SkyscraperCity Forum banner
281 - 294 of 294 Posts

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Ќе се потпише договор за грант за втората фаза од пругата кон Бугарија

Во Министерството за финансии денеска ќе биде потпишан договор за користење 70 милиони евра грант од инструментот на Европската унија – Инвестициска рамка за Западен Балкан – ВБИФ (Western Balkans Investment Framework – WBIF) кој ќе се користи за изградба и реконструкција на железничката делница Куманово – Бељаковце од пругата кон Бугарија.

На потпишувањето на договорoт помеѓу Министерството за финансии и Европската банка за обнова и развој, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анка Јоана Јонеску.

За втората фаза од пругата кон Бугарија на источниот дел од Коридорот 8, се обезбедени 145 милиони евра, од кои 70 милиони евра грант од ЕБОР, а останатите се заем. За деблокирање на изградбата на првата делница од пругата, од Куманово до Бељаковце, треба да се потпише анекс на Договорот за изградба, по што ќе следат нов тендер, избор на изведувач и старт на градежни работи. Првата фаза од пругата, од која се изградени само осум километри, се очекува да биде готова за 16 месеци, а втората фаза би завршила до 2021 година. За третата делница од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир се преговара за средства со меѓународни финансиски институции.

https://plusinfo.mk/%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B8%D1%88%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0/
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
An electric locomotive with number 443-002 of MZ (Makedonske Zeleznice / Railways of Republic of North Macedonia) standing near central railway station Plovdiv. by Veselin Malinov, on Flickr

An electric locomotive with number 443-002 of MZ (Makedonske Zeleznice / Railways of Republic of North Macedonia) standing near central railway station Plovdiv. by Veselin Malinov, on Flickr

An electric locomotive with number 443-002 of MZ (Makedonske Zeleznice / Railways of Republic of North Macedonia) standing near central railway station Plovdiv. by Veselin Malinov, on Flickr

An electric locomotive with number 443-002 of MZ (Makedonske Zeleznice / Railways of Republic of North Macedonia) standing near central railway station Plovdiv. by Veselin Malinov, on Flickr

A logo of MZ onto electric locomotive with number 443-002 of MZ (Makedonske Zeleznice / Railways of Republic of North Macedonia) standing near central railway station Plovdiv. by Veselin Malinov, on Flickr

A rebuilder plate onto electric locomotive with number 443-002 of MZ (Makedonske Zeleznice / Railways of Republic of North Macedonia) standing near central railway station Plovdiv. by Veselin Malinov, on Flickr

A boogies of electric locomotive with number 443-002 of MZ (Makedonske Zeleznice / Railways of Republic of North Macedonia) standing near central railway station Plovdiv. by Veselin Malinov, on Flickr

An electric locomotive with number 443-002 of MZ (Makedonske Zeleznice / Railways of Republic of North Macedonia) standing near central railway station Plovdiv. by Veselin Malinov, on Flickr
 

·
Registered
Joined
·
4,389 Posts

Сопрена е изградбата на пругата Куманово-Бељаковце на барање на германскиот изведувач „Вибе“, информираат од ЈП Железници на РСМ-Инфраструктура. Државата ќе мора да бара нов изведувач за довршување на првата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија, како и изготвувач на нова техничка документација за железничката делница долга 30,8 километри.
Изградбата на пругата Куманово-Бељаковце започна во март 2014 година, со првично ветување на тогашната влада дека проектот ќе биде изведен во рок од две години.
Од ЈП ЖРСМ Инфраструктура тврдат дека изведувачот успеал да реализира само 54 отсто од вкупниот обем на работите.
 

·
Registered
Joined
·
4,389 Posts

Обширна статия в Meta.mk за Куманово-Бељаковце, има снимки и видео.

Со многу помпезност и пред бројни телевизиски камери, на 2 март 2014 година беше поставен камен-темелник за реконструкција на пругата Куманово-Бељаковце како прва фаза од проектот за изградба на пругата кон Бугарија. Почетокот на оспособувањето на пругата долга 30,8 километри го означи тогашниот премиер Никола Груевски, кој не пропушти да спомене многу амбициозни планови за развојот на железничката инфраструктура во земјава.

– Ако се земат предвид и другите проекти кои ги реализиравме, кои се во фаза на реализација или кои ќе се работат во следните неколку години, сумата за инвестиции во железничката инфраструктура се приближува кон 1,5 милијарда евра – ќе рече Никола Груевски на 2 март 2014 година.

