SkyscraperCity Forum banner

Тетово - Проекти и изградба | Tetovo - Projects & Construction

24898 Views 85 Replies 7 Participants Last post by  Srdjan Adamovic
41 - 60 of 86 Posts
Најголемиот трговски центар во западна Македонија

На 1 километар од Тетово почната е изградбата на најголемиот трговски центар во западна Македонија – Палма Мол.

По повеќе годишно планирање и подготовка, во Септември 2011 година инвеститорот Палма Трејд ги постави темелите на новиот објект, со што и започна градежниот процес на поврзување со веќе постоечкиот објект во најсовремен трговски центар во градот Тетово – Палма Мол.

Палма Мол се простира на површина од 32.000 метри квадратни, на 4 нивоа со подземен паркинг од 250 места со вентилирачки систем и 24 часовен мониторниг со камери и редари. Со постоечките 250 паркинг места од отворен тип, вкупниот капацитет за паркинг на Палма Мол е 500 места и истиот ќе биде бесплатен. Центарот ќе има околу 80 продавници со најразлични содржини како кафетерии, ресторани, содржини за деца и возрасни, реномирани светски брендови за облека, па се до Рамстор маркет, продавница за роба за широка потрошувачка и слично.

Во градежниот процес на Палма Мол учествуваат исклучиво компании од Македонија со повеќе од 300 работници, а проектант е реномираното домашно архитектонско студио ДСЦ Дизајн, со што инвеститорот сака да го даде својот скромен придонес во домашното стопанство.

“Инвестицијата за изградба на Палма Мол вредна 20 милиони евра претставува значаен придонес како за домашната економија, така и за градот Тетово и овој дел на Македонија кои ќе добијат трговски центар од светски стандарди каде што сите посетители ќе имаат можат да ги извршуваат своите секојдневни потреби и да уживаат во најразличните забавни содржини” – истакна инвеститорот г. Неат Џеладини од Палма Трејд.

Отварањето на Палма Мол е предвидено за втората половина на 2013 година кога се планирани да завршат сите градежни активности поврзани со спојувањето на новиот со постоечкиот објект. Отварањето на Палма Мол ќе овозможи нови 200 работни места, кој со постоечките 150 би биле вкупно 350 работни места.









http://kicevo.mk/p1238/
odlični projekti na Tetovu , sviđa mi se sveučilišni kampus ...:cheers:
  • Like
Reactions: 2
2
Привршува изградбата на комплексот „Рем“ во Тетово

Како што беше соопштено на денешната презентација, во напредна фаза е изградбата на тетовскиот повеќенаменски комплекс „Рем“, заедничка инвестиција на „Електрометал“ од Тетово и „Ренова“ од Џепчиште во висина од 40 милиони евра. Проектот се реализира на локација веднаш до градскиот зелен пазар [»мапа]. Комплексот се состои од: 146 станови, трговски центар со 12.000 метри квадратни, луксузен хотел со 5 звездички на 12 ката и 120 соби, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот и 400 паркинг места. Според новите информации, објектот ќе има вкупна површина од 60.000 метри квадратни. Официјалното отварање е предвидено за втората половина на октомври годинава.





http://www.build.mk/?p=24608
See less See more
  • Like
Reactions: 1
Театарот и библиотеката во Тетово ќе бидат завршени до 2018 година

По долгогодишни ветувања, на повидок е остварување на идејата за изградба на културно – образовен центар во Тетово, кој ќе се состои од театар и библиотека [»мапа]. За реализација на објектот со површина од 15.000 метри квадратни Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ објави оглас преку кој бара изведувач што ќе го предаде објектот по принципот „клуч на рака“. Последните проценки велат дека инвестицијата ќе биде во висина од околу 13,3 милиони евра, средства кои ќе се обезбедат од буџетот на Министерството за култура. Заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди за учество на тендерот најдоцна до 3 март, за кога е закажано и нивното јавно отворање.



Според публикуваните информации на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, изградбата на објектот на театарот и градската библиотека во Тетово треба да започне во текот на јули годинава и истот да биде пуштен во употреба најдоцна до крајот на јули 2018 година. Покрај театарска сала и простор за библиотечниот фонд, идното здание е предвидено да има и кино сала, училиште за странски јазици, отворен амфитеатар, простор за комерцијални дејности и подземен паркинг со капацитет од 221 возило. Проектната документација за овој објект ја изготви Градежниот институт Македонија, а идејното решение е дело на архитектонското студио „Архинг Груп“, односно на авторите Бесиан Мехмети, Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Никола Стрезовски.

http://www.build.mk/?p=32337
See less See more
Во Тетово отворен трговски центар „Палма мол“

Во Тетово денеска е отворен трговски центар „Палма мол“, изграден на четири нивоа со вкупна површина од 32 илјади метри квадратни, со сопствен подземен бесплатен паркинг за 450 возила.



- Од просторот за изнајмување што изнесува 17 илјади метри квадратни веќе 90 отсто е пополнет со голем број познати меѓународни, регионални и локални брендови, голем салон за бела техника Палма трејд, супермаркет Рамстор, ресторан Емпориум, игротека со 800 метри квадратни, кино 7Д и уште многу други места за забава на посетителите од сите возрасти, рече Оливер Димитровски од агенцијата за недвижнини „Њу веј“.

Според сопственикот на „Палма мол“, Неат Џеладини идејата за проширување на постоечкиот објект за двојно и повеќе од постојниот Сити центар Тетово произлегла од потребата на жителите на Тетово и пошироко за објект со голем број содржини.

- Со помош на многу од вас успеавме во нашата намера да отвориме повеќе работни места и да создадем топол дом за сите кои сакаат да поминуваат време овде, рече Џеладини.
See less See more
830 илјади евра за реконструкција на сообраќајници во Тетово

Општина Тетово се одлучи да санира три значајни улици во овој град. Градежните компании „Бетон“ од Скопје и „Жикол“ од Струмица се избрани да ги реализираат планираните проекти со вкупна вредност од 51.062.364 денари, односно 830 илјади евра. Со претстојните зафати ќе се реконструира дел од улицата „Благоја Тоска“, на потегот од крстосницата со улица „Браќа Миладинови“ до крстосницата со улица „29 Ноември“ во центарот на градот, потоа улицата „Браќа Миладинови“, на потегот од крстосницата со булевар „Илинденска“ до крстосницата со улицата „Ѓорче Петров“, како и улицата што води до Клиничкиот центар. Сите три проекти е зацртано да се комплетираат во временски период од шест месеци. Избраните делници подолго време се во лоша состојба, со големи дупки на коловозот.

http://www.build.mk/?p=35854
See less See more
Отворање на трговскиот центар РЕМ во Тетово



Во центарот на Тетово денеска свечено ќе биде отворен трговскиот центар РЕМ, инвестиција од 40 милиони евра и најголем трговски центар во западна Македонија.

Инвеститор на РЕМ (REMall) е Шефки Идризи, директор и сопственик на „Ренова“. Покрај трговски центар, комплексот ќе има и станови и хотел.

На отворањето ќе присуствува и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски.
41 - 60 of 86 Posts
Top