SkyscraperCity Forum banner

Старо Куманово | Old Kumanovo

52960 Views 195 Replies 1 Participant Last post by  Srdjan Adamovic
Историја

Куманово во Cpeдeн Beк

Главен водич бил Александар Македонски заедно се неговиот татко Филип Македонски. Се претпоставува дека Куманово било основано во XII век во близина на селото Жеглигово, со цел да го чува преминот меѓу реките Вардар и јужна Морава. Во 1519, во турските документи се спомнува како село во состав на Нагоричка нахија со 52 семејства и околу 300 жители. Како градска населба (касаба) се споменува во втората половина на XVII век. Се претпоставува дека населбата во овој период има слабо развиено стопанство. Тоа го потврдуваат и патеписните забелешки на Евлија Челебија од 1660, според кои населбата имала околу 600 куќи, џамија, медреса, хан, хамам и одреден број на дуќани. Градската населба, административен центар на нахијата, Куманово станува при крајот на XVI или почетокот на XVII век. Првите изворни податоци за населбата Куманово се споменуваат во 1519 година, од патеписните дефтери во архивот на Република Турција во Истанбул со 52 семејства и околу 300 жители. Најопширни и најзначајни податоци дава Евлија Челебија во 1660 година кој напишал: „Населбата Куманово се наоѓа на територијата на Скопскиот санџак и претставува еден војводлак. Градот е украсен со многу реки, закитен со 600 куќи, покриени со керамиди.“

Карпошово востание 1689

Смртта на Карпош. На сликата му се чита пресудата, а во позадина се гледа Камениот мост, Скопје

Но во 1689 год. при продирањето на Австриците на Балканот, водачот на востаниците од северниот дел на Македонија, Карпош се прогласува за ,,крал од Куманово” што покажува дека Куманово како населба била на добар глас. Имено како сообраќаен крстопат имал значајна економска важност каде трговијата била значително развиена. Со тоа успева да ги надмине конкурентните центри (Табановце, Негоричане, Стрезовце и Клечовце) во својата најблиска околина. Таквиот стопански раст бил прекинат со Австрискиот поход на Балканскиот Полуостров. Како и повеќето градови во Македонија, Куманово било во опаѓање, но не исчезнува како населба. По бурните настани (Карпошово востание во 1689 год.) настанува стагнација на градот, и тој се до крајот на XVIII век претставува типична турска касаба.

Куманово во 18 и 19 век


Во текот на XVIII век (1706 год.1792 год.) се споменува два пати во белешките на патници кои преноќиле во градот, но без некои посебни податоци. Во следниот XIX век успева да се оддели од околните населби и интензивно да напредува. Ова е период кога Куманово се споменува како важно пазариште за добиток и жито. Во исто време значително напредувало и угостителството кое воглавно било во рацете на Грци од Јанина, а подоцна и Башиноселци. Наспроти нив, во текот на втората половина на XIX век некои занаети воопшто не биле развиени или пак нивното производство било далеку под побарувачката на пазарот. Причините за ваквиот раст на градот се во неговата улога на административен центар и сообраќаен крстопат за патиштата кои одамна постоеле и оние поновите кои се граделе во седумдесетите години на XIX век. Со изградбата на железницата во негова непосредна близина и добивајќи сопствена железничка станица, не само што ја зацврстува својата доминантна положба во однос на околните населби, туку и стопански се наметнува над нив, оневозможувајќи го нивниот поинтензивен развој. Како нормален одраз на тоа станува атрактивно имиграциско место за околното население и бележи поизразен популациски раст. Истовремено Куманово и стопански расне и денес представува град со развиени дејности од секундарниот и терцијалниот сектор. Водечко место има индустријата(металопреработувачка, текстилна, чевларско-кожарска, прехранбена, тутунска,) потоа земјоделието и трговијата. Со својата местоположба и сообраќајно значење, развој и обликуваните градски функции, Куманово има три контактни гравитациски зони на влијание: спрема Крива Паланка, Кратово и Свети Николе. Истовремено тоа значи и функционално наметната моќност кон овие три правци што е една од причините за силен популациски и функционален раст на Куманово на сметка на растот на трите гореспоменати градски населби. Стопански развој градот доживува дури при крајот на XIX век (земјоделство, занаетчиство и трговија), но во стопанскиот развој нема значаен подем на индустријата се' до крајот на Втората Светска војна.

Куманово во 20 век


Во близина на Куманово на 23 октомври, 1912, е одржана и познатата Кумановска битка во која турските сили биле поразени од српската војска и биле натерани на повлекување од оваа територија. Во близината на ова место на локалитетот кој се нарекува Ѕебрњак е изграден споменик кој подоцна делумно ќе биде разрушен од страна на бугарската војска за време на Втората Светска војна.

Куманово
во Втората Светска војна

На 11 октомври, 1941, во Куманово заедно со Прилеп, започнала антифашистичката борба на македонското население. По 1945 година Куманово доживува брз стопански, административен и културен развој.

Ducani



Hotel Kumanovo



Nagoricki Sokak



Narodna Revolucija



Kuca na Ratka Slikara

See less See more
5
1 - 20 of 196 Posts
Saat Kula



Stara Gimnazija



Tumba



Zanatski Dom



Kuka na Ikonom Dimitrije

See less See more
5
Kuka na Malinski





Kumanovo 1908





Na mesto na Dom na kulturu

See less See more
5
1 - 20 of 196 Posts
Top