SkyscraperCity banner

241 - 255 of 255 Posts

·
Registered
Joined
·
2,485 Posts
Во музејот, освен археологија, ќе има и приказна за една величествена историја



Конечно од депоата ќе излезе на виделина целокупното археолошко богатство, кое досега јавноста немаше можност да го види или го гледаше во многу мал дел
ВЕСЕЛА ЧЕСТОЕВА, ДИРЕКТОРКА НА НУ АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА
Во изложбен простор на три ката и на површина од 6.000 квадратни метри пред јавноста ќе бидат претставени над 6.000 артефакти од сите историски периоди, од праисторијата до средниот век. Ентериерот во сите оддели е осмислен на најдобар можен начин, и концепциски и виртуелно, според сите светски стандарди и со најсовремени музејски технологии. Голема е веројатноста Археолошкиот музеј да биде отворен во септември, а не е исклучена можноста тоа да се случи токму на Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември.

До каде е изградбата на музејот? На што се работи сега? Кога ќе биде завршен комплетно и кога можеме да го очекуваме неговото свечено отворање?
- Во моментот интензивно се изведуваат работите на ентериерното уредување на археолошката поставка. Се завршија работите со осветлувањето. Се подготвуваат подлогите за поставување на оригиналните мозаици и ќе почнат да се изработуваат гробовите што се дел од археолошката поставка. Исто така, се привршува и со конзервацијата на камената пластика, која треба да биде изложена во лапидариумот. Станува збор за 15 камени споменици, кои моментално се наоѓаат пред Владата на Р.М. Археолошкиот музеј се очекува да биде отворен за неколку месеци, во почетокот на септември.


Стаклена чаша од 4 век

Што ќе претставува за градот еден ваков атрактивен објект и по форма и по содржина?
- Овој објект како содржина веќе е препознатлив во градот. Неговата уникатност е по две основи, по својата архитектонска грандиозност и раскошната архитектура, и по местоположбата. Имено, лоциран е на најдоброто место во строгиот центар на градот, покрај кејот на реката Вардар, со што конечно го добива вистинското место репрезентативно да го претставува нашето вредно културно наследство. Исто така, како содржина што посебно го истакнува овој грандиозен објект е неговото вечерно амбиентално осветлување, со што се збогатува ноќниот живот на нашата метропола.

Колкава посетеност очекувате и дали може да се очекува музејот да стане регионална атракција во насока на туризмот? Дали сме подготвени за еден ваков предизвик како држава, град и вие како институција?
- Како директор на оваа институција очекувам голема посетеност, а тоа го темелам на неколку показатели. Прво, конечно од депоата ќе излезе на виделина целокупното археолошко богатство, кое досега јавноста немаше можност да го види или го гледаше во многу мал дел. Второ, самиот музеј ја раскажува нашата историја со модерна приказна во модерни стаклени витрини со 15 восочни фигури и 83 уметнички слики, со видеоанимации, гробови, амбиентални ситуации, реконструкција на неолитски куќи. Тука се и мозаиците под стакло, врз кои ќе може да шетаат посетителите, современа музејска технологија, со интеракција, специфично светло, нешто што досега на овие простори не можеше да се види.
Трето, сите нови споменици околу музејот, Воинот на коњ и фонтаната, Триумфалната порта, Музејот на холокаустот, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Македонскиот народен театар, Старата скопска чаршија, сѐ повеќе ги привлекуваат туристите да ја посетат нашата метропола. Со градењето голем број културно-историски објекти се прикажуваат нашите национални добра и се докажува македонскиот идентитет. Овие објекти раскажуваат приказна во која Скопје претставува престолнина на една од најстарите цивилизации и култури во светот.

Дали со опремувањето на музејот со експонати ќе се загрози атрактивноста на другите музеи во градот и во државава?
- Не се согласувам со тезата дека Археолошкиот музеј ќе ги загрози другите музеи со артефактите што ќе ѝ бидат отстапени на нашата институција. Археолошкиот музеј на Македонија ќе презентира целосна слика за културното и историско богатство што го поседува Македонија. Процесот е регулиран со закон. Одредени артефакти што се значајни за државата ќе бидат преместени во новиот музеј како матичен. Процедурата се одвива преку претходни договори со конкретните установи. Не станува збор за одлевање, Македонија и онака има доволно артефакти. Станува збор за предмети што стоеле во депоата, а кои сега ќе ѝ бидат презентирани на јавноста за да се запознае со македонското културно богатство. Музеите сами одбираат со што ќе учествуваат во заедничкото претставување на македонската култура и сами одлучуваат кои предмети ќе ги донираат.


