Половина милион евра во патната инфраструктура во Радовиш
Подобрувањето на патната инфраструктура оваа година ќе биде еден од главните приоритети во општина Радовиш. Околу половина милион евра, средства обезбедени од општинскиот буџет планирано е да се инвестираат во изградба на комплетно нови улици во градот , но и во неколку населени места. Првиот човек на општина Радовиш вели дека станува збор за еден од најголемите проекти реализиран во последните десет години со кој значително ќе се подобри секојдневието на голем број граѓани.
,, Станува збор навистина за сериозна и капитална инвестиција, можеби најкапиталната инвестиција во делот на патната инфраструктура која што општината ја реализира во последната деценија. Во делот на средствата кои што ги издвојуваме од сопствениот буџет на општината не сме имале толкава инвестиција во толкав обем да реализираме во делот на патната инфраструктура и за асфалтирање на улици. Но, мораме да истакнеме дека благодарение на соработката која што општина Радовиш ја има воспоставено со владата на Република Македонија и со министерството за транспорт и врски имавме задоволство во Радовиш да се асфалтираат повеќе локални патишта.,, вели Сашко Николов – градоначалник на општина Радовиш
Паралелно со ова, во градот но и во неколку населени места ќе се работи и на поплочување на помали улици со бекатон плочки. Со овој проект ќе биде опфатена површина од околу 3000 метри квадратни.