ТАЖНА ПРИКАЗНА ЗА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ
Мајка Тереза го згази Александар Велики (covek ne zna dal da se smeje ili da place)
Скелињата и конструкцијата на влезот на скопскиот аеродром "Александар Велики" стојат нечепнати од 2000 година. Тој почна да се гради во 1999, но со промените на власта работата застана. Во меѓувреме, аеродромот
Скелињата и конструкцијата на влезот на скопскиот аеродром "Александар Велики" стојат нечепнати од 2000 година. Тој почна да се гради во 1999, но со промените на власта работата застана. Во меѓувреме, аеродромот во Тирана е изграден за помалку од две години. Новиот патнички терминал на аеродромот "Мајка Тереза" беше свечено пуштен во употреба минатата среда. Аеродромот од 2005 година го управува конзорциум на една германска консултантска фирма за приватизација на мали аеродроми "Хохтиф аирпорт", германски инвестициски фонд и албанско - американски развоен фонд. Изградбата на новиот терминал, проектиран од малезискиот архитект Хин Тан, почна во мај 2005 година. Инвестицијата е вредна 50 милиони евра.
Компанијата што го управува аеродромот "Мајка Тереза" го има добиено на концесија на 20 години.
Во 2006 година на Тиранскиот аеродром имало нешто повеќе од 900.000 патници. Во аеродромската компанија се вработени околу 200 луѓе, а во другите компании кои го опслужуваат аеродромот работат уште 560 луѓе.
Скелињата и конструкцијата на новата управна зграда на скопскиот аеродром "Александар Велики" стојат нечепнати од 2000 година. Во јуни 2000 година беше распишан тендер за проширување на постојниот патнички терминал и уредување на целиот аеродромски комплекс. Беше избрана понудата на австриско - германскиот инженерски конзорциум "Зандер" чија членка беше и аеродромот во Салцбург, Австрија. Проектот беше вреден 78 милиони долари кои ги обезбеди преку кредит конзорциумот што победи на тендерот. Кредитот требаше да се враќа од ЈПАУ "Македонија", без државна гаранција. Ако ЈПАУ "Македонија" не го враќаше кредитот, странскиот конзорциум ќе го земеше аеродромот под концесија на 15 години.
Идејата на тогашното раководство на ЈПАУ "Македонија" беше Скопскиот аеродром да се трка со Софискиот и со Солунскиот. Во 2000 година на Скопскиот аеродром поради кризата на Косово имаше околу милион патници. Тогаш Албанија и Тирана беа многу далеку зад Македонија, а Приштина не можеше да се развива. Во меѓувреме, се смени власта, тендерот беше поништен и аеродромот во Скопје остана најзаостанатиот аеродром на Балканот. Сега низ него годишно поминуваат само 500.000 патници, а единствена корист имаат само партиите на власт кои редовно таму наоѓаат работни места за партиски луѓе. Таму се вработени 640 луѓе.
Тендерот од 2000 година беше правен врз основа на студија на архитектонското студио "Ајвар" во Скопје. Според неа, требаше да се догради постојната терминална зграда со проширен дел за доаѓање и заминување на патниците, катна гаража за 800 возила и хотел со 120 легла кој функционално ќе беше поврзан со слободната зона "Бунарџик", а во него можеа да ноќеваат и екипажите на странските компании. Во моментов , поради доцните ноќни пристигнуваеа и раните утрински полетувања екипажите на три компании ноќеваат во скопските хотели. Решението беше проектирано за 1.200.000 патници годишно. Од идејата беа реализирани само ВИП зградата, станицата за одмрзнување и проширувањето на платформите за поголеми авиони. Она што сега стои како неизградено ругло на влезот е идната управна зграда на аеродромската компанија во која требаше да се сместат и царината и полицијата. Во некоја подоцнежна фаза, под катната гаража беше предвидена и железничка станица оти најблиското железничко поврзување кај рафинеријата "Окта" е оддалечено само на километар и осумстотини метри.
Според тендерската документација, Скопскиот аеродром требаше да добие современ лик до крајот на 2002 година. Тоа се цели пет години пред тиранскиот "Мајка Тереза" да го претрка "Александар Велики". Во меѓувреме, со високите цени и нискиот квалитет на услуги неколку компании, меѓу кои "Луфтхазна", "Свис" и "Бритиш ервејз" се откажаа од овој пазар. Патниците беа пренасочени кон Приштинскиот аеродром кој лани забележа околу 900.000 патници. "Александар Велики" остана најмизерниот аеродром на Балканот.
(Г.М.)