SkyscraperCity banner
1 - 9 of 9 Posts

·
Macedonia
Joined
·
46,957 Posts
Македонска Каменица доби нов градски пазар

Локалната власт од Македонска Каменица успешно го заврши проектот за изградба на нов пазар во градот. Современото здание со површина од 2.133 метри квадратни веќе е пуштено во употреба и истото се состои од покриено – отворен дел за продажба на зеленчук и покриено – затворен дел за продажба на останати прехранбени производи. Објектот е изведен од специјални огноотпорни материјали, со комплетна опрема за извршување на пазаришната дејност, осветлување и со јавен тоалет.



Визуелизација од идејното решение врз чија основа се реализираше проектот



Реализацијата на долгогодишната потреба на граѓаните од овој град започна во септември минатата година. Во новиот градски пазар се вложени околу 30 милиони денари од буџетот на општина Македонска Каменица. Од локалната самоуправа информираат дека во наредните месеци ќе се заврши и просторот за продажба на камионски приколки, како составен дел од пазарот.

http://www.build.mk/?p=24335
 

·
Macedonia
Joined
·
46,957 Posts
„Куќа на спортот“ станува реалност во Каменица

Еден од најочекуваните и најбараните проекти станува реалност. Македонска Каменица ќе гради „Куќа на спортот“ на Градскиот стадион.



Првата фаза од реализација на проектот започна со распишување јавна набавка за избор на најповолен изведувач кој ќе го гради овој современ објект.



„Куќата на спортот“ ќе има вкупна внатрешна површина од околу 500 квадратни метри и ќе соддржи современи соблекувални, сала за состаноци, простории за технички персонал, простор за фитнес центар и канцелариски простории кои ќе им бидат ставени на располагање на сите спортски клубови од подрачјето на општина Македонска Каменица.



Целосната реализација на овој проект ќе биде до месец октомври 2016 година, а со изградбата на овој и десетина други капитални објекти, Македонска Каменица добива нов и современ лик.

http://www.kurir.mk/republika/opstini/220936-FOTO-Kuka-na-sportot-stanuva-realnost-vo-Kamenica?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed%3A+kurir%2Frepublika+%28%D0%9A%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%80+-+%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%29
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Отворен нов Дом на културата во Македонска Каменица




Со пригодна свеченост денеска во Македонска Каменица беше отворен новиот Дом на културата. Тој произлезе од старото кино по реконструкција која траеше околу 18 месеци и чинеше 42 милиони денари обезбедени од Светска банка.

Градоначалникот Дарко Митевски на отворањето на Домот истакна дека рударската Каменица, освен за подобрување на инфраструктурата, се грижи и за културниот живот на граѓаните, и дека овој современ дом ќе донесе нов квалитет во животот.

- Македонска Каменица доби современ дом на културата со површина од 880 квадратни метри, каде освен современа киносала ќе бидат сместени и просториите на КУД „Вера Јоциќ“ и локалната библиотека. Културата е неодолив сегмент во градењето европски модел на општина, сила за зачувување на националните вредности и солиден модел за комуникација, толеранција и почитување на разликите меѓу луѓето, рече Митевски.

Новиот објект беше осветен и благословен од владиката Иларион, а на свеченото отворање присуствуваа градоначланикици од Источниот плански регион, голем број граѓани и претставници на локални фирми.

Со средства од ИПА-програмата за прекугранична соработка, Општина Македонска Каменица во партнерство со Општина Белица од соседна Бугарија ќе набавува современа опрема за домот.

Викендов на сцената во новиот дом ќе настапат „Бајса Арифовска и пријателите“, „Пламенка Трајковска гудачки квартет“, театар Колозов, КУД „Вера Јоциќ“, деца од локалното талент шоу, локалните бендови Риплеј и Литиум и други.
 
1 - 9 of 9 Posts
Top