SkyscraperCity banner
1 - 20 of 24 Posts

·
Macedonia
Joined
·
46,962 Posts
„Лукоил“ гради нова бензиска станица близу Кочани

Руската нафтена компанија „Лукоил" на површина од 3.000 метри квадратни ќе гради нова бензински станици во близина на Кочани.

Станува збор за заедничка инвестиција со кочанската фирма „Еко-оил“, а објектот е на излезот од градот, во месноста Прокарка.

„Лукоил Македонија, инвестира во 24-та бензинска станица во државата. Се надеваме дека со новата бензинска станица ќе придонесеме граѓаните на Кочани и соседните општини да го почувствуваат квалитетот на услугата што „Лукоил“ го донесе на македонскиот пазар уште од 2005 година“, изјави Стефан Михајловски, комерцијален директор на „Лукоил Македонија“.

И Сузана Мицевска, финансиски директорка на „Еко-оил“ изрази надеж дека овој капитален објект ќе придонесе за поквалитетна услуга на граѓаните на Кочани со квалитетни горива на „Лукоил“.

Според проектот се предвидени современи објекти за трговија со нафтени деривати, мини ресторан и продавница за авто-галантерија и прехранбени производи.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/lukoil-gradi-nova-benziska-stanica-blizu-kochani
 

·
Macedonia
Joined
·
46,962 Posts
ИЗДАДЕНО ОДОБРЕНИЕТО ЗА ГРАДБА НА ХОЛАНДСКИОТ ИНВЕСТИТОР „АНТУРА МК“



Одделението за урбанизам во Општина Кочани издаде одобрение за градба на претпријатието „Антура МК“ за градење на лесна и незагадувачка индустрија за производство на растителни билки.

На парцелата со површина од 62.568 м2 ќе се изгради објект со габарит од 10.181 м2 и корисна површина од 9874 м2.

Објектот ќе се гради во месноста Виничка Вада, на локалниот пат Горни Подлог, Катастарска општина Кочани.

Со ова започнуваат градежните активностите на холандската компанија „Антура интернешнал“, чија „гринфилд“ инвестиција и 200 нови вработувања во Кочани беше неодамна најавена.

http://www.komarec.com.mk/poveke.php?id=9600
 

·
Macedonia
Joined
·
46,962 Posts
Лукоил: Отворање на повеќенаменски комплекс сo бензинска станица во Кочани

Со цел унапредување на економскиот развој во Република Македонија, ЛУКОИЛ Македонијан отвoра повеќенаменски комплекс со бензинска станица, маркет, паркинг за лесни моторни возила во Кочани, лоциран на улица Димитар Влахов 128.

Во комплексот, коj се наоѓа во општината Кочани, на површина од над 2.400 метри квадратни ќе работи дваесет и седмата бензинска станица на компанијата „ЛУКОИЛ“ во Република Македонија.

Свеченото отворање на овој комплекс, ќе биде денеска во 12.00 часот. На отворањето ќе присуствуваат министри од Владата на Република Македонија, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Шчербак, претставници на локалната самоуправа и други гости.

http://lider.mk/2014/10/11/otvoranje-na-poveknamenski-komplekst-so-benzinska-stanica-vo-kocani/
 

·
Registered
Joined
·
125,565 Posts
Discussion Starter · #12 ·
ул. „Скопска“ во населбата Калиманова Глава е лоциран станбено – деловниот комплекс „АЛЕКС“







link
 
1 - 20 of 24 Posts
Top