Од тогаш до денеска, се сменија владите на Никола Груевски и техничката на Емил Димитриев, по што дојде првата влада на Зоран Заев, техничката на Оливер Спасовски и сегашната, втора по ред влада на Заев, но пругата Куманово-Бељаковце не се изгради. Инвестициите од 1,5 милијарда евра во железничката инфраструктура од денешна перспектива изгледаат само како невкусен виц.


До каде е изградбата на првата фаза на пругата кон Бугарија?

Досегашниот изведувач на пругата Куманово-Бељаковце ја започнал изведбата на сите работи кои биле предвидени со овој проект, но од сите тие работи може да се констатира дека ништо не е целосно комплетирано. Поголемиот дел од земјаните работи, цевастите и плочестите пропусти како на главната траса на идната пруга, така и на многуте пристапни локални патишта се завршени. Сепак, треба да се довршат и заштитите на косините како и голем дел од каналите за одводнување. Горниот строј на пругата (застор, прагови и шини) е поставен на околу 6 километри од главната траса, информираат за „Мета.мк“ од „ЕПТИСА Македонија“. Тие се задолжени за надзорот над градежните работи на пругата и се дел од мултинационалната шпанска компанија „ЕПТИСА“, која е специјализирана во работењето на вакви проекти.

Објектите од долниот строј (темели и столбови) се изведени на поголемиот дел од надвозниците, подвозниците и мостовите. Изработени се, но не се монтирани носачите за сите надвозници, а останува да се изведат носачите за подвозниците и за мостот на реката Пчиња, како и комплетно да се заврши горниот строј на поголем дел од објектите. Единствениот тунел кој беше дел од овој проект е завршен. Објектите од високоградба, станични згради, магацин, простории за сигнализација и телекомуникација се завршени до фаза на затворена карабина.

– Согласно извештаите за напредок коишто се доставуваат до нас како работодавач од страна на надзорниот инженер, реализирани се 55 отсто од физичките работи на терен. Изведувачот има започнато со сите градежни работи предвидени со проектот, меѓутоа тие не се целосно комплетирани – информираат за „Мета.мк“ од инвеститорот Јавното претпријатие Железници на РСМ-Инфраструктура за моменталната фаза на изградба во која се наоѓа пругата Куманово-Бељаковце.

Недовршената пруга Куманово-Бељаковце; Фото: Бојан Блажевски


Германската компанија „Вибе“ како досегашен изведувач на пругата на 29 мај 2020 година достави известување до инвеститорот за раскинување на договорот, со што изведбата на овој инфраструктурен проект запре, а механизацијата и материјалот од градилиштата е повлечен. По ваквиот расплет на работите, надзорот над градежните работи во моментов го изработува пресекот на завршените работи, по што ќе следи изработка на нова тендерска документација и распишување на тендер за избор на нов изведувач што ќе ја доврши изградбата на пругата.

– Во овој критичен период за целиот проект сите напори на Надзорот се насочени кон завршување на активностите и исполнување на обврските кои следат во ситуација на прекинување на договорот за градежни работи – велат од „ЕПТИСА Македонија“.

Од компанијата која го врши надзорот над изградбата на пругата Куманово-Бељаковце појаснуваат дека договорениот рок за реализација на овој проект е пробиен во два наврати. Првиот рок за изградба на пругата бил 15 септември 2017 година, кога изведувачот (германската компанија „Вибе“) поднел барање за продолжување на рокот за изградба до 20 февруари 2020 година и побарување на надомест на штета, врз основа на одредени причини кои довеле до доцнење на градежните работи.

– Главниот проблем настана кога поради непредвидени (дополнителни) работи, беше потребна дополнителна експропријација, за што беше потребно и дополнително време. Ова беше една од причините поради кои рокот за изградба беше продолжен до 20.02.2020 – објаснуваат од „ЕПТИСА Македонија“.

Надзорот вели дека договорните страни летото 2018 година влегле во преговори за продолжување на рокот за градба.

– Надзорот ја направи својата проценка, заснована врз принципите дискутирани и преговарани од договорните страни со цел изнаоѓање компромисно и заемно прифатливо решение и поставување на нова договорна основа за успешно завршување на Проектот преку потпишување на анекс на договорот за градежни работи со нов рок 20 февруари 2020 и надомест на штета (33,93 проценти од износот кој бил побаран од изведувачот) – појаснуваат тие.