Мермерната статуа на Венера Пудика од 2 век

Што сѐ ќе содржи музејот? Како ќе биде поделен - организиран (временски период што ќе го опфаќа и просторна распределеност) и колку вкупно експонати ќе поседува?
- Поставката е организирана хронолошки. Во изложбен простор на 3 ката и на површина од 6.000 квадратни метри пред јавноста ќе бидат претставени над 6.000 артефакти од сите историски периоди, од праисторијата до средниот век. Ентериерот во сите оддели е осмислен на најдобар можен начин, и концепциски и виртуелно, според сите светски стандарди и со најсовремени музејски технологии. Во музејот се застапени одделот за праисториска археологија, одделот за античка и одделот за средновековна археологија, кабинетот за нумизматика, лапидариумот, антрополошката поставка и уште многу изненадувања за кои со сигурност може да потврдиме дека ќе бидат ултрамодерно вклопени во целата поставка. Нашиот музеј, освен археологија, ќе нуди и една голема вистинска приказна, заснована на една величествена историја.

Меѓу изложените експонати требаше да се најдат и копиите на златните погребни маски, како и на двата бронзени кратера од Требеништа, кои се наоѓаат во музеите во Белград и во Софија. Според Управата, освен со Белград и со Софија, се преговара и со Археолошкиот музеј во Истанбул за изработка на копија на мермерниот саркофаг со претстава на Александар Македонски од 4 век пред новата ера. Ќе ги видиме ли копиите на овие артефакти на отворањето или, пак, можеби веќе се готови и донесени во нашиот музеј?
- Копијата на саркофагот на Александар Велики како еден од скапоцените репрезентативни артефакти ќе биде дел од постојаната поставка во музејот. Работите течат во координација со Управата за заштита на спомениците на културата и турската организација „Тика“, со посредство на Министерството за култура. Ќе има многу нови артефакти што досега не биле изложени, а кои јавноста ќе може да ги види на отворањето на музејот.

Какви безбедносни системи ќе има објектот однадвор и однатре, во насока на заштита на вредните содржини што ќе бидат сместени во него?
- Првото ниво е систем за техничка заштита од кражба и напад, а второто ниво е систем на видеонадзор, снимање и трансмисија. И двата система се проектирани според највисоките светски стандарди, со алармни централи, детектори и фотосензори. Системот ќе овозможи 24-часовна мониторинг-контрола на просторот со внатрешни и со надворешни камери и ќе се менаџира со посебен софтвер за видеонадзор. Ова обезбедување е според највисоките светски стандарди.
Кои ќе бидат главните адути на музејот, во насока на специфична и ексклузивна понуда?

Мермерниот саркофаг со претстава на Александар Македонски од 4 век пред новата ера
- Во музејот ќе можат да се видат оригиналните мозаици од ранохристијански базилики, сместени под стакло, реконструкции на археолошки локалитети, амбиентални ситуации, кои ќе бидат мошне атрактивни за публиката. За да биде сето тоа прикажано на најдобар начин, ќе има интерактивни ЛЕД-подови и екрани, кои, надополнети со амбиентална музика, поавтентично ќе го доловат нашето богато културно наследство. Од артефактите ќе ја споменам ритуалната кочија, вреден експонат стар 18 века, претставен во природна големина, потоа дијатретата, луксузна стаклена чаша од 4 век, која е една од десетте пронајдени во светот, а која ќе биде уникатен експонат во новиот музеј, мермерната статуа на Венера Пудика од 2 век, артефактите што беа пронајдени благодарение на капиталните археолошки истражувања, восочните фигури, амбиенталните слики и уште многу други изненадувања.
 

