Skyscraper City Forum banner
1 - 20 of 29 Posts

·
Registered
Joined
·
126,348 Posts
Discussion Starter · #1 ·
Радожда се наоѓа на западниот брег на Охридското Езеро, крај македонско-албанската граница. Сместено е во југозападниот дел на Општина Струга, чиј атар се доира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро. Радожда е сместено во подножјето на карпест гребен кој се спушта од политена Јабланица. Селото е рамничарско и расположено на надморска височина од 700 до 725 метри. Од градот Струга е оддалечено 11 километри во јужен правец и на два километри од границата со Албанија. Атарот зафаќа површина од 7,9 км², од кои шумите зафаќаат 505 хектари, пасиштата 185 хектари и обработливото земјиште само 59 хектари[2]. Иако нема одговарачки природни услови, селото има варошки налик, односно изглед на мало гратче.[3] До крајот на Втората светска војна Радожда била од типот на мала селска населба со куќите збиени на куп во подножјето на варовничкиот одсек, меѓутоа во поново време населбата е изградена крај самиот брег на Охридското Езеро во правец север-југ, во должина од 1000 метри, на тој начин здобивајќи се со низински тип и доста модерни и големи куќи.

Називите на потезите во рамки на селскиот атар се следните: Ќафа Сан, Завој, Лаз, Преслоп, Истоци, Босештина, Нојница, Млака,Шиклица, Кошјо, Дуко-рид, Мал лаз, Љогумно, Локов, Локоска краста, Кајмакчалан, Евли, Горна и Долна Поповница, Лештев, Брегој, Тумба, Тудерен, Осој, Јабланово, Пештев, Аралица, Селиште, Богоројца, Краста, Пескојна, Горно и Долно Ливадиште, Елен Камен (или Еленско).

 
1 - 20 of 29 Posts
Top