SkyscraperCity Forum banner
601 - 610 of 610 Posts

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Македонија ги пробива своите патишта


Од следната година, па во наредните пет планирана е изградба на 11 автопати и магистрални патишта, при што како приоритетни се двата автопати - од Миладиновце до Штип и од Кичево до Охрид. Од 2008 година досега се изградени и рехабилитирани 418,8 километри автопат во вкупна вредност од 164 милиони евра




Во наредните пет години предвидено е да се изградат околу 300 километри автопатишта, експресни и магистрални патишта и околу 200 километри локални патишта. Со ова Владата најавува инвестициски бум во патната инфраструктура која ќе и даде нова слика на Македонија. Модернизацијата и изградбата на патиштата, којашто започна поинтензивно да се реализира во 2008 година, во наредните пет години ќе ја направи Македонија земја со најдобри патишта во регионот.

Според најавата на директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Љупчо Георгиевски, интензивните инвестиции во патната инфраструктура преку изградба, реконструкција и модернизација на патиштата ќе значат придобивки и за граѓаните и за вкупниот економски развој на државата.
- Од следната година, па во наредните пет години планирана е изградба на 11 автопати и магистрални патишта, при што како приоритетни се двата автопати - од Миладиновце до Штип и од Кичево до Охрид. Во петгодишниот план на Јавното претпријатие за државни патишта, доставен до Владата, предвидена е изградба и реконструкција на магистралите од Велес до Кадрифаково, Штип - Радовиш, Смоквица - Гевгелија, Неготино - Демир Капија, Градско - Прилеп, Стенковец - Блаце, Миладиновци - Куманово и Велес - Кадрифаково, вели Георгиевски.
Од 2008 година досега се изградени и рехабилитирани 418,8 километри автопат во вкупна вредност од 164 милиони евра.

Според него, во моментов механизацијата на јавното претпријатие работи на изградба на патишта со вкупна должина од 116 километри. Само до крајот на годината е предвидена реконструкција, ревитализација, и проширување на нови седум регионални патишта во должина од околу 100 километри.
- Вкупната инвестиција за изградба на овие патишта изнесува 13 милиони евра, додека во делот на магистрални патишта се очекува да заврши изградбата на патот од Кочани до Виница со вкупна должина од 2 километри од Македонска Каменица до Делчево долг 7 километри и двата со вкупна вредност од 1,1 милиони евра, објаснува Георгиевски.

Во делот на изградбата на локалната инфраструктура, со заемите од Светска банка и Европската банка според динамиката, до крајот на годината предвидено е да биде завршена изградбата на 105 локални патишта во вкупна должина од 161,3 километри во вкупна вредност од 15,3 милиони евра.
- Во 2014 година и 2015 година очекуваме да изградиме иште 100 локални патишта со вкупна должина од 200 километри во вредност од 20 милиони евра, објаснува директорот на јавното претпријатие.

Од 2009 година, кога почна реализацијата на проектот за изградба и ревитализација на локални патишта, па заклучно со 2012 година, изградени се 203 локални патишта во вкупна должина од 440,8 километри и вкупна инвестиција од 31,7 милиони евра.

418,8 километри автопат се изградени и рехабилитирани од 2008 година до денес
11 нови автопати е предвидено да бидат изградени во наредните пет години
200 километри локални патишта се предвидени да се градат во наредните две години
Половина милијарда евра кинески кредит за изградба на автопатишта
Со кредити поголем од половина милијарда евра Владата ја започнува изградбата на две патни магистрали. На исток, патот Скопје - Свети Николе - Штип и на запад, патот Кичево - Охрид.
Премиерот Никола Груевски во обраќањето пред бизнис-заедницата минатата недела истакна дека со ова се продолжува владината политика на зголемување на капиталните инвестиции за реализација на крупни капитални инфраструктурни објекти.
- Овој мега инфраструктурен проект ќе се реализира со пари од Ексим банката на Народна Република Кина и на Министерството за трговија, кои потврдиле дека заемот во вредност од 574 милиони евра веќе е одобрен. Станува збор за изградба на автопатот од Скопје преку Свети Николе до Штип од 50 километри и автопатот од Кичево до Охрид и Струга во должина од 57 километри. Кредитното задолжување ќе биде со преференцијална камата од 2 отсто. Заемот ќе го земе Агенцијата за патишта, а ќе треба да се врати во рок од 20 години, од кои 5 години грејс период, изјави Груевски пред стопанствениците и најави дека градежната офанзива треба да почне 3 до 4 месеци по одобрување на заемот од македонското Собрание.
Македонија треба да добие два нови автопати три години по започнување на изградбата.

