SkyscraperCity banner

1 - 20 of 105 Posts

·
Registered
Joined
·
120,784 Posts
Discussion Starter #1
Reconstruction of the facade and building two more levels of the current building of The Ministry of Transport and communications





 

·
Registered
Joined
·
120,784 Posts
Discussion Starter #6
ГТЦ во Скопје на пат да добие нова футуристичка фасада



фасада

Фасадата на Градски трговски центар во Скопје најверојатно нема да биде во неокласицистички стил, туку во футуристички.

На завршувањето на конкурсот за нова фасада на ГТЦ вчера беше отворено единственато пристигнато решение кое има футуристички елементи. Според ова решение целиот објект ќе биде застаклен и ќе биде затворен по принципот на мол-систем со отворени делови.

Аго Абазовски, дирекоторот на ГТЦ во изјавата за медиумите вели дека во следните седум дена тричелната жири комисија треба да го разгледа проектот и да одлучи дали дефинитивно ќе го прифати.

По една недела ќе биде познато кога би почнала реконструкцијата на трговскиот центар и кој би бил изведувачот.

Според понуденото решение ГТЦ треба да добие уште еден кат, спа-центри, хотелско сместување и игротеки. Авторот на ова решение ќе се знае откако ќе биде завршена целата процедура.
http://www.time.mk/read/fb6903d604/21698f9f12/index.html
 

·
Registered
Joined
·
120,784 Posts
Discussion Starter #7
Стартуваше проектот за реконструкција на 11 згради во Центар

Во пресрет на зимата, во тек е реализацијата на проектот "Енергетско ефикасни домови", со кој повеќе колективни станбени згради во Општина Центар ќе добијат нови термички фасади и прозорци, до крајот на оваа година.



По пристигнатите апликации, беше направен избор на 11 локации, на кои веќе во тек е реконструкцијата на фасадите и тоа станбените згради на: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр.72, ул. „Орце Николов“ бр.77, бул. „Партизански Одреди“ бр.49, влез 1 и 2, бул. „Кочо Рацин“ бр.19, бул. „Св.Климент Охридски“ бр.53, бул.„ Св.Климент Охридски“ бр.29, ул. „Луј Пастер“ бр.23А/1, ул. „Ленинова“ бр.73, ул. „Орце Николов“ бр.29, ул. „Франклин Рузвелт“ бр.46А и ул. „Скопска“ бр.15/1,2.

Со овој проект, Општина Центар им овозможува на граѓаните, да ги подобрат своите услови на домување во смисла на заштеда на енергија, намалени трошоци, намалување на загубата на топлинска енергија и заштита на животната средина.



Еден од условите за аплицирање на проектот беше и 70% од станарите во зградите, заинтересирани за реконструкција на термичка фасада, да се согласат да ги променат балконските врати и прозорци.

Со овој проект не само што се разубавуваат старите згради, туку и сопствениците на становите ќе добијат значително потопли домови во пресрет на зимата. Општина Центар за овие активности од својот буџет, издвои 30 милиони денари. Исто така и невладината организација Хабитат Македонија се вклучи во овој проект, со тоа што на веќе избраните станари ќе им помогне при обезбедување и монтажа на прозорци со низок коефициент на пропустливост, што директно влијае на заштедата на енергија.

Поради големиот интерес, Општина Центар и во наредната година планира да продолжи со реализација на енергетско ефикасни проекти.
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1669627222/foto-startuvase-proektot-za-rekonstrukcija-na-11-zgradi-vo-centar
 

·
Registered
Joined
·
120,784 Posts
Discussion Starter #8
Skopje/Скопје;99464479 said:
Нов циклус обнова на фасадите на зградите


Општина Карпош распиша оглас за изведувач на реконструкцијата на оштетените фасади на станбените објекти на нејзина територија. Фирмите заинтересирани да работат на обнова на старите фасади треба да се пријават најдоцна до 28 јануари годинава.

Со реконструкцијата ќе бидат вградени термички материјали, а се предвидува и старите дотраени прозорци да бидат заменети со нови со соодветна изолација. Од Општината појаснуваат дека основните критериуми за една зграда да биде избрана за реконструкција, се староста на објектот, состојбата на фасадата, бројот на станарите и местоположбата на зградата. Точно колку објекти ќе добијат нов лик ќе се знае по завршување на постапката. Дотогаш граѓаните може да ги пријавуваат зградите, по што стручна комисија ќе изврши увид на терен за да ја утврди состојбата и степенот на оштетеност на фасадата.

Реконструкциите ќе бидат финансирани од општинската каса, а цената ќе биде утврдена во зависност од типот на објектите и од потребните интервенции.

Обновувањето на фасадите е дел од програмата на Општина Карпош „Да го вратиме сјајот на старите згради“, чија цел е подобрување на енергетската ефикасност на колективните станбени објекти. Минатата година беа обновени фасадите на четири објекти. (С.Р.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C1A8DFC16CE98D448ADDF97B5C0F9920
 

·
Macedonia
Joined
·
45,458 Posts

·
Macedonia
Joined
·
45,458 Posts
станбена зграда на булевар „Свети Климент Охридски“ во Скопје

[/url] Фотографиј0024 by george k. 1981, on Flickr[/IMG]

[/url] Фотографиј0023 by george k. 1981, on Flickr[/IMG]

[/url] Фотографиј0022 by george k. 1981, on Flickr[/IMG]

станбена зграда на бул. „Св. Климент Охридски“, Скопје

[/url] Фотографиј0021 by george k. 1981, on Flickr[/IMG]

[/url] Фотографиј0020 by george k. 1981, on Flickr[/IMG]

[/url] Фотографиј0019 by george k. 1981, on Flickr[/IMG]
 

·
Macedonia
Joined
·
45,458 Posts

·
Macedonia
Joined
·
45,458 Posts
реновирање фасада на станбена зграда на бул. Кочо Рацин





реновирана фасада на бул. Маркс и Енгелс (во близина на главна пошта, кај автобуската постојка на 2, 12 и 19)



 
1 - 20 of 105 Posts
Top