SkyscraperCity Forum banner
1 - 10 of 10 Posts

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Discussion Starter · #1 ·
ЌЕ СЕ ПРОШИРУВААТ ХИДРОСИСТЕМИТЕ ЗА НАВОДНУВАЊЕ

Вода до секоја нива

Над 80 милиони евра државата ќе вложи во проширување и реновирање на системите за наводнување на земјоделските површини, со што ќе се добијат поголеми приноси

Над 80 милиони евра ќе вложи државата во следните пет години за проширување и ревитализација на постојните системи за наводнување земјоделски површини во Македонија. Дел од средствата ќе бидат насочени и за проширување на хидросистемот „Стрежево“ со кој во битолскиот дел на Пелагонија опфатена е една третина од обработливите парцели. Ваквите најави донесоа надеж кај земјоделците дека ќе издишат од сушите кои во последните години им го преполовуваа родот.

- Сушата за житото е најопасна на почетокот на јуни. Тогаш зрното е испиено однатре и оди за слама. Се појавува и житна пијавица, лама, а пченицата која ќе ја зафати се коси. Во последните години маки мачиме со глобалното затоплување во деловите во кои нема организирано наводнување. Тоа е и една од причините што приносите жито од хектар се случува да паднат и до 2.000 килограми, а во минатото кога немаше толкави жеги добивавме и по 5.000 килограми од хектар - вели Трајан Ѓоргиевски, земјоделец од Бач.

Од Сојузот на земјоделците посочуваат дека грешката била направена пред неколку децении кога бил изграден системот за наводнување, бидејќи не бил проширен од другата страна на реката Црна, поточно кон Новаци и Могила. Така, битолскиот дел на Пелагонија располага со 60.000 хектари обработлива површина, а од нив нешто над 20.000 хектари се покриени со системот за наводнување.

- Потреба од проширување на системот се чувствува одамна. Земјоделците веќе подолго време бараат од државата да даде субвенции за копање бунари, за да може барем на некој начин да се врши наводнување на површините во кои нема вода. Оние чии површини се опфатени со системот не „гледаат во небото“ дали ќе заврне или не. Таму каде што е системот, со високите приноси од пченка ги надминуваме дури и српските земјоделци - вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот.

Заменик-министерот за земјоделство Зоран Kоњановски изјави дека е изготвена петгодишна програма за санација, реновирање, доградба и изградба на системи за наводнување во Македонија.

- Во следниот период планираме околу 80 милиони евра да инвестираме во оваа дејност бидејќи сметам дека во последните 30 години била запоставена и откако се направени системите има стагнација, па дојде време да се посвети внимание и на таа област. Секоја година ќе се зголемуваат средствата во програмата за рурален развој, а преку неа ќе инвестираме во системите за водоснабдување - изјави Kоњановски.

Од Јавното претпријатие „Стрежево“ информираа дека тие веќе почанале со проширување на цевководниот систем низ повеќе битолски села во кои има околу 1.000 жители кои претежно се занимаваат со одгледување жито. Воедно ја реконструираат и детаљната цевководна мрежа со што е подобрена услугата и намалени се дефектите.

- Во Лисојал мрежата е проширена за над 20 хектари. Во Црнеец е обезбедена техничка вода за домаќинствата и мини добиточните фарми. Во Егри се овозможи техничко решение за наводнување на земјоделските парцели, а во Породин ќе бидат опфатени 18,5 хектари, кои поради оддалеченоста од хидросистемот досега се наводнуваа со вода од бразди - изјави д-р Љупчо Бошевски, директор на ЈП „Стрежево“.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B417B1284D4C9649A16B222123BF305A
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Discussion Starter · #3 ·
13,2 милиони евра за системите за наводнување

Со Програмата за рурален развој на македонската влада ќе се инвестираат 13,2 милиони евра за изградба на нови и санација на постоечките системи за водоснабдување на земјоделските површини на целата територија на земјата. Потребата од вложување во системите за наводнување произлегува од неколкудецениската старост на постоечката мрежа, која е неопходно да се одржува, но и да се изградат нови системи. Прва на листата од инвестиции е замената на стариот со нов цевковод во близина на населеното место Логоварди, кој е дел од мрежата на ЈП Хидросистем „Стрежево“ од Битола. Реализацијата на овој проект треба да почне во најскоро време преку обезбедените средства од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој ќе опфати замена на 500 метри челични цевки, со кои ќе се надминат повремените дефекти што предизвикуваа поплавување на земјоделските површини.

Покрај овој санационен зафат во битолскиот регион, во постапка на реализација во моментов се уште два други проекти кои ќе се завршат со директна владина финансиска поддршка. Хидросистемот „Стрежево“ е изграден во 1982 година и е наменет за наводнување на 20.200 хектари земјиште од Пелагонискиот регион. Главниот доводен канал за снабдување со вода на корисници е со вкупна должина од 44 километри, алиментациониот канал за собирање на водите е долг 61,5 километри, додека акумулацијата „Стрежево“ има капацитет да собере 109 милиони метри кубни вода.

http://www.build.mk/?p=31840
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Discussion Starter · #4 ·
Во струмичкиот регион ќе се гради нов систем за наводнување

Земјоделците од струмичките села Куклиш, Градско Балдовци, Сачево и Свидовица ќе добијат нов систем за наводнување на површините засадени со градинарски култури, со кој ќе се реши долгогодишниот проблем со недостиг на доволни количества вода за полевање. Со проектот ќе се зафатат водите од акумулацијата „Маркова Река“ за наводнување на околу 400 хектари земјоделско земјиште. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на почетокот од март потпиша договор за изградба на системот за наводнување со градежната компанија „Жикол“ од Струмица. Зафатот е предвидено да се реализира во временски период од 21 месец. За овој инфраструктурен проект се одвоени финансиски средства во износ од 50.669.200 денари (околу 820 илјади евра) од државниот буџет.

http://www.build.mk/?p=33811
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Discussion Starter · #6 ·
Владата најавува над 200 милиони евра за системите за наводнување

Македонската влада изработи нов документ – Стратегија и реформи на системите за наводнување, со кој е предвидено во периодот од 2015 до 2025 година да се вложат преку 200 милиони евра во проширување и реконструкција на постојните и изградба на нови објекти во системот за наводнување на земјава. Изготвената стратегија е во форма на нацрт – документ, кој во текот на летото ќе биде презентиран пред сите релевантни фактори. Документот треба да биде усвоен најдоцна до септември откако ќе бидат анализирани сите предлози и забелешки.