Од „ЕПТИСА Македонија“ информираат дека пред истекот на вториот рок, изведувачот на пругата на 20.12.2019 година доставил ново побарување за продолжување на рокот за завршување на градежните работи до 06.04.2021 и ново побарување за надомeст на штета. Надзорот го анализирал новото побарување на страна на изведувачот, и утврдил дека изведувачот не успеал да демонстрира и докаже дека има право на продолжување на времето за завршување на градежните работи до 06 април 2021 година и право на обесштетување, со што побарувањето било одбиено како неосновано согласно договорот.

– При изградба на пругата се јави потреба да се изведат непредвидени и дополнителни работи во функција на завршување на истата, со што се зголеми и обемот на работа. Од друга страна, изведувачот не беше во можност, поради недостаток на ресурси (механизација и персонал), да ги изведе работите во разумен реално можен рок – објаснуваат од надзорот.

Од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура ги потврдуваат ваквите информации, дополнувајќи дека најважен момент што влијаел на успешната и навремена имплементација на договорот за градежни работи бил слабиот технички и човечки капацитет на изведувачот и неговата недоволна ангажираност во реализацијата на градежните активности на терен согласно предвидената динамика.

– Потребата да се изведат непредвидени и дополнителни работи кои се наметнуваат во текот на градбата при досегашната изградба на оваа железничка траса се однесуваа генерално на грешки во техничката документација што беа успешно коригирани и решени со анекс кон договорот за градежни работи, заштитни и безбедносни мерки за населението што живее во близина на градилиштето, дополнителни заштитни мерки на археолошките наоѓалишта итн. – велат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура.

Недовршената пруга Куманово-Бељаковце; Фото: Бојан Блажевски






„Мета.мк“ го побара и официјалниот став од спротивната страна, од компанијата „Вибе“, до чие седиште во Германија во четири наврати испративме прашања преку електронска пошта за да добиеме одговор за нивните причини за раскинување на договорот и повлекување од изградбата на проектот. Првиот мејл го испративме на 19 јуни, а последниот на 23 јули, но на ниту еден од нив не добивме одговори на поставените прашања.

Од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ потенцираат дека Владата на РСМ и нивното министерство очекуваат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура во најкраток можен рок да ги подготви сите документи потребни за објавување на нова постапка за избор на изведувач и надзор на пругата Куманово-Бељаковце.

Од јавното претпријатие како инвеститор во проектот велат дека изградбата на првата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија ќе продолжи догодина.

– Имајќи ги предвид процедурите и вообичаените временски рамки поврзани со меѓународните повици за избор на изведувач, продолжувањето на изградбата на пругата Куманово-Бељаковце се очекува да започне во текот на 2021 година – информираат од ЈП Железници на РСМ-Инфраструктура.

Нема проблеми во втората и третата фаза од пругата кон Бугарија

И додека работите запнаа околу завршувањето на првичната фаза од капиталниот проект за пругата кон Бугарија, во моментов течат роковите за избор на изведувач што ќе ја гради делницата од Бељаковце до Крива Паланка во должина од 33,9 километри. Во втората фаза од меѓународниот тендер, Европската банка за обнова и развој избра осум компании, кои влегоа во трката за избор на изведувач на пругата до Крива Паланка. Доколку постапката за избор на изведувач се заврши без проблеми, изградбата на пругата Бељаковце-Крива Паланка би започнала кон крајот на оваа или на почетокот на 2021 година.

Недовршените столбови од пругата Бељаковце-Крива Паланка пред Кратово
– Прекинот на градежните работи на првата фаза делница Куманово-Бељаковце сè до избор на нов изведувач нема да влијае на започнувањето на работите на втората фаза делница Бељаковце-Крива Паланка. Работите може да се одвиваат паралелно на двете железнички делници со првичен фокус на изградба на структури на втората фаза – објаснуваат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура.

Во однос на изградбата на третата и најкомплексна делница од 23,4 километри од пругата кон Бугарија, во моментов таа се наоѓа во фаза на изработка на тендерска документација за избор на изведувач и надзор. Пругата од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир ќе чини над 350 милиони евра, а досега се обезбедени 60 милиони евра неповратни средства од Европската унија. Завршена е и изработката на проектната документација за изградба на третата фаза.