По новите автопати ќе се вози до 120 километри на час
Според проектното решение на Агенцијата за патишта, постојниот проект за автопатот од Миладиновце до Штип предвидува изградба на автопат во должина од 47,1 километри. Трасата ќе започне со приспособување на постојната клучка кај селото Миладиновци, од каде што ќе се поврзе со постојните автопати Катланово-Велес и Петровец-Блаце. Трасата продолжува да се искачува на ридот Оџевица на 430 метри надморска височина, по што се спушта кон долината на реката Пчиња, во близина на селото Средно Коњаре каде што ќе се гради мост. Оттаму трасата пак се искачува кон планинскиот премин Дервен по јужната страна и поминува низ напуштено земјоделско земјиште обиколувајќи го постоечкиот археолошки терен, по што се спушта кон овчеполската рамница во близина на реката Периш. Откако ќе го помине Овче Поле, трасата се поврзува со постојниот пат до Свети Николе, каде што ќе се градат клучка и обиколница. Понатаму автопатот продолжува паралелно со постојниот пат Кадрифаково-Штип, каде што и завршува.

Планирано автопатот да има 2 коловозни ленти, плус една за застанување.
Коловозните ленти ќе бидат со вкупна ширина од 27 метри, а ќе има и 8 натпатници и 5 потпатници. На автопатот се предвидени клучки кај Миладиновци, Средно Коњаре, Преод, Свети Николе-Север, Свети Николе-Југоисток, Кадрифаково и Три Чешми
Новиот автопат пак од Кичево до Охрид според проектното решение ќе биде долг 56,7 километри, која почнува од Кичево, па преку местата Подвис, Пресека и Песочани стигнува до Требеништа. Оттука трасата преку Подмолје се поврзува со Охрид. На околу два километри од Кичево е предвидена клучката Кнежино со која е решено влегувањето и излегувањето од градот во и од правец на Гостивар и Охрид. Во состав на клучката е решен и патот во правец на Демир Хисар и Битола.

Според проектот, и овој автопат ќе има две ленти со вкупна ширина од 25,2 метри, а на трасата ќе има и 6 натпатници и 13 потпатници, како и тунел Пресека" со две цевки.
По двата автопати ќе се вози по 120 километри на час, наместо 60 како сега.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Отворена бродската линија Охрид Подградец


После 25 години преговори конечно се воспостави бродската линија Охрид Поградец и обратно која има за цел во текот на летната сезона по воден пат да се превезуваат туристите во двата крајезерски града.Министрите за транспорт и врски Јанакиески и Хаџинасто потенцираа дека отварањето на оваа линија е историски ден кој ќе допринесе посилна соработка помеѓу двете земји ,побрза комуникација меѓу граѓаните а воедно и развој на туризмот.

1 изјава-Миле Јанакиевски-министер за транспорт и врски

2 изјава-Едмунд Хаџинасто-мин.за транс.и врски

Градоначалникот Бакрачески истакна дека станува збор за вековна желба со која двата крајезерски града ќе бидат поврзани по копно и вода надевајќи се дека оваа линија ќе прерасне во редовна во текот на целата година .

3 изјава-Никола Бакрачески-градоначалник на Охрид

Надлежните се надеваат дека доколку постои интерес во иднина ќе се направат напори и за индивидуални преминувања на границата.

