Компанија од Дубаи ќе гради откупен центар во Ресен
Стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи во Ресен ќе гради компанијата „Епл ленд“ од Дубаи, која даде најповолна понуда на јавното наддавање за откупување на земјиштето во државна сопственост.
Како што информира Минситерството за транспорт и врски, земјиште е со вкупна површина од 61.433 м2. Почетната цена изнесуваше 61,00 денари од метар квадратен. Компанијата „Епл ленд“ понуди вкупна сума од 4.361.743 денари.
Компанијата е должна во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето.
По извршената уплата во утврдениот рок, се склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија. Со договорот купувачот се обврзува во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба на предвидените објекти согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено и да ги изгради објектите согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено согласно Законот за градење.
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски, денеска во општина Ресен го промовираше почетокот на градежните работи на неколку инфраструктурни проекти во населените места: Долна Бела Црква, Подмочани и Крани, кои се реализираат преку Агенцијата за рурален развој, од каде општината доби 25 милиони денари за три проекти.
Министерот Димовски ја најави и скорешната соработка со турското Минстерство за храна и земјделие, околу зголемувањето на откупот на преспанското јаболко.
Инаку, општина Ресен, од вкупно одобрените 134 проекти од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, кои бе4а наменети за 73 општини, поддршката ја добила дури за три проекти, чија цел е подобрување на квалитетот на животот и спречување на миграцијата во преспанскиот регион.
Пет милиони евра за откупен центар на јаболка во Ресен
Компанијата од Дубаи „Епл Ленд“ (Apple Land) денеска ја стартуваше изградбата на откупно – дистрибутивниот центар за јаболка кај локалитетот Макази близу Ресен [»мапа]. Странскиот инвеститор во наредниот период планира да вложи пет милиони евра во објектот во кој се очекува да се вработат околу 100 лица. Изградбата ќе се одвива во три фази и до почетокот на септември годинава треба да се комплетира ладилникот со капацитет од 5.000 тони јаболка. Со целосната реализација на проектот, предвиден е вкупен капацитет од 10.000 тони јаболка што ќе се откупуваат од земјоделците во преспанскиот регион. Јаболката ќе може да се чуваат во временски период до 10 месеци, без притоа да се наруши квалитетот и класата на ова овошје.
„Епл Ленд“ се реши да инвестира во Македонија преку купување на градежното земјиште во ноември минатата година, за кое плати 4.361.743 денари (околу 70 илјади евра). Објектот ќе се гради на парцела од 61.433 метри квадратни и истиот ќе се издигне во висина од 12 метри. Проектант е „Иванов Инженеринг“ од Битола.
Општина Ресен со финансиска поддршка на Јавното претпријатие за државни патишта почна со асфалтирање на регионалниот пат Ресен - Царев Двор.
Градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски информира дека се работи за делница долга 1,7 километри, која била најоштетениот дел од патниот правец од Ресен до Царев Двор, односно од местото Стара Слога до излезот на патот кој води кон село Горно Дупени.
- Работите се одвиваат со забрзано темпо, за десетина дена делницата ќе биде целосно реконструирана и ќе биде во функција пред стратот на летната туристичка сезона, информира Стрезовски.
Градежните работи во вредност од седум милиони денари ги изведува јавното претпријатие „Македонија пат“.
This is an older thread, you may not receive a response, and could
be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
SkyscraperCity Forum
A forum community dedicated to skyscrapers, towers, highrises, construction, and city planning enthusiasts. Come join the discussion about structures, styles, reviews, scale, transportation, skylines, architecture, and more!