Joined
·
47,930 Posts
Коце ТрајановскиПроектот за реконструкција и проширување на дел од улицата Тодор Александров е во завршна фаза и неговата целосна реализација ќе биде комплетирана во наредниов период. Истата ја проширивме од ОУ „Кочо Рацин“ до кракот на оваа улица што води кон Панорама, во должина од околу 600 метри.
Покрај нов коловоз, оваа улица доби нови велосипедски патеки на коловозот, нови тротоари, како и нова атмосферска, водоводна и фекална мрежа.
Заради подобрување на безбедноста на учениците во „Кочо Рацин“, на потегот долж училиштето ќе се превземат дополнителни безбедносни мерки, како што е нова ограда, нова хоризонтална и вертикална сообрачајна сигнализација, како и органичување на брзината со сообраќајот до 30 километри на час.