Инаку до далечната 1948 година во водите на охридското езеро пловел бродот Корзика.Од тогаш до денес имаше пауза и преговри така што првата бродска линија започна денеска а ќе трае се до 15 септември.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Во нови возови ќе се возиме идното лето


50 милиони евра се планирани за обнова на железничкиот возен парк, 15 за товарни вагони, 10 за рехабилитација на старите возови, 25 се потрошени за новите патнички вагони купени од Кинески ЦРС...


Во нови возови на македонските пруги ќе се возиме идното лето. Климатизирани, енергетски ефикасни, со сите безбеносни стандарди за превоз и на лица со ограничена мобилност. Новите четири дизел и две електромоторни патнички композиции за 1.200 патници ќе го раздвижат најекономичниот транспорт. А за негова моденизација, во следните четири години Владата најави инвестициски циклус тежок 250 милиони евра.

„Со оваа голема инвестиција целосно ќе се трансформира и модернизира македонскиот железнички сообракај. Железницата не е само најекономичниот начин на транспорт, туку и најпријатен, лично мене најомилен начин на превоз. Но, факт е дека во Македонија не беше целосно искористена. Причините за тоа се недостаток од инветиции и во инфрастрктурата и во вагони“, рече вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

50 милиони евра се планирани за обнова на железничкиот возен парк, 15 за товарни вагони, 10 за рехабилитација на старите возови, 25 се потрошени за новите патнички вагони купени од Кинески ЦРС.

„Почнуваме со една нова слика за железницата, за железничкиот транспорт во нашата земја. Продолжуваме со модернизација на состојбите во железничкиот сектор и негово максимално насочување кон задоволување на потребите на граѓаните со квалитетен, ефикасен патнички превоз со модерни возови какви што заслужуваат македонските граѓани“, посочи министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Се очекува железницата повторно да стане профитабилна и масовно користена. Шест патнички композиции треба да бидат целосно испорачани до крајот на следната година.

„Ќе ја оправдаме довербата и ќе понудиме супериорен квалитет и сервис. Во 2013- тата компанијата постигна приход од 16 милијради долари, потпиша договори во странство вредни 2,2 милијарди“, изјави Ху Цонгјанг, заменик претседател на Корпорацијата ЦРС.

Напоредно се работи и на реконструкција на железничките станици.

Се расчистува теренот и за почеток на реконструкцијата на Скопската железничка станица. Догодина се очекува да добие нов модерен лик.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
„Маерск Лајн“ во Македонија



Депо на светски познатата бродска компанија „Маерск Лајн“ (Maersk Line) од 1 јули официјално е пуштено во употреба во Македонија.

Работењето на Депото во Скопје и во Гевгелија го организира компанијата „Навико шипинг“ која работи во рамки на фирмата „Блу Бел“ од Скопје, специјализирана за бродско-контењерски превоз на стоки од и за Македонија.

Со оваа новина во бродскиот и контењерскиот транспорт се овозможува чување и преземање на контењери, достапност на опрема за товар и растовар, можност за брзо реализирање на увозот и извозот и значително намалување на финансиските трошоци на фирмите кои се занимаваат со увоз и извоз на стоки. Воедно, Македонија станува дел од ланецот „Маерск Лајн“.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
„Маерск Лајн“ во Македонија



Депо на светски познатата бродска компанија „Маерск Лајн“ (Maersk Line) од 1 јули официјално е пуштено во употреба во Македонија.

Работењето на Депото во Скопје и во Гевгелија го организира компанијата „Навико шипинг“ која работи во рамки на фирмата „Блу Бел“ од Скопје, специјализирана за бродско-контењерски превоз на стоки од и за Македонија.

Со оваа новина во бродскиот и контењерскиот транспорт се овозможува чување и преземање на контењери, достапност на опрема за товар и растовар, можност за брзо реализирање на увозот и извозот и значително намалување на финансиските трошоци на фирмите кои се занимаваат со увоз и извоз на стоки. Воедно, Македонија станува дел од ланецот „Маерск Лајн“.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Пуштена во употреба катната гаража „Разловечко востание“ во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов денеска свечено ја пуштија во употреба катната гаража „Разловечко востание“ во Скопје, која обезбедува нови 500 паркинг места во најпрометниот дел од главниот град.