Економскиот раст страда од ненавремена изградба на капиталните проекти

Наспроти убеденоста на државните власти дека проектот за изградба на пругата кон Бугарија непречено се реализира и е во привремен застој единствено првата фаза, експертите се залагаат за оценка на ефективноста на позајмените средства за овој зафат.

– Самото позајмување не е проблем, меѓутоа средствата треба да се користат рационално и продуктивно, создавајќи претпоставки дека поради тие инвестиции економијата во иднина ќе расте побрзо и ќе создава предуслови за полесна отплата на долговите. Оттука, оценките дека некои средства сме ги позајмиле ефтино не држат вода, ако тие средства останале „заглавени“ како во случајот со пругата кон Бугарија – објаснуваат за „Мета.мк“ од „Фајнанс тинк“.

Пресметките на „Фајнанс тинк“ укажуваат дека инвестиции во тврдата инфраструктура – пред сè патната и железничката – во обем од околу 5 отсто од БДП, имаат потенцијал да ја зголемат стапката на раст на економијата до 1 процентен поен, при што ако се зголеми и ефикасноста на извршувањето на инвестициите (побрзо се надминуваат тесните грла, се прави подобра приоритизација итн.), тогаш овој ефект може и да се зголеми.

– Конкретно пругата кон Бугарија е значаен сегмент од Коридорот 8, кој го поврзува Јадранското со Црното море. Неговата економска значајност е голема, не само за поврзувањето на земјите низ кои тој поминува, туку и за полесна трговска конекција на овие земји со остатокот од светот. Во таа смисла, инвестицијата во железничкото поврзување како дел од Коридорот 8 веројатно има и поголем мултипликативен ефект за Македонија споредено со останатите патни и железнички инвестиции – велат од „Фајнанс тинк“.

Но, не само за целиот Коридор 8 или за пругата кон Бугарија, дури и завршувањето единствено на пругата Куманово-Бељаковце би можело да придонесе за развој на железничкиот превоз во кумановскиот регион. Општина Куманово е најголема локална самоуправа во земјава со над 100.000 жители, која е оддалечена околу 40 километри од главниот град. Во оваа општина се спојуваат Коридорите 8 и 10 и со ваквата лоцираност, доградбата на Коридор 8 може да донесе брз економски развој на Куманово и подобар живот за неговите жители.

Наспроти ова, актуелните податоци покажуваат минорно искористување на железничкиот транспорт во кумановскиот регион. Пругата Куманово-Бељаковце била функционална до почетокот на 90-тите години на минатиот век. Во моментов, патничкиот железнички сообраќај во Куманово го користат само околу 3.000 патници годишно, иако според сите европски стандарди, овој град би можел да биде поврзан со Скопје со градско-приградска железница. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2018 година биле превезени само 48.971 тони стока со воз од кумановската железничка станица.

Главната причина за исклучително ниската искористеност на железницата е фактот што постојната железничка станица во Куманово се наоѓа на 4 километри надвор од градот, во Черкеско село. Кога би се завршила изградбата на делницата Куманово-Бељаковце, пругата би минувала на помалку од еден километар од центарот на Куманово. Со завршена прва фаза од проектот за пругата кон Бугарија, Куманово би добил дополнителна, втора железничка станица во градот (Куманово-ново), како и две нови стојалишта кај селото Лопате и во населбата Перо Чичо.

Новата пруга која го заобиколува градот од северната страна би можела да обезбеди многу повеќе патници со воз во меѓуградскиот сообраќај меѓу Скопје и Куманово, како и развој на индустриска зона во Куманово. И покрај овие реални бенефиции што би ги добил градот, засега нема конкретен рок кога би можело да се очекува да помине првиот воз по пругата Куманово-Бељаковце, а уште помалку се знае која година истиот би можел да стигне до македонско-бугарската граница.
 

·
Registered
Joined
·
132,553 Posts
Владата даде зелено светло за изградба на пруга до Албанија


Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на железничката пруга Кичево – граница со Р. Албанија во две фази, и го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства во износ од 426 милиони евра за финансирање на првата фаза од проектот делница Кичево – Струга, како и грант средства за техничка помош на овој проект.

Владата ја усвои и Информацијата со која ја одобри апликацијата за тековни проекти на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Македонија – Скопје за финансирање преку грантови за техничка помош на Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF), сопшти владината прес-служба.



link
 
281 - 294 of 294 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top