнализација и телекомуникации, електрификација и сета неопходна инфраструктура.

За Бељаковце - Крива Паланка до крајот на годинава избор на изведувач на градежните работи

За делницата Бељаковце-Крива Паланка, во должина од 34 километри, во тек е изработка на основните проекти. Според најавата од Министерството за транспорт и врски, рокот за нивна изработка е до крајот на оваа година по што треба да се спроведе тендерска постапка за избор на изведувач. Очекуваниот рок за изградба на оваа делница, според ресорното Министерство, е крајот на 2021 година. За финасирање на втората фаза од оваа пруга Македонија доби заем од Европската банка за обнова и развој, во висина од 145 милиони евра. На Самитот во Трст што се одржа годинава, Владата успеа да обезбеди грант од ЕУ во висина од 70 милиони евра, кои ќе се користат за изградба на оваа делница, а износот од заемот ќе се намали во висина од овие грант средства од ЕУ.

Геодетско снимање за најскапата делница Крива Паланка-Деве Баир

Последната делница, Крива Паланка–Деве Баир, е најскапа и најкомплицирана за изградба, иако е најкратка, 24 километри. За неа е почнато геодетско снимање на терен. Вредноста за изградба се проценува на повеќе од 350 милиони евра. Досега преку Оперативата ИПА програма 2014-2020 се обезбедени 60 милиони евра, а според Министерството за транспорт останатите ќе бидат обезбедени преку меѓународни финансиски институции кои имаат пројавено интерес за нејзино финансирање. Плановите се изградбата да започне во 2020 година, а да заврши во 2025 година.

За делот од пругата на бугарска страна, пак, треба да се изврши модернизација на пругата од Софија до Ѓуешево, како и доизградба на 2,5 километри од Ѓуешево до македонската граница, за што се обезбедени пари. Според бугарските медиуми, наскоро треба да почне постапката за избор на проектанти за железницата од Радомир преку Ќустендил до Ѓуешево. Целосно новата железничка линија од Радомир до границата со Македонија би чинела 473 милиони евра.

На новата железничка траса што треба да го забрза протокот на патници и стока на Коридорот осум, во македонскиот дел поради комплицираноста на теренот се најавува дека ќе се вози со брзина од околу 100 километри на час, а од бугарска до 160.

https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/dvedeceniskoto-vetuvanje-za-zheleznichka-linija-skopje-sofija
 

·
Macedonia
Joined
·
47,934 Posts
За третата фаза од пругата кон Бугарија обезбедени нови 71,5 милиони евра

По обезбедените финансиски средства за првите две етапи од изградбата на железничката врска со Бугарија, македонската влада започна со собирањето на средствата и за третата делница од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Со ревидираната Секторска оперативна програма за транспорт 2014 – 2020 од ИПА 2 програмата, за овој инфраструктурен проект се обезбедени 71,5 милиони евра. Нашата земја веќе обезбеди кредитно задолжување во висина од 68,6 милиони евра за третата фаза од пругата кон Бугарија. Имено, дел од подигнатиот кредит од 145 милиони евра од ЕБОР за пругата Бељаковце – Крива Паланка се пренамени за последната и најтешка делница од капиталниот проект.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека вкупните средства од оваа ИПА програма изнесуваат 127,2 милиони евра.

http://build.mk/za-tretata-faza-od-prugata-kon-bugarija-obezbedeni-novi-71-5-milioni-evra/
 
261 - 280 of 294 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top