Честитајќи им го празникот Илинден, денот кога Македонија прославува 111 години од Илинденското востание и 70 одини од одржувањето на АСНОМ, премиерот Груевски нагласи дека тоа што ние ќе оставиме за следните генерации, зависи од нас и само од нас. Со дела, со нови објекти, со нови инвестиции, со многу работа, со исполнвуање на ветеното и со многу проекти, подвлече тој, им честитаме на граѓаните.

Ова е трета по ред катна гаража која се пушта во центарот на Скопје, а неколку други, информира, се уште се во фаза на градба и наскоро очекуваме и нивно пуштање во употреба.

- На тој начин, систематски го решаваме еден од најголемите проблеми кои го мачеа Скопје, а тоа е паркинг просторот и метежот по улиците. Она што долго време беше проблем и што многумина пред нас не знаеле или не сакале да го решат, ние, заедно со ПУИК во изминатите неколку години чекор по чекор, со јасна визија и со многу работа, полека но сигурно го решаваме. За тоа придонесуваат катните гаражи кои ги градиме, улиците и булеварите кои се проширија и изградија во овие неколку години, како и сите идни проекти кои ќе се реализираат во оваа насока, рече Груевски.

Сите овие дела, истакна премиерот Груевски, придонесуваат во трансформацијата на Скопје во модерен и функционален град, кој ќе биде во чекор со сите европски метрополи, град кој првенствено ќе може да одговори на потрбите на своите жители, но и на сите оние посетители и туристи кои доаѓаат.

Вкупната површина на објектот, информира директорот Грозданов, е 23.000 метри квадратни, од кои 20.000 метри квадратни се наменети за паркинг простор распоредени на девет надземни и едно подземно ниво со што ќе се обезбедат вкупно 516 паркинг места. Просторот од 3.000 метри квадратни е наменет за деловен простор. Нејзината стаклена фасада, појасни, ненаметливо се вклопува во околниот амбиент и со тоа го заокружува овој урбан блок кој е од особено значење на градот Скопје. Катната гаража „Разловечко востание“ располага со четири лифтови кои ќе бидат пуштени во употреба за паркинг просторот и два лифта коишто се наменети за деловниот простор.

- Ќе има две шалтерски наплатни места, но исто така граѓаните добиената услуга ќе можат да ја платат и преку поставените два паркомат. Од аспект на сигурност оваа катна гаража ќе биде 24 часа под целосен видео надзор покриен со вкупно 48 камери. Во склоп на самата катна гаража ќе има и посебен простор наречен чекална којшто ќе можат граѓаните коишто ќе сакаат да ги сочекаат возилата да не мора да се качуваат горе во самата катна гаража него во самата чекална да ги почекаат и да нормално потоа се упатат во саканиот правец. Сите овие услуги граѓаните ќе можат да ги добијат само за 30 денари за паркирање од еден час. АД ова им го овозможува на граѓаните само со цел решавање на паркирањето на градот Скопје како и заживувањето на ГТЦ, изјави директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Зголемен товарниот и карго превозот во третиот квартал




Во третиот квартал годинава, во споредба со истиот квартал лани, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 72 проценти, во железничкиот превоз за 3,8 проценти, во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во однос на вториот квартал годинава количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20,5 проценти, во воздухопловниот за 20,7 проценти, а во железничкиот превоз зголемувањето изнесува 44,4 проценти.

Според статистичките податоци, во третиот квартал годинава, споредено со истиот квартал лани, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е намален за 7,9 проценти, а во железничкиот превоз е регистрирано намалување за 46,6 проценти. Во градско-приградскиот превоз е на ниво од претходната година, додека бројот на превезени патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 5,2 проценти.

Споредено со вториот квартал годинава, бројот на превезени патници во патничкиот превоз е зголемен за 0,9 проценти, во градско-приградскиот за 22,4 проценти, во железничкиот за 2,9 проценти, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23,3 проценти.
 
601 - 610 of 610 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top