SkyscraperCity banner

21 - 40 of 105 Posts

·
Скопје
Joined
·
502 Posts
На фотографиите ја имаме штотуку реконструираната фасада на зградата на улица 'Пиринска'. Таа доби нова енергетски ефикасна фасада и бои, кои се многу блиску до колоритот, кој зградата го имала отсекогаш.
На првата фотографија се гледа оваа зграда напукната од земјотресот во 1963 година. Но, била вратена во живот, благодарение на стартегијата колективните згради да бидат спасувани на сметка на индивидуалните објекти, со цел да се сместат што повеќе луѓе назад во своите домови, да се штедат сили, време и пари, и да се насочат кон она што конечно ќе го спаси градот и ќе врати што повеќе луѓе дома.
Сите го знаеме епилогот. Да се напушти градот со оглед на ризикот од нови земјотрeси, значело да бидеме поразени од природна стихија. Решено е, и Скопје е спасено.
Затоа е интересен погледот на сликите некогаш и сега. На една значајна зграда на улицата 'Пиринска', која ги доби сиво- белите бои, кои ги имала отсекогаш.
Средствата за реконструкција на фасадата се одвоени од буџетот на Општина Центар за 2014 година. Досега се направени фасади на седум објекти. При крај е и фасадата на објектот на улицата 'Рајко Жинзифов'.





 

·
Скопје
Joined
·
502 Posts
Реконструкција на фасада на зграда во Општина Карпош



 

·
Скопје
Joined
·
502 Posts
Реконструкција на фасада на зграда во Општина Центар.



 

·
Macedonia
Joined
·
45,489 Posts

·
Macedonia
Joined
·
45,489 Posts
ПО ПЕТ МЕСЕЦИ ОБНОВА

ОТКРИЕНА ПРВАТА ФАСАДА НА НИКОЛА ВАПЦАРОВ

Согласно програмите за работа, Град Скопје ќе изврши реконструкција на фасадите во централното градско јадро, само на надворешните делови, но не и на задниот дел

Од вчера може да се види обновената фасада на една од зградите на улица Никола Вапцаров во Центар. Таа е во портокалова боја, иста како што била во минатото. Дел од улицата беше заградена со скелиња во септември минатата година, кога почна обновата на фасадите на зградите на улиците Македонија, Никола Вапцаров и на Димитрие Чуповски.

Другите згради на Никола Вапцаров се уште се покриени со најлони.
На реновирањето на зградите реагираа граѓаните оти според проектот, се обновува само предниот дел, а не и задниот.


Фото: Марија Зафировска

Таков е случајот со зградата кај ресторанот "Пелистер", којашто прва доби барокна фасада, а задниот дел остана нечепнат.

Град Скопје тогаш не објасни зошто нема да ги реновираат целите фасади на зградите, туку само ликот.

"Согласно програмите, Град Скопје ќе изврши реконструкција на фасадите во централното градско јадро, само на надворешните делови, согласно со идејните решенија кои ќе бидат избрани на јавни конкурси", кусо одговори тогаш Град Скопје.

Согласно проектот, треба да се реновираат 17 објекти на улиците Македонија, Никола Вапцаров и на Димитрие Чуповски.

http://vest.mk/?ItemID=568044BAF8B7F34D86DD2C74B761D317
 

·
Macedonia
Joined
·
45,489 Posts
СЕДУМ ЗГРАДИ ВО ЦЕНТАР ЌЕ ДОБИЈАТ НОВИ ФАСАДИ

Оваа година Општина Центар планира да ги обнови фасадите на седум згради во централното градско подрачје. За четири од нив ќе одлучува Советот на Општината веќе на наредната седница. Ова им го кажал на граѓаните градоначалникот Андреј Жерновски на средбата вчера вечерта на која се разговарало отворено за сите проблеми со кои се соочуваат луѓето што живеат во Градски ѕид кај поранешна Македонска Банка, Клуб на Новинари и околните згради.

"Она што ние го работиме, за разлика од другите, е жителите да добијат енергетско-ефикасни фасади и да се задржи автентичниот изглед на зградата. Знаете дека со промените во Законот за градење надлежностите се поделени со Град Скопје и треба да поминат на седница на Совет, а за да не навлегуваме во приватна сопственост, одиме по програмата за енергетска ефикасност", рече Жерновски.

Наскоро ќе почне реконструкција на фасадата на познатата Поштенска зграда, а според надлежните, сите 13 згради кои влегоа во првиот конкурс ќе бидат завршени.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=05C517ED51FDF6469E59A4FE0BE99EDA
 

·
Macedonia
Joined
·
45,489 Posts
Главната пошта во Скопје влегува во агендата за реконструкција

Враќањето на препознатливиот архитектонски изглед на зданието „Пошта – 1“ конечно се најде во работната агенда на Македонски пошти. Компанијата денеска го распиша огласот за пронаоѓање изведувач што ќе ги промени светлосните куполи над шалтер – салата во објектот што го краси центарот на Скопје. Најавениот реконструктивен зафат доаѓа откако целосно беа санирани канцелариските простории на дирекцијата на Македонски пошти. Како дополнителна обврска, допрва треба да се изврши санација на шалтерската сала. Еден од најрепрезентативните ентериерни простории во главниот град во иднина ќе биде вклучен во владиниот проект за едношалтерски систем, во кој граѓаните ќе можат да завршат дел од административните обврски.



Идејниот проект за обнова и ентериерно уредување на шалтерската сала во главната пошта засега не е даден на увид на македонската јавност. Она што досега се знае е дека уништениот мурал на уметникот Борко Лазески нема да биде обновен. Кога станува збор за изведбата на светлосните куполи на објектот, Македонски пошти во зафатот планира да инвестира 5 милиони денари, без вклучен ДДВ. Рокот за реконструкција на овој дел од објектот „Пошта – 1“ треба да се комплетира во рок од 12 месеци, додека градежните компании треба да ги достават своите понуди за учество на тендерот до 31 март.

Шалтер – салата, некогашните куполи и дел од канцеларискиот простор на главната пошта настрадаа во катастрофалниот пожар во јануари 2013 година. Огнените јазици проголтаа дел од архитектонскиот труд на авторот Јанко Константинов, за чија бравурозност и визионерска идеја тој ја доби државната награда „11 Октомври“ во 1975 година.

http://www.build.mk/?p=43544
 
21 - 40 of 105 Posts
Top