·
Registered
Joined
·
2,485 Posts
ИМА СО ШТО ДА СЕ ПОФАЛИМЕ
Македонскиот Археолошки музеј во конкуренција за најдобар во Европа

Археолошкиот музеј на Македонија ја истакна својата номинација на конкурсот за најдобар музеј на Европа во организација на Европската музејска академија. Во конкуренција за наградата се околу 15 престижни европски музеи


Меѓу 15 европски музеи во конкуренција за наградата "Луиџи Микелети" што ја доделува Европската музејска академија (ЕМА) годинава се најде и Археолошкиот музеј на Македонија. Оваа престижна награда се доделува веќе 18 години по ред и досега им била доделена на најдобрите музеи.

Археолошкиот музеј на Македонија конкурираше за наградата поттикнат од нашите претставници во ЕМА. Ова учество, а особено признанието ќе има големо влијание во понатамошното присуство на Археолошкиот музеј и македонската археологијата воопшто на светската музејска сцена. Истовремено е и големо признание за Република Македонија, вели Весела Честоева, директор на Археолошкиот музеј на Македонија.
Изборот, односно рангирањето ќе се изврши во мај 2015 година во Бреша, Италија.
Според Честоева, дел од жирито веќе беше во посета на музејот, а до крајот на годината Археолошкиот музеј до Европската музејска академија треба да достави програма врз основа на што ќе се врши рангирањето.

Таа истакнува дека Археолошкиот музеј се претставува со новата завидна поставка на артефакти, но и со новиот мултимедијален концепт.

Дел од потребната документација е доставен, а дел ќе го доставиме во предвидениот рок. Нашата музејска поставка е уникатна и специфична според музејскиот амбиент. Опремена е според најсовремените музејски стандарди и техничко-музејски амбиентални и реконструктивни решенија и се надевам на висок резултат, посочува Честоева.
Археолошкиот музеј на Македонија, како што вели, поседува огромен број на артефакти, над 7000, уметничките слики со реконструкциите на најразлични сцени и детали од животот на македонските предци, како и карактеристичните восочни фигури на истакнати ликови од историскиот живот на Македонија.

Европската музејска академија, пак, која ќе го врши рангирањето е непрофитабилна организација создадена со цел интернационално да ги претстави музеите, да го промовира истражувањето во музеографијата и музеологијата како високо културно збиднување, да поттикне дискусии за нови изложбени поставки и музеи и да ги спои музеолошките сознанија и идеи од припадниците на оваа професија.

Наградата за прв пат била доделена во 1996 година од фондацијата Луиџи Микелети и била наменета за светските музеи со историски, индустриски и научен карактер, на новите иновативни музеи или стари кои во меѓувреме претрпеле ремоделирање или пренамена.
Национален претставник за Македонија во ЕМА е Гордан Николов. (Д.Т.)
 

·
Registered
Joined
·
2,485 Posts
МАKЕДОНСKОТО ЗЛАТО ОД МАНХИНГ СЕ ВРАЌА ВО СKОПЈЕ

ЗЛАТНАТА МАСКА НАПРАВИ СЕНЗАЦИЈА ВО ГЕРМАНИЈА, ПА СЕ УДОМУВА ВО АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ


Златната маска и другите антиквитети стари повеќе од два милениума, кои беа изложени во Германија, се враќаат дома и ќе бидат изложени во Археолошкиот музеј на Македонија. Вкупно 62 предмета пронајдени на некрополите Горна Порта во Охрид и кај Тремник, Неготинско, ќе се удомат во новиот Музеј, кој беше отворен минатиот месец. Освен златната маска и ракавица, првпат пред македонската јавност ќе бидат изложени и златни ѓердани со висулци, приврзоци, медалјон со ликот на богот Посејдон, многу мониста, фибули, монети со ликовите на Александар Велики и на неговиот татко Филип Втори од 4 век пр.н.е.

- Изложбата ќе биде дел од националната поставка на Археолошкиот музеј на Македонија. Тогаш ќе бидат промовирани и два каталога: „Во сенката на божествената Изида“ и „Златната доба во Македонија“ - вели Весела Честопева, директорка на Археолошкиот музеј.

Изложбата во Германија официјално се затвора утре, но Честоева од безбедносни причини не открива кога и како скапоцените артефакти ќе бидат транспортирани од Македонија. Според договорот, Музејот „Kелтен ромер“ од Манхинг, кој беше домаќин на изложбата „Златните лица на македонските кралеви - Македонците и Kелтите од охридскиот регион - судир на културите“ е одговорен за безбедниот транспорт на предметите од Македонија до Германија и обратно.

