SkyscraperCity Forum banner

Тетово - Проекти и изградба | Tetovo - Projects & Construction

24899 Views 85 Replies 7 Participants Last post by  Srdjan Adamovic
61 - 80 of 86 Posts
Тетово со нов театар и библиотека во 2018 година

По четири години одложувања на реализацијата на проектот, конечно се потпиша договорот за изградба на планираниот културно – образовен центар во Тетово [»мапа], во чии рамки ќе се сместат театарот и градската библиотека. Културната установа „Иљо Антески – Смок“ вчера го потпиша договорот за изведба на севкупните градежни и градежно – занаетчиски работи на зданието што ќе се простира на 15.000 метри квадратни во центарот на градот. Тетовската компанија „Урбан План Конструкти“ ќе треба да го реализира градителскиот проект за 819.504.100 денари или околу 13,3 милиони евра. Новата зграда на театарот и библиотеката е предвидено да се заврши до 31 декември 2017 година.



Со изведбата на објектот по принципот „клуч на рака“, Тетово ќе добие културно – образовен центар со голема и мала театарска сала, простор за библиотечен фонд, кино сала, простории за училиште за странски јазици и за комерцијални дејности, отворен амфитеатар и подземен паркинг со капацитет од 221 возило. Во внатрешните простории ќе се постави најсовремена опрема за изведување на театарски претстави, а сценската опрема и модерните проекциони системи ќе бидат соодветни и за одржување на други културни настани.

Основниот проект за културно – образовниот центар во Тетово го изработи Градежниот институт „Македонија“, додека идејното решение е дело на бирото „Архинг Груп“, односно на архитектите Бесиан Мехмети, Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Никола Стрезовски.

http://www.build.mk/?p=40932
See less See more
ФФМ ќе помогне во реконструкцијата на стадионот во Тетово

Општина Тетово и Фудбалската федерација на Македонија ќе работат заедно на најавената реконструкција на градскиот стадион во Тетово. Договорот за регулирање на меѓусебните обврски при изведување на работите веќе е потпишан, со кој се предвидува реконструкција на фудбалскиот терен и поставување на природна трева, како и поставување рефлектори за одигрување на ноќни натпревари. Градскиот стадион од Тетово, заедно со уште четири поголеми фудбалски игралишта во земјава, е внесен во проектот „Хет Трик 4“ на УЕФА. Идниот современ стадион би бил адекватен за одигрување на меѓународни натпревари, поради тоа што со најавениот санационен зафат ќе се задоволат строгите критериуми на УЕФА.


* извор: www.stadiontour.at

Од ФФМ ќе потрошат околу 800.000 евра за зафатот. Од друга страна, локалната самоуправа од Тетово треба да изгради покриена трибина со капацитет од минимум 5.000 столчиња и да го реконструира подтрибинскиот простор, каде треба да се изведат соблекувални и други пропратни простории. Фудбалската јавност ја чека реконструкцијата на градскиот стадион во Тетово речиси три децении.

http://www.build.mk/?p=43541
See less See more
Се реновира и тетовскиот стадион!



Денес започнаа градежните работи за реконструкција на градскиот стадион во Тетово.
Реконструкцијата започна со отстранување на постоечката подлога и систем за дренажа. Ќе следува поставување на нов современ систем за дренажа и нова тревна подлога, што воедно беше превземено како обврска на ФФМ при потпишувањето на договорот со општината.

Во меѓувреме, општината Тетово ја заокружи постапката за изработка на физибилити студија за модернизација на стадионот и неговата инфраструктура, по што ќе се пристапи кон реконструкција на најмалку една трибина и сите службени простории.

Финалниот лик градскиот стадион во Тетово треба да го добие за 18 месеци, сметано од март, кога беше потпишан договорот помеѓу ФФМ и општина Тетово.
See less See more
Does anyone know of the status for the reconstruction of the city stadium? Any photo updates?
Се реализираат градежните работи на водоводниот систем во Тетово




Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи и заменик министерот за транспорт и врски Фатон Положани го посетија местото кај селото Лисец на Шар планина каде од неодамна започнаа градежните работи за изградба на пречистителна станица од новиот водоводен систем, зафат на Студена река и река Пена за потребите на Тетово.

Оваа последна фаза од проектот чини над два милиони евра во кои општина Тетово учествува со околу осумстотини илјади евра, а другите се обезбедени од Министерството за транспорт и врски каде се користи кредит од Европската инвестициската банка.

- Ги завршимвме сите имотно правни прашања што ни беа многу битни за да можеме да работиме и имајќи го предвид фактот дека го имаме цело лето пред нас се надеваме дека како проект ќе заврши и дефинитивно прашањето во однос на водата ќе биде едно минато прашање, изјави градоначалничката Арифи.

Заменик министерот за транспорт и врски истакна дека Министерството ќе ги поддржи сите проекти што се во неговите можности. Додаде дека оваа, како што потенцира, сериозна инвестиција ќе реши еден голем проблем за општина Тетово.

Новиот водоводен систем, кога ќе биде целосно завршен, треба да обезбеди дополнителни околу 200 литри вода во секунда. Изградбата на филтер станицата и завршувањето на последните триста метри од осумкилометрскиот цевковод во текот на оваа година треба да значи дека повеќечасовните рестрикции во водоснабдувањето со кои се соочуваат тетовци, особено во зимските и летните месеци, ќе бидат минато.
See less See more
1.200 парчиња нова опрема, во вредност од 2 милиона евра ќе се набават за Клиничката болница во Тетово


Министерството за здравство го почна големиот циклус на набавка на нова и најсовремена опрема за јавните здравствени установи во Република Македонија. Со проектот вреден 33 милиони евра, ќе се набави опрема за над 100 јавни здравствени установи низ целата држава. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.

Циклусот почнува со тендерот за набавка на нова медицинска опрема за Клиничката болница во Тетово, кој го објави Министерството за здравство.

- Тендерот е вреден околу 2 милиони евра и со него ќе се набават повеќе од 1.200 парчиња медицинска опрема, која треба да биде ставена во функција на сериозно подобрување на дијагностиката, но и на квалитетот на здравствените услуги кои се даваат во болницата, рече Тодоров.

Тој појасни дека Клиничката болница во Тетово е една од најзначајните здравствени установи која им пружа услуги на повеќе од 200.000 жители, не само за општина Тетово, туку и за околните општини, Теарце, Јегуновце, Боговиње...

- Во рамки на овој тендер ќе се набави дигитален рентген апарат, пет ехо апарати, два ЕМГ апарати, педијатриски ехо апарат, ендоскопски столб, RCP, ехо апарат за кардиолошка, трансезофагијална сонда и линеарна сонда, 13 пациент монитори, како и пациент монитор со мониторинг станица, два апарата за анестезија, 16 инфузиомати, 16 перфузори и бројни апарати за физикална терапија, хируршки сетови.., рече Тодоров.
See less See more
7
SD RESIDENCE, Tetovo

2016-2018

PROJECT TEAM: Stefan Atanasoski, Bisera Krckovska, Armend Hebipi, Hristijan Ivanovski, Teuta Bajrami, Tina Mijalcheva, Nikola Gjurcinovski, Nasuf Nebiu and Besian Mehmeti

besianmehmeti.com













See less See more
булеварот „Благоја Тоска“ ќе биде готов наесен



link
See less See more
61 - 80 of 86 Posts
Top