Владиниот план предвидува во првите неколку години да се инвестираат околу 18 милиони евра во овие инфраструктурни објекти, додека во следните години средствата да се зголемат во износ кој нема да биде помал од 20 милиони евра на годишно ниво. Само во текот на годинава ќе започне изградбата на браната на Оризарска река во Кочани и на браната Коњско во Гевгелија, а истовремено се продолжува и со реализација на втората фаза од хидросистемите Злетовица и Лисиче.

Стратешкиот документ за развој на системот за наводнување е изработен од владиниот Комитет за наводнување, во чии рамки се вклучени земјоделските задруги, професори од оваа област, како и претставници на Владата на Р.М. и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

http://www.build.mk/?p=35754
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Discussion Starter · #7 ·
Систем „капка по капка” за земјоделците од вардарскиот регион



Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во соработка со УСАИД започна со реализација на Проектот за експанзија на мали бизниси „Да одлгедуваме повеќе пченка" во чии рамки УСАИД ги донира системите капка-по-капка. Како дел оваа иницијатива, во вардарскиот регион ќе бидат финансирани 15 системи какпка-по-капка за наводнување на парцели по 1 хектар. 3 од нив се наоѓаат во Општина Велес, а останатите 12 низ другите општини (Лозово, Св. Николе, Росоман и Градско). Денес започна имплементацијата на првиот, во с. Горно Оризари.



Земјоделците ќе бидат обучени за оптимално користење на системот, а состојбата на парцелите ќе биде постојано набљудувана од страна на стручни лица од Проектот со цел навремено реагирање на сите промени. Дополнително, земјоделците во текот на целата година ќе добиваат редовни СМС пораки со упатства и совети за користење на системот и новите агротехнички протоколи.









http://veles.gov.mk/veles3/index.php/2014-02-01-11-59-19/3105-kapka-po-kapka
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Discussion Starter · #9 ·
Годинава 9 милиони евра за системи за наводнување и одводнување

Од државниот буџет до крајот на 2014 година ќе се инвестираат околу 9 милиони евра во објекти од областа на водоснабдувањето и во системи за наводнување и одводнување. Министерот за земјодество, шумарство и водостопанство Михаил Цеков на денешната прес – конференција информираше дека ќе се финансираат капиталните објекти за браната Оризарска река во висина од 65 милиони денари, за браната Коњско ќе се издвојат 10 милиони денари, за хидросистемот Равен Речица се наменети 20 милиони денари, за браната Слупчанска река 21 милион и 500 илјади денари, за хидросистемот Стрежево 10 милиони денари, додека за останатите инвестиции и проекти од областа на руралниот развој се предвидени 176 милиони денари.

Покрај финансирањето на овие инфраструктурни проекти, годинава ќе се чистат 140 километри од постојната каналска мрежа за наводнување и одводнување, за што се одвоени 80 милиони денари. Во рехабилитацијата и санацијата на постоечките бунарски системи и системи за наводнување ќе се вложат околу 180 милиони денари или околу 3 милиони евра. Министерот Цеков истакна дека во наредниот период се планира проект за водоснабдување во гевгелиско за 4.000 хектари земјоделска површина, проекти за изградба на систем за наводнување во Пробиштип и Кратово на 4.000 хектари во кои ќе се користи вода од браната Злетовица, како и систем за наводнување на 5.000 хектари во велешкиот регион.

Целокупните инвестиции се одвиваат во согласност со изготвениот десетгодишен проект на Владата на Р.М. за изградба и рехабилитација на постоечките системи, со кој се планира да се инвестираат околу 200 милиони евра или годишно по околу 20 милиони евра.

http://www.build.mk/?p=37784
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Discussion Starter · #10 ·
ЕЗЕРОТО „МЛАДОСТ“ СЕ ПОВРЗА СО ВЕЛЕШКИОТ ВОДОВОД

Велес - Езерото „Младост“ и околината се поврзаа со градскиот водовод во Велес. Со ова тие ќе добиваат квалитетна вода за пиење, а се создаваат и услови за развој на туризмот. За реализација на двата инфраструктурни проекта Општина Велес се задолжи со кредит од Светска банка, вреден 66 милиони денари.

„Со овој водоводен систем обезбедивме вода за пиење за индустриската зона ’Речани‘, за Башино Село, сателитската населба покрај езерото ’Младост‘, двата мотела, ’Прокредит академија‘, село Новачани. Истовремено го завршивме и вториот проект, замената на старите живини светилки со нови економични“, рече градоначалникот Славчо Чадиев.

Со првиот проект вреден 42 милиони денари е решено водоснабдувањето на околината на езерото, а со вториот, кој чини 23,5 милиони денари, осветлувањето на градот.

Кредитот треба да се отплати за осум години со грејс-период од три години. Во иднина е во план водоводниот систем да биде продолжен и кон околните села Отовица, Сујаклари, Мамутчево, Кумарино. (П.П.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=A906BA8618DB044FAF31B79295E08D0C
 
1 - 10 of 10 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top