Joined
·
47,928 Posts
ЌЕ СЕ ПРОШИРУВААТ ХИДРОСИСТЕМИТЕ ЗА НАВОДНУВАЊЕ
Вода до секоја нива
Над 80 милиони евра државата ќе вложи во проширување и реновирање на системите за наводнување на земјоделските површини, со што ќе се добијат поголеми приноси
Над 80 милиони евра ќе вложи државата во следните пет години за проширување и ревитализација на постојните системи за наводнување земјоделски површини во Македонија. Дел од средствата ќе бидат насочени и за проширување на хидросистемот „Стрежево“ со кој во битолскиот дел на Пелагонија опфатена е една третина од обработливите парцели. Ваквите најави донесоа надеж кај земјоделците дека ќе издишат од сушите кои во последните години им го преполовуваа родот.
- Сушата за житото е најопасна на почетокот на јуни. Тогаш зрното е испиено однатре и оди за слама. Се појавува и житна пијавица, лама, а пченицата која ќе ја зафати се коси. Во последните години маки мачиме со глобалното затоплување во деловите во кои нема организирано наводнување. Тоа е и една од причините што приносите жито од хектар се случува да паднат и до 2.000 килограми, а во минатото кога немаше толкави жеги добивавме и по 5.000 килограми од хектар - вели Трајан Ѓоргиевски, земјоделец од Бач.
Од Сојузот на земјоделците посочуваат дека грешката била направена пред неколку децении кога бил изграден системот за наводнување, бидејќи не бил проширен од другата страна на реката Црна, поточно кон Новаци и Могила. Така, битолскиот дел на Пелагонија располага со 60.000 хектари обработлива површина, а од нив нешто над 20.000 хектари се покриени со системот за наводнување.
- Потреба од проширување на системот се чувствува одамна. Земјоделците веќе подолго време бараат од државата да даде субвенции за копање бунари, за да може барем на некој начин да се врши наводнување на површините во кои нема вода. Оние чии површини се опфатени со системот не „гледаат во небото“ дали ќе заврне или не. Таму каде што е системот, со високите приноси од пченка ги надминуваме дури и српските земјоделци - вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот.
Заменик-министерот за земјоделство Зоран Kоњановски изјави дека е изготвена петгодишна програма за санација, реновирање, доградба и изградба на системи за наводнување во Македонија.
- Во следниот период планираме околу 80 милиони евра да инвестираме во оваа дејност бидејќи сметам дека во последните 30 години била запоставена и откако се направени системите има стагнација, па дојде време да се посвети внимание и на таа област. Секоја година ќе се зголемуваат средствата во програмата за рурален развој, а преку неа ќе инвестираме во системите за водоснабдување - изјави Kоњановски.
Од Јавното претпријатие „Стрежево“ информираа дека тие веќе почанале со проширување на цевководниот систем низ повеќе битолски села во кои има околу 1.000 жители кои претежно се занимаваат со одгледување жито. Воедно ја реконструираат и детаљната цевководна мрежа со што е подобрена услугата и намалени се дефектите.
- Во Лисојал мрежата е проширена за над 20 хектари. Во Црнеец е обезбедена техничка вода за домаќинствата и мини добиточните фарми. Во Егри се овозможи техничко решение за наводнување на земјоделските парцели, а во Породин ќе бидат опфатени 18,5 хектари, кои поради оддалеченоста од хидросистемот досега се наводнуваа со вода од бразди - изјави д-р Љупчо Бошевски, директор на ЈП „Стрежево“.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B417B1284D4C9649A16B222123BF305A