SkyscraperCity banner

1 - 20 of 74 Posts

·
Registered
Joined
·
124,831 Posts
Discussion Starter · #1 ·
There are 346 registered caves in Macedonia - a heaven for adventurers and high-adrenaline lovers. Due to inaccessible routes and non-exploration, only four caves are under state protection as natural rarities: Gorna Slatinska, Mlecnik, Ubavica (Kicevo), and Pesna. All remaining caves are a challenge for explorers.

Caves are found in Macedonia's karst areas, which are primarily located in the country's central and western parts. These areas cover approximately 9.6 percent of Macedonia's territory. Research so far has identified 346 caves, although their number is believed to be between 400 and 500. The caves of Ubavica, Slatinski Izvor, Bela Voda, Alilica, and Dona Duka are among the biggest and most significant ones. Some caves have underground rivers, waterfalls, and small lakes, while most of them abound in stalactites, stalagmites, pillars, drapers, and corals. The caves are home to a variety of interesting fauna, such as crabs, spiders, bats, and various insects, which are accustomed to life in the dark and food shortage. Fossil remains of the extinct Pleistocene fauna, such as cave bears and sword tigers, are found, too.
 

·
Registered
Joined
·
124,831 Posts
Discussion Starter · #2 ·
Пештерите Врело се македонски пештери (подводна и надводна) кои се наоѓаат во близина на Скопје и моментално имаат длабочина од 212 метри, што во моментов ја прави најдлабока подводна пештера на Балканот и втора најдлабока во Европа[1], но длабочината не е целосно откриена. Во овој момент, за пештерата Врело се смета дека е една од најдлабоките подводни пештери во Европа и во Светот.[2]. Во 2008 година пештерата била на 71 место во длабочина со 100 метри[3], но со новите истражувања изведени во 2009 година пештерата има длабочина од 192 метри и е на 14 место според длабичина на подводни пештери.

Подводната пештера Врело е лоцирана во кањонот Матка од десната страна на реката Треска во близина на македонската престолнина, Скопје. Пештерата е систем од две пештери една над и една под водата и езеро.На таванот е вистински „дожд“ од сталактити, а не помалку зачудуваат неколкуте столбови. Посебно воодушевуваат „столбовите близнаци“ кои се високи околу 6 метри и се со бела кристална боја[5].

Во длабочината на пештерата се наоѓаат две езера, Мало и Големо Езеро со своја т.н. руска плажа. Плажата го добила името така што меѓу првите во неа се бањале руски пилоти вработени во македонското воздухопловство. Малото езеро има форма на осмица. Во најширокиот дел има димензија од 8 м, а должината и длабочината му се 15 м, додека Големото езеро има должина од 35 м, широчина од 15 м, а длабочина од 15-18 м. Присуството на сталактитите во водата упатува на заклучок дека некогаш во пештерата немало вода. Оваа констатација ја потврдува еден спелеолог и информира дека езерата се создадени по изградбата на акумулацијата Матка во 1936 година[6].

Во пештерата има и т.н. „концертна сала“, од чија лева страна се таканаречените „пишани камења“. Станува збор за систем од знаци, можеби и за писмо, за чие дешифрирање и толкување треба стручна помош.

Пештерите Врело, заедно со Охридското Езеро беа кандидати за избор за нови 7 светски чуда на природата.



 

·
Registered
Joined
·
124,831 Posts
Discussion Starter · #12 ·
Пешна, Македонски Брод

Во близина на Македонски Брод се наоѓа Пештерата Пешна. Оваа пештера го добила името по сестрата на Крале Марко - Пешна, за која многу голем дел...


...од нас и не слушнале. Според легендата која и ден денес се раскажува, уште во 14-тиот век опеаниот македонски јунак Крали Марко и изградил куќа на својата сестра Пешна на самиот почеток од пештерата, која подоцна почнала да се нарекува Пешна.



Куќата со своите огромни и дебели камени ѕидови наликува на мала тврдина. Благодарение на дебелите камените ѕидови денес дел од тврдината е останат и може да се види.



Oва ремек дело на природата со својата величествената големина, својата грандиозност, својата убавина ќе ве остави без здив. Висока е околу 30 метри а длабока околу 70.

 

·
Registered
Joined
·
124,831 Posts
Discussion Starter · #13 ·
Интересно за оваа пештера е што во пролет, кога се топат снеговите од високите планини во тој предел, на влезот од пештерата ќе ве пречека жубор на мала река која извира од малото езеро кое се наога дури на крајот од пештерата, потоа ќе ве пречекаат ѕидинита на куќата на Пешна, а веднаш заднеа огромна пештера која ќе ви го одземе здивот.



Горниот дел од пештерата кој е висок триесетина мери не се карактеризира со многу сталактити, но затоа ќе наидете на прекрасни форми направени од самата карпа ко дефинитивно ќе ви го задржат погледот.

Без разлика каде ке го спуштите вашиот поглед тој ќе наиде на карпи кои достигнуваат големина и над два метри со прекрасен разигран рељеф.



Благодарение на огромното окно сончевите зраци успеваат да продрат дури и до крајот на пештерата и слободно можете да прошетате низ неа без никаков проблем, а кога ќе стигнете до крајот на самата пештера свртете го вашиот поглед наназад за да не го пропуштите овој несекојдневен поглед кои плени со својата убавина.

 
1 - 20 of 74 Posts
Top