SkyscraperCity Forum banner
341 - 358 of 358 Posts

·
Macedonia
Joined
·
47,938 Posts
Екипите на Град Скопје почнаа со изведба на втората фаза од изградбата на новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина, на потегот од крстосницата со булеварот Христијан Тодоровски Карпош до крстосницата со улиците Ќемал Сејфула и Бутелска.

Овде станува збор за нови 1.700 метри булевар, со ширина од 40 метри, со шест коловозни ленти, две велосипедски и две пешачки патеки и централно и странично зеленило.

build.mk







build.mk
 

·
Macedonia
Joined
·
47,938 Posts
ВО СКОПЈЕ ОТВОРЕН НОВИОТ БУЛЕВАР НИКОЛА КАРЕВ ПОД КАСАРНАТА ИЛИНДЕН

Денеска официјално се пушти во употреба новозавршената делница на булеварот Никола Карев. На прес-конференцијата по повод отворањето на булеварот се обрати градоначалникот Петре Шилегов.

Проектот за проширување и реконструкција на булеварот Никола Карев се реализираше во две фази, a градежните работи од оваа фаза се извршуваа на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин Поток во вкупна должина од 980 метри. Со овој проект постојниот коловоз се прошири на 4 сообраќајни ленти, со разделно зеленило и нови мешани пешачко-велосипедски патеки од двете страни.

- Станува збор за исклучително фреквентна сообраќајница која е најмногу искористена од жителите на Карпош, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Гази Баба, но како транзитна сообраќајница користена е и од оние што само минуваат низ овој дел на градот. Оваа сообраќајница ќе се надоврзе и на новата клучка кај Момин Поток чија изведба ќе започне наредната недела, а со нејзиното завршување очекуваме значително да се намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот - кажа Шилегов.

На булеварот Никола Карев, во оваа втора фаза од реконструкцијата, се изведе и нова атмосферска канализација и потпорен ѕид во должина од 690 метри, а поставено е и ново лед осветлување од двете страни. Вкупната инвестиција во втората фаза на овој проект изнесуваше околу 160 милиони денари.

За потсетување, минатата пролет Градот Скопје ја заврши првата фаза од реконструкцијата на булеварот Никола Карев, на потегот од клучката кај Бит-пазар до крстосницата кај касарната „Илинден“ во вкупна должина од 1.440 метри.

Градоначалникот Шилегов им се заблагодари на граѓаните за нивното трпение додека се извршуваа градежните работи, а најави дека од нередната недела ќе започнат и градежните работи за клучката кај Момин поток како и на повеќе други локации, протоа апелирајќи граѓаните да покажат разбирање додека траат градежните работи и да ги следат информациите за привремен режим на сообраќај што ги објавува Градот Скопје.

На настанот присуствуваа и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

















 
341 - 358 of 358 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top