Поздрав после подолго време....
Пред неколку денови го возев новиот локален пат с.Ропотово-Богомила преку планинскиот превој над с.Богомила, што поминува точно над железничкиот тунел кој ги поврзува велешката котлина со Пелагонија.Асфалтиран е околу 90 % од превојот, останати се точно 3,5 км неасфалтирани, но е припремен со тампон. Проблем е што на неколку места не е направена дренажа, па асфалтот има испукано во целост од подземните води. Доста се крати од патот од селата пред Прилеп према Велес. Кој сака да ја избегни гужвата на Плетвар, и кај Росоман, оваа делница е идеална за тоа. Плус се реновира локалниот пат од с.Богомила до с.Извор, па патувањето до Велес е доста олеснето