SkyscraperCity banner

1 - 20 of 66 Posts

·
Registered
Joined
·
124,831 Posts
Discussion Starter · #1 ·
Bо непосредна близина на овој чудесен манастир, широко се разлеваат обилните извори на реката Црн Дрим. Овие води доаѓаат од Преспанското Езеро преку подземните варовити канали во подножјето на планината Галичица. Се состојат од 30 подводни и 15 крајбрежни извори, со вкупен капацитет од околу 7,5 метри кубни во секунда. На изворите се формираат во мало езерце со површина од 30 хектари и длабочина од 3,5 метри. Температурата на кристално бистрата вода никогаш не преминува 11 степени, но на црните водни желчиња и охридската пастрмка таа воопшто не им пречи, како ни на лебедите, дивите патки и дивите кокошки. Езерцето во текот на своето постоење формирало и две мали атрактивни островчиња. Постои верување дека доколку фрлите паричка во изворите од мостот поставен на брегот кај Св. Наум, вашата желба ќе се исполни.



link
 

·
Registered
Joined
·
124,831 Posts
Discussion Starter · #9 ·
Вевчанскте извори се наоѓаат на 900 м н.м. Во 1997 год. се прогласени за Споменик на природата. Од центарот на Вевчани до самиот локалитет, патот е асфалтиран и има околу 550 метри, а се стигнува за околу 7 минути со пешачење. Вевчанските извори се одликуваат со доста богата биолошка разновидност и се едни од најпосетените места во Македонија од домашни и од странски туристи.



link
 
1 - 20 of 66 Posts
Top