Европските научници одушевени

Според Честоева, околу 5.000 луѓе ја виделе изложбата во Манхинг. Тие предизвикаа вистинска сензација во Германија. На изложбата беа поставени вкупно 62 археолошки предмета, кои потекнуваат од архајскиот период и од македонско-хеленистичкиот период. Во германски магазин беше објавен и текст во кој пишува:

„До последното место беше пополнето фоајето на отворањето на новата специјална изложба. Многу директори и научници патуваа да ги видат исклучителните откритија на Македонија и да присуствуваат на свеченото отворање на изложбата“.

Изложбата беше договорена уште пред неколку години по иницијатива на археологот Паско Kузман и неговиот колега од Словенија, Митја Гуштин, во соработка со претставници од германскиот музеј. Ја организираа Археолошкиот музеј на Македонија во соработка со музеите од Охрид и од Неготино, Приморскиот универзитет од Словенија со Лошињскиот музеј од Хрватска, а ја финансираше Европската Унија, преку Kомисијата за образование, аудиовизуелност и култура.

Честоева вели дека за изложбата имало голем интерес и од јавноста, пред с`, од Англија Франција и од Холандија.

- Ја посетиле близу 5.000 посетители. Домаќините ја оценуваат како особено успешна изложба, бидејќи предизвикала големо внимание кај пошироката јавност, но во исто време и кај стручната европска јавност - вели таа.

Исклучителни предмети

Во германскиот магазин пишува дека специјалната изложба се занимава со односот на Македонците и Kелтите на Охридското Езеро, а опфатено е времето кога за време на археолошки ископувања во некрополата на античкиот Лихнид (во денешниот Охрид), македонскиот археолог Паско Kузман во 2002 година откри гроб од крајот на архајскиот период (крајот на 6 век пред новата ера).

- Во сензационалната кралска гробница е пронајден скапоцен накит, посмртна маска од тенки златни листови, златни коцки, сребрени сандали и многу други. Заедно со исклучителниот гроб пронајден во 2009 година на Тремник, полн со златни богатства од хеленистичкиот период, ги претставуваат најскапоцените антиквитети на Република Македонија. Заедно со офанзивното оружје можеби на келтски платеници од почетокот на 3 век пр.н.е. и „Изида од Лихнид“, скулптурата од алабастер на египетската божица, овие археолошките богатства доаѓаат директно од контактната зона меѓу античкиот грчки свет и Централна Европа - пишува Марија Меснер во магазинот.
ОСИГУРЕНИ НА МИЛИОНСКА СУМА

Од Археолошкиот музеј на Македонија не откриваат на колкава сума се осигурени антиквитетите, сепак велат дека за тоа се погрижил организаторот на изложбата, Музејот „Kелтен ромер“. Во секој случај извесно е дека станува збор за милионска сума. Пред повеќе од десет години четири икони од Македонија беа дел од голема изложба во музејот „Метрополитен“ во Њујорк. Тогаш беа осигурени на 50 милиони долари. Златната маска од Охрид, пак, првпат беше изложена во странство во 2011 година во Утрехт, Холандија, заедно со други археолошки предмети и со дел од нашите најубави икони. Kолекцијата тогаш беше осигурена на 139 милиони евра.
 

·
Registered
Joined
·
2,485 Posts
ИНТЕРЕСОТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ АРТЕФАКТИ НЕ СТИВНУВА
Странските туристи го окупираа Археолошкиот музеј

Од статистиката што ја водиме, Музејот од отворањето го посетиле 2.047 лица, од кои 300 странци. Најбројни се туристите од Холандија, Германија, Италија, Австралија и Америка, како и соседните земји Грција, Србија, Бугарија и Албанија, вели Честоева, директор на Археолошкиот музеј на Македонија


Од отворањето на новиот Археолошки музеј во Скопје на 18 октомври поминаа две недели, а интересот на домашната и странската јавност не стивнува.

Според директорката Весела Честоева, музејот кој е дополнет и со нови артефакти секојдневно со несмален интензитет го посетуваат и домашни и странски гости од сите возрасти.

