SkyscraperCity banner
1 - 20 of 158 Posts

·
Registered
Joined
·
125,507 Posts
Discussion Starter · #1 ·
Кавадарци е град во југо-западниот дел на Повардарието.

Градот се наоѓа во средишниот дел на котлината и областа Тиквеш и претставува нејзино централно место. Од Скопје Кавадарци е оддалечен 105 km, најблизок град е Неготино одалечено 10 km, а преку одличен пат Кавадарци е поврзано со Прилеп (51 km) кој продолжува кон Битола, Ресен и Охрид. Градот Кавадарци е распослан на двата брега на реката Луда Мара на надморска височина од 230 до 270 метри.

Според пописот од 2002 година, во општина Кавадарци живеат 38741 жители и спаѓа во групата на средно-големи градови. Етничкиот состав на населението во градот е:

* Македонци 38354 (97,14%)
* Албанци 2
* Турци 151
* Роми 368
* Власи 22
* Срби 159
* Бошњаци 4
* останати 128


 
1 - 20 of 158 Posts
Top