SkyscraperCity banner

81 - 97 of 97 Posts

·
Macedonia
Joined
·
45,225 Posts
ФОТО ВЕСТ: Се премостува булеварот Гоце Делчев

Фирмата „Бауер БГ“ ја изведува бетонската конструкција потребна за премостување на булеварот Гоце Делчев во Скопје, со кое плоштадот „Скендербег“ ќе се прошири на дополнителна површина. Ќе бидат покриени околу 150 метри од трасата на булеварот, а на „Бауер БГ“ ќе ѝ бидат исплатени 10 милиони евра. Ова е втора фаза на проектот кој започна со реализација во 2012 година. Третата фаза ќе опфати подземен паркинг на две нивоа со капацитет за 400 возила, на местото на сегашниот паркинг кај стоковната куќа „Илинден“.

















http://www.build.mk/?p=44624
 

·
Macedonia
Joined
·
45,225 Posts
СЕ НАЅИРА ПЛОШТАДОТ СПРОТИ МАНУ



Површината пред црквата „Пресвета Богородица“ почна да го добива својот нов лик, а деновиве течат градежните зафати за поставување павер-елементи на простор од околу 5.500 квадратни метри. Улицата на која во минатото беше лоцирана старата постојка на приградските автобуси, ќе остане само во сеќавањето на скопјани, а целиот простор пред црковниот објект, што веќе се наѕира, ќе стане голем плоштад. Предвидено е да се уреди партерот пред црквата, да се комплетира со урбана опрема, зеленило и да се постави ново осветлување. Проектот, во согласност со спроведената постапка за избор на изведувач, го реализира фирмата „Урбан-инвест“. Вкупната вредност на изведените работи изнесува 29 милиони денари плус ДДВ. (Сн.К.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=E27E292881EFA447BED4BBE1F551FB5B
 

·
Macedonia
Joined
·
45,225 Posts
Ќе се гради нов плоштад спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“

Скопската општина Карпош планира да изгради нов плоштад „Пецо Божиновски Кочо“ спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“. На просторот кај сегашното зеленило е предвидена изведба на фонтана, пешачки патеки и поставување на нова урбана опрема. Со проектот ќе се обнови и дел од зеленилото, а локалните власти планираат вакви зафати да реализираат и во други делови на општината. Градежниот сегмент од работите ќе го изведува фирмата „Лутарико“ од Скопје.



Од општинската каса за овој проект веќе се издвоени 24.744.600 денари (400 илјади евра). Дополнителни средства ќе се потрошат за севкупните активности предвидени за уредување на овој јавен простор. Новиот плоштад треба да биде завршен во период од 12 месеци.



http://www.build.mk/?p=50570
 

·
Macedonia
Joined
·
45,225 Posts
Комплетиран новиот изглед на плоштадот на “Наум Наумовски-Борче“



На пјацетата на улица “Наум Наумовски-Борче“ и по должината на улицата која е реконструирана, до спојот со улицата “Ленинова“, поставена е нова урбана опрема: торзиона клупа, 4 клупи без наслон, 10 рамки – држачи за велосипеди и две канти за отпадоци – лотус. Со ова, се комплетира изгледот на новиот мини-плоштад, каде што беа поставени две големи жардинери со зеленило.



Мини-плоштадот е на површина од 400 м2, поплочен со павер елементи и природен гранит. Во првата фаза од реконструкцијата на улицата “Наум Наумовски-Борче“ беше реконструиран водоводот, во должина од 100 метри и за прв пат на оваа улица се постави атмосферска канализација.



Ударните дупки и уништениот асфалт кои го оневозможуваа нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, на што реагираа граѓаните, е заменет со квалитетни павер елементи, во црна боја. Изедначено е нивото на тротоарот со рабници, а од едната страна на улицата поставен е композитен канал за одводнување.



И овој проект е дел од акцијата “Нова пролет, нова офанзива“.



http://opstinacentar.gov.mk/%D0%A1%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5/%D0%9D%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/ArtMID/549/ArticleID/2036/%D0%9A%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%E2%80%9C%D0%9D%D0%B0%D1%83%D0%BC-%D0%9D%D0%B0%D1%83%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%91%D0%BE%D1%80%D1%87%D0%B5%E2%80%9C
 
81 - 97 of 97 Posts
Top