Од првиот ден досега од статистиката што ја водат нашите водичи Музејот го посетиле 2.047 посетители, од кои 300 странци. Најбројни се туристите од Холандија, Германија, Италија, Австралија и Америка, како и соседните земји Грција, Србија Бугарија и Албанија. Во овие две недели има голема посетеност и од основните училишта ширум Републикава, вели Честоева.
Во Музејот е отворена и книга на впечатоци, па така, посетителите можат и директно да ги пренесат своите импресии од виденото. Интересот за одделни артефакти, пак, како што вели Честоева, е различен кај секој посетител.

Нивните импресии се многу позитивни и тоа, пред се, што имаат можност конечно на едно место да го видат нашето непроценливо културно наследство надополнето со многу амбиентални ситуации и мултимедија или како што запишуваат, цитирам: „Возбудливо патување во минатото„. Посетителите најмногу се интересираат за оние артефакти кои досега немале можност да ги видат, пред се, мислам на Дијатретата за луксузниот златен накит, за илјадниците златни и сребрени монети од времето на Филип и Александар, за саркофагот, за амбиенталните уметнички слики, за восочните фигури, како и за реконструкцијата на гробовите, пред се, на гробот на Свештеничката од Марвинци", посочува Честоева.
Во Музејот од самото отворање се ангажирани 10 музејски водичи-едукатори, кои им стојат на услуга на посетителите, а тие имаат можност да одберат дали сакаат во група да го посетат музејот или индивидуално.

Не го ограничуваме времето за посета, посетителот може да истражува и да проучува и во исто време да ги добие сите потребни сознанија од страна на музејските водичи на англиски, албански и француски јазик, покрај македонскиот. За многу кратко време во функција ќе бидат ставени и аудиоводичите, кои ќе дадат можност тоа да се слушне и на италијански и шпански јазик, а во тек е и изработката на веб-страницата на Археолошкиот музеј, додава Честоева.
Музејот работи секој ден од 10 до 20 часот за посетителите, освен понеделник, а отворен е и телефонскиот број 02/3233999 за закажување на групни посети. (Д.Т.)

Уште 37 витрини ќе се полнат со артефакти



Во Музејот деновиве пристигнаа уште 37 витрини, кои ќе бидат пополнети со нови артефакти, така што најавената бројка од над 7.000, колку што има во моментов, и понатаму ќе се зголемува.

До крајот на месецов треба да се вратат и артефактите од изложбата „Златните лица на македонските кралеви", кои беа претставени во Германија, поточно во Манхинг, каде што Музејот го реализираше проектот „Судир на културите". Тие ќе бидат изложени во Националната поставка, вели Честоева.
Во рамките на овој проект ќе бидат промовирани два каталози: „Во сенка на божествената Изида" и „Златниот македонски период", а деновиве ќе биде промовирана и детската публикација „Запознавање со минатото" во делот на едукативните програми за деца од основните училишта.
 

·
Registered
Joined
·
2,485 Posts
Археолошкиот музеј меѓу 15-те најдобри во Европа



Археолошкиот музеј на Македонија се вброи во 15-те најдобри музеи од Европа на јубилејното 20. доделување на Европската музејска академија - „LUIGI MICHELETTI AWARD“ што се одржа во Бреша, Италија.

Делегација на Археолошкиот музеј на Македонија учествуваше на јубилејното издание на оваа музејска академија во Бреша од 7 до 9 мај.

Како единствен од балканските земји чија што кандидатура е прифатена во потесниот круг, тимот на Археолошкиот музеј на чело со директорката Весела Честоева и претставникот на ЕМА за Република Македонија Гордан Николов, го презентира македонското културно историско наследство сместено во новиот објект во Скопје. Археолошкиот музеј на Македонија на европската репрезентативна мапа на самиот настан во Бреша беше претставен со нашето уставно име, соопшти Археолошкиот музеј.

- Музејот ја има за цел потврдата на националниот идентитет врз основа на собраното, третираното и презентираното наследство. Судиите од жирито имаат чувство дека овој доста млад музеј ќе даде импакт на Балканот преку пример за модернизација, стои во извештајот на жири комисијата.

Директорката на музејот Честоева, како што е наведува во соопштението, изрази задоволство од постигнатото и оствари контакти со претставници на другите музеи од Европа со цел воспоставување на заемна соработка.
 
241 - 255 of 255 Posts
Top